Здраво на сите,
Поради новонастаната ситуација во светот со сериозниот пропуст на php моравме да направиме мал сервис на форумот за да не дојдеме во несакана ситуација.
Накратко што е направено:
1. Нов PHP и безбедносни закрпи за XenForo
Форумот тераше на PHP 8.0, а тој официјално не доби безбедносни закрпи. Сега е на PHP 8.3.36. XenForo доби 2.2.11 Patch 2 (верзијата е стара но имам причина зашто сме сеуште на таа верзија), официјалните безбедносни поправки. Пред префрлањето форумот го тестиравме локално на новиот PHP и ги споредивме главните чекори еден по еден. Тоа што фати тестот го поправивме пред да го пуштиме, ова резултираше со 0 downtime на форумот.
2. Ботови, многу ботови
Околу 90% од сообраќајот беа ботови, а не луѓе. Кинески пребарувачи, SEO алатки, AI роботи, удираа на форумот секојдневно.
3. Кешширање на гости
Вклучивме кеш за гости. Почетната и списоците сега се отвораат за 0.03 секунди, наместо 1.4. Кога сте најавени, се си е исто како порано.
И се од it.mk што гледате на форумот (огласи, настани, вработувања) се вчитуваа по секунда или повеќе. Сега се за 0.06 секунди.
4. Пребарувањето е освежено
Целиот индекс за пребарување е изграден одново: над 1.6 милиони пораки, теми и огласи. Ако нешто не ви го наоѓаше порано, пробајте пак.
5. Генерално чистење
Мал прекин
Ако видовте грешка 403 околу 20:03, тоа бевме ние. Траеше околу 2 минути, извинете за тоа
Ако нешто не работи
Се е тестирано колку што може, ама вие сте најдобри тестери. Ако нешто ви е чудно (не можете да пишувате, да прикачите слика, нешто се кочи), пишете тука во темава и ќе погледнеме.
Фала на трпението и поздрав,
Администрацијата на IT.mk

- Тие што немаат никаква работа тука се блокирани.
- AI роботите се успорени: можат да читаат, ама полека.
- Google и Bing не се допрени, тие си работат нормално.
- Се покажа дека robots.txt со години бил погрешно напишан и ботовите ич не го слушале. Сега е поправен.
3. Кешширање на гости
Вклучивме кеш за гости. Почетната и списоците сега се отвораат за 0.03 секунди, наместо 1.4. Кога сте најавени, се си е исто како порано.
И се од it.mk што гледате на форумот (огласи, настани, вработувања) се вчитуваа по секунда или повеќе. Сега се за 0.06 секунди.
4. Пребарувањето е освежено
Целиот индекс за пребарување е изграден одново: над 1.6 милиони пораки, теми и огласи. Ако нешто не ви го наоѓаше порано, пробајте пак.
5. Генерално чистење
- Кешот на серверот беше полн со отпад од 2025 година. Исчистен е, па форумот сега има место да си работи растеретено.
- Исклучен е еден режим за развој што неприметно стоел вклучен на продукција. Веќе го нема.
- Поправен е еден template што фрлаше грешки во позадина.