Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Недостиг на меѓусебна поддршка во македонскиот ИТ екосистем?

D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.268
www.aqtos.com
Што е работата со недостигот на меѓусебната поддршка во ИТ екосистемот и игнорирањето на локалните успеси? Ја отворам дискусијава, со мала доза на страв дека ке забега, ама сепак мислам дека треба да постои.

Еве свеж пример, пред неколку дена на IT.mk излезе текст за HeyReach, еден од најуспешните македонски стартапи кој стигна до 16 милиони долари ARR профити, почнат од двајца млади од Автокоманда, во еден од најконкурентните пазари во светот. Имало и претходно семи-дискусија за стартапов, те спам те не спам била алатката, на ФБ на Сојузен комитет на програмери имаше една поразителна дискусија која уште може да се прочита (не линкам до неа намерно)...

Е сега, на паралелната тема на форумот има нула реакции за ова. Ниту лајк. Ниту коментар. Ниту едно „браво, момци“. Ниту прашање како успеале да го направат тоа или пак вчудоневидување дека ете со ваква-таква алатка може да се дојде до такви приходи... Практично, како воопшто да не се случило. Не е до видливоста, темата е прегледана скоро 200 пати до сега. Единствен лајк на неа е мојот.

Да беше темата „кој оператор има најлош интернет“, веројатно ќе имаше 60 одговори до полноќ. И HeyReach не е исклучок, него само пример кој малце повеќе ме боцна за да ја отворам темава.

Имаме луѓе и компании кои тивко градат милионски бизниси од Македонија, продаваат глобално, вработуваат луѓе и носат пари и знаење во земјата - и не гледаат на луѓето кои работат на ист начин како ИТ оутсорсинг центар што гледа на нив (читај: колона во Excel која прва се крати при најмал знак на криза или проблеми). А често за нив дознаваме од LinkedIn постови на странци, наместо од сопствената ИТ заедница. Од друга страна, за секое отпуштање, пропаднат проект, лоша плата, грешка или скандал веднаш имаме став и реакции.

Не велам дека треба слепо да навиваме за секоја македонска компанија. Ниту дека успехот не треба да се преиспитува. Но чудно е што немаме ниту основна љубопитност кога некој од нашата околина ќе направи резултат што најголем дел од стартапите во светот никогаш нема да го достигнат. Во екосистеми што функционираат, победата на еден е реклама за сите.

Кај нас, победата на еден често е тишина. И не е само овој пример, имам стотици.

Па прашањево ми е, зошто мислите дека тоа е причината?

а) Не знаеме за нив бидејќи имаат проблем со видливост
б) Знаеме, ама не ни е гајле, што значи имаме проблем со култура
в) Знаеме, ама тешко признаваме туѓ успех, што е проблем со менталитет
г) друго??


Не барам аплаузи по нарачка. Барам да се запрашаме што кажува ова за нас како ИТ заедница. И не зборам само за стартапи, зборам за целиот македонски ИТ екосистем, за сите инволвирани ИТ компании и учесници во индустријата.

А ако сметате дека перцепцијава ми е лоша, плс корегирајте ме...
 
Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.273
2.708
Нашиот менталитет е да му умре козата на комшијата. Не е само ИТ, секаде е така
 

D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.268
www.aqtos.com
Нашиот менталитет е да му умре козата на комшијата. Не е само ИТ, секаде е така

Не знам дали е до толку едноставен одговорот, а може и да е... дали може да се промени тоа, еве барем во сектор со луѓе кои развиваат и следат глобални трендови и технологии и имаат поголем IQ од другите сектори. Дали треба едукација, повеќе дискусија/примери, капитал, или едноставно треба да си го прифатиме тоа така и да не очекуваме ниту едно тапшање по рамо или поддршка, која во одредени моменти може многу да значи дури и ако доаѓа само од 1-2 луѓе....
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.490
7.762
Скопје
www.facebook.com
Јас првпат сега прочитав за дечкиве. Свака му част. Мислам дека одговорот е под а. Бидеќи сеуште има и луѓе со емпатија барем тие што останале такви и за да честитат. Додека по фб групи или објави верувам дека ќе се најдаат и многумина што ќе искоментираат негативно. Бидеќи ние како нација едноствано кај нас владее негативизмот во голема мера. Најверојатно незадоволство од работата,од животните стандарди. Претежно поголемиот дел се затуцани партијци.
 
18 септември 2020
940
881
Македонија
Браво за дечките, одговорот на прашањето е под а. Нема доволно видливост, поради окупација од други вести и непотребни осудувања кои ги наметнуваат политичките партии и нашиот народ се марионети само, очите си ги вадат за глупости.
Талентираните луѓе и успешните треба да се презентираат, а не да ме окупираат со куп вести само и непотребни работи, а некои поважни работи не ги забележуваат. Браво за нивниот дел што го достигнале, здравје боже да си успеат уште повеќе.
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.066
3.523
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
како Cold Email не е SPAM еве некој нека ми објасни :)

а ако е веќе „контроверзна“ темата, зашто тоа не е прашано во интервјуто туку само low-ball прашања (дури целото личи ко купен текст).
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.273
2.708
како Cold Email не е SPAM еве некој нека ми објасни :)

а ако е веќе „контроверзна“ темата, зашто тоа не е прашано во интервјуто туку само low-ball прашања (дури целото личи ко купен текст).

Не е спам, спам е кога мејлуваш non business адреси кои не ти дале дозвола.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.093
6.034
Нема врска муабетов. Еве сега прв пат гледам. Еве прв пат кликам. Насловов јас стварно не разбирам што сака да каже:

Македонскиот стартап HeyReach претвори криза во годишна заработка од над 16 милиони долари​

Каква криза имало? кој заработил ,што? Којзнае. А денес ЗНАЕМЕ дека 99.999999% од важноста е во насловот. Тука треба да се проселди информацијата. Информација НЕМА. Нормално, нема да има ни лајк, ни клик, затоа што на НИКОЈ не му го задржало вниманието. Јас стварно не знам што е чудно тука. Кристално јасно е се, и повеќе од тоа.
Сега ПРОБАВ и текстот да го прочита - секако дека не го прочитав. Ни една реченица не ми задржа внимание. Ни една единствена. И пак не знам што работат, што сакаат со Саас? ШТО НУДАТ?

Да се разбереме - прашањава се строго реторички. Воопшто не ме занима одговорот нивен. Вас ве занимаше зошто никој не прочитал. Затоа што нема што да се прочита.
 

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
420
522
Се согласувам, покрај покажаната волја да прочитам, морав паралелно да изгуглам информации.

Дополнително, надвор од професионален домен ми е, па тоа го прави интересот уште понизок. Плус најчесто не поминувам многу време пребарувајќи различни теми, туку ги проверувам тие кои ги имам означено за нотификации, како и последните теми со коментари од панелот на десната страна. Нажалост доста се почести коментарите во теми "домаќински муабети"

Секоја чест на дечките. Јас во разговори со клиенти секогаш потенцирам дека има многу паметни и стручни луѓе од нашиот регион.
Нема врска муабетов. Еве сега прв пат гледам. Еве прв пат кликам. Насловов јас стварно не разбирам што сака да каже:

Македонскиот стартап HeyReach претвори криза во годишна заработка од над 16 милиони долари​

Каква криза имало? кој заработил ,што? Којзнае. А денес ЗНАЕМЕ дека 99.999999% од важноста е во насловот. Тука треба да се проселди информацијата. Информација НЕМА. Нормално, нема да има ни лајк, ни клик, затоа што на НИКОЈ не му го задржало вниманието. Јас стварно не знам што е чудно тука. Кристално јасно е се, и повеќе од тоа.
Сега ПРОБАВ и текстот да го прочита - секако дека не го прочитав. Ни една реченица не ми задржа внимание. Ни една единствена. И пак не знам што работат, што сакаат со Саас? ШТО НУДАТ?

Да се разбереме - прашањава се строго реторички. Воопшто не ме занима одговорот нивен. Вас ве занимаше зошто никој не прочитал. Затоа што нема што да се прочита.
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
769
2.041
Јас би ценел повеќе информации.

Како почнале, и зошто пивотирале првиот пат.

Како продолжиле, и зошто пивотирале вториот пат.

Како продолжиле, и како нивниот производ го решаваат проблемот.

И секако - кој проблем го решава нивниот производ?

Не е спам, спам е кога мејлуваш non business адреси кои не ти дале дозвола.

Кој кому дал дозвола за испраќање на електронска пошта на business адреси?

П.С. Браво за дечките.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.273
2.708
Кој кому дал дозвола за испраќање на електронска пошта на business адреси?

П.С. Браво за дечките.

Прво викаш кој им дал дозвола, после честитки за дечките? :ROFLMAO: читнете малце за cold email па дискутирајте.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.668
13.719
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64

Ја прочитав статијата кога се појави и веднаш првата реченица ми дојде чудна, во конфликт со насловот, поради тоа што приход не е заработка, но не се разбирам премногу и ме мрзеше да истражувам, па продолжив. Статијата ми немаше доволно „месо“, приказна, не ми објасни што се случувало (зошто бил избришан Линкдин профилот), а што повеќе пати беше најавено како заплет на приказната. Плус, од статијата не разбрав што точно работи компанијата и кои биле нејзините почетоци (повторно, „приказната“). Се согласувам дека целата статија личи на ПР текст.

Затоа не коментирав, ни позитивно ни негативно.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
769
2.041
после честитки за дечките?

/s
Мислењето е автоматски споено:

:ROFLMAO: читнете малце за cold email па дискутирајте.

Те прашувам тебе кој кому дал дозвола за праќање пораки, затоа што тоа е она што ти го сугерираш.

Имаш повеќе информации? Сподели.

А муабетиве "читнете малце" се излишни, не? Стар и уморен сум за #хехенце муабет.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.268
www.aqtos.com
Прашањето на темата е: дали има меѓусебна поддршка во локалниот ИТ секторот?

Јас мислам нема и дека треба да се зборува зошто... HeyReach беа само најсвеж пример за општата незаинтересираност од секторот за кој локално што и како прави на секое поле, дури и од луѓе во ИТ секторот. Нека не се стартапи, истото е и кај ИТ фирмите, зборам за домашните, странските уво не ги боли за секторов.

Темата не е Heyreach и нивниот продукт (отворете друга тема за тоа). Темата е: зошто во екосистеми што функционираат, победата на еден е реклама и бенефит за сите. Зошто кај нас го немаме тоа и што може да направиме да се промени тоа однесување?
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
769
2.041
Темата не е Heyreach и нивниот продукт

Не е, но ја земаш како пример, и сосема е очекувано дека ќе има странично придвижување (како што и предвидуваш во почетната порака).

Верувам дека причините изнесени во одговорите погоре (недостаток на комуникација, недостаток на јасност, речиси намерна двосмисленост) се однесуваат подеднакво и на конкретниот пример со интеракција со статијата, и на целиот "пазар" на македонски стартапи.

Во огромната желба да се емулираат западните вредности се наследуваат и нивните лоши навики.

Луѓето не можат да се идентификуваат со нејасна концептуелна замисла, туку им треба јасност и близина. Се додека мистифицираме идеи, извршување на идеите и процеси, ќе останеме така.

Колку од македонските основачи објавуваат овакво нешто...


...наместо да продаваат магла на корпоративни настани на кои се собираат истите експерти за стартапи кои ретко имаат жив проект?
 

Luidgi

lurker
24 февруари 2008
847
926
Ја видов статијата пред некој ден, ја прочитав до пола, не сфатив што е продуктот и кој проблем го решава, ја видов сликата од тимот на брод и си реков ај бар се собрале екипа и знаат да ги трошат парите што ги заработиле. Толку.

Веројатно одговорот на твоето прашање е негде помеѓу сите понудени опции, бидејќи во сите има доза вистина.

Дополнително целата нација е отруена од негативни вести, преовладува песимизам и незадоволство што уште толку го стимулира "да му умре козата на комшијата" пристапот.
 

Jedah

user
6 ноември 2007
1.318
2.298
Jedah's setup  
Processor & Cooler
CPU AMD Ryzen 5 5500 6-Core 3.6GHz (4.2Ghz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
G.SKILL Ripjaws V Series F4-3200C15D-16GVR 16 GB (8 GB x 2) DDR4 3200 MHz CL15
Video card
ZOTAC GAMING GeForce RTX 3060 12GB GDDR6
Case
XIGMATEK MOON KNIGHT 4XRGB FAN MID-TOWER
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
E-YOOSO M-11 60% mechanical
Audio
Logitech S-220 2.1
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
Незнам зошто би ни било гајле за успехот на некоја приватна компанија и како е тоа одраз на култура?
Дали Американците треба да се гордеат со Nvidia и Google? Сигурно просечен Германец вени сече за Teamviewer

Успехот на неколку интелегентни дечки кои направиле милиони врз идејно решение за некаква платформа е нивен личен успех. Не е национален па ја да шлапкам и да се гордеам.... Ајде да се гордееме тогаш и за Qinshift, Netcetera, Axapta, Endava, Allocate и еден куп други приватни компании.

Придонесуваат за ИТ заедницата, Да! Овозможуваат вработувања, напредок на кариери и мене ми е мило и драго што имаме потенцијал, што имаме интелегенти дечки што остануваат овде во Македонија и придонесуваат за ова општество
Меѓутоа не е ништо што треба сега да го хвалоспеваме во Форумска тема каде ќе ракоплескаме и четири страни ќе полниме со коментари "БРАВО МАКЕДОНЦИ Горди сме на ВАС!"
Незнам зошто администрацијата би била buthurt околу сето тоа? Сте направиле статија и интервју, постигнала некаков reach дали тоа бил задоволителен или не незнам... меѓутоа истата не е никаква тема врз која може да се развие некоја дискусија.

Што би сакал да читам? И врз кои теми може да се развие дискусија? Па се разбира врз теми кои непосредно не засегаат:
Ценовните трендови на ИТ пазарот и моменталните случувања со мемориите
Интересни стварчиња како Карбонски термални падови за кои првпат прочитав неодамна на еден странски сајт
Како Сони и Макрософт полека го уништуваат гејминг пазарот со нивните мегаломански зафати за енормни профити
Поголема застапеност а преку тоа и едукација со Linux distro теми
Мини туторијали и статии за корисни алатки, топ 5 или топ 10 листи на функционални open source git hub проекти кои ќе бидат од корист мене тебе и на сите.
Не ми е мене од корист податокот што CEO-то на HeyReach ja завршил годината со 3.4 милиони $ профит. Good for them! Сега може да си приушти стан во Тафталиџе од 2600€/m2. Значи уште еднаш Честито нека им е.

P.S.
Не можам да вршам никакво форматирање на текстов. Нит да болдирам, нит да креирам листа, ниту да порамнам.
Пред да мрчи администрацијата за тоа што другар му не го добил посакуваниот публицитет ќе ја замолам да ја досреди платформава како би ја користеле без проблем. Сепак е во прашање платен сервис - eве ни смајли не можам да одберам кај што намигнува а од принцип нема да го пишам
 

acekorg

hello world
5 октомври 2010
415
681
Комбинација од се веројатно…
а) Реално тиња е статијата кога ете ни другите, а ни јас не разбравме многу за што точно се работи… уште и недокажан click bait наслов одма прави да ја изгасам и да се покајам што ја отворив.
б) Најискрено има и од ова во мене… не дека сум скроз незаинтересиран, еден период го загледав поткастот на Иван Неделковски чисто од сопствен куриозитет кон темава и ми беше показател дека има еден куп проповедачи за претприемништво а ла Немања Антич, бизнис приче, јеботе, ако не станеш у 5 сабајле да си го прочиташ листот со сопствени цели кај што под број 3 е дека до крај на следната година ќе возиш Порше 911 ГТ3, светот ќе те помножи со нула…. У реду е, нека им е со среќа бизнисот ама не ме интересираат токсични ликови колку год да им е успешен бизнисот. Има живот и надвор од нивната приказна…
в) Општо присутна појава но не е главен фактор… еве Кристијан Kitze бележи успех, ете поодамна му имам идено на еден од курсевите, доволна подршка му е од мене. Pixyle ги знам ама немам многу допирни точки со нивниот бизнис. Ако се најде некој друг да ми е потребен, софтвер, хостинг, набавка на хардвер би подржал наш бизнис. На сите други можам само пасивно да им посакам нека им е со среќа.

Мислам дека на просечен вработен и фамилијарен човек да прочита нешто повеќе за некој бизнис што успеал надвор од границите на државата нема да му е во топ 5 (можеби ни во топ 10) приоритети.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.131
Е сега, на паралелната тема на форумот има нула реакции за ова. Ниту лајк. Ниту коментар. Ниту едно „браво, момци“. Ниту прашање како успеале да го направат тоа или пак вчудоневидување дека ете со ваква-таква алатка може да се дојде до такви приходи...

А ако сметате дека перцепцијава ми е лоша, плс корегирајте ме...
Перцепцијата ти е тотално погрешна, еве накратко ќе ти објаснам зашто:

  1. Статијата/интервјуто ти е платено. Корисниците се „гасат“ на вакви текстови веднаш, заради тоа немаш реакции
  2. Дури и кога е платено, можеш да имаш реакции и ефект (затоа плаќаат фирмите). Работата е што авторот не е способен да ги насочи неискусниве дечки за тоа како да си направат ПР интервју.
  3. Hey Reach и Никола имаат огромна поддршка преку различни канали, награди итн. Па за тоа и самите имате пишувано дури и со слики од наградите (како Бизнис лидер) - Стартап на месецот: HeyReach и патот кон $2.4 милиони ARR како најмоќната LinkedIn automation алатка ⋆ IT.mk
Јас лично интервјуто го отворив и после второто прашање го затворив. Не ми текнува во последно време дали сум видел полоша ПР статија од оваа. Прашањата и одговорите се недефинирани, делуваат препотентно и прават glazing на компанијата и индивидуите. Лошите ПР слики ала Стив Џобс не помагаат.

Бидејќи ти ја зачна темата, ајде да ја прошириме - кој друг голем успех не бил поддржан од заедницата за ова да биде тренд?

Од моја перцепција, секогаш имало поддршка од различни канали (форумов, медиуми, индивидуи). Пример Tie Dye едно време доста вртеше низ вестите


За онаа играта Skopje 83 дознав од форумов, имаше голема дискусија и поддршка колку што ми текнува...

Од мој аспект единствен проблем што го воочувам е колку си out of touch што очекуваше на оваа лоша ПР статија да имаш вакви реакции:

Е сега, на паралелната тема на форумот има нула реакции за ова. Ниту лајк. Ниту коментар. Ниту едно „браво, момци“. Ниту прашање како успеале да го направат тоа или пак вчудоневидување дека ете со ваква-таква алатка може да се дојде до такви приходи... Практично, како воопшто да не се случило. Не е до видливоста, темата е прегледана скоро 200 пати до сега. Единствен лајк на неа е мојот.
Ја прочита ли статијата воопшто пред да ја лајкнеш?
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.093
6.034
Перцепцијата ти е тотално погрешна, еве накратко ќе ти објаснам зашто:

  1. Статијата/интервјуто ти е платено. Корисниците се „гасат“ на вакви текстови веднаш, заради тоа немаш реакции
  2. Дури и кога е платено, можеш да имаш реакции и ефект (затоа плаќаат фирмите). Работата е што авторот не е способен да ги насочи неискусниве дечки за тоа како да си направат ПР интервју.
  3. Hey Reach и Никола имаат огромна поддршка преку различни канали, награди итн. Па за тоа и самите имате пишувано дури и со слики од наградите (како Бизнис лидер) - Стартап на месецот: HeyReach и патот кон $2.4 милиони ARR како најмоќната LinkedIn automation алатка ⋆ IT.mk
Јас лично интервјуто го отворив и после второто прашање го затворив. Не ми текнува во последно време дали сум видел полоша ПР статија од оваа. Прашањата и одговорите се недефинирани, делуваат препотентно и прават glazing на компанијата и индивидуите. Лошите ПР слики ала Стив Џобс не помагаат.

Бидејќи ти ја зачна темата, ајде да ја прошириме - кој друг голем успех не бил поддржан од заедницата за ова да биде тренд?

Од моја перцепција, секогаш имало поддршка од различни канали (форумов, медиуми, индивидуи). Пример Tie Dye едно време доста вртеше низ вестите


За онаа играта Skopje 83 дознав од форумов, имаше голема дискусија и поддршка колку што ми текнува...

Од мој аспект единствен проблем што го воочувам е колку си out of touch што очекуваше на оваа лоша ПР статија да имаш вакви реакции:


Ја прочита ли статијата воопшто пред да ја лајкнеш?
Леле сликите која беда се. Браво како долови. Стив Џобс глума. Прелоши, и кај многу луѓе гарантирам дека инстантно би довело до гасење.
Тука е истото маестрално доловено.
View: https://youtu.be/Dk0roE34zLw
 

D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.268
www.aqtos.com
ОК, се случи очекувано разводнување на дискусијата од одредени членови.. Ај ке пробам да сумирам, од досега напишаното за мене излегуваат неколку моменти:
  1. Сме напишале текст кој не ја доловува поентата, ОК, примена критика и ќе се потрудиме да се корегираме,
  2. Неизбежната параноја "овој се труди да не заебе нешто за лична корист" и наметнување дека има скриен личен интерес со текстот - "butthurt за другарот", дека е платен ПР текст итн.. Btw не е платен ПР текст, секој платен ПР текст е јасно означен на IT.mk. Не ја гледам ни потребата зошто на стартапов би му требало да го плаќа IT.mk во моментов ама ок...
Но пак ке пробам да ве вратам на темата: мојата перцепција како ОП на темата е дека нема доволно меѓусебна соработка (од типот на размена на знаење, дружба, поддршка меѓу учесниците во ИТ секторот - зборам за стартапи, ИТ компании, асоцијации и други иницијативи)...

Секој си го бере своето гајле, кога ке има успех од еден - нема поддршка и гордост со тоа, и покрај тоа што успехот на еден може да донесе многу и за другите... по автоматизам тој што успеал, поради тоа што нема осетено поддршка од заедницата, се дистанцира од неа и генерално оди надвор и нема никаков интерес да придонесе назад.

Еве примери на што мислам:
  • Porsche Digital во Загреб кое вработува и нуди топ услови за работа за 150+ луѓе е отворено благодарение на контакт од Мате Римац,
  • најуспешните бугарски стартапи поттекнуваат од успехот и капиталот створен од еден стартап - Телерик,
  • Најголемите моментално српски стартапи потекнуваат од успехот на неколку, пр. ManageWP продажбата влијаеше врз развој на пар стартапи
  • Гејминг индустријата во Србија порасна драстично и доби знаење поради успехот на Nordeus,
  • Словенија доби куп успешни крипто проекти поради успехот на Bitstamp - една од најголемите европски крипто-берзи
  • и многу други...
И не зборам само за поддршка во форма на лајк и браво дечки иако тоа го користам како оригинален пример... зборам за основна љубопитност како нешто било изградено и кој стои позади тоа (голем дел од вас го потврдуваат ова со тоа што не ги знаете децава што со години постојат на сценава и за кои имало куп медиумско покривање од сите страни), конструктивна критика на производот и бизнисот (потенцирање на конструктивна), споделување контакти и промоција на тие бизнис, да се даде препорака на добар локален производ, приоретизирање на купување локален продукт кога понудата е конкурентна, отворање врати за луѓе што се обидуваат да направат нешто одовде.

Еве најмалку нека биде конструктивна критика, тоа лично го сметам за форма на поддршка. Цинизмот по дифолт не е.

Од дискусијава гледам дека проблемот веројатно не е само „да му умре козата на комшијата“. Има комбинација од лоша комуникација, недоверба создадена од ПР и медиумски-содржини, недостаток на директен интерес и навика повеќе да реагираме кога нешто не чини отколку кога нешто функционира.

Тоа значи дека одговорност имаме сите.

IT.mk треба подобро и покритички да ги раскажува овие приказни: што точно е производот, кој проблем го решава, како почнале, каде згрешиле, што пивотирале и што може другите да научат.

Компаниите (не зборам само за стартапи) треба да бидат поотворени и да не комуницираат само преку ПР.

Заедницата треба да остане критична, но и да покаже малку повеќе љубопитност за она што се создава локално.

Значи, ја прифаќам критиката за конкретниот текст и за начинот на кој го поставив примерот. Но сè уште мислам дека вреди да разговараме дали како локален ИТ екосистем доволно се поврзуваме, си помагаме и учиме од успесите и грешките на другите.

Тоа беше суштината на темата.

Бидејќи ти ја зачна темата, ајде да ја прошириме - кој друг голем успех не бил поддржан од заедницата за ова да биде тренд?

Мојата перцепција дека меѓусебната поддршка во ИТ заедницата (значи зборам стартапи, асоцијации, здруженија, домашни и странски компании) не соработуваат доволно, не се поддржуваат и нема единствно покрај примерот е поткрепено со водење на скоро 20 години ИТ медиум и ИТ компанија и еве локален стартап изминативе години, учество во сите асоцијации и здруженија, дискусии на темава со многу основачи на успешни локални стартапи (ги нема многу btw) на кои многумина од нив потенцирале дека недостигот на основна поддршка ги одалечува од екосистемот, гледањето на однесувањето на ИТ компаниите за време на еконмска криза, начинот на кој се тераат групни откази (споредбено со тоа како се прави во разумни системи)...

Еве, ги зимаш TieDye и Скопје83... зар е нормално во држава која има гејминг индустрија што стои на стаклени нозе да имаш три гејминг асоцијации бидејќи како една не може да се договорат? Ете уште еден пример за недостиг на меѓусебна соработка во ИТ секторот...

Сега ке има исто така и нова ИТ асоцијација, бидејќи постоечките 4-5 не се доволни, преголема е индустријава нели...
 

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.837
4.977
Писти Охту
Малку burning question е, дев тимот (не на раководни позиции тимот) им е македонци, дали ги плаќаат по американски или македонски стандард?
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.754
Skopje
www.wemaxa.com
Ќе адресирам само ХејРич моментот бидејќи е класична мануфактура на спам. "Патот кон 16 милиони долари" у превод е: успеавме да автоматизираме спамирање до степен да ги изнервиравме сите што држат до некаква професионална етика, пред LinkedIn и други конечно да ни ги избришат профилите. Ова не е криза претворена во заработка туку класичен опортунизам во сива зона на туѓа платформа додека не те фатат. За ова треба тука колективно да плескаме?

Цел т.н стартап екосистем е веќе бајат копипејст тривијализам накитен со празна номенклатура од типот pitch, pivot, synergy, bootstrapping и мандаторните ТЕД фотки на некој што пробува да биде нов тек месија ала Џобс. Се збираат петнаесет исти па исти по конференции, си мерат ејнџл инвестментс со мача и после се чудат зошто просечен ИТ-евец не го купува моментот.

Реалните луѓе отрпнаа на оваа промаја од дигестивни гасови и не реагираат затоа што имаат развиено имунитет. Кога зад тие 16 милиони не стои никаков реален проект, недостаток од било каква реакција не е да му умре козата момент туку рационален презир кон евтин ПР.

Да се разбереме, не дека не треба да има вакви ликови, ниту ликови како велешаните. Треба да има и да се множат, затоа што западот не множи со 0. Не само ова, како нигеријците треба и ние со принцови и принцези да почнеме. Но да фалиме и да пееме хвалоспевки на ова, не.

Во врска со меѓусебна помош и поддршка, тоа има, али пак по оние стари канали, мали групи, мали познанства, човек на човек за оние што се луѓе. Секој обид да се организира, институционализира тој момент во некакви правни рамки, здруженија, хабови, инкубатори и остали тракаташки - се виде дека е чиста фарса за некој да испере пари или добие грант, така да и тоа глумење лудило не е за еснаф луѓе.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.268
www.aqtos.com
Малку burning question е, дев тимот (не на раководни позиции тимот) им е македонци, дали ги плаќаат по американски или македонски стандард?

Ја промашуваш поентата на темата.

Ќе адресирам само ХејРич моментот бидејќи е класична мануфактура на спам. "Патот кон 16 милиони долари" у превод е: успеавме да автоматизираме спамирање до степен да ги изнервиравме сите што држат до некаква професионална етика, пред LinkedIn и други конечно да ни ги избришат профилите. Ова не е криза претворена во заработка туку класичен опортунизам во сива зона на туѓа платформа додека не те фатат. За ова треба тука колективно да плескаме?

Цел т.н стартап екосистем е веќе бајат копипејст тривијализам накитен со празна номенклатура од типот pitch, pivot, synergy, bootstrapping и мандаторните ТЕД фотки на некој што пробува да биде нов тек месија ала Џобс. Се збираат петнаесет исти па исти по конференции, си мерат ејнџл инвестментс со мача и после се чудат зошто просечен ИТ-евец не го купува моментот.

Реалните луѓе отрпнаа на оваа промаја од дигестивни гасови и не реагираат затоа што имаат развиено имунитет. Кога зад тие 16 милиони не стои никаков реален проект, недостаток од било каква реакција не е да му умре козата момент туку рационален презир кон евтин ПР.

Да се разбереме, не дека не треба да има вакви ликови, ниту ликови како велешаните. Треба да има и да се множат, затоа што западот не множи со 0. Не само ова, како нигеријците треба и ние со принцови и принцези да почнеме. Но да фалиме и да пееме хвалоспевки на ова, не.

Во врска со меѓусебна помош и поддршка, тоа има, али пак по оние стари канали, мали групи, мали познанства, човек на човек за оние што се луѓе. Секој обид да се организира, институционализира тој момент во некакви правни рамки, здруженија, хабови, инкубатори и остали тракаташки - се виде дека е чиста фарса за некој да испере пари или добие грант, така да и тоа глумење лудило не е за еснаф луѓе.

Може да ми кажеш, според тебе кој мк стартап или ИТ компанија заслужува да добие поголема поддршка и ете барем мини хвалоспевка?
 

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.837
4.977
Писти Охту
Ја промашуваш поентата на темата.
Пак е на темата. Како да поддржувам било која компанија наша ако знам дека не се платени како шо треба, македонски плати а американски пазар? Тоа според тебе е топ компанија? Треба да се хвалоспеваат?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно