vladimir171
lurker
- 15 ноември 2007
- 632
- 455
Малце едно кратко ривју за Mi A2 lite
Го користам веке неколку дена и телефончето си има доста позитивни страни. Батеријата е солидна, првото полнење издржа 3 дена и 14 часа со гледање на 4-5 епизоди дневно на Нетфликс, упален блутут (цело време стои "visible" нема опција за гасење) поврзан со Mi Band 2, скролање на 9gag, сурфање и секако повици, пораки, мејлови. Полнењето си е просечно 2 саати и 40 минути од 20% батерија. Екранот е со добра резолуција и за мене таман големина но светлината е ужасна, има нешто што глуми автоматски брајтнес но не е баш нај функционален и кога функционира му е потребно повеќе од минута за да се прилагоди на многу темно или најсветло. Звукот му е во ред но не ми е нешто приоритетно кај телефон така да не му обврнав внимание. АндроидОне е ок, брз лесен, празен
Се помачив да најдам добар плеер за музика бидејќи телефонот нема свој, како и многу други такви ситници. Приметив дека мрежата не му е нај силна страна и знае на банални места да нема 4г. Е сеа камерата....едноставно е ужас, предната не ја користам со исклучок на барање на жена ми, но од задната уште ме боли глава колку е матна. Втората леќа е само за да го даде bokeh ефектот што во мојов случај ќе стои за украс. Дури и на дневна светлина се гледа лагот при движење, а вечерните слики се предизвик да не испаднат само силуети, исто така нема про мод на камерата :/. За игри е солиден, не приметив кочење, брзо си отвара/затвара. Тоа што ме мачи е што телефонов треба да конкурира од ентри накај мид барем според ценава по која се продава или ја помешав некои бројки во главава. Ми беа потребни неколку денови повторување во главава да не се вратам на скршениот p9 lite и да го продадам бидејќи освен рамот останатото е или исто или полошо. Да завршиме со една позитивна ствар, инфраредот му е закон
