1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од TATA_MATA, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    12.3%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    39.3%
  3. Не сум задоволен/а

    19.8%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.5%
  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,191
    7,105
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Едитирав погоре. Можеш да зацрниш што сакаш ама кога држава ти бара фактура, не е паметно да ја рчкаш, не дај боже шминкаш.

    Ако посумњаат на нешто имаат полно право да ти ја царинат од око, а и да не се во право нема да можеш да излезеш на крај.

    Каква приватност во увоз другар?
     
  2. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    398
    193
    18 oктомври 2019
    Машко
    Очигледно не се разбираме. Не станува збор за никакво едитирање туку за заштита на лични податоци. Испраќање на истите, меѓу кои и број на трансакциска по и-мејл не се препорачува. Дури и банката декларира дека никогаш нема да ти побара број на трансакциска по мејл. Тебе ти треба фактура со која ќе докажеш колку чини производот (за што служи нарачката со податоците од страницата) а не податоци за уплата директно од трансакциска сметка.
    Сигурен си дека мејлот ти е безбеден? SmartSelect_20200124-111145_Drive.jpeg
     
  3. krema

    krema
    Professor

    10,005
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Најдобро појди лично и на рака предади им ги документите што ти ги барат од царина, од тоа посигурно нема.
     
    На Excalibur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Surreal

    Surreal
    Intern

    56
    22
    30 Септември 2014
    Машко
    Здраво,

    Можеби ова што ќе го прашам е одговорено, но search-от не ми дава никакви резултати. Имам 2 пратки што почнуваат со LP, на пример оваа LP00157737321754. Двете што се од Кина, преку China Post, што почнуваат со UB и завршуваат на CN се дојдени во Македонија, но за оваа не можам да видам никакви информации на следењето на пратки од пошта.мк. Освен 17track, ништо друго не ми дава информација за овие 2 пакети, дали имал некој вакво слично искуство и дали воопшто пристигнувале овие пакети?
     
  5. krema

    krema
    Professor

    10,005
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Пристигнуват таквите пакети но тие броеви не ги детектира нашиот тракинг систем.
     
  6. Surreal

    Surreal
    Intern

    56
    22
    30 Септември 2014
    Машко
    Јасно, фала ти!
     
  7. krema

    krema
    Professor

    10,005
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Знаат понекогаш нашиве овде да стават македонско тракинг бројче, но во последно време тоа е ретко.
     
  8. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    649
    599
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    значи си пише на али .. ќе идеш ваму да провериш тракинг {{shareTitle}} .. тоа е линкано кај нив у деталите .. тука кога ќе помине одреден период, ќе ти даде нормално бројче пример (LP00161327964250 (UA325265761TO)) .. тоа второто кога ќе стигне во македонија ќе ти даде детали како и со стандардните.
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,583
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Нема среќа, ова LP00157737321754 му е 9062107148506, нема да го есапи наша пошта.
     
    На Surreal и VerGer им се допаѓа ова.
  10. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    649
    599
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ahh не ми се паднало вакво одамна, да ова нема да го фати
     
  11. Surreal

    Surreal
    Intern

    56
    22
    30 Септември 2014
    Машко
    Јасно ми е за тоа, 5 пратки се тотал, од кои 3 од Кинеска пошта се дојдени овде според пошта.мк, а за другиве не ми дава информација, а се порачани во исто време. Можеби како што кажа Metuzalem останува да ја чекам само пратката на врата или картонче.
     
  12. krema

    krema
    Professor

    10,005
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Најмалку кога се надеваш ќе дојде, инаку придржувај кон правилата на али и се ќе биде во ред. :)

    едит:
    5 Пратки, 5 различни поштенски услуги, сите користат различни методи за шипинг.
     
  13. Surreal

    Surreal
    Intern

    56
    22
    30 Септември 2014
    Машко
    Овие со LP што почнуваат се Yanwen. Ако добро памтам, на 17track немав опција до пред некое време за селектирање на Yanwen па не ми ги ни детектираше. Другиве 3 се обични China Post
     
  14. krema

    krema
    Professor

    10,005
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
    Побарај во срч барот на 17трак, го има Yanwen.
     
  15. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    398
    193
    18 oктомври 2019
    Машко
    Што е многу чудно, обична пратка пристигнаа со China Post за помалку од месец и половина. Препорачана после 2.5 месеци дури пред извесно време ја пратија од Прага. И двете се мали пратки, занемарлива тежина. Како овие од 11.11 да ги баталите за на крај...
     
  16. krema

    krema
    Professor

    10,005
    9,644
    24 Јуни 2009
    Машко
  17. Mar tiN

    Mar tiN
    Gaining Experience

    542
    364
    2 Јануари 2014
    Машко
    Изгледа нашата пошта не ги искористи празниците во Кина за да ги расчисти пристигнатите пратки . Имаме пратки што стојат по неколку дена во пошта , во царина . Пратки што се пратени со singapore post што стигаа за 10-14 дена сега ги нема по еден месец , а сигурно се пристигнати и стојат во некоја вреќа . Тешко нас , но во иднина ќе имаме големи проблеми со нашата чудесна пошта :(:mad:
     
    На StOrMK и bicikle им се допаѓа ова.
  18. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    862
    3 Март 2018
    Наводно ќе ги проверувале пратките од корона вирус... па сега колку е точно не знњм, ама на глобљлно виво има панјка со вирусов.
     
  19. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    741
    388
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Има ли некаков начин да се притиснат за да ја дадат пратката? Јас телефонот што го порачав ќе го чекам до крајов на месецов, после ќе одам да се расправам пошто не планирам да ми истече периодот за рефунд заради нивни глупости.
     
  20. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,803
    862
    3 Март 2018
    нема, малку луѓе се. Не се криви тие, ситематизацијата им е лоша. Сум бил сведок како предпоставените ги притискаат, нема потреба од дополнителен притисок.
     
    На moongose и Necromancer им се допаѓа ова.
  21. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,202
    3,562
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Пратката од 22 јануари ми ја јавува дека е во пошта, бев до кај нив, вика тука е ама премногу вреќи се стигнати и не можеме да постигнеме да распределиме. Ми предложи да почекам до кај среда/четврток за картонче, а ако не дојде, да дојдам пак кај нив со тракинг бројчето за да ми ја побараат.

    Тоа е, и они си имаат проблем како што кажа над мене @bicikle. Не соодветна организација и систематизација, модернизација и кадар доведува до доцнење и нервози кај сите страни.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    398
    193
    18 oктомври 2019
    Машко
    Ја јавува дека е стигната на страницата на пошта или имаш статус "arrived in destination country"?
    Инаку што се однесува до Сингапур, јас чекам една од 16.12. испратена преку 4PX.
     
  23. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,202
    3,562
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    upload_2020-1-27_9-55-34.png
    Ова достава се појавило денес, вчера вечер го немаше. Сработеле нешто сабајлечки.
     
  24. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    398
    193
    18 oктомври 2019
    Машко
    Значи тргнало, и јас чекам една да биде префрлена од Центар во Карпош...
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  25. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,057
    2,300
    19 Јули 2013
    Порано имаше жалби поштарите не ги носеле пратките до дома, само картончиња оставале. Демек за таа плата и тој третман доволни е и тоа што го прават. Па коментарите беа, ако не им чини нека си одат, не мора тоа да работат ако им е мала платата, нека си бараат поплатена работа.

    Епа послушаа луѓето, си заминаа. Кој во пензија, кој во странство, по некој и на друга работа. Не само пошторазнесувачи, многу и од поштарите од логистика. Сега фали персонал и тие што се останати не постигнуваат да завршат навреме. А додека се примат нови и се обучат, треба време. Во меѓувреме обемот на пристигнати пратки само расте, а тие не носат никаков приход.
     

Сподели

Вчитување...