1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од TATA_MATA, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    12.2%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    39.2%
  3. Не сум задоволен/а

    20.1%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.5%
  1. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    929
    628
    11 ноември 2015
    Машко
    Точно дека го покачиле од 50евра на 100евра лимитот за порачки од интернет?
     
  2. JezuzNoChil

    JezuzNoChil
    Intern

    17
    8
    9 Јануари 2019
    Од 45 на 90 го покачија ама од 22 до 90 евра плаќаш 18% ДДВ
     
  3. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,376
    19 Јули 2013
    Порано најмногу една недела, но сега може да трае и повеќе од еден месец.
    Не. Само е зголемен износот до кој пратките се ослободени од царина, од 45 на 90 евра. Лимитот за порачки остана неограничен :)
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The-Witch-King

    The-Witch-King
    Intern

    3
    1
    31 Март 2019
    Машко
    Дали некој имал вакво искуство? Пратката стои на царина веќе 8 дена. Бев во пакетско на шалтерот од царина и вработениот провери и ми вика пратката е спремна за процесирање ама оди малку споро со новиот систем (за каков нов систем станува збор немам поим). Се мислам да не им е „забаталена“ негде на царина па да си чекам до којзнае кога, зошто 8 дена е многу. Претходни пратки што сум ги нарачувал поминувале на царина за еден ден. Чекал некој царинење на пратка олку долго време?

    Screenshot_6.png
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,408
    11,631
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Веројатно е ова.
     
  6. The-Witch-King

    The-Witch-King
    Intern

    3
    1
    31 Март 2019
    Машко
    Ама како шо гледам работата не е убрзана туку оди поспоро дури од претходно. Сакам да знам ако има некој што му царинеле пратка периодов со тој новиот скенер дали чекал олку време или само мојава е заглавена повеќе од една недела. :(
     
  7. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    846
    535
    20 Декември 2015
    Машко
    Ајде излегоа во системов, уште 1 месец да почекаме не е страшно. И така 3 месеци чекав.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    759
    388
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Не знам што се случува, се' е блокирано. Јас еве до денес 30 дена откако е пратена со Сингапурска пошта праткава, којзнае од кога е стигната и дреме во вреќа на аеродром. Има ли некаква опција да се убрза процесот, многу заглавија. Порано праткиве со Сингапурска пошта се појавуваа тука за 14 дена, сега дупло пошто нашиве ептен заглавија.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JezuzNoChil

    JezuzNoChil
    Intern

    17
    8
    9 Јануари 2019
    И јас исто чекам пратки и од ebay и од aliexpress и од drop.com во Македонија и Србија ништо не стигнува уште од декември.

    Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    506
    279
    18 oктомври 2019
    Машко
    Има доктори на царина, ги тестираат на Корона вирус.
     
  11. mmarko

    mmarko
    Gaining Experience

    99
    63
    1 Март 2013
    Машко
    Мене оваа ми помина брзо, пред 1 месец, не знам дали бил тогаш во употреба скенерот...
    Annotation 2020-01-21 183657.png
     
  12. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    243
    135
    23 Февруари 2017
    Машко
    off-topic ama drop.com pocnaja i vo mk ili?
     
  13. JezuzNoChil

    JezuzNoChil
    Intern

    17
    8
    9 Јануари 2019
    Во Србија тоа чекам.

    Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
     
  14. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    846
    535
    20 Декември 2015
    Машко
    Две пратки ми се во 1002 пошта, пред 4 дена стигнаа, немам добиено картонче. Pregradok 1002 posta dostava/isporaka пишува на двете.

    Џабе ќе е да идам да си ги барам нема да ми ги дадат, решение?
     
  15. The-Witch-King

    The-Witch-King
    Intern

    3
    1
    31 Март 2019
    Машко
    Ако е стигната пратката во локалната пошта можеш да ја земеш со лична карта и tracking number
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    846
    535
    20 Декември 2015
    Машко
    Средено е, поштарот ме исконтактира.
     
  17. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    328
    169
    28 Јуни 2013
    Врв е поштаров...едно писмо (од октомври) ми стигна, ама го пикнал во соседното сандаче. Картончето на истото носење во друго сандаче.
     
  18. Slupcane

    Slupcane
    Intern

    9
    4
    10 Јуни 2017
    Машко
    После колку време отприлика пуштаат пратка од кога ќе им пуштиш фактура на [email protected]?
     
  19. krema

    krema
    Professor

    10,132
    9,740
    24 Јуни 2009
    Машко
    2-3 дена.
     
    На Slupcane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mar tiN

    Mar tiN
    Gaining Experience

    545
    366
    2 Јануари 2014
    Машко
    Дечки , кој Документи за царина на 1006 статус да ги пратам на email ?
    1. Screen од ордер - (Вака ли како што постирав на сликата ? )
    2. ?? Друго ?
    1.png
     
  21. krema

    krema
    Professor

    10,132
    9,740
    24 Јуни 2009
    Машко
    1. Тоа
    2. од банка
     
    На Mar tiN му/ѝ се допаѓа ова.
  22. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    243
    135
    23 Февруари 2017
    Машко
    imalo gospod Screenshot_2020-01-23-21-30-03-043_yqtrack.app.jpeg

    Испратено преку фиксен
     
  23. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    506
    279
    18 oктомври 2019
    Машко
    Што оставаш видливо од изводот од банка? Се комплет или покриваш број на трансакциска и сл?
    И дали инсистираат на извод од трансакциска?
     
    Последна промена: 24 Јануари 2020
  24. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,356
    7,335
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не покриваш ништо, царина е државна институција.

    Ако имаш онлајн банкарство би требало трансакцијата (виртуелна уплатница) да ја имаш за симнување како пдф.

    Они не ти инсистираат ништо, ти можеш да покриеш се ако сакаш или дури и да не пуштиш ништо ама така ќе ти опнат 15% царина + 18% ДДВ + царинска проверка. Сакам да кажам од око ќе ти ја царинат пратката. Ако му се видело на цариникот дека вреди 500 евра (а уствари е 20) ќе рачунаат проценти од 500 евра. Затоа што кинези и многу други лажат за вредноста на пратката.
     
  25. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    506
    279
    18 oктомври 2019
    Машко
    Прашувам за сметка на која нема електронско банкарство.

    Тоа што се работи за државна институција нема апсолутно никаква врска со твојата приватност, ниту со правото да го знаат бројот на твојата трансакциска сметка. А уште помалку да праќаш број на трансакциска сметка по имејл.
     

Сподели

Вчитување...