D
Администратор
Ја богами не гледам ни рсс ни реклами ни ништо, све е тоа блокирано. Можеби си во право, мада неам видено да се дискутира околу некоја тема објавена на порталот овде меѓу форумџииве. Сепак е поинаку.
А и една друга работа што приметив е тоа што на форумов е забранета политика на некој начин, а на порталот се повеќе и повеќе во последно време се објавуваат, па да речеме содржини тесно поврзани со актуелните политички случувања, па дури знаат да делуваат и малку пристрасно читано онака од страна.![]()
Ако под политика подразбираш споделување на 1) проверени, 2) објективни, 3) непартиски и 4) без скриена агенда новости околу случувањава во државата, тогаш јбг, политика е.
Порталот споделува вести од општеството кои имаат за цел да дискутираат тековни проблеми, активни теми од областа на ИКТ и влијанието на ИКТ во општеството и сл, ко на пример прислушувањето. Не сме ниту партиски, ниту некад сме биле партиски расположени. Од пред некоја година ограничивме и да неможат партии да се огласуваат за политички цели преку банери.
Партиски би размислиле да се вклучиме ако имаме обединето членство на форумот за да направиме Дигитална партија на Македонија и сите министри, премиерски функции и сл да ги замениме со компатибилни AI роботи.