Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Климата има функции што ги нема на далечинското. „Глупаво“ далечинско?

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Дома имам две различни клими. И двете се VIVAX ама едната е модел:
ACP-09CH24AES/I - оваа ја купив прво, постара од другата една година.
ACP-12CH35AEX/I - оваа ја купив отпосле, следната година.

Вторава ми мириса чудно кога работи, на бајато, на прашина па почнав да барам чаре.

Прва работа што не ја контам, далечинското на постарата има повеќе функции од она на поновата, кои РАБОТАТ на новата. Во превод, земам старото далечинско, стискам селф-клин и тоа функционира на новата клима. Со оригиналното далечинско на таа клима оваа функција ја нема.

2.jpg

Да барам по нет да купам како тоа постарото? Да одам да им барам у фирма такво? @DJAMBAZ ми ја местеше бтв и ќе ми каже од кај е земена климата.

Фала.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
Пробај на поновиот контролер, стисни и задржи го копчето за turbo/self cleaning дали ќе се активира? Кај мене така функционира.

(Испратено од Mi A1 Radioactive)
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Чистени се филтрите на внатрешната?

7fb6c6a1e9b21c237812e1e1f7ee56bc.jpg


Ако мислиш на овие, да.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Саќето (хитсинкот/изменувачот) чистено е?
Дај фото од под филтрите, зумирано и накај долните ќошеви.

Баш добро ме потсети дека е време чистење, за мене барем... :)
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Пробај на поновиот контролер, стисни и задржи го копчето за turbo/self cleaning дали ќе се активира? Кај мене така функционира.

(Испратено од Mi A1 Radioactive)

Пробав не сака. Ја активира веднаш примарната функција, во случајов ТУРБО.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.968
6.066
Skopje
Пробав не сака. Ја активира веднаш примарната функција, во случајов ТУРБО.
Како и да е, мирисот на прашина не доаѓа само од филтрите, вентилаторот што е испод истотака собира многу прав. Јас на мојата ги вадам перките, и така имам пристам до вентилаторот (долната половина). Ќе го поминам со правосмукалка и со крпа, и има значителна разлика. Секако, викам и сервис да го поминат саќето со течност, ама тоа е на почетокот од сезона.
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Саќето (хитсинкот/изменувачот) чистено е?
Дај фото од под филтрите, зумирано и накај долните ќошеви.

Баш добро ме потсети дека е време чистење, за мене барем... :)

Сакето не е чистено ама климата р лани ставана и само 2 месеци работена. Знам дека и тоа е дискутабилно ама чисто е.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Епа тоа е хитсинкот ако го пуштиш на 18ц 5-6 саата ќе се натопи ќе истече неколку пати и ќе се замие самиот. Потоа на 30ц едно 30 минути да се пресуши убаво и да утепа тоа гнасите на 60ц.

Тоа е тоа што може сама да го направи климата во поглед на миење и чистење.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
Обично се прљавштини во прашање кога мириса на „бајато“, ама ако визуелно е чисто тогаш којзнае што е работата. Чисто за да пробаш дали ќе помогне со мирисот - можеш да ја исчистиш климата. Инаку јас само што ги исчистив внатрешните единици од двете клими, окулу еден час е работата (за двете клими) заедно со се припремите.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.361
Купи Дезинтал, раствори го по упатство, стави во пумпица за вода и прскај по испарителот дури не ти падне раката.

Почекај едно 30 мин. да се исцеди и терај.
Гледај да не ја гасниш веднаш после ладење (префрли на вентилатор)
Или употреби self clean

И шпиритус 70% брка работа (со пумпица) и тоа најдобро.

Избегни ретардирани предлози за употреба на Aris Degras, Варикина, Хлор (Izosan G) затоа што ќе се каеш.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.516
SK
...FavorCool SB-910 наменско средство за чистење клими (и други HVAC ствари). Главната состојка секако е Содиум Хидроксид, па најверојатно ќе завршат и евтините средства како Авакс.
Industrial cleaner FavorCool SB-910 | BSL

SB-910.jpg
31225366_7ba84eb788.jpeg


Средството се разредува со вода, помалку или повеќе зависно колку се прљави климите. Јас мешав 50:50, а двете клими ги исчистив со отприлика четврт литар од течноста. Пакувањето е од 3.7 литри и кошта 900 денари, мислам имаше и помали пакувања. Најисплатливо е да се подели со некој, за две клими 3.7 литри од средствово би траеле ~15 години. :D
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Ќе пробам и ќе пишам.
Бедот е дека ова се случува од првиот момент. Мислев дека треба да помине време, ама очигледно не е тоа.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно