Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Дечки ајде мала консултација за моделов , не се разбирам сакам да купувам ми го нудат да знаам дали вреди за овие пари ( 3,5 W е во прашање )
311910916_645185627000538_1033081961890635228_n.jpg
Ова е малезиски модел послаб е од FTXF.
Подобра опција е FTXF моделот
Мислењето е автоматски споено:

Daikin 3.5KW во 15м2, тоа е проблемот. Остави ја вратата отворена нека ги топли и другите соби и види како ќе се понаша.
Со 3.5KW можеш да стоплиш и 50м2, особено со јапонец.
Топло е уште времето, ќе ја осетиш најдобро во Декември, Јануари и Февруари, тогаш тие 2-3 екстра степени ќе ти бидат најпотребни. :)

Кај јапонците нема аномалии. Затоа и плаќаш повеќе.
Овај модел дава 2 и нешто kw на -15степени тој е 2модел од долу кај даикин. Даикин емура пример е друга приказна а да не ја споменуваме уруру сарара таа е друга лига за сите клими.
 
Последна промена:

masterwu

lurker
11 февруари 2016
855
817
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Прашање до тие што имаат Mitsubishi AP25: Дали на MelCloud потрошувачката ви е стално на 0.6 киловати? Најверојатно мерењето е погрешно, не оди ни погоре ни подолу од тоа, стално е на 0.6. Кога го сетирам уредот во опциите за внатрешна и надворешна единица, ми дава опција само за MUZ-AP25VG (H), додека мојата надворешна единица е MUZ-AP25VG. Не знам дали тоа може да биде причината за погрешните резултати.
Ако не ви е тешко ај баш проверите како е кај вас наместено на МелКлауд и дали моделот на надворешната единица ви се совпаѓа.
LN35ката си функционира океј, спушта на 0.2-0.3 киловати.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
380
549

Имаме иста кобинација AP25 и LN35 :)

MELCloud репортите за потрошувачката знаат да драпаат, бар во споредба со моите надворешни мерачи (Broadlink SP3S до лани на LN35-ката и Shelly1PM од годинава на двете клими)
Имено, некогаш MELCloud репортите се скоро точни ама некогаш знаат да покажат повеќе од потрошеното.
И тоа некогаш, зависи до рестартите (гасење од напон). Кога јавува грешно ја гасам од струја 10 мин и пак ја вклучувам. После тоа попрецизно ги прави репортите.
Сето арно ама при глобално снемување на струја истото пак се случува и ќе го заборавиш па си тера со денови со грешни репорти.
Лани имаше firmware upgrade баш наменски за "оправање" на тие energy usage репорти.... ама изгледа не го фикснаа буг-от :(

Затоа би ти советувал да не се ослонуваш многу многу на MELCloud репортите за потрошна и ако ти е битно да следиш најдобро да си купиш Shelly1PM

Тоа со моделот на MUZ-AP25VG (H) нема врска во случајов и кај мене е така внесен на MELCloud.
Кај мене пошто се во еден простор двете клими периодов додека е потопло ја користам само LN-от зашто е подобра за ниски модулации и си крцка со ~100w и одржува темп 21С скоро секаде.
Двете беа поставени на 21.5C и аутофан....
AP-то испод 230w не сакаше да спушти.... ќе видиме кога ќе зазими посалам на фиксен фан како ќе тера....
Еве кога ја работев на 7ми како трошела AP-то
 
Атачменти

  • Screenshot 2022-10-19 at 15.30.03.png
    Screenshot 2022-10-19 at 15.30.03.png
    355,4 KB · Прегледи: 53
  • Screenshot 2022-10-19 at 15.49.01.png
    Screenshot 2022-10-19 at 15.49.01.png
    293 KB · Прегледи: 46
  • Screenshot 2022-10-19 at 15.52.04.png
    Screenshot 2022-10-19 at 15.52.04.png
    373,4 KB · Прегледи: 51
  • IMG_1697.PNG
    IMG_1697.PNG
    448,7 KB · Прегледи: 55

masterwu

lurker
11 февруари 2016
855
817
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Имаме иста кобинација AP25 и LN35 :)

MELCloud репортите за потрошувачката знаат да драпаат, бар во споредба со моите надворешни мерачи (Broadlink SP3S до лани на LN35-ката и Shelly1PM од годинава на двете клими)
Имено, некогаш MELCloud репортите се скоро точни ама некогаш знаат да покажат повеќе од потрошеното.
И тоа некогаш, зависи до рестартите (гасење од напон). Кога јавува грешно ја гасам од струја 10 мин и пак ја вклучувам. После тоа попрецизно ги прави репортите.
Сето арно ама при глобално снемување на струја истото пак се случува и ќе го заборавиш па си тера со денови со грешни репорти.
Лани имаше firmware upgrade баш наменски за "оправање" на тие energy usage репорти.... ама изгледа не го фикснаа буг-от :(

Затоа би ти советувал да не се ослонуваш многу многу на MELCloud репортите за потрошна и ако ти е битно да следиш најдобро да си купиш Shelly1PM

Тоа со моделот на MUZ-AP25VG (H) нема врска во случајов и кај мене е така внесен на MELCloud.
Кај мене пошто се во еден простор двете клими периодов додека е потопло ја користам само LN-от зашто е подобра за ниски модулации и си крцка со ~100w и одржува темп 21С скоро секаде.
Двете беа поставени на 21.5C и аутофан....
AP-то испод 230w не сакаше да спушти.... ќе видиме кога ќе зазими посалам на фиксен фан како ќе тера....
Еве кога ја работев на 7ми како трошела AP-то

Океј, значи не треба да се секирам :). Фала за информациите!
 
BlueBaron

hello world
19 јануари 2016
288
254
Скопје
Здраво другари,

Ми треба малце ваш совет околу греење на нов стан, пред некое време купен, не ги знам точните квадратури на собите но има салон со кујна и трпезарија, мал ходник, купатило и спална соба. Се на се има 51квадрат станот, со 5квадратен балкон. Еве и мала скица подолу како изгледа од прилика:

1666452777952.png

Кое би било оптимално решение за греење на овој простор? Дали пример би можело да се земе клима од 5.5кв за да се грее цел стан т.е. салонот и спалната? Или да идам со варијанта од Вивакс (ми понудија за околу 70к) со мулти-сплит систем, односно 1 пумпа од надвор и 2 внатрешн единци (AERI+), 3.5кв за салон и 2.5кв за спална соба. Побарав понуда и од Daikin и размислување, ама нивното размислување ќе ме чини негде 3к евра, which is too much. Ваше мислење? Фала однапред. :D
 
18 август 2019
1.237
1.219
Здраво другари,

Ми треба малце ваш совет околу греење на нов стан, пред некое време купен, не ги знам точните квадратури на собите но има салон со кујна и трпезарија, мал ходник, купатило и спална соба. Се на се има 51квадрат станот, со 5квадратен балкон. Еве и мала скица подолу како изгледа од прилика:

Погледнете го атачментот 118082

Една клима не ти врши работа во двете простории. Мултисплит или две посебни.
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.662
1.813
Здраво другари,

Ми треба малце ваш совет околу греење на нов стан, пред некое време купен, не ги знам точните квадратури на собите но има салон со кујна и трпезарија, мал ходник, купатило и спална соба. Се на се има 51квадрат станот, со 5квадратен балкон. Еве и мала скица подолу како изгледа од прилика:

Погледнете го атачментот 118082

Кое би било оптимално решение за греење на овој простор? Дали пример би можело да се земе клима од 5.5кв за да се грее цел стан т.е. салонот и спалната? Или да идам со варијанта од Вивакс (ми понудија за околу 70к) со мулти-сплит систем, односно 1 пумпа од надвор и 2 внатрешн единци (AERI+), 3.5кв за салон и 2.5кв за спална соба. Побарав понуда и од Daikin и размислување, ама нивното размислување ќе ме чини негде 3к евра, which is too much. Ваше мислење? Фала однапред. :D

Една 3,5 за дневна и една 2,5 за спална, по можност како што препорачуваат јапонска. Инаку барај што има на лагер, бидејќи пред некој ден прашував во една од поголемите фирми во Скопје и ми рекоа дека времето на испорака било многу продолжено, т.е. 3-4 месеци, а.к.а. следна грејна сезона :) Подобро, а веројатно и поевтино се две посебни клими од мултисплит. Плус ако едната се расипе, втората ќе работи...
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Здраво дечки, за сезонава треба да купам клима за греење на станот кајшто се вселив па ми треба ваше мислење и помош... :)

Се работи за стан од околу 66м2 (без тераса и шпајз), со висина од 2.4м, југо-западна ориентација, 5ти спрат од 16. Просториите кои планирам да ги греам се дневна-трпезарија-кујна (отворен простор) и се со вкупна површина од ~32м2 и волумен од ~78m3, а дополнително кога ќе е потопло ќе отварам врата накај претсобје и една од спалните. За наредна сезона планирам и во оваа спална да ставам некоја помала клима, но годинава ќе е само со една, поставена некаде во дневна, а во поладните денови ќе догревам со панел во спалната или ќе спијам во дневната.

Можете да ја видите и скицата од станот (во размер). Инаку станот нема никаква изолација на ѕидовите, се работи за постара зграда правена околу 70ти години. Столаријата е заменета со ПВЦ со 3-слојно 4-сезонско стакло. Прво зимо ми е тука, па не знам дали станов е „топол“ преку зимо, ама мерењата до сега покажуват дека последниве 2-3 недели, температурата навечер се нема спуштено под 21 степен така што мислам дека нема да е ладен станов. Дополнително, низ дневната, 2те спални и 2те WC-а проаѓаат вертикални цевки од парното кои малку ќе помагаат во загревањето. Добро во зградава е што има спуштени плафони, па има некои 30тина цм „воздушна изолација“, ама и без тоа, доброто е што становите над мене и под мене се вселени и се загреваат (мислам дека на парно). Лошото е што становите немаат многу заеднички ѕидови со соседните станови и скоро сите ѕидови се надворешни, освен еден ѕид од претсобјето, два ѕида во малото WC и два ѕида од шпајзот (долу десно на скицата).

Станот планирам да го загревам на ~24-25 степени, а климата да работи постојано кога ќе имаме „стабилно ладно време“. Спалната очекувам да биде загреана до кај 20-21 степен во потоплите денови, а во поладните ќе биде догревана со нешто друго. Свесен сум дека има доста „испрекршувања“ во просторот и не е чист отворен простор помеѓу дневната, трпезаријата и кујната (како што е во новите згради на пример), ама би бил среќен ако успеам да постигнам температурна разлика до 2-3 степени (пример 26 степени во дневна, 23 во кујна).

Кога се работи за локацијата на климата, има уште една лоша работа, а тоа е дека внатрешната единица не може да се постави таму каде што според мене е најдобро односно кај прозорите во дневна (лево), затоа што прозорите идат до плафон. Од другите возможни (и според мене добри) локации остануваат двата ѕида на кои е поставена гарнитурата. На скицата кај нив имам ставено 3 зелени правоаголничиња означени со 1, 2 и 3. Ѕидот кајшто е правоаголникот 1, има должина од 142цм, така што би имало доволно простор од околу 50тина цм за да се одлепи климата од другиот ѕид. Предност ако се постави на овој ѕид е што ќе има подобар агол за да дува накај трпезарија и кујна. Доколку се постави на ѕидот кајшто се правоаголниците 2 и 3, предност е дека ќе има подобар агол за да дува накај претсобје и спална, но значително полош за да дува накај трпезарија и кујна. Мене ми е некако најлогично да биде кај кецот ама би сакал да слушнам и ваши мислења и искуства за ова. Инаку надворешната единица има pretty much фиксна позиција, немам многу избор кај да ја ставам.

Друг момент од аспект на монтажата е тоа што ако внатрешната се стави на правоаголникот 3, ќе дојде ептен близу до надворешната и нема на има некоја мака со цевките (така гледам им се на повеќето комшии). Ако се стави на позиција 1 или 2, ќе има доста долги цевки кои ќе биде малку сложено да се поврзат со надворешната, но смислив како може тоа да се направи. Единствено што ме мачи во оваа ситуација е дали цевките да идат внатре во станот во ќошот испод плафонот, па напролет да ги скријам со гипс картон, или да одат од надвор. Мене воопшто не ми е проблем ни едниот ни другиот начин, единствено важно ми е што е подобро. Дали ако се надвор нема да им смета што ќе се толку на отворено? Дали ако се внатре ќе прават некоја бучава? Исто така ме интересира дали и покрај тоа што би биле доста долги цевките во ваков случај (3+ метри), дали пак да им кажам да замотаат уште еден круг позади климата?

А сега поинтересното, избор на клима :) Гледав и анализирав доста во последниве 2 недели, исчитав скоро се на форумов и на некои бугарски/хрватски форуми и благодарение на тоа, успеав да дојдам до некој став по ова прашање. Буџетот првично ми беше 70к, ама видов дека климиве се доста скапнати па го покачив на 80к, со тоа што може да се иде за уште некоја 1000ка нагоре ако има нешто стварно добро. Од климата ми е најважно да е економична за греење и да не биде некоја кинеска пластика што ќе почне да откажува после 2-3 години. За ладење нема многу да се користи пошо преку лето ретко кога температурата у станов идеше над 27-28 степени. Прочистувачи, Wi-Fi, јонизатори и такви слични работи се добредојдени, ама далеку од пресудни (на пр. ако нема Wi-Fi со неа, веројатно никад не би дал уште 80-100еур за тоа бидејќи реално ќе ми затреба 1-2 пати у сезона, а за толку, поисплаливо ми е да не ја гасам :))

Од тоа што гледав, успеав да ја сведам финалната листа на следниве модели:
- Mitsubishi AP35VGK (70к во bitel.mk), (68к во klimatizacijamk.com ама не пишува точно дали и таму е VGK)
- Toshiba Super Daiseikai 9 RAS-13PAVPG-E/RAS-13PKVPG-E (79к во Aircon, 83k во ElectronBB и klimatizacijamk.com)
- Toshiba Haori RAS-13J2AVSG-E1/RAS-B13N4KVRG-E (71k во Aircon)
- Toshiba Shorai Edge RAS-13J2AVSG-E1/RAS-B13J2KVSG-E (58k во ElectronBB, 59k во Aircon, 61k на сите други места)
- Mitsubishi LN25VE (84k во klimatizacijamk.com)
- Toshiba Super Daiseikai 9 RAS-10PAVPG-E/RAS-10PKVPG-E (73500 во ElectronBB)
- Haier Flexis Plus или Flair Plus Breeze AS35S2SF2FA-3/1U35S2SM1FA, како поефтина, а добра кинеска варијанта (43-44к setec)

Разгледував и Mitsubishi LN35 ама ми е многу над буџет (100к) и Daikin Perfera RXM35R9 за која видов дека е слаба за греење, а нереално скапа (90к), пример LN25 и Daiseikai 10 се помоќни од неа, а се „помали“ и поефтини. Мене мислам дека најголемата двојба ми е меѓу AP35 и Daiseikai 13. За 2.5киве (LN25 и Daiseikai 10) ми е страв дали ќе се доволни за овој простор, а од друга страна гледам дека по Eurovent се горе долу како Haori-то и Edge-от по моќност за греење, така што и за нив ми е малку страв дали ќе се доволни за загревање. Други предлози се секако добредојдени, ама би преферирал јапонец (Mitsubishi, Toshiba, Fujitsu, Daikin). Исто така, ако имате некое искуство со климиве од погоре, плс споделете :)

Во прилог ви испраќам и Excel табела со споредба на Eurovent вредностите за климите од погоре (за некои од нив мислам дека има грешки на самиот Eurovent, пр. Haori-то има 3.1kW на -15, а 2.83kW на -10, а Edge-от со иста? надворешна единица има 2.21kW na -15 и 2.83 на -10), ако некој сака да си ја олесни споредбата.

За крај, бидејќи изборот горе-долу се сведува на Mitsubishi/Toshiba, би сакал да ми предложите добар монтер за овој бренд на клими. За Енергија читав доста негативни работи по форуми, така што нив би ги избегнал за Тошиба... Не знам како се Aircon, дали имал некој искуство со нив? Исто гледам дека ElectronBB монтираат Тошиба, ама не сум слушнал ни за нив искуства. Знам дека голем дел од вас имаат Mitsubishi така што верувам дека и за нив ќе споделите позитивно искуство со некој монтер.

2D-areas-ac-placements-some-totals.png
Мислењето е автоматски споено:

Намерно во посебен пост за да биде поприметливо, ви испраќам и Excel табела со Eurovent податоци за сите клими за кои се интересирав на почеток (околу 30 на број), скоро сите се јапонски. Има два таба во Excel фајлов, тој што е со Raw Data ми текна отпосле да го креирам за да можам да си правам визуелизации, така што ако некој е по тоа, да знае дека ќе му брка работа. Ќе прикачам и слика од табелата за ако некој сака нешто на брзинка само да види :)

ac-full-list.png
 
Атачменти

  • AC-reduced-list.xlsx
    73,1 KB · Прегледи: 14
  • AC-full-list.xlsx
    111 KB · Прегледи: 15
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.572
За Енергија читав доста негативни работи по форуми, така што нив би ги избегнал за Тошиба...
Дефинитивно ќе одиш на 3.5ка најмалце, и инаку Енергија 3 клими досега ми монтирале (на работа и кај колега) и никакви проблеми досега. Монтажа со сите салтанати направија на сите три места (Fuji, AUX, Carrier).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Супер истражување си направил. Ти фали само еден скоринг систем и ќе видиш што ти е важно. Еве јас направив еден пример и ги подредив според него. Целта тука ми беше да видам која дава највеќе киловати и највеќе цоп, врз цената. И еве го резултатот:

Е сега ти може да видиш какви ти се тебе приоритетите и да си направиш свој скоринг систем. Убавото е што вака се добива релативно објективен скор и некогаш ќе увидиш работи кои навистина не си очекувал.

Е сега во изборот гледам дека си ставил некои модели но јас би додал Daikin FTXF50, Haier Tundra 18 и Shorai Edge 18 во најмала рака за да биде што подобра пресметката.
 
Атачменти

  • AC-full-list.xlsx
    112,7 KB · Прегледи: 31

Goran333

hello world
19 август 2022
110
122
Здраво дечки, за сезонава треба да купам клима за греење на станот кајшто се вселив па ми треба ваше мислење и помош... :)

Се работи за стан од околу 66м2 (без тераса и шпајз), со висина од 2.4м, југо-западна ориентација, 5ти спрат од 16. Просториите кои планирам да ги греам се дневна-трпезарија-кујна (отворен простор) и се со вкупна површина од ~32м2 и волумен од ~78m3, а дополнително кога ќе е потопло ќе отварам врата накај претсобје и една од спалните. За наредна сезона планирам и во оваа спална да ставам некоја помала клима, но годинава ќе е само со една, поставена некаде во дневна, а во поладните денови ќе догревам со панел во спалната или ќе спијам во дневната.

Можете да ја видите и скицата од станот (во размер). Инаку станот нема никаква изолација на ѕидовите, се работи за постара зграда правена околу 70ти години. Столаријата е заменета со ПВЦ со 3-слојно 4-сезонско стакло. Прво зимо ми е тука, па не знам дали станов е „топол“ преку зимо, ама мерењата до сега покажуват дека последниве 2-3 недели, температурата навечер се нема спуштено под 21 степен така што мислам дека нема да е ладен станов. Дополнително, низ дневната, 2те спални и 2те WC-а проаѓаат вертикални цевки од парното кои малку ќе помагаат во загревањето. Добро во зградава е што има спуштени плафони, па има некои 30тина цм „воздушна изолација“, ама и без тоа, доброто е што становите над мене и под мене се вселени и се загреваат (мислам дека на парно). Лошото е што становите немаат многу заеднички ѕидови со соседните станови и скоро сите ѕидови се надворешни, освен еден ѕид од претсобјето, два ѕида во малото WC и два ѕида од шпајзот (долу десно на скицата).

Станот планирам да го загревам на ~24-25 степени, а климата да работи постојано кога ќе имаме „стабилно ладно време“. Спалната очекувам да биде загреана до кај 20-21 степен во потоплите денови, а во поладните ќе биде догревана со нешто друго. Свесен сум дека има доста „испрекршувања“ во просторот и не е чист отворен простор помеѓу дневната, трпезаријата и кујната (како што е во новите згради на пример), ама би бил среќен ако успеам да постигнам температурна разлика до 2-3 степени (пример 26 степени во дневна, 23 во кујна).

Кога се работи за локацијата на климата, има уште една лоша работа, а тоа е дека внатрешната единица не може да се постави таму каде што според мене е најдобро односно кај прозорите во дневна (лево), затоа што прозорите идат до плафон. Од другите возможни (и според мене добри) локации остануваат двата ѕида на кои е поставена гарнитурата. На скицата кај нив имам ставено 3 зелени правоаголничиња означени со 1, 2 и 3. Ѕидот кајшто е правоаголникот 1, има должина од 142цм, така што би имало доволно простор од околу 50тина цм за да се одлепи климата од другиот ѕид. Предност ако се постави на овој ѕид е што ќе има подобар агол за да дува накај трпезарија и кујна. Доколку се постави на ѕидот кајшто се правоаголниците 2 и 3, предност е дека ќе има подобар агол за да дува накај претсобје и спална, но значително полош за да дува накај трпезарија и кујна. Мене ми е некако најлогично да биде кај кецот ама би сакал да слушнам и ваши мислења и искуства за ова. Инаку надворешната единица има pretty much фиксна позиција, немам многу избор кај да ја ставам.

Друг момент од аспект на монтажата е тоа што ако внатрешната се стави на правоаголникот 3, ќе дојде ептен близу до надворешната и нема на има некоја мака со цевките (така гледам им се на повеќето комшии). Ако се стави на позиција 1 или 2, ќе има доста долги цевки кои ќе биде малку сложено да се поврзат со надворешната, но смислив како може тоа да се направи. Единствено што ме мачи во оваа ситуација е дали цевките да идат внатре во станот во ќошот испод плафонот, па напролет да ги скријам со гипс картон, или да одат од надвор. Мене воопшто не ми е проблем ни едниот ни другиот начин, единствено важно ми е што е подобро. Дали ако се надвор нема да им смета што ќе се толку на отворено? Дали ако се внатре ќе прават некоја бучава? Исто така ме интересира дали и покрај тоа што би биле доста долги цевките во ваков случај (3+ метри), дали пак да им кажам да замотаат уште еден круг позади климата?

А сега поинтересното, избор на клима :) Гледав и анализирав доста во последниве 2 недели, исчитав скоро се на форумов и на некои бугарски/хрватски форуми и благодарение на тоа, успеав да дојдам до некој став по ова прашање. Буџетот првично ми беше 70к, ама видов дека климиве се доста скапнати па го покачив на 80к, со тоа што може да се иде за уште некоја 1000ка нагоре ако има нешто стварно добро. Од климата ми е најважно да е економична за греење и да не биде некоја кинеска пластика што ќе почне да откажува после 2-3 години. За ладење нема многу да се користи пошо преку лето ретко кога температурата у станов идеше над 27-28 степени. Прочистувачи, Wi-Fi, јонизатори и такви слични работи се добредојдени, ама далеку од пресудни (на пр. ако нема Wi-Fi со неа, веројатно никад не би дал уште 80-100еур за тоа бидејќи реално ќе ми затреба 1-2 пати у сезона, а за толку, поисплаливо ми е да не ја гасам :))

Од тоа што гледав, успеав да ја сведам финалната листа на следниве модели:
- Mitsubishi AP35VGK (70к во bitel.mk), (68к во klimatizacijamk.com ама не пишува точно дали и таму е VGK)
- Toshiba Super Daiseikai 9 RAS-13PAVPG-E/RAS-13PKVPG-E (79к во Aircon, 83k во ElectronBB и klimatizacijamk.com)
- Toshiba Haori RAS-13J2AVSG-E1/RAS-B13N4KVRG-E (71k во Aircon)
- Toshiba Shorai Edge RAS-13J2AVSG-E1/RAS-B13J2KVSG-E (58k во ElectronBB, 59k во Aircon, 61k на сите други места)
- Mitsubishi LN25VE (84k во klimatizacijamk.com)
- Toshiba Super Daiseikai 9 RAS-10PAVPG-E/RAS-10PKVPG-E (73500 во ElectronBB)
- Haier Flexis Plus или Flair Plus Breeze AS35S2SF2FA-3/1U35S2SM1FA, како поефтина, а добра кинеска варијанта (43-44к setec)

Разгледував и Mitsubishi LN35 ама ми е многу над буџет (100к) и Daikin Perfera RXM35R9 за која видов дека е слаба за греење, а нереално скапа (90к), пример LN25 и Daiseikai 10 се помоќни од неа, а се „помали“ и поефтини. Мене мислам дека најголемата двојба ми е меѓу AP35 и Daiseikai 13. За 2.5киве (LN25 и Daiseikai 10) ми е страв дали ќе се доволни за овој простор, а од друга страна гледам дека по Eurovent се горе долу како Haori-то и Edge-от по моќност за греење, така што и за нив ми е малку страв дали ќе се доволни за загревање. Други предлози се секако добредојдени, ама би преферирал јапонец (Mitsubishi, Toshiba, Fujitsu, Daikin). Исто така, ако имате некое искуство со климиве од погоре, плс споделете :)

Во прилог ви испраќам и Excel табела со споредба на Eurovent вредностите за климите од погоре (за некои од нив мислам дека има грешки на самиот Eurovent, пр. Haori-то има 3.1kW на -15, а 2.83kW на -10, а Edge-от со иста? надворешна единица има 2.21kW na -15 и 2.83 на -10), ако некој сака да си ја олесни споредбата.

За крај, бидејќи изборот горе-долу се сведува на Mitsubishi/Toshiba, би сакал да ми предложите добар монтер за овој бренд на клими. За Енергија читав доста негативни работи по форуми, така што нив би ги избегнал за Тошиба... Не знам како се Aircon, дали имал некој искуство со нив? Исто гледам дека ElectronBB монтираат Тошиба, ама не сум слушнал ни за нив искуства. Знам дека голем дел од вас имаат Mitsubishi така што верувам дека и за нив ќе споделите позитивно искуство со некој монтер.

Погледнете го атачментот 118161
Мислењето е автоматски споено:

Намерно во посебен пост за да биде поприметливо, ви испраќам и Excel табела со Eurovent податоци за сите клими за кои се интересирав на почеток (околу 30 на број), скоро сите се јапонски. Има два таба во Excel фајлов, тој што е со Raw Data ми текна отпосле да го креирам за да можам да си правам визуелизации, така што ако некој е по тоа, да знае дека ќе му брка работа. Ќе прикачам и слика од табелата за ако некој сака нешто на брзинка само да види :)

Погледнете го атачментот 118163
И јас сум на слична "мака" како ти . Пребарувам по форумиве да видам кои клими се добри и општо правило е кога не знаеш што е добро прашај што е поскапо.
И мене исто ми треба клима која првенствено ќе се користи за греење. Од она што досега сум прочитал е дека кога станува збор за греење подобри се парапетна ( floor standing) уредите затоа што топлиот воздух од долу полека се крева на горе.А исто добиваш и подно греење.
За ладење подобри се високо зидните клими затоа што ладниот воздух од горе паѓа надолу.
Јас сум заинтересиран за новата Daikin Perfera FVXM-A и барав некој што ја има да сподели искуство. Скапа е многу меѓутоа еднаш се инвестира во клима уред и мора да е добар.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.555
3.011
Здраво дечки, за сезонава треба да купам клима за греење на станот кајшто се вселив па ми треба ваше мислење и помош... :)

Се работи за стан од околу 66м2 (без тераса и шпајз), со висина од 2.4м, југо-западна ориентација, 5ти спрат од 16. Просториите кои планирам да ги греам се дневна-трпезарија-кујна (отворен простор) и се со вкупна површина од ~32м2 и волумен од ~78m3, а дополнително кога ќе е потопло ќе отварам врата накај претсобје и една од спалните. За наредна сезона планирам и во оваа спална да ставам некоја помала клима, но годинава ќе е само со една, поставена некаде во дневна, а во поладните денови ќе догревам со панел во спалната или ќе спијам во дневната.

Можете да ја видите и скицата од станот (во размер). Инаку станот нема никаква изолација на ѕидовите, се работи за постара зграда правена околу 70ти години. Столаријата е заменета со ПВЦ со 3-слојно 4-сезонско стакло. Прво зимо ми е тука, па не знам дали станов е „топол“ преку зимо, ама мерењата до сега покажуват дека последниве 2-3 недели, температурата навечер се нема спуштено под 21 степен така што мислам дека нема да е ладен станов. Дополнително, низ дневната, 2те спални и 2те WC-а проаѓаат вертикални цевки од парното кои малку ќе помагаат во загревањето. Добро во зградава е што има спуштени плафони, па има некои 30тина цм „воздушна изолација“, ама и без тоа, доброто е што становите над мене и под мене се вселени и се загреваат (мислам дека на парно). Лошото е што становите немаат многу заеднички ѕидови со соседните станови и скоро сите ѕидови се надворешни, освен еден ѕид од претсобјето, два ѕида во малото WC и два ѕида од шпајзот (долу десно на скицата).

Станот планирам да го загревам на ~24-25 степени, а климата да работи постојано кога ќе имаме „стабилно ладно време“. Спалната очекувам да биде загреана до кај 20-21 степен во потоплите денови, а во поладните ќе биде догревана со нешто друго. Свесен сум дека има доста „испрекршувања“ во просторот и не е чист отворен простор помеѓу дневната, трпезаријата и кујната (како што е во новите згради на пример), ама би бил среќен ако успеам да постигнам температурна разлика до 2-3 степени (пример 26 степени во дневна, 23 во кујна).

Кога се работи за локацијата на климата, има уште една лоша работа, а тоа е дека внатрешната единица не може да се постави таму каде што според мене е најдобро односно кај прозорите во дневна (лево), затоа што прозорите идат до плафон. Од другите возможни (и според мене добри) локации остануваат двата ѕида на кои е поставена гарнитурата. На скицата кај нив имам ставено 3 зелени правоаголничиња означени со 1, 2 и 3. Ѕидот кајшто е правоаголникот 1, има должина од 142цм, така што би имало доволно простор од околу 50тина цм за да се одлепи климата од другиот ѕид. Предност ако се постави на овој ѕид е што ќе има подобар агол за да дува накај трпезарија и кујна. Доколку се постави на ѕидот кајшто се правоаголниците 2 и 3, предност е дека ќе има подобар агол за да дува накај претсобје и спална, но значително полош за да дува накај трпезарија и кујна. Мене ми е некако најлогично да биде кај кецот ама би сакал да слушнам и ваши мислења и искуства за ова. Инаку надворешната единица има pretty much фиксна позиција, немам многу избор кај да ја ставам.

Друг момент од аспект на монтажата е тоа што ако внатрешната се стави на правоаголникот 3, ќе дојде ептен близу до надворешната и нема на има некоја мака со цевките (така гледам им се на повеќето комшии). Ако се стави на позиција 1 или 2, ќе има доста долги цевки кои ќе биде малку сложено да се поврзат со надворешната, но смислив како може тоа да се направи. Единствено што ме мачи во оваа ситуација е дали цевките да идат внатре во станот во ќошот испод плафонот, па напролет да ги скријам со гипс картон, или да одат од надвор. Мене воопшто не ми е проблем ни едниот ни другиот начин, единствено важно ми е што е подобро. Дали ако се надвор нема да им смета што ќе се толку на отворено? Дали ако се внатре ќе прават некоја бучава? Исто така ме интересира дали и покрај тоа што би биле доста долги цевките во ваков случај (3+ метри), дали пак да им кажам да замотаат уште еден круг позади климата?

А сега поинтересното, избор на клима :) Гледав и анализирав доста во последниве 2 недели, исчитав скоро се на форумов и на некои бугарски/хрватски форуми и благодарение на тоа, успеав да дојдам до некој став по ова прашање. Буџетот првично ми беше 70к, ама видов дека климиве се доста скапнати па го покачив на 80к, со тоа што може да се иде за уште некоја 1000ка нагоре ако има нешто стварно добро. Од климата ми е најважно да е економична за греење и да не биде некоја кинеска пластика што ќе почне да откажува после 2-3 години. За ладење нема многу да се користи пошо преку лето ретко кога температурата у станов идеше над 27-28 степени. Прочистувачи, Wi-Fi, јонизатори и такви слични работи се добредојдени, ама далеку од пресудни (на пр. ако нема Wi-Fi со неа, веројатно никад не би дал уште 80-100еур за тоа бидејќи реално ќе ми затреба 1-2 пати у сезона, а за толку, поисплаливо ми е да не ја гасам :))

Од тоа што гледав, успеав да ја сведам финалната листа на следниве модели:
  • Mitsubishi AP35VGK (70к во bitel.mk), (68к во klimatizacijamk.com ама не пишува точно дали и таму е VGK)
  • Toshiba Super Daiseikai 9 RAS-13PAVPG-E/RAS-13PKVPG-E (79к во Aircon, 83k во ElectronBB и klimatizacijamk.com)
  • Toshiba Haori RAS-13J2AVSG-E1/RAS-B13N4KVRG-E (71k во Aircon)
  • Toshiba Shorai Edge RAS-13J2AVSG-E1/RAS-B13J2KVSG-E (58k во ElectronBB, 59k во Aircon, 61k на сите други места)
  • Mitsubishi LN25VE (84k во klimatizacijamk.com)
  • Toshiba Super Daiseikai 9 RAS-10PAVPG-E/RAS-10PKVPG-E (73500 во ElectronBB)
  • Haier Flexis Plus или Flair Plus Breeze AS35S2SF2FA-3/1U35S2SM1FA, како поефтина, а добра кинеска варијанта (43-44к setec)

Разгледував и Mitsubishi LN35 ама ми е многу над буџет (100к) и Daikin Perfera RXM35R9 за која видов дека е слаба за греење, а нереално скапа (90к), пример LN25 и Daiseikai 10 се помоќни од неа, а се „помали“ и поефтини. Мене мислам дека најголемата двојба ми е меѓу AP35 и Daiseikai 13. За 2.5киве (LN25 и Daiseikai 10) ми е страв дали ќе се доволни за овој простор, а од друга страна гледам дека по Eurovent се горе долу како Haori-то и Edge-от по моќност за греење, така што и за нив ми е малку страв дали ќе се доволни за загревање. Други предлози се секако добредојдени, ама би преферирал јапонец (Mitsubishi, Toshiba, Fujitsu, Daikin). Исто така, ако имате некое искуство со климиве од погоре, плс споделете :)

Во прилог ви испраќам и Excel табела со споредба на Eurovent вредностите за климите од погоре (за некои од нив мислам дека има грешки на самиот Eurovent, пр. Haori-то има 3.1kW на -15, а 2.83kW на -10, а Edge-от со иста? надворешна единица има 2.21kW na -15 и 2.83 на -10), ако некој сака да си ја олесни споредбата.

За крај, бидејќи изборот горе-долу се сведува на Mitsubishi/Toshiba, би сакал да ми предложите добар монтер за овој бренд на клими. За Енергија читав доста негативни работи по форуми, така што нив би ги избегнал за Тошиба... Не знам како се Aircon, дали имал некој искуство со нив? Исто гледам дека ElectronBB монтираат Тошиба, ама не сум слушнал ни за нив искуства. Знам дека голем дел од вас имаат Mitsubishi така што верувам дека и за нив ќе споделите позитивно искуство со некој монтер.

Погледнете го атачментот 118161
Мислењето е автоматски споено:

Намерно во посебен пост за да биде поприметливо, ви испраќам и Excel табела со Eurovent податоци за сите клими за кои се интересирав на почеток (околу 30 на број), скоро сите се јапонски. Има два таба во Excel фајлов, тој што е со Raw Data ми текна отпосле да го креирам за да можам да си правам визуелизации, така што ако некој е по тоа, да знае дека ќе му брка работа. Ќе прикачам и слика од табелата за ако некој сака нешто на брзинка само да види :)

Погледнете го атачментот 118163
Одлично истражување си напрајл, салам си покрил главните проблеми.
Пошто веќе имаш одговори од другиве над мене, јас нема многу да додадам, само ќе речам дека тошиба даисекаи се оверкил во цената (да, хипер инвертери се, и со тоа значи дека се најштедливи, со најголемо SCOP, ама премногу пари се, не се исплаќа до толку - освен ако ете ептен те бендисало како личат и си решил да платиш за изгледо).
Ако одиш на тошиба, одбирај некој од сузуми плус моделите, или шораи еџ - мислам дека ова се наследниците на сузуми линијата.
Инаку јас сум корисник на тошиба сузуми и задоволен сум.
А за Енергија, немам негативно искуство со нив, тошибата ми е од таму (пред 5ипол години), а исто и кериер (вториот инвертер, после година-две) го имам купено од таму.
Неам замерки по основ на однос со сервисери-монтери.
Си дојдоја луѓето (за ден-два) после купвање, наместија, вакумираа (ваљда? така ми велеа де), затнаа дупки, испробаа и си заминаа.
Одтогаш не ми притребале.
А тоа што си се жалам од кериерот дека ми е гласен (надворешната единица), едноставно таков си е...иако на хартија беше најтивок од сите во таа класа, ама то е веќе друга тема.
Важно си топлат. :)

Испратено од телефоно.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.555
3.011
Стави му бафери и заврши си работа.
Мене ми велиш?
Кладоф, од убајте (500 или 600 денари ќе да беа четирите), ама таков е компресоро, каков шо е...и то е, шо ќе прајш, ко ќе студи, ќе му простуваме за гласноста.

Испратено од телефоно.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
380
549
@NikolovskiM си се помачил со истражувањето али се надевам ќе ти е исплати :)

Околу позицијата, вака според скицава ја би рекол да ставиш на 3ка ... што може подалеку од кај што лeгачите по дома.
При греење треба надолу да дува и иако ќе дува топло не е пријатно да те дува директно цело време.
Отворен простор е немај гајле ќе оди топлината и накај кујна.

За должината на линијата/цефките, минимум е као 3метри... ја би рекол подобро 4-5.
Околу цените види ѕвони на повеќе места зашто често има простор за пазар и се добива добар попуст при плаќање во готово (ако си во можност)
 
Bladeruner

read-only
9 септември 2017
1
2
Вечерва си реков ај да видам како оди греењево на новата FTXF35C5V1B / RXF35C5V1B, и има чудна аномалија. Подешавам термостатот да грее 22 степени, собната температура на термометар оди 26 целзиусови и тогаш климата се гаси. Собата е без изолација, 15 m^2, надворешна температура 9 степени. Дали се сетира ова некаде или е нормална-фабричка појава, и доколку е, како се одвива на потрошувачката и зошто е така?
Кога ќе залади времето се ќе си дојде на место. И јас имам FTXF само 5kw и исто ми се понаша на топлово. Под 250W на греење не симнува, а топлотните губитоци се мали и дури да исклучи компресорот собната температура се качува на 25, на сетирана 22
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Кога ќе залади времето се ќе си дојде на место. И јас имам FTXF само 5kw и исто ми се понаша на топлово. Под 250W на греење не симнува, а топлотните губитоци се мали и дури да исклучи компресорот собната температура се качува на 25, на сетирана 22
Пос 250W не ни има многу логика да симне, тоа е веќе една од најниските потрошњи за толкава клима.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.405
5.559
Навечер паѓа и до 7 степени, па ела седи без клима во 22 часот да те видам.
Па не седиш надвор :)
Ако на ова време имате потреба да вклучувате греење или сте многу зимурличави или ви треба подобра изолација.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.606
19.331
Навечер паѓа и до 7 степени, па ела седи без клима во 22 часот да те видам.
Јас ја палам секоја вечер околу 21 до кај 6 наутро часот без разлика какво е надвор. Не дозволувам ѕидовите да ми се изладат.
Наместена е на 24 па нека си одлучи самата дали треба да работи или не. По графициве гледам дека до кај 02 повеќето не работи отколку што работи. Потоа работи(ла) повеќе и почесто до кај 6:00.

Потоа сонцето си ја брка работата а таа на тајмер се гасни потполно.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
И кај мене е така веќе цел месец од 22 си се пали до 07 самата автоматски. Минимално е оптеретена, ако воопшто ама кога ќе станеш е таман. Башка е само во ефтина струја и е само за да не се прелади објектот.

Е сега тоа е само затоа што е климата со такви опции, па сама си тера. ИНАКУ да земам ќумбе да палам на ова време мислам дека е дијагноза. А гледам веќе корне низ маалава и 2-3 куќи веќе јако чурат после 17ч. Страшно е тоа што се случува. А ќе речеш скапо, криза, не бре не, не, не, и не.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно