Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Искуство со нарачка на MacBook Pro персонализирана конфигурација од iStyle MK

24 септември 2021
43
97
Не ги нервирај, ќе ти го достават ден после WWDC во јуни, кога Apple ќе презентира Macbook 16 со M2 Pro Max.

И ќе ти прати тогаш продажната агентка линк од тој модел, да те пецне малце...
Хахахаха, не ме пецкај сега и ти! :D
 
causevd

hello world
4 октомври 2011
472
422
causevd's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K 4.0GHz Quad-Core Processor
Motherboard
Asus Z97-DELUXE(NFC&WLC) ATX LGA1150 Motherboard
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB 3.5" 7200RPM & Corsair Force LE 240GB 2.5" SSD
PSU
Cooler Master 650W 80+ Gold Certified Fully-Modular ATX Power Supply
RAM
G.Skill Sniper Series 16GB (2 x 8GB) DDR3-2400
Video card
Asus GeForce GTX 980 Ti 6GB STRIX Video Card
Case
Fractal Design Define R5 (White) ATX Mid Tower Case
Mouse
MSI Clutch GM50
Keyboard
G Skill KM570X
Monitor
IIyama G-master GB2488HSU-B3
OS
Windows 10 Pro
Значи клиентот да си искешира 4.000+ евра и да се помири дека светот е наопачки. Фирмата си ги зима парите, за нејзе се си останува стандард.
Мислењето е автоматски споено:

Не ги нервирај, ќе ти го достават ден после WWDC во јуни, кога Apple ќе презентира Macbook 16 со M2 Pro Max.

И ќе ти прати тогаш продажната агентка линк од тој модел, да те пецне малце...

Не туку и давај идеи на агентката, има да му пушти пораче сабајле во 7-8 таман кога ке ја прочита пораката одма да се расони.

Ма да во овој случај ја би ја избркал од работа. Некој од фирма да ми праќа по порака линкови до темата, вакво нешто немам видено, тотална непрофесионалност.
 
gloria borger

hello world
10 мај 2018
447
841
херцажа

Само пудење од работа е лекот. На што личи СМС пораката со линкот ? Кај се наоѓаме ? Пасивна агресија ?
Шо треба сеа да и се правда ли на агентката оти отворил тема ? Извинете агентке, нема да се повтори, сега ќе ја избришам темата, извињавај уште еднаш, сепак јас сум крив.

XDDD абе алооооооооооооо АБЕ АЛОООО абе шо е воа бе за кај сме вака бе. После се чудиме оти сѐ е по к**ац отидено. Не се чудете дечки. Веќе почнувам да се чудам на позитивни искуства, пошто се сѐ поретки.
 
Последна промена:

kolesk

lurker
6 февруари 2016
760
1.178
А што ако некоја вработена таму, се заљубила во тебе. Мисли и на таа ситуација, ќе имаш повод за повеќе гледање со неа.
Батали 3/4 илјади евра, кога ќе најдеш жена за цел живот. ;)
 
gloria borger

hello world
10 мај 2018
447
841
херцажа
А што ако некоја вработена таму, се заљубила во тебе. Мисли и на таа ситуација, ќе имаш повод за повеќе гледање со неа.
Батали 3/4 илјади евра, кога ќе најдеш жена за цел живот. ;)
пхахахахах кој се тепа тој се сака идемоооо
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.479
7.737
Скопје
www.facebook.com
А што ако некоја вработена таму, се заљубила во тебе. Мисли и на таа ситуација, ќе имаш повод за повеќе гледање со неа.
Батали 3/4 илјади евра, кога ќе најдеш жена за цел живот. ;)
За толку паре невеста од Корча се носе бе.
 
HardCorec

poweruser
4 ноември 2013
3.599
5.545
dominion.mk
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 12400F
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 2TB
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x16gb
Video card
GTX 1660 Super
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
24 септември 2021
43
97
Екипа, чисто колку за инфо, сабајлево фино лепо некако најдов време па пишав еден маил до менаџмент плус цела фирма во ЦЦ. Така да според инфото и одговорот кои што јас ги имам е дека е стигнато онаму каде што треба да е стигнато.

Што се однесува до одговорот на Поплаката - си добив одговор од мојата (уан енд онли) агентка :D
poplaka-png.113714

Е сеа, секретари џенерали - батери азиз.

А и небитно искрено, нема ни потреба ниту гледам потреба, доволно е темата + поплаката, и што сите се очигледно запознаени.
Доволно е кажано, доволно е искомуницирано, нема што повеќе.

Пошто бев да го вратам заменскиот трактор од уред, направив асален муабет и со другиот дечко од Сервис.
Иако по не знам кој пат ќе кажам - браво што се инволвиравте во работа која што е надвор од вашиот скоуп.
Така да дечки @vladealfagv ви благодарам уште еднаш.
Барем за вашиот однос и професионалност се "ап ту д експектејшнс енд стандардс" кога станува збор за Премиум Вендор на Епл.

Дур стигне уредот ќе ве држам тука ап ту дејт нон-стоп за целата ситуација.
 
Атачменти

  • poplaka.png
    poplaka.png
    31,6 KB · Прегледи: 355

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
Значи клиентот да си искешира 4.000+ евра и да се помири дека светот е наопачки. Фирмата си ги зима парите, за нејзе се си останува стандард.
Мислењето е автоматски споено:

Не ги нервирај, ќе ти го достават ден после WWDC во јуни, кога Apple ќе презентира Macbook 16 со M2 Pro Max.

И ќе ти прати тогаш продажната агентка линк од тој модел, да те пецне малце...

А што треба да направи, да отиде до Кина и сам го склопи во фабриката? Негова одговорност е што решил да го плати во целост, исто така му понудиле да му ги вратат парите оти испораката касни, и сега што iStyle се криви за ова се што се случува.
 
Еве јас како клиент ќе ти одговорам на некои работи, како јас лично ги разбирам работиве кои ги напомена.
  • Од клиентот беше побарано да е платен во целост. Не може помалце, туку 100% од сумата. - Клиентот не решил да го плати во целост на своја рака.
  • Рефундација беше понудена да, после истекување на сите разумни и веќе искомуницирани рокови. Не е малце доцна? Еве твое мислење? Да дошле да ми рекле на 5та недела "друже уредот ужасно ќе касни, поим неаме коа ќе стигне, очеш паре нечеш паре" сосема ќе разберев ваков став.
  • АјСтаил се криви за немањето доволно професионализам кога станува збор за комуникација и кастмер-кер, и ред други работи кои што ќе треба да ги повторувам а веќе ги имам напишано тука.
Ова се сепак мои лични ставови.
 
lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
Па да, ама премиум нејќе да се помири со тоа дека не е веќе премиум. Тоа е веќе лажен адвертајзинг. Така се губат клиенти.

Премиум риселер или партнер или што уште не, не значи дека е бог и батина. Мал милион фактори, не само кеш го вртат светот, и не верувам дека они може да влијаат на нештата.
Мислењето е автоматски споено:

Еве јас како клиент ќе ти одговорам на некои работи, како јас лично ги разбирам работиве кои ги напомена.
  • Од клиентот беше побарано да е платен во целост. Не може помалце, туку 100% од сумата. - Клиентот не решил да го плати во целост на своја рака.
  • Рефундација беше понудена да, после истекување на сите разумни и веќе искомуницирани рокови. Не е малце доцна? Еве твое мислење? Да дошле да ми рекле на 5та недела "друже уредот ужасно ќе касни, поим неаме коа ќе стигне, очеш паре нечеш паре" сосема ќе разберев ваков став.
  • АјСтаил се криви за немањето доволно професионализам кога станува збор за комуникација и кастмер-кер, и ред други работи кои што ќе треба да ги повторувам а веќе ги имам напишано тука.

Пак не те разбирам, го сакаш си го платил оти тие се условите, ти си носиш одлука, проблемот со испораки и залиха е глобален проблем не до нив.

Јас имам уплатено 10000 евра за кола и ја чекам, никој таму од салонот не ми вика дека колата ќе дојде за пет недели туки викаат другар кога ќе дојде не знаеме. Значи моја е одлуката да си платам и чекам.
 
Последна промена:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Премиум риселер или партнер или што уште не, не значи дека е бог и батина. Мал милион фактори, не само кеш го вртат светот, и не верувам дека они може да влијаат на нештата.
Мислењето е автоматски споено:

Пак не те разбирам, го сакаш си го платил оти тие се условите, ти си носиш одлука, проблемот со испораки и залиха е глобален проблем не до нив.

Јас имам уплатено 10000 евра за кола и ја чекам, никој таму од салонот не ми вика дека колата ќе дојде за пет недели туки викаат другар кога ќе дојде не знаеме. Значи моја е одлуката да си платам и чекам.

Односот е маргинално лош, другото да, се сложувам.
 
24 септември 2021
43
97
А да си ми жив.

никој таму од салонот не ми вика дека колата ќе дојде за пет недели туки викаат другар кога ќе дојде не знаеме. Значи моја е одлуката да си платам и чекам.
Секако дека се касни и сите сме свесни за тоа.
Затоа и имаа искомуницирано со мене 5-12 недели, додека на сајтот и пред хаосов секогаш беше 5-8 недели испорака.
Да земеме и дека ќе требаат плус 2-3 недели како што кажа @vladealfagv, тоа е максимум 15/16 недели, или во превод 105/112 дена.
Јас сум на 131 ден, или во превод скоро 19 недели.

На сам старт да беше искомуницирано ова - немаше да има никаков проблем, мој избор е дали јас ќе прифатам или не.
Ситуацијата е многу различна, така да СЕГА немам разбирање.
Патем, според Apple Customer Care - Sales, за во Америка, Канада и било каде што имаат они Apple продавници - испораката е 120 дена МАКСИМУМ.
 
lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
Тоа од макс 120 дена што го напишале е сигурно од пред X време кога никој не предвидувал дека може да се дојде до ваква ситуација како што е сега. Затоа сега кукаат и таму дека се чека над 4 месеци.
 
Не друже, никаде напишано не го најдов. Можеби и го има, не знам.
Тоа е искомуницирано од страна на Епл при разговор со нив. А пред прилично брзо време имав разговор со нив.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
Трговецот е должен доколку рокот на испораката на производот или на дадената услуга е подолг од еден месец или не може да го испорача производот или изврши услугата во договорениот рок на потрошувачот да му пресмета и исплати просечна каматна стапка по видување, која се пресметува како просек од последниот интервал на просечните банкарски стапки по видување објавен од Народната банка на Македонија сметано од денот на приемот на авансот до денот на испораката на производот или извршената услуга.

2-4.000 евра глоба

6) не му пресмета и исплати на потрошувачот просечна каматна стапка по видување која се пресметува како просек од последниот интервал на просечните банкарски стапки по видување објавен од Народната банка на Македонија сметано од денот на приемот на авансот до денот на испораката на производот или извршената услуга (член 18 став 2);

Време на испорака - извршување Член 57
За нечесна се смета одредбата во потрошувачкиот договор со која трговецот се овластува еднострано да го утврдува или менува времето за испорака на производот или за извршување на услугата.

Просто кажано, iStyle мора да се грижи за роковите и ако некој има шанси да се пробие - проaктивно да бара промена на договорот (роковите) за да не го јаде стапот. Збориме за роба над 2.500.

Инаку, моментално се доцни, па за брза испорака само Refurbished Mac - MacBook Pro - Apple
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.608
1.563
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Нема да беше до толку проблем чекањето, ако беше културно искомуницирано, соодветно, навремено...
Плус, веќе ако се знае дека би имало проблеми со нарачки, од старт треба да се стави подолг рок, а вака изгледа како од старт да манипулираат со тоа.
Биди фер, кажи си има глобални проблеми, не ни гарантираат за датум па и ние не гарантираме, па да падне одлука на корисникот дали и колку му се чека...
Плус, 100% плаќање авансно! Тоа е веќе претерано, ептен. Нема логика за 100% аванс за нешто што може да се продаде во секој момент на некој друг...

Пред година и нешто кола купував, па аванс беше доволен само 100.000. Рок на испорака 100-120 дена, а ја добив само за 40 дена. Плус ми беше кажано дека обично рок ставаат малце поголем заради непредвидливи работи, каснење, а бев и известуван и во текот на чекањето - конфигурацијата прифатена...влезена во производство...завршена испорачана...на царина...во салон...
 
24 септември 2021
43
97
Просто кажано, iStyle мора да се грижи за роковите и ако некој има шанси да се пробие - проaктивно да бара промена на договорот (роковите) за да не го јаде стапот.
Каков договор друже? Нема договор :D
Само јавно пласирана информација како рок на испорака. И таа информација (естимација) не го предвидува глобалниот проблем, се уште си стои на оној дифолтен период уште пред Ковид.

Плус, веќе ако се знае дека би имало проблеми со нарачки, од старт треба да се стави подолг рок, а вака изгледа како од старт да манипулираат со тоа.
Да бидеме фер.
Они искомуницираа подолг рок со мене (5-12 недели), иако by default им е 5-8 недели.
Баш комуницираа подолг рок ради проблемите.
Викам ајде, сигурно знаат они.

Каша попара настанува од кога е веќе пројден секој разумен и искомунициран период.
 
15 септември 2012
1.157
1.299
Не сум баш сигурен како функционира сето тоа, ама ако се деси да ја откажат - дефинитивно ќе се консултирам.
Знам има еден член од законот за заштита на потрошувачи баш за овие работи, така да сигурно има простор.
Сеа за сеа ќе почекам за адвокат.

Тука веќе ќе треба да даде мислење Владе @vladealfagv :D
А и искрено не би ги посоветувал тек сега да го напраат тоа, не после толку време.
Им го барам сега само уредот. Ништо повеќе у моментов.
Сепак во таков случај дефинитивно ќе почнам да тегнам конци со адвокат.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација

Ја прочитав целата дискусија и можам да ти го дадам следниот совет (од аспект на лиценциран вештак, ама од друга област):

Не чекај со ангажирање на адвокат.

Направи копии од сите документи и завери ги на нотар. (чувај ги сметките за се што плаќаш за предметов - влегува во тужбата и ќе мора да ти ги вратат парите потрошени за трошоците)
Направи копии од сите СМС пораки, сите електронски пораки, цела преписка.

Распрашај се за добар, ама навистина добар адвокат (ги има во Скопјево). Кога треба да наплатиш пари од „јака“ фирма, внимавај на реномето на адвокатот. Не се залетувај со дете адвокат од твоја фамилија и со адвокат кој има деловни односи со другата страна. Пет пати мери, еднаш сечи. Договори се за плаќањето на адвокатот (рати, % од добивка...)

Побарај од адвокатот да ти препорача економски вештак, информатички вештак што се разбира од јаболката и психијатриски вештак (можеби ќе побара и некој друг профил на вештак). Ама да бидат мајчини, добри, не курајбери на мама и тате, чиче и вујна. ЈБГ, ќе мора да ги платиш, ама секој е по 100-150 евра - има ценовник за нив во службен весник. Слушај го адвокатот, треба да е искусен и да ги „закити“ по повеќе основи. Можеби ќе води последователно повеќе судски предмети, ама НЕМОЈ ДА ИМ ПРОСТУВАШ. Они тебе не ти простуваат ниту еден ебан денар.
Побарај да ти пресметаат вештаците материјална и нематеријална оштета и слушај ги советите на адвокатот. Дај им ја целата документација (фотокопии на вештаците) за да ископаат што е можно повеќе. На психијатрискиот вештак да му кажеш дека многу се нервираш, дека те заебава некоја шалтеруша од фирмата, неможеш да спиеш, се препотуваш, грешиш во сообраќај, се развикуваш по дома...
Избриши ја онаа навредлива слика од твојата порака на форумов за нивен препродавач. Биди добар и културен дечко.

Кога ќе дојде производот, побарај од информатичкиот вештак да го провери. Еден бајт да фали, да бараш преку адвокатот оштета за него. ЈБГ, јаболкото е тоа, имаат они пари.
На крај на гарантниот рок, пак да го провери информатичкиот вештак. Еден бајт да не е во ред, да бараш преку адвокатот оштета од нив. ЈБГ, јаболкото е тоа, имаат они пари.

И еби има ја мајката за СИТЕ ПАРИ за да се научат на бизнис и да те памтат доживотно. За сите нас што се нервираме заедно со тебе. Нека почнат они малку (и малку повеќе) да се нервираат.

P.S. Не е само законот за заштита на потрошувачи во игра. Знаат адвокатите што да употребат. И да, имаш договор, штом си платил и имаш уплатница значи си се сложил на условите на продажбата, што е de fact договор според законот за облигациони односи. Ич QR да не те боли за недостаток на чипови, за војна ваму-таму, за сите залажувања што ти ги спомнале и ќе ти ги спомнат. Имаат јасно напишани услови за продажба. Твој проблем е да обезбедиш пари, нивен проблем е да ги решат сите проблеми. Ич да немаш симпатии за нив - они работат за заработка. Па макар да чинело и 1 денар тоа што си го купил.
P.P.S. Немој да бидеш фер према нив, они НЕ СЕ ФЕР према тебе, предај ја работата на адвокатот. Они ќе те гњават телефонски, по меил, ама сето тоа предавај го на адвокатот.
P.P.P.S. Ништо да не им простиш. НИШТО. Ниту kWh потрошена електрична енергија за пишување на поракиве на форумов.
P.P.P.P.S. Извинете сите за лошиот француски.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
Каков договор друже? Нема договор :D
Само јавно пласирана информација како рок на испорака. И таа информација (естимација) не го предвидува глобалниот проблем, се уште си стои на оној дифолтен период уште пред Ковид.

Секоја купопродажба е договор.

Закон за заштита на потрошувачи со тебе и терај...
 
24 септември 2021
43
97
Избриши ја онаа навредлива слика од твојата порака на форумов за нивен препродавач. Биди добар и културен дечко.
Бидејќи се разбравме за која слика станува збор, а станува збор за онаа "долго ќе трае чекањето", мислам дека нема ништо навредливо таму. Хумор ли да не може да сфатат :D

Ја прочитав целата дискусија и можам да ти го дадам следниот совет (од аспект на лиценциран вештак, ама од друга област):

Не чекај со ангажирање на адвокат.
Со сето она кое што го напиша се согласувам и го имам веќе размислувано.
Сепак само уредот го чекам и барам пошо ми е потребен.
Вака ќе треба да останам без уред и плус да се тегнеме и екстра нервози (плус овие кои веќе ми ги направија :D).
Секако во случај они да ми ја откажат нарачката или не најдат конкретен одговор за доста брзо време - едноставно ќе морам. Останува да видиме наредниве денови како ќе се одвива ситуацијата, имајќи предвид дека е стигнато онаму каде што треба да биде. Ватевер дет минс.

Ама како ми изгледа по напишаново од твоја страна, среќни да бидат што налетале на "лев" човек како мене :D
Ти благодарам на советот.
 
15 септември 2012
1.157
1.299
Сепак само уредот го чекам и барам пошо ми е потребен.
Не ти касни испораката на платената нарачка, ти си заробен во моментот кога си ја платил.

Бидејќи и они го читаат ова, ќе те дупат и понатаму. Со среќа.

А што ако не ти испорачаат тоа што си го платил? Различна конфигурација, расипан уред, оштетен уред при транспорт? Уште ќе ги молиш со месеци за замена, за сервис оти само уредот го чекаш?

Ти припреми терен за тужба (тоа нема да се случи за 2-3 дена) ќе треба месец- два за тоа, во меѓувреме (дај боже) ќе видиш што ти испорачале...
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно