Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Искуство со нарачка на MacBook Pro персонализирана конфигурација од iStyle MK

TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97
Здраво екипа,

Дали некој има искуство со нарачка на персонализирана конфигурација на новите MacBook PRO M1 Max, и после колку време истата ви ја имаат испорачано?
Бидејќи веќе чекам 4 месеци (и плус некој ден како кусур), па би сакал да знам доколку некој имал слично искуство.
 
dangthe

Practice makes perfect
5 септември 2008
1.222
1.633
Скопје
4 месеци?! Па ќе излезе нова генерација во меѓувреме дур ти испорачаат... моето искуство со iStyle е дека се скапи и ако има начин некој да ти донесе мек од странство, купуваш мек од странство.
 
TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97
Буквално 4 месеци. Уредот е нарачан (и во целост платен) на 21 Јануари.
Од странство да го земам во моментов немам опција, за жал.

Предлог друга фирма? А сепак да не се понаша ко "бувљак"? :)

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
architect

Unstoppable
27 ноември 2008
2.462
3.563
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
i7 9700k Coffe Lake / NZXT Kraken x62
Motherboard
ASRock Z390 Pro4
Storage
SSD Samsung M.2 970 EVO 250 GB / 850 EVO 250 GB / WD EZEX 1TB
PSU
Corsair HX750i 80 Plus Platinum
RAM
G.SKILL TRIDENT Z RGB 2x 8GB ddr4 3000 mhz
Video card
Asus Rog Strix Gaming RТX 3070 O8G 8GB DDR6
Case
NZXT H500i black/red
Mouse
Logitech G Pro X Superlight white / Logitech G502 RGB / Deskpad Corsair MM350 PRO XL
Keyboard
ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 White
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Буквално 4 месеци. Уредот е нарачан (и во целост платен) на 21 Јануари.
Од странство да го земам во моментов немам опција, за жал.

Предлог друга фирма? А сепак да не се понаша ко "бувљак"? :)

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
имаш про верзија на Gjirafa50 - најголемата онлајн продавница за технологија во Косово и во регионот, ќе ти го испорачаат за макс недела дена
 
G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
1.000
1.284
Буквално 4 месеци. Уредот е нарачан (и во целост платен) на 21 Јануари.
Од странство да го земам во моментов немам опција, за жал.

Предлог друга фирма? А сепак да не се понаша ко "бувљак"? :)

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Пробај исконтактирај со Дуна или Нептун, гледам ги има на листа од Apple дека се риселери. 4 месеци да не може да обезбедат лаптоп е тешка брука :).
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.523
12.986
Немам искуство но на нет има дискусија дека кастом конфигурации на епл знае да доцнат.

Кој е крајниот рок за достава во потврдата? И дали ајстајл има абер до кога уште треба да чекаш?
 
TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97
Пробај исконтактирај со Дуна или Нептун, гледам ги има на листа од Apple дека се риселери. 4 месеци да не може да обезбедат лаптоп е тешка брука :).

Тенкс, ќе видам и со нив.

А што се однесува до iStyle - добивам одговор "немаме информација, ама кога ќе имаме ќе те известиме".
Така да можеш да замислиш каква неспособна екипа се. Па и нервозни што ги прашуваш :D

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.444
9.398

Не е во ред за лаптоп од 220.000+ денари да платиш и да чекаш 4+ месеци, едноставно е неприфатливо според мене. Јас веднаш би си го подигнал капарот бидејќи очигледно е дека нема да го добиеш за брзо време.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.344
12.246
Скопје
androgaming.com
Аууу 120 дена. Машала. До сега кога и да сум порачувал бренд преку нашиве фирми, најмногу во понудата стоело испорака од 60 до 90 дена. Тоа е доволно и од УСА да го купат и пуштат по пошта.
 
nashio

Practice makes perfect
14 јануари 2011
768
1.046
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Здраво екипа,

Дали некој има искуство со нарачка на персонализирана конфигурација на новите MacBook PRO M1 Max, и после колку време истата ви ја имаат испорачано?
Бидејќи веќе чекам 4 месеци (и плус некој ден како кусур), па би сакал да знам доколку некој имал слично искуство.

Истиот случај го имав со vision, се јавив и во ајстајл тогаш па ми кажаа дека истото е и кај нив.

За про моделите има многу чекање, исто и во Америка. Другар мој чекаше 3 месеци мбп 16ка.

Изгледа таа е ситуацијата секаде. Мој совет е да причекаш, џабе ќе се нервираш. И не слушај многу совети од малку информирани членови :D

П.с.

Машината вреди секој денар.
 
TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97
Немам искуство но на нет има дискусија дека кастом конфигурации на епл знае да доцнат.

Кој е крајниот рок за достава во потврдата? И дали ајстајл има абер до кога уште треба да чекаш?
Нема краен рок :D
А ниту информација до кога треба да чекам.
Што се однесува до дискусиите по нет - да, свесен сум за тоа. Плус ги имам замарано директ Apple Customer Care да ми дадат било какво инфо, али џабе, едино што кажаа дека се чека од прилика 120 дена до момент на испорака.

Не е во ред за лаптоп од 220.000+ денари да платиш и да чекаш 4+ месеци, едноставно е неприфатливо според мене. Јас веднаш би си го подигнал капарот бидејќи очигледно е дека нема да го добиеш за брзо време.
Платен вели дека е, не е капар.
Платен е 100% од сумата (со некој попуст кој што ми го дадоа).
Али не е дека не можам да направам рефундација, сепак да бидам фер - го понудија тоа доколку сакам.
Само проблемот е, дали сакам, да не биде џабе чекањето, пошо не знам колку време би чекал од другиве вендори на Епл, па пак од почеток :D

Истиот случај го имав со vision, се јавив и во ајстајл тогаш па ми кажаа дека истото е и кај нив.

За про моделите има многу чекање, исто и во Америка. Другар мој чекаше 3 месеци мбп 16ка.

Изгледа таа е ситуацијата секаде. Мој совет е да причекаш, џабе ќе се нервираш. И не слушај многу совети од малку информирани членови :D

П.с.

Машината вреди секој денар.
Абе види, сепак чекал помалце од мене :D
Мене iStyle ми искомуницираа период на чекање 5-8 недели, со тоа што можело да биде 5-10 или евентуално 5-12 недели (што е 3 месеци) поради ситуацијата во Кина.
Неспособниве после 4 месеци и 10 дена, се уште немаат одговор кога би пристигнала машината. Одговорот е "немаме информација, нарачката се процесира".
 
nashio

Practice makes perfect
14 јануари 2011
768
1.046
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Нема краен рок :D
А ниту информација до кога треба да чекам.
Што се однесува до дискусиите по нет - да, свесен сум за тоа. Плус ги имам замарано директ Apple Customer Care да ми дадат било какво инфо, али џабе, едино што кажаа дека се чека од прилика 120 дена до момент на испорака.

Платен е 100% од сумата (со некој попуст кој што ми го дадоа).
Али не е дека не можам да направам рефундација, сепак да бидам фер - го понудија тоа доколку сакам.
Само проблемот е, дали сакам, да не биде џабе чекањето, пошо не знам колку време би чекал од другиве вендори на Епл, па пак од почеток :D

Абе види, сепак чекал помалце од мене :D
Мене iStyle ми искомуницираа период на чекање 5-8 недели, со тоа што можело да биде 5-10 или евентуално 5-12 недели (што е 3 месеци) поради ситуацијата во Кина.
Неспособниве после 4 месеци и 10 дена, се уште немаат одговор кога би пристигнала машината. Одговорот е "немаме информација, нарачката се процесира".

Па скоро идентична ситуација како и со мене, јас чекав скоро 4 месеци и кога дојде - дојде одма.
(до последен момент не се знаеше кога ќе пристигни)
 
Vlecka

Gaining Experience
28 јуни 2013
432
226
Vlecka's setup  
Processor & Cooler
i5-3570k w/ stock
Motherboard
Gigabyte Z77-DS3H
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB EZEX
PSU
Cooler Master B Series 600W
RAM
2x4GB Kingston HyperX Blue 1600 MHz
Video card
Nvidia GT1030
Case
Cooler Master N200
Mouse
A4Tech X-748K
OS
Windows 7 Ultimate
Парите што си ги дал тогаш сега имаат скроз друга (помала) куповна вредност. Земи го и тоа во предвид ако рефундираш.
 
TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97
Па скоро идентична ситуација како и со мене, јас чекав скоро 4 месеци и кога дојде - дојде одма.
(до последен момент не се знаеше кога ќе пристигни)
Што конфигурација и пред колку време ти стигна?

Парите што си ги дал тогаш сега имаат скроз друга (помала) куповна вредност. Земи го и тоа во предвид ако рефундираш.
Друже, не го платив пред 4 години, 4 месеци се пројдени.
Рефундација не ми значи да купувам млеко и леб со парите, пак ќе бидат дадени за истиот модел, кој патем цената ја нема сменето од release date до сега. Ниту ќе има промени.
Малце ми нема логика, али океј.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
nashio

Practice makes perfect
14 јануари 2011
768
1.046
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Што конфигурација и пред колку време ти стигна?

Друже, не го платив пред 4 години, 4 месеци се пројдени.
Рефундација не ми значи да купувам млеко и леб со парите, пак ќе бидат дадени за истиот модел, кој патем цената ја нема сменето од release date до сега. Ниту ќе има промени.
Малце ми нема логика, али океј.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација

Декември почетокот порачан, почетокот на Април стигна. 16" 10 cpu, 24-gpu, 32gb ram
 
TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97

nashio

Practice makes perfect
14 јануари 2011
768
1.046
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Ќе дојди кај ќе оди, читав тогаш и на нет јас истиов проблем многу луѓе го имаат. :D
 
vladealfagv

Gaining Experience
31 јануари 2016
131
128
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Дечки,

Во цела Европа а по нешто и во Америка доцни од CTO/BTO конфигурации.
Има и на странскиве форуми отворено теми за тоа, имаат дефицит на делови и на работници, а и Covid-от и Кина си го направија своето.

Да се извинам на Админите за надворешниве линкови, но ќе помогнат за тематиката...

П.С. Имајте во предвид дека дополнителни 2-3 недели се чека испораката од главниот магацин од дистрибуцијата до Македонија...
 
Последна промена:

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.444
9.398
Дечки,

Во цела Европа а по нешто и во Америка доцни од CTO/BTO конфигурации.
Има и на странскиве форуми отворено теми за тоа, имаат дефицит на делови и на работници, а и Covid-от си го направи своето.

Да се извинам на Админите за надворешниве линкови, но ќе помогнат за тематиката...

П.С. Имајте во предвид дека дополнителни 2-3 недели се чека испорака од главната дистрибуција до Македонија.

Здраво претставнику на iStyle. Никој не вели дека е до вас проблемот, но вие сте посредник (дилер, дистрибутер) во целата ситуација. Тоа значи дека сте тампонот помеѓу проблемите на Apple и услугата кон корисникот.

Во вакви случаи, кога хардвер касни, баш треба да се покажете како добар посредник и да ја средите ситуацијата:
  • Ако знаете дека доцнат или ќе доцнат, да се назначи тоа при купување и да се советува корисникот кон базичните конфигурации (како што пишува и на линковите)
  • Ако доцнат непланирано месеци после нарачката, понудете рефундација или друга алтернатива на корисникот
  • Кога доцнат над сите разумни рокови, барем испочитувајте го корисникот со редовна мејл/телефонска комуникација
  • Кога веќе се доцни не по вина на корисникот, понудете му гратис работи (iStyle Care или како и да се викаше, торбичка, фолија нешто)

На линковиве што ги прати стои дека со нарачка во мај, ќе го добиеш уредот во јули. Корисников чека веќе 4+ месеци.

П.с. Тоа интерно од главната дистрибуција до Македонија е ваша работа, треба да си калкулирате. Мене како корисник не ме интересира зашто доцни, кога јас плаќам за целосна услуга исто како да сум во САД, Германија итн.

Нека намалат Apple и вие цени во МК, па да прифатиме дека сме трет свет и ќе бидеме разумни за вашите проблеми. Вака цела сума е наплатена 4+ месеци, нема трага од лаптопов сеуште. Јас искрено од принцип веќе не би земал, штом купувам таква зверотиња сигурно ми е за бизнис и во овие 4+ месеци не е само вредноста на парите која се губи, но исто така има опортунитетен трошок кој се создава бидејќи не можам да работам на тој уред.
 
nashio

Practice makes perfect
14 јануари 2011
768
1.046
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Здраво претставнику на iStyle. Никој не вели дека е до вас проблемот, но вие сте посредник (дилер, дистрибутер) во целата ситуација. Тоа значи дека сте тампонот помеѓу проблемите на Apple и услугата кон корисникот.

Во вакви случаи, кога хардвер касни, баш треба да се покажете како добар посредник и да ја средите ситуацијата:
  • Ако знаете дека доцнат или ќе доцнат, да се назначи тоа при купување и да се советува корисникот кон базичните конфигурации (како што пишува и на линковите)
  • Ако доцнат непланирано месеци после нарачката, понудете рефундација или друга алтернатива на корисникот
  • Кога доцнат над сите разумни рокови, барем испочитувајте го корисникот со редовна мејл/телефонска комуникација
  • Кога веќе се доцни не по вина на корисникот, понудете му гратис работи (iStyle Care или како и да се викаше, торбичка, фолија нешто)

На линковиве што ги прати стои дека со нарачка во мај, ќе го добиеш уредот во јули. Корисников чека веќе 4+ месеци.

П.с. Тоа интерно од главната дистрибуција до Македонија е ваша работа, треба да си калкулирате. Мене како корисник не ме интересира зашто доцни, кога јас плаќам за целосна услуга исто како да сум во САД, Германија итн.

Нека намалат Apple и вие цени во МК, па да прифатиме дека сме трет свет и ќе бидеме разумни за вашите проблеми. Вака цела сума е наплатена 4+ месеци, нема трага од лаптопов сеуште. Јас искрено од принцип веќе не би земал, штом купувам таква зверотиња сигурно ми е за бизнис и во овие 4+ месеци не е само вредноста на парите која се губи, но исто така има опортунитетен трошок кој се создава бидејќи не можам да работам на тој уред.

Убава ти е целава полиса на користење само шо:
  • Да, корисникот бил известен дека ќе има доцнење (ама не толкаво ваљда)
  • Понудено му било враќање на парите (макар шо мене не ми беше, односно ми беше откако почнав да развикувам по телефон :rolleyes:)
  • Ете респонсивни се, има комуникација цело време
  • Не е нивна вина и не им е гајле да понудат оти ако не купиш од кај нив, од кај ќе купиш?
Едноставно мора да си признаете дека живееме во газот на светот и да се однесуваме како така, сите овие пропагирања и споредби со западот се убај ама за жал не се реални кај нас.
 
Не е нивна директна вина, ама индиректна вина е. Они буквално се платени да имаат комуникација и услуга према тебе, ништо друго. Во спротивно ќе си нарачуваш од Apple.

Ова со „гзот на светот“ мене ме нервира, кога станува збор за официјални претставништва во земјава. Ако не им одговара, они нека си одат и нашиве нека не се нафаќаат. Вака испаѓа сите се лабави зашто сме земја од трет свет, освен крајниот корисник кој плаќа иста сума како во Германија, а добива 10 пати помала услуга и чека 10 пати подолго.

Буквално вредноста на iStyle е услугата која треба да се даде и е апсолутно нивна вина кога се случуваат вакви работи. Ако они не може да се разберат со Apple за CTO/BTO, тогаш криви се они, не јас како потрошувач.
 
TheWalkingDouchebag

Gaining Experience
24 септември 2021
43
97
Дечки,

Во цела Европа а по нешто и во Америка доцни од CTO/BTO конфигурации.
Има и на странскиве форуми отворено теми за тоа, имаат дефицит на делови и на работници, а и Covid-от и Кина си го направија своето.

Да се извинам на Админите за надворешниве линкови, но ќе помогнат за тематиката...

П.С. Имајте во предвид дека дополнителни 2-3 недели се чека испораката од главниот магацин од дистрибуцијата до Македонија...
Дополнителни 2-3 недели од кој искомунициран рок? Ајде да направиме простра математика на неделите кои што имаат поминато во чекање.
Затоа што очигледно не може да сфатите дека се во прашање 131 ден, до денеска. Ќе да е повеќе од 12 недели како краен искомунициран рок, плус оние 2-3.

Здраво претставнику на iStyle. Никој не вели дека е до вас проблемот, но вие сте посредник (дилер, дистрибутер) во целата ситуација. Тоа значи дека сте тампонот помеѓу проблемите на Apple и услугата кон корисникот.

Во вакви случаи, кога хардвер касни, баш треба да се покажете како добар посредник и да ја средите ситуацијата:
  • Ако знаете дека доцнат или ќе доцнат, да се назначи тоа при купување и да се советува корисникот кон базичните конфигурации (како што пишува и на линковите)
  • Ако доцнат непланирано месеци после нарачката, понудете рефундација или друга алтернатива на корисникот
  • Кога доцнат над сите разумни рокови, барем испочитувајте го корисникот со редовна мејл/телефонска комуникација
  • Кога веќе се доцни не по вина на корисникот, понудете му гратис работи (iStyle Care или како и да се викаше, торбичка, фолија нешто)

На линковиве што ги прати стои дека со нарачка во мај, ќе го добиеш уредот во јули. Корисников чека веќе 4+ месеци.

П.с. Тоа интерно од главната дистрибуција до Македонија е ваша работа, треба да си калкулирате. Мене како корисник не ме интересира зашто доцни, кога јас плаќам за целосна услуга исто како да сум во САД, Германија итн.

Нека намалат Apple и вие цени во МК, па да прифатиме дека сме трет свет и ќе бидеме разумни за вашите проблеми. Вака цела сума е наплатена 4+ месеци, нема трага од лаптопов сеуште. Јас искрено од принцип веќе не би земал, штом купувам таква зверотиња сигурно ми е за бизнис и во овие 4+ месеци не е само вредноста на парите која се губи, но исто така има опортунитетен трошок кој се создава бидејќи не можам да работам на тој уред.
Буквално се согласувам со се она кое што го напиша, и не ме интересира. Трага нема од уредот. Т Р А Г А. Нарачката се процесира, 4 месеци.
:)
Да понудено беше рефундација - џабе, од каде ќе купиш после, ако немаш друга опција, а немам? :D
Заменски уред - боље да не го понудеа искрено.
Гестот е океј, и прифатлив, доколку од прилика ја match-нат конфигурацијата која што е нарачана.
Се што ќе подесам како околина на заменскиот уред, ќе треба да го преработувам на новиот поради различен чип и сл.
Да не збориме дека на моменти се понаша ко трактор уредот, ама ајде.

Убава ти е целава полиса на користење само шо:
  • Да, корисникот бил известен дека ќе има доцнење (ама не толкаво ваљда)
  • Понудено му било враќање на парите (макар шо мене не ми беше, односно ми беше откако почнав да развикувам по телефон :rolleyes:)
  • Ете респонсивни се, има комуникација цело време
  • Не е нивна вина и не им е гајле да понудат оти ако не купиш од кај нив, од кај ќе купиш?
Едноставно мора да си признаете дека живееме во газот на светот и да се однесуваме како така, сите овие пропагирања и споредби со западот се убај ама за жал не се реални кај нас.
Идентична ситуација.
Понудено работи од кога почнав да пишувам мејлови и да ѕвонам.

Не е нивна директна вина, ама индиректна вина е. Они буквално се платени да имаат комуникација и услуга према тебе, ништо друго. Во спротивно ќе си нарачуваш од Apple.

Ова со „гзот на светот“ мене ме нервира, кога станува збор за официјални претставништва во земјава. Ако не им одговара, они нека си одат и нашиве нека не се нафаќаат. Вака испаѓа сите се лабави зашто сме земја од трет свет, освен крајниот корисник кој плаќа иста сума како во Германија, а добива 10 пати помала услуга и чека 10 пати подолго.

Буквално вредноста на iStyle е услугата која треба да се даде и е апсолутно нивна вина кога се случуваат вакви работи. Ако они не може да се разберат со Apple за CTO/BTO, тогаш криви се они, не јас како потрошувач.
Буквално.
 
vladealfagv

Gaining Experience
31 јануари 2016
131
128
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Здраво претставнику на iStyle. Никој не вели дека е до вас проблемот, но вие сте посредник (дилер, дистрибутер) во целата ситуација. Тоа значи дека сте тампонот помеѓу проблемите на Apple и услугата кон корисникот.

Во вакви случаи, кога хардвер касни, баш треба да се покажете како добар посредник и да ја средите ситуацијата:
  • Ако знаете дека доцнат или ќе доцнат, да се назначи тоа при купување и да се советува корисникот кон базичните конфигурации (како што пишува и на линковите)
  • Ако доцнат непланирано месеци после нарачката, понудете рефундација или друга алтернатива на корисникот
  • Кога доцнат над сите разумни рокови, барем испочитувајте го корисникот со редовна мејл/телефонска комуникација
  • Кога веќе се доцни не по вина на корисникот, понудете му гратис работи (iStyle Care или како и да се викаше, торбичка, фолија нешто)

На линковиве што ги прати стои дека со нарачка во мај, ќе го добиеш уредот во јули. Корисников чека веќе 4+ месеци.

П.с. Тоа интерно од главната дистрибуција до Македонија е ваша работа, треба да си калкулирате. Мене како корисник не ме интересира зашто доцни, кога јас плаќам за целосна услуга исто како да сум во САД, Германија итн.

Нека намалат Apple и вие цени во МК, па да прифатиме дека сме трет свет и ќе бидеме разумни за вашите проблеми. Вака цела сума е наплатена 4+ месеци, нема трага од лаптопов сеуште. Јас искрено од принцип веќе не би земал, штом купувам таква зверотиња сигурно ми е за бизнис и во овие 4+ месеци не е само вредноста на парите која се губи, но исто така има опортунитетен трошок кој се создава бидејќи не можам да работам на тој уред.
Со фактот дека не сум директен представник од продажба но сум доста во истава компанија, можам само да кажам дека сигурно ќе му биде понудено нешто на дечкото како извинување (иако можеби тоа нема ни малку да му ги ублажи нервозите и настанатата ситуација), но не сме компанија која не ги цениме нашите клиенти.
Јас знам дека во последниве 6 до 8 месеци се известуваат сите поединечни корисници кои чекаат персонализирани уреди, дека уредите ќе каснат на неопределено или кажуваме приближно недели на чекање. (одлуката околу тој дел сепак останува на корисниците!)
Имавме случај, каде што сме дале како извинување и уреди на користење за времетраењето на процедурата (за ова можам да се заложам и да разговарам со менаџментот за некој од Вас и да овозможиме вакво нешто). Нема да добиете можеби најнов модел, но ќе добиете нешто за кое ќе може да бркате работа во меѓувреме.
Мислењето е автоматски споено:

Дополнителни 2-3 недели од кој искомунициран рок? Ајде да направиме простра математика на неделите кои што имаат поминато во чекање.
Затоа што очигледно не може да сфатите дека се во прашање 131 ден, до денеска. Ќе да е повеќе од 12 недели како краен искомунициран рок, плус оние 2-3.

Буквално се согласувам со се она кое што го напиша, и не ме интересира. Трага нема од уредот. Т Р А Г А. Нарачката се процесира, 4 месеци.
:)
Да понудено беше рефундација - џабе, од каде ќе купиш после, ако немаш друга опција, а немам? :D
Заменски уред - боље да не го понудеа искрено.
Гестот е океј, и прифатлив, доколку од прилика ја match-нат конфигурацијата која што е нарачана.
Се што ќе подесам како околина на заменскиот уред, ќе треба да го преработувам на новиот поради различен чип и сл.
Да не збориме дека на моменти се понаша ко трактор уредот, ама ајде.

Идентична ситуација.
Понудено работи од кога почнав да пишувам мејлови и да ѕвонам.

Буквално.
Морам да надополнам и за ова Т Р А Г А, поради тоа што првично порачката е адресирана до нашата дистрибуција немаме право да даваме повеќе детали.
Но контактирај ме приватно со повеќе детали за твојата нарачка и за тоа ќе се заложам да извлечам некоја информација колку што имам можности...
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.444
9.398
можам само да кажам дека сигурно ќе му биде понудено нешто на дечкото како извинување
Имавме случај, каде што сме дале како извинување и уреди на користење за времетраењето на процедурата
Владе, му било понудено откако се пожалил и почнал да звони. Вака и јас во Божиновски кога чекав 75 дена за сервис (кој требаше да трае 30 дена) и уште ми кажуваа „Ама дечко во Швајцарија мислиш ти кажуваат кога ќе биде готов саатот? Оставаш и не прашуваш“...па ми дадоа 15% попуст демек.

Околу уреди на користење, ако јас оставам 220.000+ 4 месеци кај вас, само веројатно кола и стан повеќе би чекал, а за тоа капари се даваат. Зимајте капар тогаш, не ми глави парите. Вие на Apple секако плаќате кога ќе се процесира нарачката.
Мислењето е автоматски споено:

Но контактирај ме приватно со повеќе детали за твојата нарачка и за тоа ќе се заложам да извлечам некоја информација колку што имам можности...
Владе не заебавај, за лаптопи од 4.000+ евра ли треба врски за да ни стигнат мајкуму...
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.706
Мислења
984.246
Членови
35.900
Најнов член
Gj0rgiew
На врв Дно