Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

ФОН или ФИНКИ за ИТ смер?

Статус
Затворена за нови мислења.

cyberbaze

hello world
20 јуни 2009
291
250
1. Запиши се таму каде што е најтешко да положиш.

2. Кога ќе се вработиш ќе ти стане јасно зошто.

3. А ионака ќе се вработиш пред да дипломираш.
 
dddragan

hello world
12 август 2014
435
596
Ти помина на ФИНКИ, и, кажи ми, колку тоа измачување ти да положуваш испити за предмети кои што никогаш нема тебе да ти помогнат во кариерата ти помогнале досега? Колку од тоа што научи преку тоа измачување сега те спреми за работа и ти помага во моментот? И во врска со вториот твој коментар, не ми беше таа поентата. Искрено, не вреди да се продолжи ова и само ќе ти кажам да продолжиш ти да постапуваш како што ти мислиш дека е најправилно и јас ќе го правам истото.

Другар, ако сакаш да учиш 100% битни работи за тебе во кариерата, отиди на Семос/Сивус/Брејнстер академија или зимај Udemy курсеви, не си го губи времето со универзитет, не му е тоа целта. Универзитетот не може на 10к луѓе да им ја прилагоди програмата, јебига, ќе слушаш и нешто што не те интересира, а верувај, нема ништо лошо ако научиш нешто плус, не знаеш кај ќе те однесе животот.

Универзитетот ми помогнаа да научам како да го менаџирам стресот и времето. Тоа што учев ствари шо не ме интересираат и што ми беа тешки ме научи како да учам, да размислувам логички и како да се снајдам во непознат домен. Се ова го користам сега уз работа и ми доаѓа како нешто нормално, ама џабе ќе се објаснуваме, не верувам дека ќе ја видиш вредноста во ова сега.

Дојде на форум, праша, ти кажавме што мислиме, почна да се контраш со сите и да ни ги омаловажуваш мислењата, а во исто време да се јачаш како ти "детални истражувања си праел". Со вакво однесување топ си за на ФОН, терај, осеќам ќе имаш проблеми со секој професор ако отидеш на ФИНКИ. Не ти требаат такви стресови во животот :)
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14

Не се разбираме, не ми беше цел да омаловажувам нечие мислење, тие ми се само моите ставови. Не знам дали целта ти е да ме потцениш со последниот коментар, но само ќе ти назначам дека, бидејќи јас најдобро се знам самиот себе, мислам ова е најдобрата одлука за мене лично и во врска со моето унапредување. Сега ти можеби си имал различни очекувања и план за твојот живот кога си се запишал на ФИНКИ, ама јас според тоа што сум анализирал(незнам зошто ме цитираш за тоа во смисла да ми го потцениш) верувам дека за мене лично е подобриот чекор и на одреден начин ги гледам предностите и слабостите на двата факултета земајќи ја во мојата ситуација, поточно не ме сфати добро во овој аспект, ама нема да пробам да објаснам бидејќи напорно би било тоа(види што напишав отпрво на постот ако те интересира). Пишав тука за да видам дали некој има малце подетално мислење со кое што би ми било пробиено моето(и верувај, доколку имаше такво нешто би ги прифатил), но не испадна така и сега до тука стигнавме. Без разлика, немам ништо против тебе и ти посакувам среќа.
 
18 август 2019
1.223
1.195
бидејќи јас најдобро се знам самиот себе, мислам ова е најдобрата одлука за мене лично и во врска со моето унапредување
Си донел одлука. Во ред. Зошто воопшто дискутираме? Туѓи мислења не прифаќаш, слепо се држиш за своето. Која ти е намерата? Зошто губиш време овде? Запиши се на ФОН и тоа е тоа.
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Си донел одлука. Во ред. Зошто воопшто дискутираме? Туѓи мислења не прифаќаш, слепо се држиш за своето. Која ти е намерата? Зошто губиш време овде? Запиши се на ФОН и тоа е тоа.
Дискусија си е дискусија, јас не "верувам слепо". Сакав да видам аргументи за и против моето мислење за да знам дали навистона тоа што го сакам е правилно за мене. Само испаѓа дека другите аргументи не успеаа да ми ги пробијат моите. Еве да кажеме ти сакаш да донесеш некоја одлука и имаш зацртано неколку работи зошто даа одлука е добра за тебе. Во тој слуќај ти треба да ја видеш спротивната страна за да размислеш дали ќе го направиш правилниот избор, да ги видеш аргументите зошто можеби не е правилниот избор. Таква е ситуацијата тука, можеби ти се чини дека "слепо верувам", ама навистина не е така
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.300
11.840
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Не се расправајте со Bear GrYlls, утре може, и најверојатно шеф ќе ни биде...
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Види, млад си и многу си залетан. Од страна изгледа онака како што ти рекоа. Одлучен си за ФОН и тука дојден на кафе муабет ФОН против ФИНКИ.

Доколку се вратиме назад на темата, ако сакаш факултет имаш само еден избор. Да, ќе учиш работи кои не гледаш инстанта примена, но факултет е процес на образование. Од моментот кога ќе дадеш документи на студентска, па се дур не земеш диплома.

Професори „буткале“... Ќе си паднеш испит кога нема да научиш. Крај на муабетот. Точно, имаш професори кои не прегледуваат низ прсти на што авторот сакал да каже, но како викаат, знаењето железни врати отвара.

Фикни немале зграда? И? Во комплекс технички факултети се, така да имаш супер друштво од околните факултети. Околу опремата, не си на електро или машински. Еден М1 МБА и си завршил работа за цел факс.

Сум бил на твои години и со твое мислење. Застани, прочитај ја уште еднаш темава и два пати твоите мислења :)

П.С. НЕ МОЖАМ - одвоено
 
Иако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурност е дека не те учи тебе факултетот, туку ти самиот се учиш и факултетот само може да те добутка до тој правец и да ти понуди добар амбиент за тоа. Во врска со ФИНКИ ќе ги наведам причините зошто за мене, човек кој што више се бави со ова и има амбиција ова да го усоврши без разлика на кој факултет ќе одам или било што, ФОН би ми бил подобар.
Ете, првото е буткањето, значи не ја гледам придобивката да се мачам ептен да положам испити, кога во мојата кариера што сакам да ја вршам нема никогаш да ми бидат потребни. Понатаму, сум слушнал доста како професорите се малце дигнати и не се флексибилни со тебе, не ти посветуваат на тебе внимание ако им побараш малце.
Од друга страна го имаме ФОН, приватен факултет кој што е полабав во овој аспект на буткање, не си малтретиран. Сега, јас знам дека има многу на приватниве што само одат за диплома, ама јас не сум таков. Јас ќе учам, ама сакам малце повеќе да можам да се фокусирам на работите што ќе ми бидат потребни во кариерата, затоа ФОН за мене лично е подобрата опција бидејќи се чуствувам дека тој амбиент би ми дал поголема придобивка во однос на усовршувањето на моите вештини.
Нормално исто така ми се свиѓа фактот што приватниот има многу поубава зграда, повеќе опрема(бидејќи има повеќе пари за да вложува во тоа) и се тоа слично, т.е. мислам дека социјалниот аспект нема да биде полош него од ФИНКИ и поубав амбиент ќе имам од тој аспект.
Тие се причините зошто јас мислам дека е подобро за мене.
Ќе кажам, искрено, дека ФИНКИ можеби би бил подобар за човек кој што не си ја има определено својата насока и само сега сака да се открие самиот себе, дали тоа е за него(програмирањето) и кон што поточно сака да се фокусира, но сепак сметам дека јас не сум од таа група бидејќи го имам осмислено тоа што го сакам и имам амбиции кон тоа.
Ете со ова се надевам ги расчистив работите, не ми беше намера да се контрирам со некого или да верувам слепо и не сум ниту толку наивен и залетан како што можеби мислиш
 
Ете со ова се надевам ги расчистив работите, не ми беше намера да се контрирам со некого или да верувам слепо
Иако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурност

Доволно е да се сумира цела тема и не би коментирал понатаму.

Не реков дека си одличен, туку одлучен. Али искрено, после мислењево веројатно си и одичен
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Иако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурност

Доволно е да се сумира цела тема и не би коментирал понатаму.

Не реков дека си одличен, туку одлучен. Али искрено, после мислењево веројатно си и одичен
Не ниту проба да ми го прочиташ мојот коментар, иако се потрудив убаво да си ја поставам мојата страна.
Јас се знам самиот себе најдобро и како мислат луѓето кои што ме познават мене лично, бидејќи нивните мислења се најважни и највалидни.
Не ми треба некој на форум, според неговото површно толкување на моите постови, да ми каже што сум и каков сум бидејќи егото му се зголеми како што и староста.
Ти прави си што сакаш во животот и нема да ти се мешам, ама кога сакаш да понижуваш некој бидејќи си постар и имаш различно искуство, без ниту да пробаш малце да размислиш околу тоа што пишувам бидејќи имаш некаква предрасуда дека ти си над сите млади и сите млади луѓе на 18 години не ги сфаќат работите колку што ти ги сфаќаш, ти си тој што навистина не ги сфаќа работите
 
Најголема заблуда на тие години е што мислиш дека се знаеш и се можеш.

Имаш многу офанзивен пристап на работите и како и другите, ќе се задршам од понатамошна дискусија.
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Најголема заблуда на тие години е што мислиш дека се знаеш и се можеш.

Имаш многу офанзивен пристап на работите и како и другите, ќе се задршам од понатамошна дискусија.
Како што кажав, ПРЕМНОГУ површно и погрешно толкување на мојот менталитет. Нема да почнам сега да ти објаснувам зошто не си во прави, бидејќи ти мене не ме познаваш доволно и тоа е тема за која што неможе вака да се дискутира.
Но треба да знаеш дека грешката ти е што одма правиш огромна претпоставка за некој човек кој што не познаваш врз основа на една реченица, наместо да му го прочиташ коментарот и да му противречиш(бидејќи јас навистина убаво се потрудив да си ги поставам аргументите повторно) за да го разубедиш на твојата страна и да му објасниш зошто ти мислиш дека не е така. Така не се дебатира и разговара.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
765
1.186
Најголема заблуда на тие години е што мислиш дека се знаеш и се можеш.
Овој момент мислам дека сите го имаме поминато. Години кога повеќе мислиш со половиот орган отколку со мозокот, а тоа праќа сигнали во мозокот дека си супериорен.
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Овој момент мислам дека сите го имаме поминато. Години кога повеќе мислиш со половиот орган отколку со мозокот, а тоа праќа сигнали во мозокот дека си супериорен.
Јас тоа не го мислам, не сум супериорен и навреден сум што сакаш да ме вметнеш во групата на луѓе кој што "повеќе мислат со половиот орган отколку со мозокот"
Мислењето е автоматски споено:

Аргументите од вашата страна ги погледнав повторно. Аргументот ви е дека на ФИНКИ ќе научиш да си го изменаџираш стресот и времето и тоа ќе ми помогне. Исто така спомнавте дека искуството ќе ти помогне на крај. Меѓутоа, НИКОЈ не ми противречи на моите аргументи за тоа зошто јас мислам дека е подобар ФОН за мене, единственото немаше никаков аргумент во врска со тоа и тврдите дека јас "слепо верувам" и "контрирам". Па да те прашам тебе, како можам јас тебе да ти верувам кога моите аргументи не пробуваш да ми ги пробиеш(освен што кажуваш дека ФИНКИ е подобар, без никакво потрекупување на тоа)? Што очеуваш од тоа? Ви ги погледнав вашите аргументи и тие аргументи немаат никаква врска со работите јас што ги кажав како моите причини за избирање на ФОН место ФИНКИ.
Не верувам дека сте ми ги проичитале пораките дури, затоа имате вакво гадно мислење створено за мене.
И крај на крај, се однесување дека мене ме познавате и можете да дадете пресуда за мојот лик и менталитет.
Ма ајде, јас сум сигурен дека и овој коментар нема да го прочитате. Тука дојдов убаво да разговарам и дебатирам околу оваа тема, наместо да противречите, вие само си ги кажувате вашите ставови(без да пробате да ми ги пробиете моите аргументи) и на крај го осудувате човекот бидејќи избрзавте до некој заклучок за мене врз основа на лошо-сфатена реченица.
Не мора да одговорите на овој пост, но не сте толку супериорни колку што мислите. Пријатно
 
Последна промена:

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.779
10.103
Јас тоа не го мислам, не сум супериорен и навреден сум што сакаш да ме вметнеш во групата на луѓе кој што "повеќе мислат со половиот орган отколку со мозокот"
Мислењето е автоматски споено:

Аргументите од вашата страна ги погледнав повторно. Аргументот ви е дека на ФИНКИ ќе научиш да си го изменаџираш стресот и времето и тоа ќе ми помогне. Исто така спомнавте дека искуството ќе ти помогне на крај. Меѓутоа, НИКОЈ не ми противречи на моите аргументи за тоа зошто јас мислам дека е подобар ФОН за мене,

Јас ти дадов конкретен доказ кој го поби тврдењето дека „на ФОН се поажурни со нови материјали, технологии итн“ со силабус со книга од 1993-та година за Компјутерска графика.
Од друга страна, никој не може да дискутира конкретно за тебе, туку ги правевме објективните споредби за информатика на ФОН и ФИНКИ.

Со секој твој нов пост сфаќам дека само бараш валидација, а ако бараш пореална анализа, мислам дека со ваков мајндсет не ти треба тебе факултет бидејќи не веруваш дека може нешто да ти даде, без разлика дали опипливо или не.
Крај краева, најди успешни луѓе во индустријата за која се стремиш ти во твоја околина - види што имаат студирано и завршено, направи муабет со нив директно и слушај ги, место ти да им кажуваш што е најдобро за тебе.

Ај да се убедуваше и расправаше само со мене, па да речеме дискутабилно е кој е во право. Но, кога со 4-5 члена истите муабети ги водиш, сфати дека треба да се запрашаш за твојот пристап и начин на размислување. Ти пишува човек што завршил на ФИНКИ за бенефитите на ФИНКИ, а ти него му кажуваш и објаснуваш, а немаш ни нога стапнато во прва година факултет.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
765
1.186
Јас се извинувам ако се пронајде во оваа група, ама тоа е реалноста. Не можеш да ги одминеш тие години. (контрирање, се знење, супериорност).

Да се вратиме на темата.
Бидејќи не ти значат финансиите, оди на фон. Нормално дека подобро ќе поминеш таму каде што плаќаш голема сума на пари годишно, отколку 200/400 евра на финки. Нормално дека подобро е да се полага во една просторија 15/20 души, отколку во бараќите по 40/50. ...
@BearGrills колку се плаќа една академска година на фон, чисто информативно прашувам?
 
Брате, разликата е што твојот аргумент дека ФОН користи книги од тие години не е доволен да ми го пробие аргументот зошто јас мислам дека за мене е подобар факултетот... Значи, ти со тоа ми противречи на еден од моите аргументи, односно дека јас мислев образованието е поквалитетно и по-обновено, а за другите работи? Твојот аргумент за тоа конкретно не е ниту 100% поткрепен, не ги знаеш професорите и каква атмосферата таму.
Исто така сум зборувал со навистина искусни луѓе, имам еден... човек кој што немал факултет(бил во ФИНКИ 2 години и го напуштил) и успеал да стигне до огромна сума на пари месечно во Македонија, млад човек од 24 години. Со него доста сум разговарал за оваа тема и врз основа на тоа јас ги базирам моите сфаќања за сферата, бидејќи тој е успешен и искусен човек кој што има огромно познавање за ИТ сферата во Македонија. Зошто на него да не му верувам, кога тој ме познава многу подобро него вас и ми дал лични совети и мислења, а на вас да ви верувам, луѓе кои што не знаат ништо за мене и даваат пресуди дека сум "супериорен" и "залетан".
И за последниот аргумент, разликата е што вие сте поминале на ФИНКИ, а не знаете како е на ФОН. Без разлика давате пресуди за ФОН иако НИШТО не знаете за ФОН, зошто? Бидејќи во 2018 си слушнал од некој дека ФОН не бил добар и сега тоа значи дека твојот аргумент ти е 100% поткрепен? Гледаш ли како не е логично тоа?
Мислењето е автоматски споено:

Јас се извинувам ако се пронајде во оваа група, ама тоа е реалноста. Не можеш да ги одминеш тие години. (контрирање, се знење, супериорност).

Да се вратиме на темата.
Бидејќи не ти значат финансиите, оди на фон. Нормално дека подобро ќе поминеш таму каде што плаќаш голема сума на пари годишно, отколку 200/400 евра на финки. Нормално дека подобро е да се полага во една просторија 15/20 души, отколку во бараќите по 40/50. ...
@BearGrills колку се плаќа една академска година на фон, чисто информативно прашувам?
Не си во прави и не се прави дека ме знаеш доволно да знаеш што сум и каков сум, бркај си ја работата.
 
Последна промена:
28 јануари 2017
2.065
4.727
Ресен
Зошто на него да не му верувам, кога тој ме познава многу подобро него вас и ми дал лични совети и мислења, а на вас да ви верувам, луѓе кои што не знаат ништо за мене и даваат пресуди дека сум "супериорен" и "залетан".
Зошто тогаш воошто си тука да бараш мислење?

Муабетот почна вака:
Баш во врска со ова сакав да прашам. Значи јас сега сум матурант и планирам да се упишам на факултет.
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
Зошто тогаш воошто си тука да бараш мислење?

Муабетот почна вака:
Јас тука дојдов со аргумент за тоа зошто мислам ФОН е подобар избор за мене и сакав да видам дали има некакви контра-аргументи на моите аргументи каде што ќе можам да си помислам "Ах, јас ова го имав замислено, ама како што гледам луѓето ми докажаа дека имав лоша претстава". За жал, досега, никој не направил добар аргумент ЗОШТО моите мислења за ФОН не се правилни, само добив мислења од луѓе за тоа како ФИНКИ е подобар, без никакво поткрепување на нивниот аргумент зошто моите аргументи не се правилни. Нема врска, не ми е потребно више некој да проба да ми ги пробие бидејќи ја поминавме таа фаза. Искрено не е ни потребно више, да не го одовлекуваме овој разговор.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.250
2.686

друже, државниот факултет каде каде е подобар од некој приватен во секоја смисла. Тебе единствен аргумент ти е што едните имале подобра зграда од другите и полесно се доаѓало до диплома. Доколку тебе тоа ти е приоритет, си го знаеш изборот и нема некој што да те предомислува во изборот. Доколку целта ти е да се образуваш и на потешкиот начин да дојдеш до знаење тогаш нормално е дека ќе се запишеш на државно.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.779
10.103
Брате, разликата е што твојот аргумент дека ФОН користи книги од тие години не е доволен да ми го пробие аргументот зошто јас мислам дека за мене е подобар факултетот... Значи, ти со тоа ми противречи на еден од моите аргументи, односно дека јас мислев образованието е поквалитетно и по-обновено, а за другите работи? Твојот аргумент за тоа конкретно не е ниту 100% поткрепен, не ги знаеш професорите и каква атмосферата таму.

Ајде вака сега, прво неколку основни работи за дискусија на форум - таа се води со аргументи и контра-аргументи.

На твојот аргумент дека „ФОН има подобри програми и побрзо се прилагодува и апдејтира со материјалот“ јас ти дадов контра-аргумент со факт дека дел од книгите во акредитацијата им се од 1993 година. Зборуваме пред се за поле кое брзо се развива и баш таму треба секогаш да се апдејтира литературата.
Твојот контра-аргумент на ова е дека не ги знам јас професорите и атмосферата таму. Но, не ги знаеш ни ти - така што како може да дискутираме за тоа на форум?
Значи, ако единствениот показател за ФОН ни се материјалите, да ти кажам јас не мора професорот по Компјутерска графика да го знам, за да проценам дека незаинтересиран/некомпетентен штом користи книга од 1993-та година за тој предмет.

Ова повеќе ми наликува сега како некоја кампања за ФОН, само без никакви аргументирани факти.
За ова другово сфаќам дека џабе потрошив време во совети, ужасен ти е настапот и резонирањето.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
Како да ти кажам зошто твоите мислења за фон не се правилни.
Затоа што е ФОН!!! Потсмев на цел македонски образовен систем... Толку. Конец филма.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Nik

Users

read-only
27 декември 2019
48
39
Најверојатно материјалите кои што се наведени во литературата за ФИНКИ или ФОН не се задолжителни иако пишува дека се. Професорите и асистентите прават скрипти или материјали во форма на Word и PowerPoint користејќи и други извори и нив ги користат студентите а овие книги може да ги читаат тие што сакаат.
 
BearGrills

hello world
11 јануари 2019
57
14
друже, државниот факултет каде каде е подобар од некој приватен во секоја смисла. Тебе единствен аргумент ти е што едните имале подобра зграда од другите и полесно се доаѓало до диплома. Доколку тебе тоа ти е приоритет, си го знаеш изборот и нема некој што да те предомислува во изборот. Доколку целта ти е да се образуваш и на потешкиот начин да дојдеш до знаење тогаш нормално е дека ќе се запишеш на државно.
Живеј си го твојот живот како ти сакаш, ама дебатирањето не ти е најсилната страна кога не ги читаш целосно моите коментарите(се гледа очигледно), верувам дека ќе успееш еден ден да го надминеш овој "хендикеп". Поздрав
Мислењето е автоматски споено:

Како да ти кажам зошто твоите мислења за фон не се правилни.
Затоа што е ФОН!!! Потсмев на цел македонски образовен систем... Толку. Конец филма.
Како да кажеш? Друже, ти кажуваш работи без да ги поткрепуваш со некакви докази или искуства од студенти во информатичкиот факултет таму. Без такво нешто, само трескаш мислење кое што нема врска
 
Последна промена:
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв