Ти помина на ФИНКИ, и, кажи ми, колку тоа измачување ти да положуваш испити за предмети кои што никогаш нема тебе да ти помогнат во кариерата ти помогнале досега? Колку од тоа што научи преку тоа измачување сега те спреми за работа и ти помага во моментот? И во врска со вториот твој коментар, не ми беше таа поентата. Искрено, не вреди да се продолжи ова и само ќе ти кажам да продолжиш ти да постапуваш како што ти мислиш дека е најправилно и јас ќе го правам истото.
Не се разбираме, не ми беше цел да омаловажувам нечие мислење, тие ми се само моите ставови. Не знам дали целта ти е да ме потцениш со последниот коментар, но само ќе ти назначам дека, бидејќи јас најдобро се знам самиот себе, мислам ова е најдобрата одлука за мене лично и во врска со моето унапредување. Сега ти можеби си имал различни очекувања и план за твојот живот кога си се запишал на ФИНКИ, ама јас според тоа што сум анализирал(незнам зошто ме цитираш за тоа во смисла да ми го потцениш) верувам дека за мене лично е подобриот чекор и на одреден начин ги гледам предностите и слабостите на двата факултета земајќи ја во мојата ситуација, поточно не ме сфати добро во овој аспект, ама нема да пробам да објаснам бидејќи напорно би било тоа(види што напишав отпрво на постот ако те интересира). Пишав тука за да видам дали некој има малце подетално мислење со кое што би ми било пробиено моето(и верувај, доколку имаше такво нешто би ги прифатил), но не испадна така и сега до тука стигнавме. Без разлика, немам ништо против тебе и ти посакувам среќа.Другар, ако сакаш да учиш 100% битни работи за тебе во кариерата, отиди на Семос/Сивус/Брејнстер академија или зимај Udemy курсеви, не си го губи времето со универзитет, не му е тоа целта. Универзитетот не може на 10к луѓе да им ја прилагоди програмата, јебига, ќе слушаш и нешто што не те интересира, а верувај, нема ништо лошо ако научиш нешто плус, не знаеш кај ќе те однесе животот.
Универзитетот ми помогнаа да научам како да го менаџирам стресот и времето. Тоа што учев ствари шо не ме интересираат и што ми беа тешки ме научи како да учам, да размислувам логички и како да се снајдам во непознат домен. Се ова го користам сега уз работа и ми доаѓа како нешто нормално, ама џабе ќе се објаснуваме, не верувам дека ќе ја видиш вредноста во ова сега.
Дојде на форум, праша, ти кажавме што мислиме, почна да се контраш со сите и да ни ги омаловажуваш мислењата, а во исто време да се јачаш како ти "детални истражувања си праел". Со вакво однесување топ си за на ФОН, терај, осеќам ќе имаш проблеми со секој професор ако отидеш на ФИНКИ. Не ти требаат такви стресови во животот![]()
Си донел одлука. Во ред. Зошто воопшто дискутираме? Туѓи мислења не прифаќаш, слепо се држиш за своето. Која ти е намерата? Зошто губиш време овде? Запиши се на ФОН и тоа е тоа.бидејќи јас најдобро се знам самиот себе, мислам ова е најдобрата одлука за мене лично и во врска со моето унапредување
Дискусија си е дискусија, јас не "верувам слепо". Сакав да видам аргументи за и против моето мислење за да знам дали навистона тоа што го сакам е правилно за мене. Само испаѓа дека другите аргументи не успеаа да ми ги пробијат моите. Еве да кажеме ти сакаш да донесеш некоја одлука и имаш зацртано неколку работи зошто даа одлука е добра за тебе. Во тој слуќај ти треба да ја видеш спротивната страна за да размислеш дали ќе го направиш правилниот избор, да ги видеш аргументите зошто можеби не е правилниот избор. Таква е ситуацијата тука, можеби ти се чини дека "слепо верувам", ама навистина не е такаСи донел одлука. Во ред. Зошто воопшто дискутираме? Туѓи мислења не прифаќаш, слепо се држиш за своето. Која ти е намерата? Зошто губиш време овде? Запиши се на ФОН и тоа е тоа.
во право сиНе се расправајте со Bear GrYlls, утре може, и најверојатно шеф ќе ни биде...
Види, млад си и многу си залетан. Од страна изгледа онака како што ти рекоа. Одлучен си за ФОН и тука дојден на кафе муабет ФОН против ФИНКИ.во право си![]()
Иако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурност е дека не те учи тебе факултетот, туку ти самиот се учиш и факултетот само може да те добутка до тој правец и да ти понуди добар амбиент за тоа. Во врска со ФИНКИ ќе ги наведам причините зошто за мене, човек кој што више се бави со ова и има амбиција ова да го усоврши без разлика на кој факултет ќе одам или било што, ФОН би ми бил подобар.Види, млад си и многу си залетан. Од страна изгледа онака како што ти рекоа. Одлучен си за ФОН и тука дојден на кафе муабет ФОН против ФИНКИ.
Доколку се вратиме назад на темата, ако сакаш факултет имаш само еден избор. Да, ќе учиш работи кои не гледаш инстанта примена, но факултет е процес на образование. Од моментот кога ќе дадеш документи на студентска, па се дур не земеш диплома.
Професори „буткале“... Ќе си паднеш испит кога нема да научиш. Крај на муабетот. Точно, имаш професори кои не прегледуваат низ прсти на што авторот сакал да каже, но како викаат, знаењето железни врати отвара.
Фикни немале зграда? И? Во комплекс технички факултети се, така да имаш супер друштво од околните факултети. Околу опремата, не си на електро или машински. Еден М1 МБА и си завршил работа за цел факс.
Сум бил на твои години и со твое мислење. Застани, прочитај ја уште еднаш темава и два пати твоите мислења
П.С. НЕ МОЖАМ - одвоено
Иако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурностИако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурност е дека не те учи тебе факултетот, туку ти самиот се учиш и факултетот само може да те добутка до тој правец и да ти понуди добар амбиент за тоа. Во врска со ФИНКИ ќе ги наведам причините зошто за мене, човек кој што више се бави со ова и има амбиција ова да го усоврши без разлика на кој факултет ќе одам или било што, ФОН би ми бил подобар.
Ете, првото е буткањето, значи не ја гледам придобивката да се мачам ептен да положам испити, кога во мојата кариера што сакам да ја вршам нема никогаш да ми бидат потребни. Понатаму, сум слушнал доста како професорите се малце дигнати и не се флексибилни со тебе, не ти посветуваат на тебе внимание ако им побараш малце.
Од друга страна го имаме ФОН, приватен факултет кој што е полабав во овој аспект на буткање, не си малтретиран. Сега, јас знам дека има многу на приватниве што само одат за диплома, ама јас не сум таков. Јас ќе учам, ама сакам малце повеќе да можам да се фокусирам на работите што ќе ми бидат потребни во кариерата, затоа ФОН за мене лично е подобрата опција бидејќи се чуствувам дека тој амбиент би ми дал поголема придобивка во однос на усовршувањето на моите вештини.
Нормално исто така ми се свиѓа фактот што приватниот има многу поубава зграда, повеќе опрема(бидејќи има повеќе пари за да вложува во тоа) и се тоа слично, т.е. мислам дека социјалниот аспект нема да биде полош него од ФИНКИ и поубав амбиент ќе имам од тој аспект.
Тие се причините зошто јас мислам дека е подобро за мене.
Ќе кажам, искрено, дека ФИНКИ можеби би бил подобар за човек кој што не си ја има определено својата насока и само сега сака да се открие самиот себе, дали тоа е за него(програмирањето) и кон што поточно сака да се фокусира, но сепак сметам дека јас не сум од таа група бидејќи го имам осмислено тоа што го сакам и имам амбиции кон тоа.
Ете со ова се надевам ги расчистив работите, не ми беше намера да се контрирам со некого или да верувам слепо
Не ниту проба да ми го прочиташ мојот коментар, иако се потрудив убаво да си ја поставам мојата страна.Иако сум млад јас мислам дека ги имам сфатено како функционираат работите и едно нешто што знам со сигурност
Доволно е да се сумира цела тема и не би коментирал понатаму.
Не реков дека си одличен, туку одлучен. Али искрено, после мислењево веројатно си и одичен
Најголема заблуда на тие години е што мислиш дека се знаеш и се можеш.Не ниту проба да ми го прочиташ мојот коментар, иако се потрудив убаво да си ја поставам мојата страна.
Јас се знам самиот себе најдобро и како мислат луѓето кои што ме познават мене лично, бидејќи нивните мислења се најважни и највалидни.
Не ми треба некој на форум, според неговото површно толкување на моите постови, да ми каже што сум и каков сум бидејќи егото му се зголеми како што и староста.
Ти прави си што сакаш во животот и нема да ти се мешам, ама кога сакаш да понижуваш некој бидејќи си постар и имаш различно искуство, без ниту да пробаш малце да размислиш околу тоа што пишувам бидејќи имаш некаква предрасуда дека ти си над сите млади и сите млади луѓе на 18 години не ги сфаќат работите колку што ти ги сфаќаш, ти си тој што навистина не ги сфаќа работите
Како што кажав, ПРЕМНОГУ површно и погрешно толкување на мојот менталитет. Нема да почнам сега да ти објаснувам зошто не си во прави, бидејќи ти мене не ме познаваш доволно и тоа е тема за која што неможе вака да се дискутира.Најголема заблуда на тие години е што мислиш дека се знаеш и се можеш.
Имаш многу офанзивен пристап на работите и како и другите, ќе се задршам од понатамошна дискусија.
Овој момент мислам дека сите го имаме поминато. Години кога повеќе мислиш со половиот орган отколку со мозокот, а тоа праќа сигнали во мозокот дека си супериорен.Најголема заблуда на тие години е што мислиш дека се знаеш и се можеш.
Јас тоа не го мислам, не сум супериорен и навреден сум што сакаш да ме вметнеш во групата на луѓе кој што "повеќе мислат со половиот орган отколку со мозокот"Овој момент мислам дека сите го имаме поминато. Години кога повеќе мислиш со половиот орган отколку со мозокот, а тоа праќа сигнали во мозокот дека си супериорен.
Јас тоа не го мислам, не сум супериорен и навреден сум што сакаш да ме вметнеш во групата на луѓе кој што "повеќе мислат со половиот орган отколку со мозокот"
Мислењето е автоматски споено:
Аргументите од вашата страна ги погледнав повторно. Аргументот ви е дека на ФИНКИ ќе научиш да си го изменаџираш стресот и времето и тоа ќе ми помогне. Исто така спомнавте дека искуството ќе ти помогне на крај. Меѓутоа, НИКОЈ не ми противречи на моите аргументи за тоа зошто јас мислам дека е подобар ФОН за мене,
Брате, разликата е што твојот аргумент дека ФОН користи книги од тие години не е доволен да ми го пробие аргументот зошто јас мислам дека за мене е подобар факултетот... Значи, ти со тоа ми противречи на еден од моите аргументи, односно дека јас мислев образованието е поквалитетно и по-обновено, а за другите работи? Твојот аргумент за тоа конкретно не е ниту 100% поткрепен, не ги знаеш професорите и каква атмосферата таму.Јас ти дадов конкретен доказ кој го поби тврдењето дека „на ФОН се поажурни со нови материјали, технологии итн“ со силабус со книга од 1993-та година за Компјутерска графика.
Од друга страна, никој не може да дискутира конкретно за тебе, туку ги правевме објективните споредби за информатика на ФОН и ФИНКИ.
Со секој твој нов пост сфаќам дека само бараш валидација, а ако бараш пореална анализа, мислам дека со ваков мајндсет не ти треба тебе факултет бидејќи не веруваш дека може нешто да ти даде, без разлика дали опипливо или не.
Крај краева, најди успешни луѓе во индустријата за која се стремиш ти во твоја околина - види што имаат студирано и завршено, направи муабет со нив директно и слушај ги, место ти да им кажуваш што е најдобро за тебе.
Ај да се убедуваше и расправаше само со мене, па да речеме дискутабилно е кој е во право. Но, кога со 4-5 члена истите муабети ги водиш, сфати дека треба да се запрашаш за твојот пристап и начин на размислување. Ти пишува човек што завршил на ФИНКИ за бенефитите на ФИНКИ, а ти него му кажуваш и објаснуваш, а немаш ни нога стапнато во прва година факултет.
Не си во прави и не се прави дека ме знаеш доволно да знаеш што сум и каков сум, бркај си ја работата.Јас се извинувам ако се пронајде во оваа група, ама тоа е реалноста. Не можеш да ги одминеш тие години. (контрирање, се знење, супериорност).
Да се вратиме на темата.
Бидејќи не ти значат финансиите, оди на фон. Нормално дека подобро ќе поминеш таму каде што плаќаш голема сума на пари годишно, отколку 200/400 евра на финки. Нормално дека подобро е да се полага во една просторија 15/20 души, отколку во бараќите по 40/50. ...
@BearGrills колку се плаќа една академска година на фон, чисто информативно прашувам?
Зошто тогаш воошто си тука да бараш мислење?Зошто на него да не му верувам, кога тој ме познава многу подобро него вас и ми дал лични совети и мислења, а на вас да ви верувам, луѓе кои што не знаат ништо за мене и даваат пресуди дека сум "супериорен" и "залетан".
Баш во врска со ова сакав да прашам. Значи јас сега сум матурант и планирам да се упишам на факултет.
Јас тука дојдов со аргумент за тоа зошто мислам ФОН е подобар избор за мене и сакав да видам дали има некакви контра-аргументи на моите аргументи каде што ќе можам да си помислам "Ах, јас ова го имав замислено, ама како што гледам луѓето ми докажаа дека имав лоша претстава". За жал, досега, никој не направил добар аргумент ЗОШТО моите мислења за ФОН не се правилни, само добив мислења од луѓе за тоа како ФИНКИ е подобар, без никакво поткрепување на нивниот аргумент зошто моите аргументи не се правилни. Нема врска, не ми е потребно више некој да проба да ми ги пробие бидејќи ја поминавме таа фаза. Искрено не е ни потребно више, да не го одовлекуваме овој разговор.Зошто тогаш воошто си тука да бараш мислење?
Муабетот почна вака:
Јас тука дојдов со аргумент за тоа зошто мислам ФОН е подобар избор за мене и сакав да видам дали има некакви контра-аргументи на моите аргументи каде што ќе можам да си помислам "Ах, јас ова го имав замислено, ама како што гледам луѓето ми докажаа дека имав лоша претстава". За жал, досега, никој не направил добар аргумент ЗОШТО моите мислења за ФОН не се правилни, само добив мислења од луѓе за тоа како ФИНКИ е подобар, без никакво поткрепување на нивниот аргумент зошто моите аргументи не се правилни. Нема врска, не ми е потребно више некој да проба да ми ги пробие бидејќи ја поминавме таа фаза. Искрено не е ни потребно више, да не го одовлекуваме овој разговор.
Брате, разликата е што твојот аргумент дека ФОН користи книги од тие години не е доволен да ми го пробие аргументот зошто јас мислам дека за мене е подобар факултетот... Значи, ти со тоа ми противречи на еден од моите аргументи, односно дека јас мислев образованието е поквалитетно и по-обновено, а за другите работи? Твојот аргумент за тоа конкретно не е ниту 100% поткрепен, не ги знаеш професорите и каква атмосферата таму.
Живеј си го твојот живот како ти сакаш, ама дебатирањето не ти е најсилната страна кога не ги читаш целосно моите коментарите(се гледа очигледно), верувам дека ќе успееш еден ден да го надминеш овој "хендикеп". Поздравдруже, државниот факултет каде каде е подобар од некој приватен во секоја смисла. Тебе единствен аргумент ти е што едните имале подобра зграда од другите и полесно се доаѓало до диплома. Доколку тебе тоа ти е приоритет, си го знаеш изборот и нема некој што да те предомислува во изборот. Доколку целта ти е да се образуваш и на потешкиот начин да дојдеш до знаење тогаш нормално е дека ќе се запишеш на државно.
Како да кажеш? Друже, ти кажуваш работи без да ги поткрепуваш со некакви докази или искуства од студенти во информатичкиот факултет таму. Без такво нешто, само трескаш мислење кое што нема врскаКако да ти кажам зошто твоите мислења за фон не се правилни.
Затоа што е ФОН!!! Потсмев на цел македонски образовен систем... Толку. Конец филма.
PSU 750W CORSAIR RM750x MODULAR 80 PLUS GOLD, ATX 3.1& PCIe5.1, BLACK, CP-9020285-EU
9.120,00 ден
GAME PLAYSTATION 5 DUALSENSE WIRELESS CONTROLLER Nova Pink
4.890,00 ден
USB Flash Drive 2.0 64GB HAMA ROTATE, 10MB/S, BLACK, 00104302
420,00 ден
SSD M.2 2TB Lexar NM790 NVMe PCI Express 4.0 x4, 7400/6500 MB/s LNM790X002T-RNNNG
17.900,00 ден
MOUSE WIRELESS USB LOGITECH G PRO X SUPERLIGHT 2 SE (HERO 2 Sensor, Lightforce Switches) Red, 910-007552
7.380,00 ден
UPS 1200VA / 600W POWERWALKER VI 1200 SH, 2xSHUKO, 2x IEC C13, USB, RJ11, 10120050
9.120,00 ден