1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Blacklist-итано IP и како да се тргне?

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од skullmonkey, 14 Мај 2019.

  1. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    57
    62
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Логин форма да ти тргне "HW ID" инфо со кое што може да блокира некоја веб страница?
    Тоа би требало да биде тоа што повтори неколку пати.
    Абе, не знам за што си експерт, ама за ова не те бива.

    Ајде важи, еве сега без "навреда" ќе повторам... моја препорака до сите е да не ти даваат пари за ИТ курс, било тебе или твоите учители.

    Искрено, подобро ќе беше тие глупости што ги напиша да бидат избришани, ама ајде :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Им пишав на дечките вчера на ФБ и рекоа дека го контактирале провајдерот. Сеа проверувам и работи.

    Најверојатно било бан на ИП од телеком.

    Треба веројатно они да си имаат задолжено сектор кој ќе се ебава со тој проблем.

    Иначе не беше само едно ИП зашто 5 пати го ресетирав рутерот во текот на денот. Цел рејнџ било.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    57
    62
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Многу мала е можност да се случи така нешто, да блокираат "цел range" на Телеком. Сепак тоа се над 300+ иљади ИП адреси, распределени на 200+ блокови.
    Блокиран бил еден опсег ИП адреси, релативно мал во однос на целост.

    Технички стриктно веб страници немаат заштита од ВПН.
    А и да има, на сервер, некаква "заштита од ВПН", не може да биде ефектна. На пример, Netflix банира NordVPN, затоа што може да пронајде листа на "сите" нивни ИП адреси, ама постојат уште иљадници други фирми што нудат ВПН услуга, постојат ВПН сервери што не припаѓаат на регистрирани фирми итн.
    Не постои ефектна "заштита од ВПН"...


    Телеком не ти го ресетира рутерот, само му одговара која нова ИП адреса може да користи.

    По DHCP протокол, кога го уклучуваш или рестартираш твојот рутер, тој од DHCP сервер / "рутерот" на Телеком добива ИП адреса и "lease time", кој што вообичаено е 12 или 24 часа.

    Време за реиздавање не е фиксно и исто за сите, како 02 часа насабајле итн.
    Замисли заебанција 100 иљади АДСЛ корисници оддеднаш да им се сменува ИП адреса точно во 2.
    Тебе ти се погодило во 2ам, исклучи го во 9, запали го после една минутка и веројатно ќе добијеш нова ИП адреса и од тој ден па натаму тебе ќе ти се менува ИП адреса во 9 (навечер, или утредента)

    Кога поминува тоа "lease time" време, твојот рутер го прашува DHCP сервер од Телеком "брат, дај нова ИП адреса", овој му одговара "еве ти оваја, глеј шо убава доби сега" и така...

    ^ во овој дел опишан тие 3 пасуса горе, твојот рутер работи како DHCP клиент.
    Исто така, твојот рутер е DHCP сервер за уреди кај тебе дома.
    Палиш ШЦ, добива ИП адреса од твојот рутер, ај да кажеме 192.168.100.10, потоа лаптоп, ќе добие 192.168.100.11, таблет ќе добие .12 итн
    Тие локални ИП адреси по дома се од "резервиран" опсег за локална употреба. Твој другар може да му се погоди и кај него дома ПЦ да има ИП адреса 192.168.100.10.

    Кога користиш нешто надвор од твоја локална мрежа, може да те блокираат по јавна ИП адреса... таа што ти ја даде (еден од многу) DHCP сервер Телеком на користење.



    Провајдери како Телеком, во овој контекст е ISP / Internet Services Provider т.е. "connectivity provider", добивале / купувале ИП адреси од RIPE (за Европа) во блокови, не наеднаш. Значи бара таму 50 иљади ИП адреси, ови му даваат, се јавува 1 година подоцно вика еве растеме, имаме уште многу нову корисници дајте уште 20 иљади, после 4 месеци абе дајте уште неколку иљади ни треба за сервери... и така, исцепкано е во многу блокови.

    Некој баш да се нафатил да блокира сите 300+ иљади ИП адреси од Телеком не се случува во реалност...

    Можеби те излажале дека контактирале.
    Доколку навистина контактирале провајдерот тогаш 99% барање било игнорирано. А во секој случај тоа немало никаков ефект... и во тој случај Telekom Facebook support Troubleshooting level е 0.

    Што има врска "провајдер", во овој случај провајдер на хостинг услуги, т.е. server rent / colo, поточно Gyron со блокада твоја блокада?
    Па "Телеком", поточно мал опсег на ИП адреси од Телеком не беше блокиран од страна на провајдер, туку тој "еден" веб сервер (од 10 иљади што ги има во Gyron)
    Се гледа на снимка од грешка што ја прати порака од веб сервер, не беше сопрена конекција на firewall или нул рутирана некаде...

    99% е можност, некој од оние joomla security плагини приметил некој (заразен со вирус) што скенира да ли jevents.com има застарена неажурирана верзија, плагинот опна таа ИП адреса (+ уште 200 ип адреси околу таа) во "htaccess". Автоматизирана блокада беше привремена на неколку часа, истекна тоа време и е избришана, без некој да сторил нешто :)

    Имаат сигурно во Телеком, како и сите ISP / connectivity провајдери.

    Секојдневно им стигаат мејлови во стил "Пратив маил до другар вчера, уште не му стигна, шопраите вие таму давиебаммајката, за шо ви давам пари", "неможам да отворам страница xyz" и такви :)

    Дечки здебелени, носат наочари, абе со еден збор можеш да кажеш дека се грди и толку.

    Тој сектор во 90'те се викал department of System Admins for Network, 2000'те ставиле на врата испринтано "Network Admins", пред 10тина години веројатно се викале "Abuse team", последниве неколку години гарант се "ИТ" екипа во DevOps одделот.
     
    Последна промена: 16 Мај 2019
    На Majestic, spytronicmk, D3N1EL и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,329
    864
    8 Декември 2009
    Оф топик, ама браво за постов. Одамна немам прочитано нешто вака технички захтевно, а да биде сведено на разбирливо ниво.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Canibalot

    Canibalot
    Gaining Experience

    55
    68
    29 Јуни 2016
    Машко
    Lease time е на 8 сати кај мене, следно ми е во 3:30. Проблемот е што рутерот ми се рестартира точно во 02 часот секој ден и губам интернет, помислив дека е од кај нив. Во еvent log не ми го регистрира, малце ми е чудно да губам интернет на лан конекција при истек на lease time?
     
  6. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,177
    8,818
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не е нормалното тука да губиш конекција при истек на лис тајм, проблемот е што при истекот на лисот операторот форсира и промена на адреса а со тоа и сите конекции кои ти се во тек автоматски се прекината додека се не се отворат нови конекции со нова адреса.
    Твојот рутер дома на уредите најчесто им ја дава истата адреса, нема зошто да форсира доделување на нова и затоа при истекот на лисот кај твојот рутер не го искусуваш истото. Имај наум и дека за да добиеш адреса од телеком треба и да поминеш автентификација, јузер/пасс. Нормално е да имаш неколку секунди даунтиме.

    П.С. На кој оператор си што викаш дека ти мењаат на 8 саати? Не ке да е телеком тоа, ми мириса на ВИП повеќе.
     
    На Canibalot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Телеком ресетира 24 саати откако си го ресетирал рутерот. Ако си го ресетирал у 2 вечер, тогаш ќе биде и утредента. Сам си праиш шема. Знам зашто ни беше битно на GG да не ни се ресетира у сред стрим и ги прашав.
    Другите не знам како прават.
     
    На Canibalot и Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...