1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Blacklist-итано IP и како да се тргне?

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од skullmonkey, 14 Мај 2019.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,810
    2,937
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Случајно ми се јави проблем, страна што години наназад ја користам од пред две недели не ми ја отвара и ми дава Access denied. Им пишав и ми вратија дека побарале од нивниот провајдер да ја тргне забраната од IP-то(?!?) што ме натера да прогуглам на темава.

    На IP Address Blacklist Check - WhatIsMyIP.com® ми дава 11 места со блеклист на моето IP. Им пишав на сите (голем дел од нив имаат автоматска форма), но ме интересира, нели треба ова Телеком да го прави? На крајот на краиштата од нив добивам IP.
     
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,053
    4,203
    4 ноември 2013
    Машко
    Само телеком може да ти го реши проблемот, барај од нив да ти ја променат адресата (доколку тоа ти одговара).
     
  3. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,810
    2,937
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Не се мења адреса со ресетирање на рутерот? Нели они самите автоматски го праат тоа на 24 часа за да се заштитат од хостирање сајтови по дома.
     
  4. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,053
    4,203
    4 ноември 2013
    Машко
    Немаш фиксна адреса?
     
  5. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Не мора да значи дека е ип бан, може да биде и hw ид бан .
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,810
    2,937
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Дома не. Ова е дома.

    Како се проверува тоа?
     
  7. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Пробај пристапи од друг пц со исто ip , обично hw id бан оди на матична или хард диск.
     
  8. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,810
    2,937
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ќе врзам лаптоп и ќе проверам.
    Ако се воспостави тоа, кој треба да гонам за да ме одбанираат? Кој ме блокира? Телеком или друг сервис?
     
  9. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Само страната/провајдерот каде си баниран може да тргни таков бан ( или пак да смениш хард или матична).
     
  10. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    467
    497
    23 Јуни 2010
    Не постои такво нешто како hardware ID ban од проста причина што сајтовите немаат никаков увид во твојот хардвер.
     
    Zippo, The-spiki и на Oktar им се допаѓа ова.
  11. Roncic

    Roncic
    Гостин

  12. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,199
    9,053
    23 oктомври 2012
    Машко
    Нема тука никаков хадвер ајди бан, од првиот пост како што разбирам, најверојатно има некој геолокациски бан, не е на конкретна адреса туку на пул од адреси. Ако @skullmonkey нема ништо против може да ни го прати сајтот и да пробаме дали ке имаме пристап. Ако сака може и во ПП да ми прати ке пробам јас.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Јас не реков дека е 100% хњ ид бан. Го посочив како опција. А тоа што некој мисли дека е невозможно, тоа е друга работа .
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,199
    9,053
    23 oктомври 2012
    Машко
    Во линкот погоре нема никаков хардевер ајди. Генерички податоци кои не штетат никому и никако неможе да се толкуваат како харвер ајди поврзан со матична плоча, диск, рам и слично.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,810
    2,937
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Welcome to JEvents.net: One of the Best Events & Calendar Management Extensions for Joomla!
    Од мобилен отвара, пц не.
     
  16. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,199
    9,053
    23 oктомври 2012
    Машко
  17. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,810
    2,937
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    60292815_1203226033190107_3281306090171531264_n.png
     
  18. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,319
    2,906
    4 Септември 2008
    Од ВИП фиксен и мобилен интернет ја отвара, може цел range на адреси од Телеком се банирани.
    Ако ти е еднократно да завршиш работа користи некој VPN додека не се исчистат адресите или пак да се мољакаш до сопствениците на страницата да ги тргнат адресите од блок листата.
     
    efto, Oktar и на Garfield' им се допаѓа ова.
  19. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    162
    39
    18 Јануари 2019
    Машко
    со VPN мора да работи,но доколку на вебсајтот нема заштита од VPN .
     
  20. zlatk0

    zlatk0
    Gaining Experience

    57
    54
    12 Декември 2017
    Машко
    Hardware id бан :))))

    Што нема човек да прочита. Најтрагично на ИТ форум ова се пишува :)



    Sent from my iPhone XS Max using Tapatalk
     
    На Zippo, The-spiki, P.Overdrive и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    957
    562
    3 Јули 2007
    По hardware ID се банира на .exe апликации. Никој и никако неможе да те банира по hardware ID преку browser. Може да те банира по сите основи што ги чита browserot, Browser type, cookies, IP, etc...
     
    Fatal1ty_, The-spiki, efto и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,105
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
  23. Canibalot

    Canibalot
    Gaining Experience

    58
    69
    29 Јуни 2016
    Машко
    Истава ситуација ми се има случено, сигурно си со динамична адреса, се случува некои IP адреси да се blacklisted или банирани. Јас го решив проблемот се ресетирање на рутерот, ако не ти се чека до 02:00 тоа е времето кога го ресетираат рутерот. (барем кај мене ).
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  24. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    MAC (hw) адреса на мрежен интерфејс не оди надвор од локална мрежа, на пример на интернет
    Некаков вид на hardware id, може да се генерира од страна на апликаци, во смисла сериски броеви од компоненти итн и некаква математика да се добие едно бројче, и тоа да биде искористено на таа програма за проверка на валидност за лиценца итн, ама такви нешта (кои и не се пандан на единствен матичен број) не се пренесуваат од веб браузер до веб страници што ги посетуваш.

    Информации што се достапни преку javascript се резолуција на монитор, модел на уред, прелистувач и верзија итн. Служи за да знае таму сервер нпр слика да ти прати во резолуција соодветна за тебе, оптимизиран код за твој прелистувач, youtube / twitch / hbo go / netflix да ти сервираат видео или стрим кој што е со најдобар квалитет за твоја интернет врска итн.
    Или нешто си читал за колачиња / cookies? Посети сајт што знае дека претходно си гледал pornhab?
    Тоа може да се исклучи со подесувања, исто така може да се блокира праќање понатаму со додатоци / плагини.

    Уствари, кој знае каде си згрешил... Поента е, не постои можност веб страница да блокира по некаков "хардвер ид".
     
    Изменето од модератор: 15 Мај 2019
    На efto му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Со било која логин форма - или пак клик аксепт може да тргне инфо. Ама ова е ит форум каде секој се знае.
     

Сподели

Вчитување...