1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    Да ја мрднеме темава :)

    Полека но сигурно, колекцијата се зголемува со неколку нови наслови :)

    [​IMG]
     
    На gokica, architect, mkd и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. PeGi998

    PeGi998
    Gaining Experience

    50
    65
    3 oктомври 2018
    Машко
    Здраво,

    Ве молам за мала помош.

    Имам делукс сабвуфер и сега ми требаат звучници за него. На сликите во прилог можете да го видите моделот.

    Сакам да ги купам овие звучници па ме интересира дали ќе работат на влезот што го има на сабвуферот.

    Anhoch PC Market Online - Speakers 2.0 Genius SP-HF160 Wood

    1000 се поскапи ако одам заедно со вуфер нов па да прашам дали некој имал ваква ситуација да комбинира и дали работело.

    Поздрав

    IMG-e053a7eb942694e2e828e3d1e87231c8-V.jpeg IMG-609f08aba234bd741a707156199b577a-V.jpeg

    Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
     
  3. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,201
    28 oктомври 2008
    Прво, тоа е излез, а не влез на субфуверот.
    Второ, треба да провериш дали е активен излезот или само дава сигнал.
    Трето, било кои звучници вклучени на тој излез (доколку е пасивен) ќе добијат сигнал, а дали ќе звучат добро, зависи и од самите звучници и нивното појачало внатре. Ако е активен излез, тогаш Genius-от не ти вршат работа.
    Искрено, ова според мене е тешка трипер комбинација, но претпоставувам дека сакаш да поминеш поевтино. За жал тоа не оди во иста реченица со добар звук. Пристојна 2.1 комбинација за компјутер имаш од 4К па нагоре (Logitech). Или можеби нешто на старо, но проверено.
    Да резимирам: не ги купувај звучничињата.
     
  4. PeGi998

    PeGi998
    Gaining Experience

    50
    65
    3 oктомври 2018
    Машко
    Не ми треба ништо посебно зашто ќе ги користам ептен ретко (цело време сим на слушалки).
    Работата беше само дали можам да го искористам стариот вуфер.
    Најсигурно да си земам цел комплет од овој вид
    Anhoch PC Market Online - Speakers 2.1 Genius SW-2.1 370 Wood Black

    Фала за одговорот

    Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
     
  5. Kazaam

    Kazaam
    Gaining Experience

    130
    81
    20 Септември 2013
    Машко
    @PeGi998 Звучниците 2,0 ти се напојуваат од УСБ, немаат 3,5мм конектор.
    Ако веќе одиш на цена од ~1500, побарај да ги слушнеш и Anhoch PC Market Online - Speakers 2.0 Natec Genesis Helium 200. До сега Natec се имаат покажано како ок, посебно за цената, но за овој модел не знам. Евентуално за 2К имаш Логитек Anhoch PC Market Online - Speakers 2.0 Logitech Z211 USB Black
     
  6. PeGi998

    PeGi998
    Gaining Experience

    50
    65
    3 oктомври 2018
    Машко
    Фала за препораките. Најдов на работа звучници со исти приклучоци како тие што ги сакав па ќе пробам после дали работат со мојов вуфер. Ако не ќе одам со некој од поефтиниве варијанти на 2.1 звучници.

    Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
     
  7. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    641
    906
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Имам на таван преку 200 плочи, чувани ко очите од страна на татко ми. Ќе се селам, немам што да им правам ќе ги сликам, сортирам, и ке ги ставам тука за заинтересирани
     
    На igor_xxxx и Gaston им се допаѓа ова.
  8. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    641
    906
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Пост под пост,
    Имам за продавање плочи повелете кој е заинтересиран ќе се договориме, утре уште толку ќе додадам, многу е топло на таван :)

    Dropbox - Lp - Simplify your life
     
  9. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    ...to be continued :)

    [​IMG]
     
    На Costigan_Jr, Глупав, Tegla и уште 8 други им се допаѓа ова.
  10. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    So it begins...

    [​IMG]
     
    На Costigan_Jr, JunkieMKD, gokica и уште 10 други им се допаѓа ова.
  11. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    66
    170
    21 Февруари 2009
    По Велешки... АУФ. :)
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Ич не чинат, дај ми ги на мене!
     
    На Rukfash и igor_xxxx им се допаѓа ова.
  13. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    Како што спомнав тука, се решив да се подновам денеска со нов iPad.

    Причината за купувањето е строго поврзана со мојот моментален систем, односно да се добие контрола врз целосната интеграција помеѓу мониторите, вуферите и собата.

    Втората причина е нешто друго, но за тоа малце подоцна.

    Уште првиот пат кога ги најавија Neumann KH750 вуферите, со @InSides не “привлекоа” две работи, (1) физичката форма - 10” компресиона кутија, која што перфектно се вклопуваше со димензиите на KH310a мониторите, и (2) можноста за комплетна контрола/интеграција на системот преку интерниот DSP систем на вуферите.Уште пред да се купат, планот беше вуферите со нивното DSP да бидат “центарот” на системот.

    За да се пристапи до DSP системот, потребни се (1) iPad, затоа што апликацијата (Neumann.Control) работи само на него, и (2) вуферите да бидат поврзани во мрежа (duh :) )

    До сега, интеграцијата помеѓу вуферите и мониторите беше со користење на аналогните сетирања за бас менаџмент на самиот вуфер, од причина што апликацијата немаше поддршка за интеграција на мојата комбинација (до пред недела дена), и што немав iPad.

    Neumann.Control претставува систем за комплетна интеграција на новата генерација монитори на Neumann (DSP), а сега и има поддршка за комбинација со аналогните монитори како моите.Иако самите монитори веќе имаат солидни подесувања за акустичниот простор, тоа не може да се спореди со “финото” и прецизно подесување кое што може да се направи преку DSP-то.

    Главните предности што мене ми требаа и ги нуди апликацијата се:

    -Подесување на индивидуални параметри за локација на секој монитор/вуфер во системот;
    -Избор на точка на интеграција на вуфер/монитор (фрекфенција, октава итн);
    -Можност за точно дефинирање на сите звучници во системот и нивна независна контрола;
    -Два режима за работа на DSP корекцијата на сигналот спрема акустиката на собата, односно:
    -Guided: каде што се внесуваат еден куп информации за локацијата и околината на секој поединечен монитор, па според алгоритамот на Neumann се генерираат филтрите за корекција на сигналот;
    -Manual: Каде што рачно може да се прават PEQ корекции на одредени точки, time delay, фрекфенцијата на интеграција итн.Оваа опција е можеби помоќна за финален резултат, но си бара поголема анализа и резултати на мерење со трет софтвер, пример REW.
    -Контрола на глас, што ми е нешто многу важно и корисно во одредени ситуации;
    -И многу други опции што не се до толку важни во моментов.

    Моментално сум во почетните фази на интеграција, но веќе се осеќа дека DSP-то е моќна алатка и има подобрување, кое што очекувам да се зголеми, посебно откако ќе почнам да анализирам и со REW што се случува и да правам мануелни корекции.

    Единствениот недостаток во моментов на апликацијата е што се уште моите вуферите се релативно нови и малце доцнат со воведување на одредени функционалности.Пример за мојата ситуација е што не можам да дефинирам систем на два монитори со два вуферите во една “зона/конфигурација”, па морав да направам “cheat” и да ги дефинирам левиот и десниот канал како засебни системи.Теоретски нема никаков проблем бидејќи ми се поделени каналите на лев и десен до секој вуфер, ама е глупаво и треба да си го средат тоа.Веќе им се жалев и чекам одговор, иако гледам дека им е во листа на функционалности што ќе се воведат.

    Е сега со користењето на овие функционалности го губам статусот на аудиофил, “јер аналогно си е аналогно братче”, ама нејсе, јас и грамофонот ќе го терам преку нив :D

    И така, да се има некоја занимација по дома, еве некоја рандом фотка, има премногу чекори за сетирање, овие поглавните делови за контрола.

    [​IMG]

    [​IMG]

    И некоја фотка од целосниот систем, мислам немам простирано тука:

    [​IMG]

    [​IMG]


    Другата причина за набавка на таблетот, не толку важна како првата е користењето на Roon и Tidal за слушање на дигитална музика.Комбинацијата на овие два сервиси значително ми го зголеми уживањето на слушање музика, откривањето на нови артисти/албуми, а сето тоа прекрасно изработено и интегрирано во Roon кој што е фантастичен софтвер/интерфејс.Посебно добра е интеграцијата на локалната библиотека на музика од NAS/УСБ/Било-која-локација со онаа на Tidal (или друг сервис).

    За целосно доживување на одличниот интерфејс и сите опции што ги нуди Roon, мора да се користи таблет, кој што за разлика од Швабите во претходниот пример, не мора да е iPad :)

    Еден пример само, реално има премногу за покажување :)


    [​IMG]


    [​IMG]

    И така, тоа се случува во моментов, ако некој стигна до тука супер, јас вечерва немав баш обврски па се распишував за небитни работи :)

    Ако некој го интересира нешто повеќе, нека праша.
     
    На incontempt, Zippo, apo808 и уште 25 други им се допаѓа ова.
  14. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    66
    170
    21 Февруари 2009
    Каков грамофон?
     
    На Oktar и igor_xxxx им се допаѓа ова.
  15. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    Би сакал да знам и јас :p
     
    На Oktar и InSides им се допаѓа ова.
  16. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    AD2 D3761 FFCA 4 D38 9 E35 93376 C58 C48 D — Postimage.org

    @igor_xxxx
    Звучките се woOow само на изглед... на слух можам и да претпоставам...

    Ме интересира следново (нешто ко на пазар муабет малку е ама мора да знам):
    од кај ги "најде" (купи) сталките (пошто имам веќе звук па тоа ми фали моментално)???

    NOTE: Бравос за среденоста на каблите... кај мене е пајакова (spderweb) мрежа (и кога чистам и кога не чистам)...
     
    Последна промена: 13 Август 2019
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,338
    1,056
    2 Јануари 2012
    Машко
    Има тема за неаудиофилска дискусија? Ме интересира дали некој ги разгледал повеќето евтини wireless ear buds кои се нудат на алиекспрес и дали донел заклучок кои би требало да се добри до 30-40$?
     
  18. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    Дечкиве ги направија, ова е всушност конструкцијата БАЈРА, по димензии што мене ми требаа.Дополнително е само додадено тежина за да се неутрализираат вибрациите од празниот профил.

    DMAKER

    Иначе солидно си звучат, не се за фрлање, а каблите ако не беа средени, јас ќе бев исфрлен од дома :)
     
    icemanMK, Oktar и на Глупав им се допаѓа ова.
  19. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,684
    786
    3 Март 2018
    Драјверите што се ?
     
  20. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,310
    902
    3 Декември 2008
    Машко
    Дечки незнам дали е соодветна темава, ќе ме извините. Го имам веќе подолго време чудово, неможам нешто многу информации да најдам по нет и освен дека некој вид појачало ако може повеќе инфо.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На yasho и b.a им се допаѓа ова.
  21. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,684
    786
    3 Март 2018
    Мислам да е радио предавател
     
    Последна промена: 13 Август 2019
  22. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    Се е нивен дизајн (Neumann/K&H), а не сум сигурен дали изработката тие ја прават или друг ги прави за нив.Како и да е, не се достапни во продажба (баш овие).
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,202
    638
    9 Мај 2012
    Машко
    Токи-Воки


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
    На JunkieMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,356
    9,842
    23 oктомври 2012
    Машко
    Само би се надоврзал со пофални зборови за дечкиве, имам видено дел од тоа што го имаат сработено и можам да кажам дека се одлични.
     
    На icemanMK и igor_xxxx им се допаѓа ова.
  25. Pane24

    Pane24
    Баниран/a

    4,204
    3,322
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Радио предавател , али му фалаат уште додатоци . Screenshot_35.png
     
    JunkieMKD, b.a и на Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...