1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
  2. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,398
    1,995
    12 Август 2009
    Машко
    Не верувај во свашта...
     
  3. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    581
    363
    11 ноември 2015
    Машко
    Знам дека не е баш соодветно овде да прашам нешто но може ке ми помогне некој.
    Имам Traktor Audio A6 и Audio 10, Audio A6 работи и со адаптер и со усб(се напојува), додека Audio 10 работи само со адаптер.
    Прашањето ми е следно, веќе имам порачано два соодветни адаптери за Audio 10, како можам да изведам некоја електроника која што ке бидат двата адаптери врзани во неа и во случај ако откаже едниот адаптер право да продолжи другиот да ја напојува картата. Сакам ова да го направам пошто пушќам музика и не сакам да ма заебе адаптерот и да прекине музиката, додека Audio A6 е по нова и работи и со усб и со струја така да ако умре адаптерот автомацки си се напојува и продолжува на усб.
     
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,362
    3,229
    12 Јануари 2016
    Машко
    Верување е за верници, но мене тоа ми звучи како нешто што е сосема можно. Сепак зборуваме за повиска класа на опрема, со осетливи звучници, на кои се слушаат имперфакции.

    Инаку ти имаш некој ваков сетап, од искуство зборуваш?
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,370
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Со твоиве постови се забавувам неколку страни наназад.
    Не дозволувај да те збунат.
     
    moongose, yasho и на Avid им се допаѓа ова.
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,362
    3,229
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мило ми е дека се забавуваш, само не дозволувај тоа да те спречи во спремањето на одговорите кои од поодамна ги должиш на повеќе одделни дискусии... Не е убаво, ќе си помисли некој разни работи.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,370
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Тоа што „некој“ ќе си помисли разни работи не значи дека треба да престани да мисли.
    Што очекуваш? Да ти разглобувам за квантизации по време и по амплитуда, за атенуација на сигнал кај оптички и коаксијални кабли или за потребата да се користи еден vs друг?
    Или во кои случаи и на кои должини се употребува оптички а во кои коаксијален? Со докази? Кои докази?
    Како ќе се докажуваме? Со кои осцилоскопи и чујни тестови?

    Немам намера да го правам тоа.

    Односно тебе никој и ништо не може да ти докаже. Ти веќе си формираш свое мислење со едноставно читање на аудио форуми каде што занесењаци можат да слушнат хемиска реакција од батерија која на осцилоскоп дава права линија.
    Од една страна имаме „монструм“ појачала (во цена, големина и квалитет), аудиофилски, кои користат тороидни трансформатори и гигантски кондензатори за да се доближат до идеалот на прав напон а ваму имаме ликови кои слушаат хемиска реакција.


    Ме фаќа „мука“ затоа што прескокнав клучни теми кога ја пишував темата за амплификација. Требаше да напишам цел еден реферат за најбитното нешто кај појачалата - нивната напојувачка секција.
    Сметав дека тоа ќе биде overkill и дека треба да се фокусираме на најбитното нешто.

    Ама гледам на форумов има научници кои можат да одгатнат на кој начин се привел сигналот до DAC-от и со својата интерна, чујна, „резолуција“ да го разликуваат сето тоа.

    btw
    Гледам стара тема (која ти си ја напишал) која гласи
    „Mini Karlsonator евтини звучни кутии за самоградба, во комбинација со евтин засилувач TDA7297“

    Најверојатно ова е единствен твој допир со HI-FI затоа што таму си напишал

    Доволно е да се прочита она „комбинација од хорна и бас рефлекс“ за човек да се сврти и да си замине.
     
    На Tegla, CBB_6, Necromancer и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,219
    1,238
    10 Септември 2010
    Знае некој каде би можело кај нас да се најде нешто слично на ова од Анхоч, само поефтино - доколку е можно?

    Потребно е да се добие сараунд од USB влез, на мини 3.5мм излез за 6 канали.

    Anhoch PC Market Online - Sound Blaster Creative X-FI Surround 5.1 PRO

    Благодарам.
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,137
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не знам дали разбирам добро, но има разни работи... Ако најдеш нешто, потоа можеш да го побараш истото и на Алиекспрес, ако е за поевтино. За квалитетот не знам.
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,398
    1,995
    12 Август 2009
    Машко
    А како се изразува тој шум? со пик во напон?... на батерија?
    и како ќе се испегла.. со електроника?
    Ако од батерија смета шумот, што да кажат оние што платиле илјадници евра за појачало со трафо?
    Секој допир на намотката создава ripple..вибрација на жица допрена до метал(трафо) е ужас....создава свој извор на потенцијал во истата жица....
    Како и да е, без добро напојување, нема добра музика... ама со усул.
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,370
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Ова е чудна дисциплина. Врвни музичари како што се диригенти можат да уживаат во музика на обична мас-продукциска линија. Да не заборавиме дека тоа се луѓе со многу изоштрен слух и огромно искуство. Во меѓувреме има луѓе кои не пречекориле на било каков концерт па дома имаат опрема која тежи колку колку солиден автомобил од средна класа.
    Исто така јас со години пробувам да објаснам и докажам дека собите во кои слушаме музика не се достојни на опремата или ако сакате, опремата не е достојна на собите во кои се слуша музика.

    И, што е најстрашно, ова е хоби за себичњаци. Она што тебе добро ти звучи и што ти е убаво најчесто не е за другите (и обратно)
    Исто како да гејмаш на телевизор. Додека ти "скокаш и убиваш" остатокот од фамилијата треба да врти палци.

    Многу разум и преиспитувње е потребно за да склопиш добар аудио систем кој ќе ти одговара тебе и на твоите музички афинитети.

    Напеавете си услуга!
    Ако не слушате класична музика, ако не слушате хорско (или било како а капела) пеење или општо ако не слушате не амплицифирана музика, не си ги трошете парите без потреба.

    Освен во случај на чаталење.
     
    На gremlin, mkd, Banjifiko и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,362
    3,229
    12 Јануари 2016
    Машко
    Читајќи го вака овој Флегма повеќе ми заличува на филозоф отколку на аудиофил љубител на аудио техника.

    Колку е самобендисано да кажеш дека занимавање со аудиотехника е „хоби за себичњаци“... :oh:

    Абе филосоФ, од каде воопшто сублимираше дека „диригентите слушаат музика на обични мас-продукциска линии“? Од каде заклучи дека луѓето не слушаат класична музика? Од каде заклучи дека класична музика (и хорско пеење) е единствената музика која вредела да се слуша на добра аудио опрема? Си слушнал за Џез? Блуз, Њу ејџ, итн итн десетици музички правци за кои не е важно „само да се има бас“?

    И кој ти кажа дека мора да истрошиш невидено многу пари за имаш дома дома добра аудио техника?




    Абе настрана твоите писателски амбиции за пишување учебници по електроника.

    Јас неколку пати те прашувам едноставно прашање кое никако да го одговориш: Што е неточно во тоа дека опрема која работи на квалитетни линеарни напојувања, дава почист звук во однос на истата опрема кога работи со свичинг напојувања?

    upload_2019-5-3_21-10-1.png
     
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,362
    3,229
    12 Јануари 2016
    Машко
    Неколку линкови од интерес:
    https://tf.nist.gov/general/pdf/1133.pdf
    http://www.telepower.com.au/INT95b.PDF
    Simple Voltage Regulators Part 1: Noise (и не само последнава страна)
    На повеќе места сум читал дека за аудиофилски потреби не носат електрична енергија директно од батерии. Плус во некои ситуации треба да се земе во обзир и електричната импеданса на батериите. Но ништо не е совршено па како и да земеме, дури и со сите негативности многумина се согласуваат дека батерии се многу подобро напојување од свичинг напојувањата.

    Се разбира дека после одредена граница се се сведува на ситничарење. Но овде на форумов повеќето (ваљда, а?) сме гикови кои би требало да сакаме да ситничариме за техника. Па и за аудио техника.

    Или со други зборови, ако имам акумулатор кој секако му иде време да го менувам есенва... Што ме кошта да се позанимавам и да го пробам како напојување во аудио сетап?

    Треба ли да бидеме љубопитни и да сакаме да пробаме нешто ново? Или треба да бидеме флегми како Флегма, и да мислиме не треба да се замараме повеќе од купување на првиот пластичен систем на кој ќе налетеме во Нептун. Или можеби некои активни компјутерски звучничиња со лажни фејк драјвери кои ете стануваат популарни во последно време?
     
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,370
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    На ниедно прашање не заслужуваш одговор.
     
  15. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,362
    3,229
    12 Јануари 2016
    Машко
    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG]

    Флегма, Карлсон(атор) се кутии со хибриден дизајн. Не знам што е тоа толку чудно, освен за да „ловиш“ лапсуси за мерење онаквото. Ајде најди ми други кутии што се релативно лесни и евтини за самоправење а даваат таков звук со измерен респонс како горе на графикот.

    И зошто таму не го искоментира ова таму во темата за звучниците, конструктивно, туку вака демек копаш стари теми за да најдеш по што да плукаш? :hay:





    едит:
    Не туку толку ти сече да правиш технички муабет.
    Претпочиташ да трачариш како сосеткиве од уличкава, но волшебно те снемува кога ќе дојде време озбилно да се дискутира. ;)
     
  16. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Дајте еднаш степајте се за тоа кој подобро го отсвирел "Бумбаров лет" на кларинет!

    Опремата е сепак, секундарна работа во музиката.

    Примарната е да те натера и да свириш нешто или да се вмешаш на било кој начин, е дури потоа задоволството е на ниво кога имаш и инструмент и опрема. :)
     
    На nik0la_ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,250
    2,268
    9 Февруари 2011
    Фон Карајан слушал на AR-LST, Мајлс Дејвис на AR-3a, Луис Армстронг на AR-2 итн.

    :D Ова ја ко скромен колекционер на AR
     
    Chicco69, FLEGMA и на alek99 им се допаѓа ова.
  18. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    364
    28 Јануари 2008
    Машко
    Ако некој знае, на што појачала слушале да каже? Предпоставувам лампа со грамофон како извор?
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  19. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    364
    28 Јануари 2008
    Машко
    @Lokvan со кој модел на фостекс планираш да ги правиш кутиите?
     
  20. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,250
    2,268
    9 Февруари 2011
    Кој да знае, ретко да наидам на тој „друг“ податок.
    Знам дека Луис Армстронг му поклонил ленташ на Едгар Вилчур (основачот на AR) во знак на благодарност што создал такви звучници.
    Универзитетот во Северна Каролина, имале повеќе пара AR-3a ги напојувале со CROWN DC-150 (транзисторец).
    А ако некој ги бркал со лампаши, тогаш мора да биле некои многу моќни модели.
    Пријател сум со Roy Champagne (на Audio Karma форумот под ник RoyC) - еден од ретките живи и сеуште активни, а кој работел во првата фабрика на AR.
    Одамна со него не правиме муабети за аудиофилија, порано советуваше дека добар PA професионален снагатор со убаво предпојачало (може лампаш нели) е одлично за AR.
     
    На Chicco69 и alek99 им се допаѓа ова.
  21. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    364
    28 Јануари 2008
    Машко
    Ај вака сеа, немам информации како твоите (во точноста не се сомневам), но ако се земат основните податоци заклучокот сам се наметнува, кој кога и на што највеќе слушал.
    Луис Армстрон 1901-71, Карајан 1908-89, Мајлс 1926-91
    AR почнува производтво 1954.
    Лампашите најголем подем имаат 50-60ти и замираат во 70ти години, германиумот зема замав 60-70ти, после го заменува силициумот.
    Соодветно сите тројца највеќе живееле во времето на лампите и грамофоните.
    Не контрирам само логицирам.
    И навивам за лампите :)
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,250
    2,268
    9 Февруари 2011
    Уствари и јас навивам, поготово откако ги чув кај тебе во не-пуш-пул варијанта (како и да се вика правилно).
     
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,370
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Само разликата е што сите овие набројани имаат(ле) лице да кажат дека одреден звучник или појачало звучат лошо затоа што и самите учествуваат во изведбата.
    Ментална референца треба да имаш за музика.

    „Стручњакон“ во погорниот пост прашува одлично прашање:
    Динамика. Во динамиката е одговорот дете златно.
    Затоа ти викам дека не заслужуваш одговор. Затоа што очигледно немаш фундаментални познавања.
    Не ти го спорам ентузијазмот (или што и да е) за градење ама сепак некои работи мора да ги познаваш пред да се залеташ „грлом у јагоде“

    Класичната музика, особено во изведба на комплексни дела, знае да фрли на колена едно чудо појачала и звучници. Затоа е потребна квалитетна опрема.
    Амплифицираната музика едноставно нема динамика како класичната музика. Факт!

    btw
    Кога прв пат слушнал како звучи CD Карајан рекол „Она претходно беа плински светилки“
     
    yasho, Sharlovski, alek99 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,370
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Acoustic Suspension ги објаснив во темата за звучници.
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  25. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    852
    557
    1 Јуни 2016
    [​IMG]
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...