Daniel86
poweruser
Daniel86's setup
- Processor & Cooler
- i5 11400 & Deepcool AK620
- Motherboard
- Gigabyte Z590 UD AC
- Storage
- Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
- PSU
- Asus Rog Strix 850W
- RAM
- 2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
- Video card
- Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
- Case
- Deepcool Tesseract SW Black/Blue
- Mouse
- MX Master 3
- Keyboard
- Aula Moon Slasher
- Audio
- Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
- Monitor
- Asus TUF Gaming VG27AQ3A
- OS
- Windows 11 Pro
Здраво деЌки, не ме бива многу за правење туторијали, но ќе се потрудам да бидам што пократок и појасен. Ова е една од посложените операции коишто може да се направат на еден лаптоп, па се решив да споделам, можеби некому ќе му помогне 
Ми стигна матична од лаптопче ASUS X454L со дефект не се вклучува. Имено, врз лаптопот е истурена кока кола, сопственикот го растурил и очистил колку можел, меѓутоа не било доволно. Се работи за матична плоча, Code Number ASUS X455LJ Rev. 3.1.
Прво што ми падна во очи е корозија на и околу RAM контролерот, RT8248A.
Меѓутоа, се испостави дека воопшто не ни доаѓа напон од 19.5V до кородираниот отпорник PR8318, како и истиот јавува бесконечен отпор наместо 620KΩ. Причината за прекинот на напон е изгорен влезен мосфет PQ8301>PEA28BA SMD Marking-E4.
Откако PQ8301 и PR8318 620КΩ беа заменети со нови и беше средена корозијата, RAM контролерот PU8300>RT8248A, како и останатите делови од плочата го добија својот влезен напон, плочата почна да вклучува, но без да даде слика на дисплеј.
Дополнително, забележав дека сите Onboard RAM чипови прегреваат веднаш штом им дојде напон, веднаш ми беше јасно дека некој од нив, ако не и сите, се изгорени.
Следна постапка е модифицирање на плочата со давање хардверски инструкции на процесорот примарна RAM меморија да биде таа во слотот, а не таа залемената Onboard.
Чекор број 1, R2108 го преместуваме на празното место од R2107, каде што наместо контакт со GND, ќе оствари контакт со +3VSUS.
Чекор број 2, R2110 го преместуваме на празното место од R2109, каде што исто како и во првиот случај, наместо со GND, ќе оствари контакт со +3VSUS за DIMM1.
Чекор број 3, R2112 го преместуваме на празното место од R2111, повторно со истата цел, наместо да биде поврзано на GND, ќе биде поврзано на +3VSUS.
Го пополнуваме празниот слот со RAM меморија DDR3L 1.35V и резултатот е следниот.
Добивме плоча што работи, но не сме завршиле тука. Изгорената onboard RAM меморија се уште е на плоча и сите чипови прегреваат, што го прави лаптопот нестабилен за работа и подложен на дополнителни дефекти.
Следен и последен чекор е вадење на чиповите од плоча. Невозможно е да се прекине дотокот на напон до нив, т.е. едноставно да се исклучат, бидејќи така ќе се исклучи и меморијата во слотот.
^ Еве ја кока колата под чиповите
И извадените чипови
Сега е се во ред, нема прегревање, нема оштетени делови на плоча, ниту корозија и кока кола. Слики од комплетно склопен и тестиран лаптоп немам бидејќи ми беше испратена само матичната плоча.
Се надевам темава ќе му се најде на некого, а и читателите ќе разберат зашто понекогаш поправката чини и по 2-3000 денари.