1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Туторијал Asus Onboard RAM Disable

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Daniel86, 6 oктомври 2019.

Тагови:
  1. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,677
    6,913
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Здраво деЌки, не ме бива многу за правење туторијали, но ќе се потрудам да бидам што пократок и појасен. Ова е една од посложените операции коишто може да се направат на еден лаптоп, па се решив да споделам, можеби некому ќе му помогне :)

    Ми стигна матична од лаптопче ASUS X454L со дефект не се вклучува. Имено, врз лаптопот е истурена кока кола, сопственикот го растурил и очистил колку можел, меѓутоа не било доволно. Се работи за матична плоча, Code Number ASUS X455LJ Rev. 3.1.

    Прво што ми падна во очи е корозија на и околу RAM контролерот, RT8248A.

    Screenshot_2.png

    Меѓутоа, се испостави дека воопшто не ни доаѓа напон од 19.5V до кородираниот отпорник PR8318, како и истиот јавува бесконечен отпор наместо 620KΩ. Причината за прекинот на напон е изгорен влезен мосфет PQ8301>PEA28BA SMD Marking-E4.

    Screenshot_3.png

    Откако PQ8301 и PR8318 620КΩ беа заменети со нови и беше средена корозијата, RAM контролерот PU8300>RT8248A, како и останатите делови од плочата го добија својот влезен напон, плочата почна да вклучува, но без да даде слика на дисплеј.

    Screenshot_4.png

    Дополнително, забележав дека сите Onboard RAM чипови прегреваат веднаш штом им дојде напон, веднаш ми беше јасно дека некој од нив, ако не и сите, се изгорени.

    Следна постапка е модифицирање на плочата со давање хардверски инструкции на процесорот примарна RAM меморија да биде таа во слотот, а не таа залемената Onboard.

    Чекор број 1, R2108 го преместуваме на празното место од R2107, каде што наместо контакт со GND, ќе оствари контакт со +3VSUS.
    Screenshot_5.png

    Чекор број 2, R2110 го преместуваме на празното место од R2109, каде што исто како и во првиот случај, наместо со GND, ќе оствари контакт со +3VSUS за DIMM1.
    Screenshot_6.png

    Чекор број 3, R2112 го преместуваме на празното место од R2111, повторно со истата цел, наместо да биде поврзано на GND, ќе биде поврзано на +3VSUS.
    Screenshot_7.png


    Го пополнуваме празниот слот со RAM меморија DDR3L 1.35V и резултатот е следниот.
    Screenshot_8.png

    Добивме плоча што работи, но не сме завршиле тука. Изгорената onboard RAM меморија се уште е на плоча и сите чипови прегреваат, што го прави лаптопот нестабилен за работа и подложен на дополнителни дефекти.

    Следен и последен чекор е вадење на чиповите од плоча. Невозможно е да се прекине дотокот на напон до нив, т.е. едноставно да се исклучат, бидејќи така ќе се исклучи и меморијата во слотот.
    Screenshot_9.png

    ^ Еве ја кока колата под чиповите :)

    И извадените чипови
    Screenshot_10.png
    Screenshot_11.png


    Сега е се во ред, нема прегревање, нема оштетени делови на плоча, ниту корозија и кока кола. Слики од комплетно склопен и тестиран лаптоп немам бидејќи ми беше испратена само матичната плоча.
    Се надевам темава ќе му се најде на некого, а и читателите ќе разберат зашто понекогаш поправката чини и по 2-3000 денари. :)
     
    На bLaCk AnArChY, Fatal1ty_, farkizz и уште 85 други им се допаѓа ова.
  2. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    738
    527
    11 ноември 2015
    Машко
    Браво свака ти час. Ме радува кога има човек со кој што можам да споделам таква работа.
     
    The Geek Boy, GGTT1, Daniel86 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,278
    3,389
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Браво на трудот. Треба почесто да објавуваш вакви сложени туторијали.
     
    The Geek Boy, GGTT1, borcep и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    505
    451
    27 oктомври 2016
    Браво мајсторе! Капа долу...
    За останатите членови: Ако некој ве понуди Кока-Кола знајте дека не ви мисли добро.

    Sent from my MI 4W using Tapatalk
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,111
    4,389
    4 ноември 2013
    Машко
    Маестрално!
    Фала ти за поправкава. Нема што да пишам повеќе...се е кажано за тебе мајсторе.
    Симнувам капа!
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,677
    6,913
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Ги охрабрувам и им предлагам на сервисерите на форумов, (знам дека мора да има некој) да ме контактира преку ПП за форумџиска соработка и support. Се разбира, не wannabe сервисери, туку искусни електроничари.
     
    На farkizz, AndrejFerdzo, smole и уште 12 други им се допаѓа ова.
  7. damil

    damil
    On your way to fame

    640
    593
    2 Јануари 2015
    Машко
    Свака част мајсторе !
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    462
    382
    26 Јуни 2012
    Машко
    Оуууу браво Даниел! Next level одлука со свич да бутира директно со рам од слот :eek:. Me like it :D. Немаше опција да се замени оригиналниот onboard рам и да си се врати како што било?(најверојатно да не се чека 30дена+ додека да стигнат нови е моја претпоставка)
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,677
    6,913
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Со свич ептен некако ентузијастички е, кој ќе се заебава :D а и нема ефект кога веќе мора да се извади залемениот рам, а има опција да се замени оригиналниот онборд рам, меѓутоа како што спомна чекање 30 дена, па риболинг на 8 чипови, па враќање на преправките, па дали кинезите ќе испратат нови или половни чипови, дали еден од нив ќе прави проблеми, па чувај го уредот месец дена да фаќа место, клиентот чека без потреба... Вака е некако најлесна и најбрза солуција.
     
    mdeni, G4M3R и на worker_x им се допаѓа ова.
  10. krema

    krema
    Professor

    9,488
    9,186
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ова е за 10-ка во индекс. :)
    Гуд џоб :)
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Свака част.
    [​IMG]
     
    Fredy, Astro и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  12. Astro

    Astro
    Guru

    6,155
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    @Daniel86 знаи џабе го пишуваше туторијалот. Не го ни дочитав.

    Ти носам лаптоп и кеш и го срдуваш. Толку, една реченица.
    Свака чаС
     
    На Daniel86 и borcep им се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,492
    3,413
    12 Јануари 2016
    Машко
    Реално и повеќе би требало да кошта, со оглед на нивото на знаење, искуство, и опрема што требаат за вакви поправки (често и времето што ќе се потроши)... Друга работа е што цените на хардверот (посебно тој од пониската класа) идат надолу па на корисниците често не им се исплатат поправките - што доведува до тоа да сервисерот месечно не заработува ни одблиску доволно (за порано или подоцна не почне да се занимава со нешто поисплатливо). Ова претпоставувам е и причината што добри сервисери електроничари денес се веројатно поретки и од невини полнолетни девојки (за кои легендите велат дека сеуште постојат). ;)

    Поздрав за трудот и напишаното.
     
    На Peceto, damil, worker_x и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,677
    6,913
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Кај мене богами нема веќе евтино, заврши тоа. Како што викаш, кога ќе соберам на куп колку пари трошам за делови, за опрема, те ваков програматор те онаков, два ги имам досега купено професионални само на нив се дадени 400 евра, и се спремам за трет за да бидам во чекор со технологијата. На пример само едно обично кабелче за флешување Apple чини 80$. Само кабелче со конектор, ништо друго.
    По минимум 30 нарачки имам месечно од Алисекпрес, не дека ми требаат во моментот, туку ЌЕ ми затребаат некогаш. И баш пред малку имав случај кога ми побараа внатрешен дц конектор за полнење со промена, реков 1000 денари, иако и тоа е некако малку за таков тип поправка, добив одговор: nisto mnogu mi e... si naracav od aliexpres.. samo dodeka stigne..

    Толку не зборувам повеќе, почнав да се нервирам. Само дерење од сега па натаму. :)
     
    На spiritBreaker, mdeni, VerGer и уште 8 други им се допаѓа ова.
  15. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,442
    12,615
    2 Август 2012
    Машко
    Ти изјавувам почит!
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,120
    12,626
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ти вака можеш и рам да му надградиш...:D

    Да беше девојче...
     
    На FLEGMA и Daniel86 им се допаѓа ова.
  17. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,677
    6,913
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Па теоретски би можело, има и таква опција, кој да се замара...
     
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,120
    12,626
    23 Јануари 2008
    Манга
    Практично би можело, ваљда...некад коа немаш попаметна работа треба да се проба. Ако е успешно ќе ти наоѓам муштерии за многу пари да им надградуваш на плочи без слотови од скапи лаптопи.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Peceto

    Peceto
    Gaining Experience

    59
    56
    24 Јули 2012
    Машко
    I treba da koshta poveke.So ogled deka na plocha e se od mem,procesor,grafika(se razbira) pri vakva situacija zamenata na plocha e edino reshenie I NAJSKAPO. Taka da so dva asusci so i5,i5+vga i eden i7+vga i te kako se isplakja da se plati i sredi-ako e toa toa. A so ogled deka pregrevanjeto na ramot e specifikata - dva od laptopite greeja na ram(eden popiven,za drugite dva si shushukaa).
    Kako sho vika situacijata kaj nas - monteri ima mnogu,majstori taka i taka,a dijagnostichari skoro pa ich. Respekt @Daniel86 za vremeto sho si go poarchil pa i iskustvoto sho si go steknal. (rockon)
     
  20. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,357
    3,063
    24 Септември 2012
    Сега веќе правиме муабет. Тоа е реалноста. Конкретно Zenbook 14ката е феноменален лаптоп со умрљан рам, со 32GB треба да е фантастична машина. Ова е поле на кое има простор за културен натпревар меѓу народите.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,677
    6,913
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Сепак надградба на онборд рам не е ни одблиску лесно како што е туторијалов. Вклучува наоѓање компатибилни чипови, масивно едитирање на биос за да може да ги прочита, дополнителни модификации на плоча, еден куп време и работа, и на сето тоа треба да се даде гаранција. Сето тоа чини многу, стварно многу време и пари, може на крај да излезе залудно, може и тотално неисплатливо или да појавува рандом дефекти или нестабилности. Скоро ниедна плоча не е предвидена за додавање екстра рам или промена на истиот, прво на пример, да речеме оваа плоча ја има во две варијанти, со и без рам. На таа без рам недостигаат па најмалку 50 компоненти. Кога ќе земеме во предвид дека за повеќето лаптопи постојат или само шема или boardview, никогаш двете, не може да се состави крај со крај. За еден отпорник што беше изгорен, потрошив скоро 3 часа да најдам што вредност е водејќи се према даташитот од рам контролерот, па додека да најдам специфична вредност од ни помалку ни повеќе туку точно 620 килооми... И сета таа мака за еден отпорник, камоли за преправка на цела плоча заради ентузијазам. Идејата како идеја звучи супер, меѓутоа во реалноста е практично неизводлива.
     
    На Tajson, PC_GAMER, CBB_6 и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...