D
Администратор
Најмал проблем, зашто мислиш дека јас сум ве искористил.
Еве ја мојата листа на нарачки
Погледнете го атачментот 126127
- Од последнава акција ранец + маус (рандом за моиве)
- Од Black Friday мали глупости, мислам мауспади и полначи
Ранецот и маусот беа ултра евтини. Оние мауспадите беа како некој регулар попуст во Грција. Logitech безжичните полначи (3 земени) ултра евтини.
Досега сум платил 3.000 денари по регуларна цена како што ветив дека ќе направам.
Тука доаѓа интересното:
- Ќе платев веќе уште 3к, да не заебевте вие работа и да не моравте да продолжите гратис членство
- Ќе платев сигурно Master 3-ка, да имавте интегрирани залихи со Нексио
Тоа се уште 150 евра, односно x3 од тоа што сум вложил.
Доколку имавте и други производи во маркет, првично мојата интенција беше да купувам од кај вас, без разлика дали сте поскапи или не од Анхоч, СЕТЕК итн за да ве поддржам.
Така што тој неискористен потенцијал не е мој проблем, туку е ваш проблем кој треба да го решите.
Последно, а за ова сум сериозен, по оваа акција со 16 години како што почна, сакав да го продолжам членството на 5+ години. Сега ми се „закисели“ работава, зашто стварно е безвезе и ми се враќаат Виетнам флешбекови заради глупи и непотребни работи. Стави фикс време, стави производ и нека лапаат членовите.
Еве јас ке сумирам, за да не зјапаме у долга листа која никој нема да ја разбере:
1. Имаш дадено 3000 денари за премиум членство.
-3.000
2. Поради наше задоцнување со маиците, те частевме 1 година премиум членство кое тогаш беше 3к, ама еве ке го сметаме по новата 1.5к. + вредност на маица од 550 денари (набавна со достава)
-3.000 / +2.050
3. Нарачка 888938 - купен ранец за 99 ден + M90 маус за 16 денари. Заштеда од малопродажни цени = (490 + 439) - 115 платени = 814 денари
-3.115 / +2.864
4. Нарачка 882305 - Lenovo слушалки, купени за 309 ден (малопродажна: 1500). Заштеда: 1500 - 309 = 1.191
-3.424 / +4.055
5. Нарачка 882288- Мауспад купен за 140 ден (малопродажна: 590). Заштеда: 590 - 140 = 450
-3.564 / +4.505
6. Нарачка 882287- Мауспад купен за 140 ден (малопродажна: 590). Заштеда: 590 - 140= 450
-3.704 / +4.955
7. Нарачка 882286 - Мауспад купен за 140 ден (малопродажна: 590). Заштеда: 590 - 140 = 450
-3.844 / +5.405
8. Нарачка 882234 - Полнач купен за 190 ден (малопродажна: 996). Заштеда: 996 - 190 = 806
-4.034 / +6.211
...
Да продолжам? Ова се само 6 од вкупно 11 нарачки што ги имаш направено...
На ова плус придобивки имаш можност да објавуваш неограничени огласи во ИТ огласник, статус на верификуван огласувач, учество во месечен giveaway и попуст на колку-толку производи во ИТ маркет. Не го ни ставам во фактор дека можеби имаш лична сатисфакција дека си помогнал нешто асално да опстане во општествово, тоа нели, на никој не му е гајле.
Поентата ми е, барем ти не треба да кукаш во овој стил:
Ама за постоечките, кои еднаш месечно добиваат 1337 и празен маркет, ова може да се гледа како негативно искуство бидејќи има FOMO + нејасни правилна на игра (не е дека секој ден во 12 има нов производ, нели?) и кога еднаш во годината добиваме нови производи во маркет, истиве ги нема на залиха.
Не е убаво, ке ти поверува некој.
п.с. пиво или SSD-то?