Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Плати во ИТ индустријата во Македонија

Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com
сличен оглас имаа и оние Lean, плата не кажува, максимум месечно 50,000 евра :ROFLMAO:
Тоа е затоа што не бараат стандардни работници за плата туку луѓе што не ги интересира пари и само сакаат да градат нешто. (Има такви и не е до толку лошо колку што звучи, особено ако се постигне успех што го имаат замислено, ризично ама валидно)
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje

Значи во превод... бараат луѓе што имаат пари и што не им треба работа, ама сакаат да седат меѓу луѓе и да програмираат нешто заедно, па ако пукне и се продаде, да слават заеднички? Ако не, тоа е тоа, сите по дома?

Кај се тие луѓе да ги најдат ми требаат и мене, градам и јас еден сервис... па нека работат за џабе.
Имам Долче Густо кафемат и Кока Кола гратис... Па ако успее идејава, имаат % :D
 
Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com
Значи во превод... бараат луѓе што имаат пари и што не им треба работа, ама сакаат да седат меѓу луѓе и да програмираат нешто заедно, па ако пукне и се продаде, да слават заеднички? Ако не, тоа е тоа, сите по дома?

Кај се тие луѓе да ги најдат ми требаат и мене, градам и јас еден сервис... па нека работат за џабе.
Имам Долче Густо кафемат и Кока Кола гратис... Па ако успее идејава, имаат % :D
Знам дека звучи ненормално, и мене ми е нереално ама знам дека повеќето директори така размислуваат и до негде ги разбирам зошто го бараат тоа ама од друга страна ако тие луѓе не сакаат пари и знаат да го работат истото сами, попрво би си направиле бизнис отколку да работат за некој друг.

Прочитале некоја книга за менталитет ама не ја сфатиле поентата целосно и сега пробуваат да бидат различни.

Не е стандардна експлатација во ситуацијава туку е по своја желба тие луѓе да сакаат да го прават тоа самите себеси, не да се приморани и да немаат друг избор.

Психолошки гледано, на работник колку и да му дадеш плата (пример 10 000 евра месечно) за година дена пак ќе сака покачување така што од работа тешко дека ќе се збогати некој ако тоа им е целта.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.279
2.710

Да бидеме реални, 50к е нереално. На тој клиент целиот буџет за рекламирање можеби му е толку, ако не и многу помалце. Ти треба еден човек или фирма да го менаџираш сам без тим околу тебе, да бидеш секретарка, копирајтер, дизајнер, и ад менаџер. Да изгинеш буквално треба.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.181
16.288
Овие шеми треба да добијат внимание од антикриминалните органи што оваа држава за жал ги нема.
 
Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com
Да бидеме реални, 50к е нереално. На тој клиент целиот буџет за рекламирање можеби му е толку, ако не и многу помалце. Ти треба еден човек или фирма да го менаџираш сам без тим околу тебе, да бидеш секретарка, копирајтер, дизајнер, и ад менаџер. Да изгинеш буквално треба.
Точно дека ќе треба да изгине некој за тие пари ама па има луѓе што само работа ги интересира или општо се гладни за успех па може ќе најдат некој таков.
Мислењето е автоматски споено:

Како знам дека има вакви типови на луѓе? Јас бев таков на почеток на кариерата, работев во стартап од нула кој што покривав најмалку 5 или 6 позиции (од развој на софтвер, до дизајнирање на апликацијата, до девопс, до продукт и тестирање, иако имав помош од страна, ама премногу одговорности беа за тогашни 1000 евра нето плата пред 8-9 години.

Едноставно не можев да постигнам ама тоа ме научи што сакам и што не сакам, ме изгради како карактер, и ми помогна многу во кариерата, иако звучи лудо.

Од денешен аспект не би го направил тоа повторно но ги разбирам тие што работат повеќе позиции за ниска или нереална сума на пари. Не го ни поддржувам ама од друга страна не знам дали има алтернативи за поврз раст и развој во кариерата.

Тоа се учи само ако го поминеш најтешкото и ги сфатиш придобивките и недостатоците од истото.
 
Последна промена:

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.402
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Драма оглас: Business Development Executive - почетна плата од 40.000 денари, со бонуси до 5.000 евра месечно
Насловот е крстен „Директор за Развој“, доле во наслов за испраќање емаил „Директор за Продажба“.

Вакви огласи се креираат кога немаш вработени за таа плата, пошто немаш наведено што задачи ќе има овој „директор“ а пробуваш да залажеш дека ќе имаат и плата до 5к еур. А некако мислам дека за да стигнеш бар до 1500 еур, треба да се клонираш на 2 места од еднаш :D

Погледнете го атачментот 156102

Голем дел од менаџерските улоги земаат плата вака. Бонусите им се врзани со цели.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232
Не гледам проблем некој да ти понуди удел во фирма што успешно работи? Ќе се вложиш многу повеќе сакајќи тој удел да вреди повеќе. Секој во фирмата ќе работи за фирмата да успее. Работа на плата е работа под минимум во 95% од случати во Македонија. Затоа сме каде што сме. Филозофијата - не можеш да ме платиш толку ниско колку што јас нема да работам е најголемиот проблем но и најсилното мото кај земачите на плата (не ги нарекувам работници).

Не мора да прифатиш да работиш таму, но моделот е многу солиден.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Голем дел од менаџерските улоги земаат плата вака. Бонусите им се врзани со цели.
Не мора да прифатиш да работиш таму, но моделот е многу солиден.

Можеби е така не викам не, ама праксата во Македонија со огласите од овој тип ме наведуваат да мислам дека е сосема обратно.

Плус, ако просек нето плата на цела фирма е 31 односно 27 во 2024 година... што знам, некако не сум убеден дека ќе ми дадеш бонус 5 иЉади евра.

Screenshot_3.png

Сличен оглас бил пуштен пред 2 недели, но тука друга сума пишале:
> We’re expanding our sales team with ambitious Business Development Executive who are motivated, confident, and ready to grow — with performance bonuses that can exceed €2,000 per month

Останати огласи, скоро сите, завршуваат со „Executive“ плус „Competitive base salary + performance-based bonuses“. Ваквите не сакаат плата да ти дадат а мислат дека ќе те придобијат со тоа „бонусот“ кој никој не го видел од 2001. Или можеби треба да заглавиш 10 години на таа позиција за да почнеш да добиваш бонуси.

А истиот оглас од горе, бил пуштен 11 пати во 2025 година.
Тоа ми кажува дека директорот некако слабо доаѓал до бонусот :rolleyes:

Може сум грешка, не знам.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.279
2.710
треба да се гине дечки, им требаат воини на нив, не луѓе што работат за плата. :ROFLMAO: искрено младите секогаш се жртва на ова, преамбициозни влагаат со елан, но по неколку месеци сфаќаат дека се прегорени од работа и искористени само.
 
Погледнете го атачментот 156108

Многу грешиш. Ова кажува колкава плата има и на таа плата имаш придонеси што се сериозно високи. На бонус нема придонеси. Тоа си оди под друга графа и давачките се 10-12% а за 3000 евра бонус, дали ќе плати 300 или ќе плати 1500 евра кон државата има сериозна разлика. Фирмата пораснала од 50 на 70 вработени. Ако не чини, ќе си одат и ќе намалат.
треба да се гине дечки, им требаат воини на нив, не луѓе што работат за плата. :ROFLMAO: искрено младите секогаш се жртва на ова, преамбициозни влагаат со елан, но по неколку месеци сфаќаат дека се прегорени од работа и искористени само.
Младите гинеле од работа. Тоа го немам видено последниве 10 години.
 
ти ми делуваш на воин, не се прашуваш околу проектов него влагаш ал ин. 50,000 евра се твои :ROFLMAO:
 
Можеби погрешно се изразив. Разбирам тоа околу бонусите... но...

Ако имаат 50 до 70 вработени, сите се со бонус? Сите се дел од фирмата? Сите имаат % учество? Сите се директори, менаџери и на високи позиции со удел од фирмата?

На тоа мислев, бидејќи просек ако ти е 27к денари, ми кажува дека не се добро платени вработените па оттука (мое мислење) е дека да стигнеш до таков бонус е скоро невозможно.
 
сите се пријавени и добиваат/плаќаат мининални придонеси и си добиваат бонуси по резултати. Некој 100 некој 1000 некој 10000 евра можеби? Тоа си е нивно. Но растот кажува дека моделот е добар. Ако нешто не е добро, брзо се шири гласот за тоа.
Мислењето е автоматски споено:

ти ми делуваш на воин, не се прашуваш околу проектов него влагаш ал ин. 50,000 евра се твои :ROFLMAO:
Работам сам на свои проекти. платата ми е пониска од тие таму, ама уделот ми е 100%.
Во твоја фирма повеќе ќе сакаш да имаш зимачи на плата или да споделиш ризик и дел од профит и да имаш луѓе што сериозно ќе се ангажираат за проектот/фирмата да биде успешна?
 
Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com
треба да се гине дечки, им требаат воини на нив, не луѓе што работат за плата. :ROFLMAO: искрено младите секогаш се жртва на ова, преамбициозни влагаат со елан, но по неколку месеци сфаќаат дека се прегорени од работа и искористени само.
На почеток, кога си млад немаш многу избор и искуство, не знаеш што и како функционира ама единствен начин да се пробиеш до подобри работни позиции и услови, ќе мора некогаш да работиш за пониска плата или беспари.

Денес многу од младите не можат да најдат работа затоа што немаат искуство, не знаат да комуницираат како што треба, не го ни знаат процесот а бараат висока плата и да работат од дома.

Премногу се споредуваат со тие што успеале или чуле дека успеале а не си го гледаат својот пат.

Искористен си само во ситуација кога знаеш повеќе, можеш повеќе, имаш искуство да бидеш корисен за компанијата и си квалитетен во практична смисла на зборот, кога носиш резултати, не само на муабет.

Тоа ретко се случува кај луѓето, повеќе е муабет или свое мислење од тие што најчесто се жалат.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.792
4.509
Неготино
Да не отварам тема, најверојатно не и е место на ИТ форум ама морам да пишам следново:

Ме земаа на работа во МК фирма, ИТ, септември 2025. Ми рекоа месец - два пробно, да видиме проектот како ќе оди, да тераме хонорарно па после договор.
Дојде ноември, прашав, пак ми рекоа уште месецов, па од декември.
Дојде декември, пак спомнав договор, ми ветија од 01.01.2026 вработување.

Дојде Јануари 2026, ме викнаа кај 10ти некаде да потпишам договор. Ми рекоа ќе е 3 месеци, а на него пишува неопределено (HR-ката не знаела колку време да пише, па пишала неопределено).
Во агенција за вработување сеуште се водам како невработен, иако договорот пишува дека вработениот е пријавен од 01.01.2026.

Што би можел да преземам тука? Да се испокарам и да замарам ко што правев претходно?
 
hicuxx

hello world
10 ноември 2018
76
83

Зависи од фирмата, доколку е некоја фирма склона на вработување студенти излезени од факултет, глупости прават со договорите и со пријавување.
 
Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
247
537
Скопје
davorminchorov.com
Да не отварам тема, најверојатно не и е место на ИТ форум ама морам да пишам следново:

Ме земаа на работа во МК фирма, ИТ, септември 2025. Ми рекоа месец - два пробно, да видиме проектот како ќе оди, да тераме хонорарно па после договор.
Дојде ноември, прашав, пак ми рекоа уште месецов, па од декември.
Дојде декември, пак спомнав договор, ми ветија од 01.01.2026 вработување.

Дојде Јануари 2026, ме викнаа кај 10ти некаде да потпишам договор. Ми рекоа ќе е 3 месеци, а на него пишува неопределено (HR-ката не знаела колку време да пише, па пишала неопределено).
Во агенција за вработување сеуште се водам како невработен, иако договорот пишува дека вработениот е пријавен од 01.01.2026.

Што би можел да преземам тука? Да се испокарам и да замарам ко што правев претходно?
Не верувам дека можеш нешто да превземеш освен да си отидеш од фирмата и да си најдеш друга.

Ако тие самите те мафтаат вака како да е некоја грешка и дека ќе ја поправат, верувај дека не е и има нешто што намерно не сакаат да го прават или намерно одолговлекуваат поради некоја причина.

Некој ќе ти рече: абе бори се за своите права, ама тоа реално не е твоја работа ако фирмата е толку несериозна да си заврши административни работи на време.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
632
454
Да не отварам тема, најверојатно не и е место на ИТ форум ама морам да пишам следново:

Ме земаа на работа во МК фирма, ИТ, септември 2025. Ми рекоа месец - два пробно, да видиме проектот како ќе оди, да тераме хонорарно па после договор.
Дојде ноември, прашав, пак ми рекоа уште месецов, па од декември.
Дојде декември, пак спомнав договор, ми ветија од 01.01.2026 вработување.

Дојде Јануари 2026, ме викнаа кај 10ти некаде да потпишам договор. Ми рекоа ќе е 3 месеци, а на него пишува неопределено (HR-ката не знаела колку време да пише, па пишала неопределено).
Во агенција за вработување сеуште се водам како невработен, иако договорот пишува дека вработениот е пријавен од 01.01.2026.

Што би можел да преземам тука? Да се испокарам и да замарам ко што правев претходно?

Немора да се караш прашај ги зошто сеуште се водиш како невработен, HR се генерално неспособни и прават грешки често може ја фатило празнична еуфорија и заборавила да поднесе документи :ROFLMAO:

Али ако е на неопределено ставено барем сега ќе си вработен за стално и нема да се малтретираш да потпишуваш/обновуваш договор на неколку месеци.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.042

Прво ќе се јавиш од понеделник (вторник, пардон) во агенција за вработување да го провериш статусот. Сосема е веројатно дека документите уште не се обработени или дури и физички доставени во агенцијата.

Ќе видиш што ќе ти кажат, ако тврдат дека си невработен, ќе им го пратиш договорот, па ќе видиш понатаму.

Додека си на линија со нив, провери си здравствено осигурување. При промена на договори, често има дискрепанца со здравственото осигурување поради фактот што системите се физички одвоени од којзнае кои причини. Дури и при редовен вработен однос, може да се случи да ти се прекине осигурувањето поради системски проблем.
 
Немам здравствено јас од многу одамна. Во Мое Здравје апликацијата сеуште се водам без осигурување од октомври месец.

Немора да се караш прашај ги зошто сеуште се водиш како невработен, HR се генерално неспособни и прават грешки често може ја фатило празнична еуфорија и заборавила да поднесе документи :ROFLMAO:

Али ако е на неопределено ставено барем сега ќе си вработен за стално и нема да се малтретираш да потпишуваш/обновуваш договор на неколку месеци.
Прашав HR пред една недела, добив само Seen.
Инаку неопределено пишува во договорот, ама ме известија дека ќе сум 3 месеци. Зошто така пишале? Бидејќи HR не знаел газдата да колку месеци сака да ме пријави/вработи, па пишала неопределено.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.042
Немам здравствено јас од многу одамна. Во Мое Здравје апликацијата сеуште се водам без осигурување од октомври месец.

Ама ако си под договор за вработување, не може да немаш здравствено - добиваш пресметка за плата?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.792
4.509
Неготино
Ама ако си под договор за вработување, не може да немаш здравствено - добиваш пресметка за плата?
Договор имам од пред 10тина дена, тогаш го спремија и го потпишав. На него пишува дека сум пријавен од 01.01.2026 но никаде ништо нема.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.720
3.393
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Договор имам од пред 10тина дена, тогаш го спремија и го потпишав. На него пишува дека сум пријавен од 01.01.2026 но никаде ништо нема.
Те немаат пријавено, од вторник културно ќе ги прашаш зошто се уште те нема во систем во ПИОМ како вработен, дека си прашал и од таму ти рекле дека можно е фирмата да те нема пријавено целосно (направи филм).

Дај им дознаење дека знаеш дека статусот не е променет. Кажи им да те известат штом ќе те пријават.

Откако ќе те известат провери си пак. Не мора одма со паники, ама добро е на почеток да видиш што е работата. Малце со празнициве сите сме опуштени така да можно е да се уште не ти пријавиле, или па системиве наши да доцнат толку со обработката (што не ми се верува).

Пиши што си направил, но секако муабетот води го професионално.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно