Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Плати во ИТ индустријата во Македонија

acekorg

On your way to fame
5 октомври 2010
369
599
Единствена можеби критична работа е колку задачи ќе добиваш на неделно ниво и дали се тие завршливи за 40 часа. Тоа од огласот не може да се процени.

А вештините што се бараат не ми се спорни за еден маркетинг таканаречен “специјалист”.
Постигливо е за еден човек да знае и CMS да ракува, SEO, како и да има познавања од фотографија, видеографија и графички дизајн. За дигитален маркетер очекувано ми е и основи на веб, HTTP, HTML и слични поими да не му се страни. Пуштање на social media adds не е никаква филозофија.
Соодветно ваков човек ќе си побара и добро да е платен пошто фирмата ќе заштеди на други трошоци како екстерни фотографи, сниматели, ИТ консултанти и слично.

Можеби ми е малце контроверзно мислењето ама јас не разбирам кога некој се претставува како маркетинг бог а освен идеи и некој план напишан на лист ништо друго не знае. Во денешно време, кај помлади генерации особено, општа култура е да знаеш да направиш добра слика, едитираш, монтираш, видео, да се снаоѓаш по социјални мрежи, следиш трендови итн… а оваму маркетинг специјалист да ти рече “треба да платиме некој да ни склопува reel-чиња”.
Можеби затоа и млади инстаграмџии и тиктокери превземаа толку од маркетинг бизнисот.
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.296
2.711

Не ти е контроверзно мислењето, само што нема мислење за да се каже таква работа. Млади не преземале ништо од бизнисот туку се појавиле без да се свесни каде влегуваат. Данинг-кругер на најјако. Од толку многу што не знаат, се знаат. Неможно е да знаеш се што е ставено во огласот. А ако знаеш, ќе работиш за свои брендови и парите ќе ги правиш сам, не да работиш за плата.
Снимање, фотографирање, ит консултант, сео, веб, дизајн.. абе не се џабе сите тие посебни струки. Оди на автолимар и кажи му да ти центрира предница и да ти балансира тркала. Тоа е попроста работа и бара помалку знаење од тоа што го наведе ти. Ама бара алат да имаш за тоа.
Медиокритети имало и ќе има. За нив битно е да има сајт и некаква објава на ФЕЈС. Уште ако има и видео снимано со АЈФОН? Топ! Стави некој од тие ефектите од телефонот! Трепка, мрда, светка - ко стакленце и огледалце за индијанци од колумбово време. Сениор со 1+ година искуство и ги знае сите програми.

Не, не ти е контроверзно мислењето. Има друг збор соодветен за тоа - бедно.
 
Убаво си реков контроверзно затоа што знам дека многу нема да се согласат.
Не е убаво да посочам реални ситуации од причина да не се најде некој навреден, ама мене ми е апсурдно што еднаш јас правев едноставен видео едит при маркетинг тим од неколку луѓе меѓу кои никој врска немаше од тоа. Ни мене не ми е видеографија професија ама јбг, имам хоби и други интереси.
Маркетинг тим којшто не следи ни тренд во фото/видео индустрија? Дури и да ангажира фото/видео студио не знае ни што да побара?
Што е следно, scrum master да им додадеме у тимот?

Во ред, има широки долгорочни маркетинг стратегии на кои е потребен кадар од различни области и слично ама треба да се разбере дека ниеден претприемач не размислува така, парите да ги расфрла на сите страни. Буџетот за маркетинг е фиксен, од тебе ќе минусира за да ги плати маркетинг соработниците.
Ок да ти прости не знаеш SEO, ок не знаеш фото/видео и тоа да ти прости, да ти прости и што не знаеш една ставка на joomla или opencart да додадеш…
Епа седи, бинџај на Нетфликс у слободно време, азното само ќе си дојде.

За делот со данинг-кругер кај помлади генерации се согласувам со тебе.
 
coNNectMKD

Practice makes perfect
13 март 2017
1.167
1.308
Skopje
Единствена можеби критична работа е колку задачи ќе добиваш на неделно ниво и дали се тие завршливи за 40 часа. Тоа од огласот не може да се процени.

А вештините што се бараат не ми се спорни за еден маркетинг таканаречен “специјалист”.
Постигливо е за еден човек да знае и CMS да ракува, SEO, како и да има познавања од фотографија, видеографија и графички дизајн. За дигитален маркетер очекувано ми е и основи на веб, HTTP, HTML и слични поими да не му се страни. Пуштање на social media adds не е никаква филозофија.
Соодветно ваков човек ќе си побара и добро да е платен пошто фирмата ќе заштеди на други трошоци како екстерни фотографи, сниматели, ИТ консултанти и слично.

Можеби ми е малце контроверзно мислењето ама јас не разбирам кога некој се претставува како маркетинг бог а освен идеи и некој план напишан на лист ништо друго не знае. Во денешно време, кај помлади генерации особено, општа култура е да знаеш да направиш добра слика, едитираш, монтираш, видео, да се снаоѓаш по социјални мрежи, следиш трендови итн… а оваму маркетинг специјалист да ти рече “треба да платиме некој да ни склопува reel-чиња”.
Можеби затоа и млади инстаграмџии и тиктокери превземаа толку од маркетинг бизнисот.

Така размислуваат газди што сакаат 1 да им работи и на крај ќе да се збори низ фирма абе ништо не работат само се жалат.

Не е дискусијата дека човек со таква титула не треба тоа да го знае. Напротив, супер е да има познавање во различни сектори. Пример јас имам солидно познавање и во Вордпрес, и во Сео и во Графика. Сме почнале рано како деца да работиме на Wordpress, да креираме блогови за некој денар да свртиме на Адсенс, да работиме соц.мрежи, објави, фотошоп/илустратор за креирање графики и креативи... И ден денес, дали за мене приватно дали за фирми/работа, работам во тој дел. Но не можам да се лутам зошто колешката што работи Indesign (само и само графички дизајн) не знае како на Вордпрес да смени боја на Елементор копче. 10 секунди работа е, ама што има да знае? Не е нејзин домен, нема што да се замара со тоа.

Дискутабилното е што веќе тоа станува како нешто нормално и позиција за Маркетинг, се бара да знае веб, графички дизајн, видео едитирање, ексели, статистики итн итн итн. Се што ќе им текне се пука во оглас и се крсти „Специјалист“. Сигурно имаш тука +2 работни позиции. Но зошто да вработуваш 3ца, ќе најдеш еден и за 6 месеци кога ќе си отиде, пак ќе бараш.

А тоа што го сметаме за добро платен, за компаниите е 700 евра.

Горе компарацијата со автолимарот ти е класичен пример. Иди кај било кој мастор што е „специјалист“ во негово поле. Абе не ти чепка ни 1 штраф повеќе.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.434
2.709
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
Кога збориме за маркетинг, еве јас сум Social Media Buyer (по ново така би се викал), знам фотошоп малце, знам canva солидно. Ако си сериозна фирма ќе имаш, дизајнер, content writer и social media buyer или ads manager, а не еден човек за сето ова.

Од мене се бара:
1. Да се креира најдобрата кампања што ќе дава добри резултати
2. Да се изменаџира добро буџетот за да даде највеќе резултати за најмалце пари
3. Да се оптимизира кампањата на дневно ниво или на три дена зависност од траењето.
4. Да се имплементираат нови идеа, тестираат нови креативи, A/B тестирање на публики..

Од мене не се бара:
  • Да знам да дизајнирам креативи и да губам време на тоа.
  • Да знам да пишувам убави текстови за реклами.

Затоа пишав, ако е сериозна фирма која што троши 7 цифрени суми во долари на месечно ниво, таа ќе има цел тим за секоја посебна работа, од дизајнери до пишувачи на текст за реклами до менаџери на кампањи.

А фирмички во Македонија кои се: „абе да пуштиме едно рекламче да врти“ и не можеш да очекуваш креативност ниту па сериозност, и ќе имаш млади деца од типот на она детено што секаде се појавува и промовира ресторан кај што имало клима, или оној трајкомјузик во Србија кај што им прави интересни реклами за рич.

Кај сериозни бизниси потребен си е тим, повеќе умови да размислат, да склопат добар маркетинг план...
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.610
1.980
интересни реклами продаваат ствари. Тоа е факт, плаќање дебел кеш само колку да те има не баш. Па затоа главни се Сакаш, дебелкото дете, дечкото со климата и слично.
 
coNNectMKD

Practice makes perfect
13 март 2017
1.167
1.308
Skopje
Затоа пишав, ако е сериозна фирма која што троши 7 цифрени суми во долари на месечно ниво, таа ќе има цел тим за секоја посебна работа, од дизајнери до пишувачи на текст за реклами до менаџери на кампањи.

А фирмички во Македонија кои се: „абе да пуштиме едно рекламче да врти“ и не можеш да очекуваш креативност ниту па сериозност, и ќе имаш млади деца од типот на она детено што секаде се појавува и промовира ресторан кај што имало клима, или оној трајкомјузик во Србија кај што им прави интересни реклами за рич.

Кај сериозни бизниси потребен си е тим, повеќе умови да размислат, да склопат добар маркетинг план...

Имаш фирми кои заработуваат 7 цифри месечно (денари) ама уште се со мајндсет „абе да пуштиме едно рекламче да врти“.

А притоа ти бараат високо ниво на креативи и видео реклами т.е рилови, склопени како што газдите си го замислиле у нивната глава а притоа вработениот се мучи бидејќи никогаш не работел со софтвери за видео и измислува топла вода на лице место.

И проблемот е што никогаш нема да бидат мањак на луѓе, увек ќе има 20 годишни деца што сакаат да се пробаат на работа - а после одреден период напуштаат пошто работата нема допирна точка со тоа што им збореле на академија :D
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.900
17.949
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
E добро де, тоа си е проблем на тие деца и тие фирми. Мн внимание се посвети на еден обичен оглас за работа. Просто е, не секоја позиција е секаде исто платена ниту па секаде има ист обем на работа. Јава девелопер може некаде да зима 3000 евра плата и да работи два саати во денот, а некаде може да зима 500 евра... и да работи 5 саати... или па саат... нема универзална плата за секоја позиција. На кој му фаќа око нека си пријави нека си види. Ако не му чини или ако си најде нешто подобро, ќе си оди и така натака. То е то, работа ко работа, идеш секој ден, кликаш, штракаш и на први плата.
 
acekorg

On your way to fame
5 октомври 2010
369
599
Јас само сакав да потенцирам дека не е неизводливо човек да знае се од наведеното. Не треба да се претставува како атомска физика.
Нешто ќе знаеш од факс/курс, нешто ќе научиш низ годините со работа…

Како ќе биде компензирано е друг муабет.
Ако си гуру и му ја подигнеш фирмата во првокласен бренд си треба или нереално висока плата или акции…
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
210
466
Скопје
davorminchorov.com
Јас само сакав да потенцирам дека не е неизводливо човек да знае се од наведеното. Не треба да се претставува како атомска физика.
Нешто ќе знаеш од факс/курс, нешто ќе научиш низ годините со работа…

Како ќе биде компензирано е друг муабет.
Ако си гуру и му ја подигнеш фирмата во првокласен бренд си треба или нереално висока плата или акции…
Точно е тоа дека треба да те наградат ама никој нема да ти даде ако не се избориш или си ја побараш таа повисока плата.

Сами дека ќе ти дадат 1000+ евра покачување, тоа не би го очекувал.

Повеќе му се исплати на бизнисот да ги даде тие пари на друго место (дали продажба, дали маркетинг, дали зголемување на тимот или што и да е) отколку да даде повисока плата на поединци во компанијата.

Како што почна лудилото со AI алаткиве во последно време, повеќе би дале пари на таков буџет за сите да имаат лиценци отколку да им зголемат плата или да дадат бонус на цела компанија.

Алтернативна компензација е да го однесат цел тим на шетање некаде за да се зближи повеќе.
 
acekorg

On your way to fame
5 октомври 2010
369
599
@Rufflesaurus се согласуваме… така доаѓам до тоа дека треба да прошириш сет на вештини, да имаш импакт од повеќе страни во работата, да уловиш точки кај што и помагаш на фирмата да заштеди на outsource трошоци. Инаку без ова стварно не знам врз основа на што ќе побараш покачување (или повисока почетна плата ако си на интервју). Што ако има пари фирмата, што си направил ти ко поединец за тие пари? Уште па и ако речеш “аааа не пипам јас тоа, вработете друг”.

Ај ок е да одбиеш legacy проект, нешто десето или нешто кај што нема да имаш напредок, ама да одбиеш нешто што ти е личен бенефит… пример јава девелопер сум, не пипам docker или shell… тоа не можам да го сфатам.
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.296
2.711
Секогаш се сведува на математија.
Се бара се тоа што го пишале.
Пресметале дека треба да вработат 3-4 луѓе, ама па нема толку работа за сите луѓе. Па дај еден нека работи се, ќе изгине од работа ама па што, таман ќе биде.
500 евра плата во фирма каде се сите една фамилија... тоа е 750 евра трошок за фирмата на месечно ниво, плус тоа што ќе треба да се купи и компјутер и биро и столица и да фаќа место во канцеларија некој...

А не им текнува да отидат до маркетинг агенција и да го добијат истото од екипа што е професионална. Или имале може искуство со некои како тие неколку дебилчиња што мислат дека ако си глуп и правиш глупи видеа снимани со мобилен си станал маркетинг гуру и си ги заебал сите.

Ако знаеш се што е пишано што се бара, ќе си тераш твоја фирма и ќе правиш сериозни пари, без некој да ти биде шеф.
 
Малце претеруваш, веќе ја спомнавме фирмата дека е АДИНГ и линкови кон 2јца од тие што снимаат инста видеа и ти сега ги нарекуваш дебили, глупи, фирмата ја правиш експлоататорска...

Прво фирмата има право да си одлучи дали сака свој вработен или да најми маркетинг агенција и нивно право е да одлучат колку пари ќе понудат за маркетинг согласно со профитот што го имаат. Ако нивниот буџет не се совпаѓа со твојот, одбиј ги и тоа е тоа, што им береш гајле?! Нека пропаднат...
И ти да си сопственик на фирма, ќе сакаш сам да одлучиш околу маркетингот во рамките на можностите што ги имаш.

Инста-маркетериве секако се друга категорија и не се конкуренција на големи маркетинг компании. Детето од рекламите не верувам дека ќе се нафати да прави за Телеком, Магента караван во повеќе градови со концерти, билборди, флаери, наградни игри итн... инстаграм видео му е максимум. Најчесто таквите видеа немаат ни научна ни уметничка содржина, како и цел ТикТок ама па секој има право на избор, не треба јавно да ги линчуваме... Мене ми е ок ако некој сака да проба да направи додатен приход така или ете малолетник сака да дојде до некој денар, да не заборавиме во која држава и со кој стандард живееме...
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.296
2.711
@acekorg испишав еден долг пост за да ти одговорам... Сепак нема поента да се објаснуваме. Медиокритетите се конечно кул и одобрени и прифатени.
 
Algebra

Intern
8 април 2018
32
23
Секогаш се сведува на математија.
Се бара се тоа што го пишале.
Пресметале дека треба да вработат 3-4 луѓе, ама па нема толку работа за сите луѓе. Па дај еден нека работи се, ќе изгине од работа ама па што, таман ќе биде.
500 евра плата во фирма каде се сите една фамилија... тоа е 750 евра трошок за фирмата на месечно ниво, плус тоа што ќе треба да се купи и компјутер и биро и столица и да фаќа место во канцеларија некој...

А не им текнува да отидат до маркетинг агенција и да го добијат истото од екипа што е професионална. Или имале може искуство со некои како тие неколку дебилчиња што мислат дека ако си глуп и правиш глупи видеа снимани со мобилен си станал маркетинг гуру и си ги заебал сите.

Ако знаеш се што е пишано што се бара, ќе си тераш твоја фирма и ќе правиш сериозни пари, без некој да ти биде шеф.
Факти. Во денешно време се повеќе има bullshit работни места т.е работни места кои и да не постоеја, нема да се смени нешто посебно.. Како шо кажа, една маркетинг агенција ќе ти заврши работа подобро отколку да примаш човек што ќе има работа само 2/8 часа. Ама па, газдите на фирмите си знаат, така да шо сакаат праат
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
49.492
Мислења
1.012.503
Членови
36.680
Најнов член
KMT Solutions
На врв Дно