Andrei
hello world
- 22 февруари 2016
- 64
- 64
Ај вака да се обидам: Оперативен систем не треба да иде со вграден и резидентен/активен агрегатор за вести/реклами/прогнози... Тоа прво и основно, а ако не се согласуваш тогаш кажи што ти подразбираш под функција на оперативен систем.
Во врска со употребата на меморија - не е важно колку процесот троши кога е хиберниран, туку колку троши кога не е хиберниран. Тоа може да биде кога користиш некоја мемориски интензивна апликација.
Понатаму употебената меморија кај тебе во однос на истото кај некој друг корисник, би требало ваљда да знеш дека во зависност од х фактори тоа може да биде помалку или повеќе. Затоа пак ќе те прашам, откаде си толку сигурен дека твоето use case сценарио важи за сите? Баш со сигурност тврдиш дека кај друг корисник тој процес нема во одреден момент да користи повеќе меморија? Спремен си да се обложиш во тоа?![]()
Па нели заклучивме дека додека не се кликне не користи ресурси, дали имаш потреба да го кликаш додека работиш на некоја мемориски интензивна апликација? Не, никој не те тера тоа да го правиш. Сакаш да ми кажеш дека не користиш Google Discover/Huawei Today на андроид или апликација за вести на Iphone? Истото е и тука, третирај го како апликација што додека не ја кликнеш не ти попречува со користење на твоите драгоцени ресурси. Како што видовме и кај NecrotoX потрошувачката е од прилика 130мб. Не верувам дека кај некој ќе биде над 200мб. Немав можност да проверам на лаптоп бидејќи имам LTSC инсталирано таму поради HDDто.
Тебе ако не те интересираат вести или прогноза потребни се два клика за да се исклучи од таскбарот, што не е некој проблем и за почетни корисници кои знаат да кликаат со десниот клик на маусот. Но сигурен сум дека бар третина од корисниците на Windows не би им сметал агрегатор за вести, прогноза и резултати од натпревари, дури и би им дошло како некој вид на кратенка да не мора да пребаруваат на интернет.
Единствена замерка со овој додаток е тоа што нема никаква можност да се пренасочи кон друг пребарувач или друг провајдер на вести. Но нели Microsoft сака да се користат нивните алатки и тоа е тоа.
