• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Windows 10 генерална дискусија

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Мене ми поставено да не се отвора on hover и "Show icon and text". Прописно си се ажурира без да кликам ништо.
Еве и кај втор колега не се ажурира освен на ховер, ѓавол микро$офт знае зошто. :)
Мислењето е автоматски споено:

Не, немаме.
Дечко што е со тебе бе, какви 500-600 мега, моментално Фајрфокс со 6 таба 750 мега ми зима, фид процес имплициран за виџетов ќе земал 600 мега.
:unsure:
„Бе“ ќе си и викаш индиректно на таа дома кога гравот нема да ти го погоди.
Сериозно, како дете се понашаш, размисли малку. Си бараш гачки кај што ги нема. Толку ти е патетично по дома?
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,204
1,675
Дали на некој друг текстот на новиот виџет му е заматен?
 

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,811
9,238
Скопје
Ме префати од тебе. Јас сум по природа доста наивен.
Иначе гравот беше топ вчера а и сега еве само што јадев така да нема потреба да ѝ викам „бе“.
Дали на некој друг текстот на новиот виџет му е заматен?
Да
 

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
3,955
4,221
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Еве и кај втор колега не се ажурира освен на ховер, ѓавол микро$офт знае зошто. :)
Анкета им правиш или?
Процесот feeds или слично не кажа точно како се вика? Не дека ми е многу битно, ионака имам над 80% слободна меморија, туку чисто да видам дали и колку троши. Некој ќе ја прочита поназад приказната дека троши 600 мега па нема да сака да апдејтира.

Дали на некој друг текстот на новиот виџет му е заматен?
Да и кај мене е заматен, многу е грдо.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Јас само како јаготка на шлаг ќе допишам на темава дека од кога е излезен Windows 10, моментално користам 20H2 (19042), последно преинсталиран пред 6 месеци кога излезе ISO-то за него, со исклучени апдејти, телеметрија и Microsoft Defender, немам ама апсолутно ниту еден проблем. Ниту ми копа ресурси анти вирусот за без врска, ниту ми бриши кракови, ни ми се меша ваму-таму, ниту имам outgoing сообраќај, Microsoft Compatibility Telemetry исклучено, се си работи океј, пицикато.
Не заборавај дека м$офт и комуникацијата со коментираниов виџет, исто како и сообраќајот од Edge, повеќе од веројатно ги користи за телеметриски цели. Ти немаш апдејти значи немаш виџет, ама дали Edge e деинсталиран?



Да не има врска ако е чекирано "Reduce Taskbar updates"?
Веројатно? :)
Не знам дали е така по дифолт, или не, луѓево дефинитивно немаат менувано ништо.



Процесот feeds или слично не кажа точно како се вика? Не дека ми е многу битно, ионака имам над 80% слободна меморија, туку чисто да видам дали и колку троши.
Така ми кажаа. Немам такво ѓубре на мојата 10-ка, ниту имав шанса да проверам во меѓувреме (кај други).

Некој ќе ја прочита поназад приказната дека троши 600 мега па нема да сака да апдејтира.
Ма остај, трагедија. :)
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,552
14,533
Ајде Flegma да ви кажит нешто корисно. Оставете те го Локван, доста му е за денес.

Како да се уклучи Ultimate Performance power plan во Power Options. Шемава, површно гледано, е иста со High Performance освен што дисковите се наместени да не се гаснат никогаш.

Но она што ја прави Ultimate e документирањето од страна на Microsoft
.....As the power scheme is geared towards reducing micro-latencies it may directly impact hardware; and consume more power than the default balanced plan.
По се изгледа дека оваа шема го заобиколува HPET (High Precision Event Timer) но не ми беше поентата да навлегувам во техникалии (и за ова е зборувано на форумов и тоа уште од времето кога @psyside сеуште се немаше одметнато во телефон гикови и pixel piping манијаци :) )

Заедно со уклучувањето на Game mode придонесува кон помалку агресивно паркирање на јадрата од процесорот.

Се овозможува вака:
Код:
powercfg -duplicatescheme e9a42b02-d5df-448d-aa00-03f14749eb61

Прегледување на скриените power plan-ови
Код:
Powercfg /qh
Од поинтересните би ги издвоил:
  • Hard disk burst ignore time - ги игнорира реквестите одреден период на време (во секунди) пред да се издаде spin-up команда. На кратко кажано, дискот нема да се разбудува често и непотребно.
  • Primary NVMe Idle Timeout - Потребно време пред дискот (NVMe) да биде префрлен во low power state
  • Sedondary NVMe Idle Timeout - истото само за вториот NVMe диск
  • AHCI Link Power Management - Adaptive - Слично но овој пат за HDD и SSD дискови
Твикање на процесорот
Овозможување
Код:
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 8baa4a8a-14c6-4451-8e8b-14bdbd197537 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 36687f9e-e3a5-4dbf-b1dc-15eb381c6863 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 4e4450b3-6179-4e91-b8f1-5bb9938f81a1 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR cfeda3d0-7697-4566-a922-a9086cd49dfa -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 06cadf0e-64ed-448a-8927-ce7bf90eb35d -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 12a0ab44-fe28-4fa9-b3bd-4b64f44960a6 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 40fbefc7-2e9d-4d25-a185-0cfd8574bac6 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 4b92d758-5a24-4851-a470-815d78aee119 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 7b224883-b3cc-4d79-819f-8374152cbe7c -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 943c8cb6-6f93-4227-ad87-e9a3feec08d1 -ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 619b7505-003b-4e82-b7a6-4dd29c300971 -ATTRIB_HIDE
Криење
Код:
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 8baa4a8a-14c6-4451-8e8b-14bdbd197537 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 36687f9e-e3a5-4dbf-b1dc-15eb381c6863 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 4e4450b3-6179-4e91-b8f1-5bb9938f81a1 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR cfeda3d0-7697-4566-a922-a9086cd49dfa +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 06cadf0e-64ed-448a-8927-ce7bf90eb35d +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 12a0ab44-fe28-4fa9-b3bd-4b64f44960a6 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 40fbefc7-2e9d-4d25-a185-0cfd8574bac6 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 4b92d758-5a24-4851-a470-815d78aee119 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 7b224883-b3cc-4d79-819f-8374152cbe7c +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 943c8cb6-6f93-4227-ad87-e9a3feec08d1 +ATTRIB_HIDE
powercfg -attributes SUB_PROCESSOR 619b7505-003b-4e82-b7a6-4dd29c300971 +ATTRIB_HIDE
qwerty.png


Јас го користам Easy Power Plan Switcher кој седи во треј и така ги менувам режимите. Lightweight програмче, едноставно и си ја брка работата.
!

За да му овозможам на SSD-то да земе душа и да направи garbage collection го ставам на Power Saver со наместени 5 часа Stand by и излегувам.
Повеќе од јасно е дека SSD-ата не ја примаат spin_down командата и може да си ги направат тие операции на чистење без да мораш да го оставаш да „кисне“ во BIOS или да се одлогираш.
 

Weeaboo

On your way to fame
23 февруари 2020
583
569
Струга
Не заборавај дека м$офт и комуникацијата со коментираниов виџет, исто како и сообраќајот од Edge, повеќе од веројатно ги користи за телеметриски цели. Ти немаш апдејти значи немаш виџет, ама дали Edge e деинсталиран?
Заправо, деинсталиран ми е но не препорачувам на никого. Подруго е кај мене кога не го апдејтирам Windows. Од нареден апдејт (codename Sun Valley), Microsoft Edge тотално ќе го замени Internet Explorer кој, всушност е испреплетен во оперативниот систем и има премногу депенденси. За прво, ако го избришеш Internet Explorer (има начин), неможеш да инсталираш DirectX и такви зафрканции. Како што се кажува на форумов, премногу делкање и не е на арно, тоа што го правам јас за занимација не го оправдува сите тоа да го прават.

Скрипта за деинсталирање на Edge: Uninstall Edge Chromium

Скриптата автоматски детектира кој бренч на Edge се користи, и го деинсталира, но кај некои, што користат Windows Update, го враќа стариот дифолтен Edge (не Chromium), и може да го брејкне апдејт процесот во целост (да ваѓа грешки кога пробуваш да апдејтираш Windows, што всушност докажува дека и Edge има длабоки корења во самиот оперативен систем што е и логично, а во нареден апдејт како што кажав ќе се зголемат уште толку).
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Aко дојде време кога Edge нема да може да се извади и одстрани, тогаш (со firewall) може да се изолира... Но не се сомневам дека ќе се најдат паметни ликови што ќе можат да направат нешто и во врска со одстранувањето.

Што се тиче апдејтите, да безбедносните апдејти се важни заради безбедност. Но во пракса поважен е безбедносниот сетап и работните навики. На пример, повеќето корисници го користат она што дошло со виндовсот (и мислат дека се безбедни). Јас користам антивирус, firewall сетиран да блокира сѐ освен тоа што рачно го whitelist-увам, софтвер за hips и sandboxing, и anti executable софтвер со дефинирани правила што може да се изврши а што не.

Потоа на пар години нова виндовс инсталација со интегрирани апдејти. Или порано, ако излезе некоја апсолутно критична слабост.
 

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,811
9,238
Скопје
На пример, повеќето корисници го користат она што дошло со виндовсот (и мислат дека се безбедни).
И во право се.
Ти си правиш тон непотребни работи и замарања.

Дифендерот е неверојатно добар анти малвер пакет, се напињаат малвер креатори, по форуми бараат трикови како да го заобиколат.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Несакајќи правиш добра поента - нешто што е користено од мнозинството корисници (посебно кога е во дифолт облик), секогаш е најголемата, најпрофитабилна и најпредизвикувачка цел за создавачите на малвер.

Јас имам еднаш во пар години работа со преинсталација и сетирање/конфигурирање, иако и тоа во најголем дел е импортирање на готови сетинзи. Ниту ми е замарање, ниту е непотребно - како што гледам кога повремено ама редовно ќе те прочитам (тебе ама и куп друг) како се замараш со барање решенија за разни глупости, како тулбари, search-oви и секаков блоут па и малвер кој денес доаѓа со т.н. виндовс "features".

Некој малку плански ќе се „позамара“ а некој неплански ама редовно ќе се нервира. Секому неговото.
 

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
3,955
4,221
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Како живееме од нервози не знам. Еве јас секој ден лексилиуми бутам дека Windows-от ми е stock и up to date, од малвер глава не можам да кренам.
 
  • Хаха
Реакции: Avid

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Лани летото не пишуваше дека ти се десило после апдејт да не ти работи ништо од периферијата? Истото како лаптопите на колеги за кои пишував дека не им работат киборд/тастатура после апдејт?

Епа малверот се вика виндовс апдејт.
 

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
3,955
4,221
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Лани летото не пишуваше дека ти се десило после апдејт да не ти работи ништо од периферијата? Истото како лаптопите на колеги за кои пишував дека не им работат киборд/тастатура после апдејт?

Епа малверот се вика виндовс апдејт.
Прво, запрепастен сум што памтиш некој мој рандом пост од пред скоро една година за кој самиот јас воопшто немам сеќавање - ни на случката ни на постот. :oops:

Второ, си ги пребарав мислењата во темава, и ако мислиш на овој пост тогаш ќе видиш дека проблемот веднаш се решил после рестарт, а заклучокот бил дека проблемот најверојатно настанал поради пад на напонот. Тој период бев во стан во Охрид а тамо неретко има проблеми со струјата.
Многу паушално доаѓаш до заклучоци и си развиваш наративи како ти одговара. Нешто спомна претходно за пропаганда некоја на MSN. Не знам за нив ама мислам дека каква и да е нивната пропаганда тебе слободно може вода да ти носат.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Aj сега размисли малку - како ти си го „решил“ проблемот - и како тоа на лаптоп да го примени просечен корисник без многу ај-то познавања (читај, нуб).

На лаптоп имаш батерија а виндовс со стискање на копчето прави хибернација. Дури и да имаат екстерен киборд треба да знаат како да направат ресетирање без „fast boot“ (делумна хибернација).

Значи како да направат целосен ресет? Треба да се сетат да ја извадат батеријата, да го подигнат виндовсот поврзани директно на електрична мрежа, и да исклучат од кабел (на копче пак ќе направи хибернација)... Или уште еден начин да го решат проблемот е, да поврзат екстерна тастатура/маус и да ги избришат/реинсталираат драјверите.


Ништо од ова нема да знае да го направи типичен корисник. Веројатно и да му објасниш нема да знае да го реплицира. Целата работа доведува до неупотреблив лаптоп, сето тоа заради скапаните апдејти од ОС-от... Мене ми се дешавало ова и другпат со лаптопи од пријатели и колеги, и отприлика паметам дека и овде на темава на наврати се има коментирано истото, и дека не е ретко како појава после апдејти. Не разбирам за што си толку „запрепастен“ дека сум запамтил.

едит:
За она другото - ако имаш намера да продолжиш вака да вртиш муабети на лична основа - подобро да се договориме да не се коментираме повеќе. Културно ти кажувам без лоша намера.
 
Последна промена:

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
3,955
4,221
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Нормален ли си бе друже, што ми пишуваш не разбирам, сега со тебе треба да навлегувам во дискусија за лаптопи и не знам што?
Мојот проблем повеќе од сигурно е дека НЕ БИЛ предизвикан од Windows Update. А мојот лаптоп по дифолт при држење на копчето се гаси целосно, прави forced shut down, за други лаптопи не знам и не ме интересира.

И те како ќе вртам муабети на лична основа зашто е бесмислено објективно да реплицирам на другото. Пишуваш измислици, приказни, анегдоти, од кои до сега најјака беше дека имало некаков процес Feeds кој зимал 500-600 MB сето тоа го маскираш со километарски долги постови претставено како да е непобитен факт. Нема што да се договараме, јас те ставам на игнор. На форумиве сум од 2006-7, ја имаш честа да бидеш првиот за кој ќе ја искористам оваа опција. Позз ;)
 

Andrei

Intern
22 февруари 2016
20
11
Скопје
Еве го тоа Feeds, инстантно се става во хибернација процесот кога не е кликнат (маус врз иконата). Ова зеленово ливче не е од Power Saver Power Plan, ако некој му текне нешто такво, компјутеров е наместен на High Performance. Незнам од кај извадивте дека зимал 500-600мб.
Screenshot 2021-06-13 171508.png

Screenshot 2021-06-13 171648.png
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,566
2,918
Еве го тоа Feeds, инстантно се става во хибернација процесот кога не е кликнат (маус врз иконата). Ова зеленово ливче не е од Power Saver Power Plan, ако некој му текне нешто такво, компјутеров е наместен на High Performance. Незнам од кај извадивте дека зимал 500-600мб.
Погледнете го атачментот 101722

Погледнете го атачментот 101723
Не "извадивМЕ". Точно еден лик извади и тоа на невидено

Sent from Телефон using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Еве го тоа Feeds, инстантно се става во хибернација процесот кога не е кликнат (маус врз иконата). Ова зеленово ливче не е од Power Saver Power Plan, ако некој му текне нешто такво, компјутеров е наместен на High Performance. Незнам од кај извадивте дека зимал 500-600мб.
Погледнете го атачментот 101722

Погледнете го атачментот 101723
Што има врска колку ресурси јаде процесот кога е хиберниран?

Кај тебе си фатил еден момент кога процесов иде до ~120МВ и тврдиш дека кај никој друг (или и кај тебе) во одреден момент не јаде повеќе? Што е поентата, знаеш дека никогаш не иде повеќе од тие 120МБ? Сигурен си?
 

Andrei

Intern
22 февруари 2016
20
11
Скопје
Што има врска колку ресурси јаде процесот кога е хиберниран?

Кај тебе си фатил еден момент кога процесов иде до ~120МВ и тврдиш дека кај никој друг (или и кај тебе) во одреден момент не јаде повеќе? Што е поентата, знаеш дека никогаш не иде повеќе од тие 120МБ? Сигурен си?
Поентата ми беше дека додека не се кликне на иконата не одзима никакви ресурси, откако ке се кликне или се постави маусот врз неа почнува да работи. Ти пробуваш да докажеш дека е некој си "bloatware" што одзимал ресурси во позадина незнам што. Инаку процесот го проверив 10тина пати денеска работи блиску до 150мб кога е кликнат, во најлош случај 180мб кои после 3-4 секунди се симнаа пак на 145мб.
Screenshot 2021-06-13 203554.png
 

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
3,955
4,221
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Еве го тоа Feeds, инстантно се става во хибернација процесот кога не е кликнат (маус врз иконата). Ова зеленово ливче не е од Power Saver Power Plan, ако некој му текне нешто такво, компјутеров е наместен на High Performance. Незнам од кај извадивте дека зимал 500-600мб.
Погледнете го атачментот 101722

Погледнете го атачментот 101723
Да, го најдов и јас. Околу 130 MB само кога е активен, во моментот кога ќе се тргнеш од виџетот паѓа на 0 (Suspended). На Turn Off oстанува цело време Suspended.

Screenshot 2021-06-13 200511.jpg
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,195
4,440
SK
Поентата ми беше дека додека не се кликне на иконата не одзима никакви ресурси, откако ке се кликне или се постави маусот врз неа почнува да работи. Ти пробуваш да докажеш дека е некој си "bloatware" што одзимал ресурси во позадина незнам што. Инаку процесот го проверив 10тина пати денеска работи блиску до 150мб кога е кликнат, во најлош случај 180мб кои после 3-4 секунди се симнаа пак на 145мб.
Погледнете го атачментот 101728
Ај вака да се обидам: Оперативен систем не треба да иде со вграден и резидентен/активен агрегатор за вести/реклами/прогнози... Тоа прво и основно, а ако не се согласуваш тогаш кажи што ти подразбираш под функција на оперативен систем.

Во врска со употребата на меморија - не е важно колку процесот троши кога е хиберниран, туку колку троши кога не е хиберниран. Тоа може да биде кога користиш некоја мемориски интензивна апликација.
Понатаму употебената меморија кај тебе во однос на истото кај некој друг корисник, би требало ваљда да знеш дека во зависност од х фактори тоа може да биде помалку или повеќе. Затоа пак ќе те прашам, откаде си толку сигурен дека твоето use case сценарио важи за сите? Баш со сигурност тврдиш дека кај друг корисник тој процес нема во одреден момент да користи повеќе меморија? Спремен си да се обложиш во тоа? :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,737
Мислења
856,397
Членови
29,741
Најнов член
Bitpb
На врв Дно