• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Windows 10 генерална дискусија

Andrei

Intern
22 февруари 2016
25
13
Скопје
Ај вака да се обидам: Оперативен систем не треба да иде со вграден и резидентен/активен агрегатор за вести/реклами/прогнози... Тоа прво и основно, а ако не се согласуваш тогаш кажи што ти подразбираш под функција на оперативен систем.

Во врска со употребата на меморија - не е важно колку процесот троши кога е хиберниран, туку колку троши кога не е хиберниран. Тоа може да биде кога користиш некоја мемориски интензивна апликација.
Понатаму употебената меморија кај тебе во однос на истото кај некој друг корисник, би требало ваљда да знеш дека во зависност од х фактори тоа може да биде помалку или повеќе. Затоа пак ќе те прашам, откаде си толку сигурен дека твоето use case сценарио важи за сите? Баш со сигурност тврдиш дека кај друг корисник тој процес нема во одреден момент да користи повеќе меморија? Спремен си да се обложиш во тоа? :)
Па нели заклучивме дека додека не се кликне не користи ресурси, дали имаш потреба да го кликаш додека работиш на некоја мемориски интензивна апликација? Не, никој не те тера тоа да го правиш. Сакаш да ми кажеш дека не користиш Google Discover/Huawei Today на андроид или апликација за вести на Iphone? Истото е и тука, третирај го како апликација што додека не ја кликнеш не ти попречува со користење на твоите драгоцени ресурси. Како што видовме и кај NecrotoX потрошувачката е од прилика 130мб. Не верувам дека кај некој ќе биде над 200мб. Немав можност да проверам на лаптоп бидејќи имам LTSC инсталирано таму поради HDDто.
Тебе ако не те интересираат вести или прогноза потребни се два клика за да се исклучи од таскбарот, што не е некој проблем и за почетни корисници кои знаат да кликаат со десниот клик на маусот. Но сигурен сум дека бар третина од корисниците на Windows не би им сметал агрегатор за вести, прогноза и резултати од натпревари, дури и би им дошло како некој вид на кратенка да не мора да пребаруваат на интернет.

Единствена замерка со овој додаток е тоа што нема никаква можност да се пренасочи кон друг пребарувач или друг провајдер на вести. Но нели Microsoft сака да се користат нивните алатки и тоа е тоа.
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,865
9,304
Скопје
На лаптоп имаш батерија а виндовс со стискање на копчето прави хибернација. Дури и да имаат екстерен киборд треба да знаат како да направат ресетирање без „fast boot“ (делумна хибернација).

Значи како да направат целосен ресет? Треба да се сетат да ја извадат батеријата, да го подигнат виндовсот поврзани директно на електрична мрежа, и да исклучат од кабел (на копче пак ќе направи хибернација)... Или уште еден начин да го решат проблемот е, да поврзат екстерна тастатура/маус и да ги избришат/реинсталираат драјверите.
Некако како намерно бе да не сакаш ова да го кажеш
1623613144945.png
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,865
9,304
Скопје
Или например ако баш мора ShutDown стискаш Shift, и добиваш фулл шатдаун без фаст стартот.

Sent from Телефон using Tapatalk
Не знаат тоа корисниците, а и тоа ако го кажеш така нема да делува толку убедливо како
„подигање на оперативен систем независен од батерија, целосно поврзан на електрична мрежа дистрибуирана во домот од страна на снабдувач“ или така нешто.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,638
3,000

Не ни треба да го знаат, ако баш им треба им го кажувам за 10 секунди.
Али да, не е драматично како цитираното.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,196
4,444
SK
Па нели заклучивме дека додека не се кликне не користи ресурси, дали имаш потреба да го кликаш додека работиш на некоја мемориски интензивна апликација? Не, никој не те тера тоа да го правиш.
Не, тоа ти го „заклучи“.

Пар моменти кои се извесни:
- процесот на одредени интервали се вклучува, собира дата од микро$офтовите сервери и тоа го складира за да биде достапно кога ќе кликнеш или поминеш со маусот над иконата
- тоа што во дадени моменти процесот е хиберниран е супер-неважно за тоа колку пикува во мемори одделот, во некој друг момент

Тебе ако не те интересираат вести или прогноза потребни се два клика за да се исклучи од таскбарот, што не е некој проблем и за почетни корисници кои знаат да кликаат со десниот клик на маусот. Но сигурен сум дека бар третина од корисниците на Windows не би им сметал агрегатор за вести, прогноза и резултати од натпревари, дури и би им дошло како некој вид на кратенка да не мора да пребаруваат на интернет.

Единствена замерка со овој додаток е тоа што нема никаква можност да се пренасочи кон друг пребарувач или друг провајдер на вести. Но нели Microsoft сака да се користат нивните алатки и тоа е тоа.
Нема потреба од шпекулирање „колку третини“ сакаат блоут во оперативниот систем.

Не е толку работата МЕНЕ што ме интересира - или тебе, или било кој рандом поединец, туку на дали на агрегатор на вести и реклами му е местото во оперативен систем. Пази, Виндовс е оперативен систем кој се користи и во озбилни институции, всушност најкористен оперативен систем во истутиции и установи. Во работна околина, на работно место, таму не требаат глупости кои намалуваат ефективност во работа (одземаат внимание) и кои јадат системски ресурси.

Спомнуваш Iphone и Google (Аndroid) апликации ама изгледа не ти се јасни некои работи, затоа и не ми одговори кога те прашав дали знаеш што е функција на десктоп оперативен систем.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,638
3,000
Не, тоа ти го „заклучи“.

Пар моменти кои се извесни:
- процесот на одредени интервали се вклучува, собира дата од микро$офтовите сервери и тоа го складира за да биде достапно кога ќе кликнеш или поминеш со маусот над иконата
- тоа што во дадени моменти процесот е хиберниран е супер-неважно за тоа колку пикува во мемори одделот, во некој друг момент

Нема потреба од шпекулирање „колку третини“ сакаат блоут во оперативниот систем.

Не е толку работата МЕНЕ што ме интересира - или тебе, или било кој рандом поединец, туку на дали на агрегатор на вести и реклами му е местото во оперативен систем. Пази, Виндовс е оперативен систем кој се користи и во озбилни институции, всушност најкористен оперативен систем во истутиции и установи. Во работна околина, на работно место, таму не требаат глупости кои намалуваат ефективност во работа (одземаат внимание) и кои јадат системски ресурси.

Спомнуваш Iphone и Google (Аndroid) апликации ама изгледа не ти се јасни некои работи, затоа и не ми одговори кога те прашав дали знаеш што е функција на десктоп оперативен систем.
Некој сѐ уште мисли дека во такви сериозни интитуции корисниците сами си стискаат и си добиваат апдејти како по дома.

За делот на пикување, еве го вклучив ко да знаев што ќе следи како филозофирање, и го остаив цел ден виџетот, одвреме навреме го гледав, дури и рачно го освежував, кликав наваму натаму и слично. Па си работев друго. Процесот пикуваше на 280МБ и толку. Го исклучив сега и доста ми е со глупирањево со муабетов. Мене лично не ми треба и тотално го скичмив преку груп полиси (може и преку регедит).

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Andrei

Intern
22 февруари 2016
25
13
Скопје
Не, тоа ти го „заклучи“.

Пар моменти кои се извесни:
- процесот на одредени интервали се вклучува, собира дата од микро$офтовите сервери и тоа го складира за да биде достапно кога ќе кликнеш или поминеш со маусот над иконата
- тоа што во дадени моменти процесот е хиберниран е супер-неважно за тоа колку пикува во мемори одделот, во некој друг момент
Screenshot 2021-06-14 005023.png Screenshot 2021-06-14 005111.png

Не викам дека не си во право и дека не се пали за да рефрешне неколку пати ама еве ова е максималната искористеност на ресурси од овој процес. Неверојатни 280мб пик (80-82мб се цело време резервирани). Тие 20 секунди се 90% од моето правење на слики и тестирање за темава. Мислам дека е завршен муабетот тука.

Нема потреба од шпекулирање „колку третини“ сакаат блоут во оперативниот систем.

Не е толку работата МЕНЕ што ме интересира - или тебе, или било кој рандом поединец, туку на дали на агрегатор на вести и реклами му е местото во оперативен систем. Пази, Виндовс е оперативен систем кој се користи и во озбилни институции, всушност најкористен оперативен систем во истутиции и установи. Во работна околина, на работно место, таму не требаат глупости кои намалуваат ефективност во работа (одземаат внимание) и кои јадат системски ресурси.

Спомнуваш Iphone и Google (Аndroid) апликации ама изгледа не ти се јасни некои работи, затоа и не ми одговори кога те прашав дали знаеш што е функција на десктоп оперативен систем.
Не праша за десктоп оперативен систем, туку за оперативен систем воопшто. Мене ова ми е алатка која ке послужи на некој кој компјутерот го користи дома, не ми смета и лесно можам да следам резултати преку неа со еден клик.

Кај тие сериозни сценарија не се користи обичен оперативен систем. Повеќето користат Windows 10 Enterprise (LTSC/LTSB) чија намена му е тоа, да доаѓа без програми кои се наменети за секојдневниот корисник. А ако не користат таква верзија тогаш нивни проблем, ке си се справат со ова ако им го нарушува работниот тек.

И што е толку проблем ова? Порано не се бунеше кога доаѓаше старт менито вака?

Screenshot 2021-06-14 003757.png

Или лесно беше десен клик unpin from start. Истото е и тука, и на овие икони им треба ресурси за да пратат до сервер и да обноват информации.
Сега едноставно се преместени во taskbarot затоа што им се видело како по поволно место да го стават со што повеќе луѓе ќе го користат (повеќе информации ке собираат).
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,196
4,444
SK
Јас користам кастомизиран виндовс и немам глупости во старт менито.
А ако некој друг сака исто да нема глупости во старт мени, еве спас: StartIsBack: real start menu for Windows 8 and Windows 10

Не викам дека не си во право и дека не се пали за да рефрешне неколку пати ама еве ова е максималната искористеност на ресурси од овој процес. Неверојатни 280мб пик (80-82мб се цело време резервирани). Тие 20 секунди се 90% од моето правење на слики и тестирање за темава. Мислам дека е завршен муабетот тука.
Муабетот кога е завршен тоа зависи од тебе, и твоето соочување со фактот дека не можеш да бидеш сигурен колку одреден процес пикува во рам на друга конфигурација... Одредени багови/ситуации зависат од комбинациите на различен хардвер (и софтвер/драјвери). Еве ти конкретно започна со 140, дојде до 180, и сега моментално си на 280МВ. Тоа кога ти лично ќе дојдеш до условите за поголем пик каков што јас спомнав, веројатно зависи од тоа колку ќе бидеш упорен да го следиш процесот (за ете да дочекаш специфична констелација од услови).
Мислењето е автоматски споено:

Не праша за десктоп оперативен систем, туку за оперативен систем воопшто. Мене ова ми е алатка која ке послужи на некој кој компјутерот го користи дома, не ми смета и лесно можам да следам резултати преку неа со еден клик.
Чекај да го проверам насловот на темава.... Дап, за десктоп оперативен систем дискутраме овде. :)

Се разбира дека примерите со телефонски оперативни системи ти се лоши и несоодветни. Само што несакајќи покажуваш што се случува со оперативни системи кои забегале со злоупотреба на корисниците - и корисници кои изгубиле осет што значи да не бидат злоупотребувани. Освен ако не си од новата генерација - израсната претежно на мобилни уреди и без искуство како треба да изгледа стандарден декстоп ОС за продуктивна работа.

Кај тие сериозни сценарија не се користи обичен оперативен систем. Повеќето користат Windows 10 Enterprise (LTSC/LTSB) чија намена му е тоа, да доаѓа без програми кои се наменети за секојдневниот корисник. А ако не користат таква верзија тогаш нивни проблем, ке си се справат со ова ако им го нарушува работниот тек.
Така не е во реалноста. Во реалноста фирмите/иституциите гледаат да поминат поевтино и голем дел од нив купуваат машини со преинсталиран ОЕМ виндовс. Ова го знае секој што се движи во реалниот свет по фирми и институции. На крај тука сме и поединците кои компјутерите ги користиме за продуктивна работа. Или за забава. Зошто да се замараме со вадење блоут и малвер?

„Нивни проблем“ ако корисниците не (пре)платат за LTSC ???
Баш така размислува и Микрософт. Епа тоа е тој бајат надмен однос кој во иднина може да биде крајот за виндовс. Наметнување на блоут и малвер на корисниците со став „ваш проблем“ е бркање на корисниците - или барем тие што држат до себе, своето време, и тие кои се свесни што е оперативен систем за продуктивна работа.
 
Последна промена:

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,638
3,000
Значи ликов горе, нит го користи тоа што го дискутира, нит измерил јусиџ патерн, нит ништо ама сѐ знае. А сите што меревме, сликички, пик ммњору јусиџ инслично појма немаме. ЛГБТ ова она. Абе доста е да сена домеин контролер, со активни групни правила и централизиран апдејт и чао пријатно. Ама немале сиѕе институции тоа. Како па да не. Прошетал он по банки, министерства, судови, ЦРМ и слично па видел. Тресење на памет. Ако за него институција е фирма со ХХ компјутери собирани со тек на време и најверојатно со пиратерија нека си мисли.

Цццццц. НЕВЕРОВАТНО. 100 ВАТНО.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Weeaboo

On your way to fame
23 февруари 2020
617
603
Струга

Lokvan има солидни аргументи, доколку ние како корисници си го прифатиме ваквото однесување на Microsoft кон нас, на 24 Јуни кој знае што дополнително и анти-консумерски ќе најават. Тука повторно ќе го спомнам Windows 7, па и XP. Има причина зошто заминале како најдобрите ОС во историјата. Ќе започнат со непотребен widget, ќе завршат со нешто бетар од Cortana што ќе биде испреплеткано со цел ОС и ќе биде пекол да го исклучиш.
 
Немора да го прифатиме. Ако на некој не му се допаѓа каков е ОС-от или како работи на него Мирко, има избор и готово. Ако му треба онда ќе си го прифати со сите врлини и маани што ги смислил креаторот. Тие што знаат ќе си ги средат работите по желба колку се може, другите и онака нема да имаат потреба ништо да средуваат, ќе мислат така треба. Па не е глуп Мирко, и не е од вчера па да незнае што да додаде извади или измисли во еден ОС. Си имаат нали маркет рисрч, па инсајдер програми, па ова па она, така да ич не им се секирам на нив. А ако претераат во чепкање во антиконсумеризам и приватност си има низ светов соодветни институции и ќе ги плеснат по газот, и нема да им е првпат.
А на ликот аргументите што ги имав пишано во постот што си ме цитирал, немаат врска со општа дискусија за виндоус XYZ како оперативен систем. Имаат со дрндање за работа која не ја ни испитал, за која нагаѓа, и збори за работи кои исто очигледно незнае како се прават во големи институции, акко на пример абдејти, можности и слично.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,704
4,544
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Мислам дека многу ја разводнивте дискусијата. Овие виџети на MS јас ги поздравувам доколку се во насока да го подобрат корисничкото искуство. Секој уред треба да нуди новини и нови начини за интеракција/проширување на употребите на корисникот - а за среќа не сме во време на 386-ки па секој мегабајт да е УЛТРА важен за перформанси.

Оние што не ги интересираат виџетите може во два клика да ги изгасат, а оние што не знаат да ги изгасат нема ни да ги забележат. Од друга страна, во право е @marv дека на темава зборуваме субјективно без некои релевантни статистики за колку корисници всушност не користат (или користат) одредени елементи.

Се додека е во насока на корисничко искуство, јас го поддржувам ова и слободно нека експериментираат. Google за 5 платформи што ги има сега, пројде низ 555 катастрофални.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,196
4,444
SK
Проблемот е што агрегатор на вести и реклами не е „елемент“ од оперативен систем.
Кернелот, и основните алатки (како фајл менаџер, итн), тоа се делови од оперативниот систем.

Оние што не ги интересираат виџетите може во два клика да ги изгасат, а оние што не знаат да ги изгасат нема ни да ги забележат.
:)
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,704
4,544
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Проблемот е што агрегатор на вести и реклами не е „елемент“ од оперативен систем.
Кернелот, и основните алатки (како фајл менаџер, итн), тоа се делови од оперативниот систем.

:)
Не планирам да навлагам во дискусија кога првата реченица ти е субјективна и отсликува твое гледиште базирано на дефиниции од википедија. Не планирам да полемизирам за основни цели на оперативен систем, базирано на дефиниции од 70-тите и 80-тите.

Но, да те удостојам. Дефинирај според тебе дали iOS и Android како оперативни се полни со вакви непотребни елементи? Пример, Health апликацијата на iOS дали е непотребна и вишок, баш ме интересира твоето гледиште?
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,608
14,600
1. Ова е стариот Search/Cortana app кој едноставно покажува веб страна користејќи го стариот EdgeHTML наместо Chromium!
2. Текстот е заматен затоа што скалирањето е тешко.
3. Користи икони од explorer.exe и тоа SVG
4. Користи WEB view во таскбар.

Имаат милион API-а да го имплементираат ова на исправен начин но сепак се решија на испробаната рецептура крајните корисници да ги третираат како да се дебилни деца и вечни бета тестери.

Уште еднаш да напомнам. Таскбарот сега во основа прикажува web страна.

Овие заслужуваат или фини да си преминеш на Apple и да користиш конзола или да се вратиш на Седумка и да користиш конзола за игри.

Нит имам време нит имам желба да изигравам „хакер“ за мои пари.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,196
4,444
SK
Не планирам да навлагам во дискусија кога првата реченица ти е субјективна и отсликува твое гледиште базирано на дефиниции од википедија. Не планирам да полемизирам за основни цели на оперативен систем, базирано на дефиниции од 70-тите и 80-тите.
Дефиниции? Од Википедија? :)

Ај ќе го оставам тоа да помине. Но навистина ете според тебе, каков треба да биде концептот на десктоп оперативен систем наменет за работа и за продукција?
Дали тоа треба да биде ефикасен систем со модуларен концепт на додавање на секакви модули (па и заглупувања како агрегатори на вести/реклами, за тие кои баш инсистираат). Или систам кој у старт е натоваран со сѐ и сешто па корисниците или да трпат или самите да ги елиминираат несаканите ~90% непотребни додатоци? Што од двете нуди ефикасност?

И за тоа подвлеченото, па како замислуваш дека ќе се вклучиш во дискусија за виндовс 10 ако „не планираш да полемизираш за основни цели на оперативен систем“?

Токму тоа е главниот аспект на дискусијава - основната намена на оперативен систем (конкретно 10-ката како актуелен виндовс ОС).

Пример, Health апликацијата на iOS дали е непотребна и вишок, баш ме интересира твоето гледиште?
Немам поим што е тоа.

Дефинирај според тебе дали iOS и Android како оперативни се полни со вакви непотребни елементи?
Да. Не знам за иос ама за андроид, да. Само уште еднаш ќе го повторам истото што поназад му го напишав на некој друг: Не мешај оперативни системи за мобилни телефони со оперативни системи за декстоп компјутери.
Малку офтопик и од мене: Едвај чекам на времето кога ќе има лесно достапни телефони со линукс ОС.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,638
3,000
Гледање на новиот виџет од страна на корисници.
Во неделата ролнат апдејтот, во компанија со 280 клиенти. Намерно беа поделени на 3 групи. Бр.1 целосен виџет, Бр.2 само икона, Бр.3 исклучен. По еделник сабајле ги дочека вработените на нивните десктоп/лаптопи.
2 дена никој не се пожалил на успореност, сметање или било што.
Жалби стигнаа од најголем дел на 3ка - "зашти го немало кај нив". Бр.2 пата-пата некои го сакаа мала икона нели сакаа како кај колегите од Гр.1 Гр.1. прашуваа само дали може ова или она да има нема у фидот, и како да сменат на С место F. Тие што чепкаат многу фино си средија фидови и интереси.
Денес и група 3 добија фулл виџет.
За мене дискусијата завршена на темата што им требало на Мирко.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
[email protected]

Gaining Experience
21 мај 2016
568
454
Оди на му дигитал лифе форумот преку телефон сум сеа а башка тргнав на работа 3 смена :)

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

NecrotoX

Unbeatable
4 март 2013
4,016
4,312
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
Драстична визуелна разлика прават заоблениве рабови a навидум ситна промена. Значи 11-ка ќе биде сепак а, не ја отвори за џабе @Astro темата :D
 
MasteR_#0

Unstoppable
14 декември 2010
2,760
2,428
MasteR_#0's setup  
Processor & Cooler
Core i7 10700K | Hyper 212 Evo
Motherboard
Asus Z490 TUF
Storage
Samsung SM961 256GB | WD 1TB Blue EZEX
PSU
Riotoro Enigma G2 750W
RAM
2x8GB G.Skill SniperX @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 5700
Case
CM H500
Mouse
Logitech G502 Hero | G.Skill MP780
Keyboard
Logitech K120
Audio
Logitech 2.1 X-240 | Sennheiser HD 559
Monitor
Dell P2720D
OS
Windows 10 x64
Приметив на неколку слики на нет дека start и иконите на таскбар се централно позиционирани, нешто слично како кај Win 10X што беше, гледам кај тебе се стандардно лево наместени.

По дифолт се центрирани, па преку сетинг некаде се менува?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,518
Мислења
858,333
Членови
29,929
Најнов член
Jov4e
На врв Дно