Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Закон за заштита на потрошувачи

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.969
6.068
Skopje
Е сега имам неколку прашања:
1.Доколку ми го сменат екранот дали ми се продолжува гаранцијата за некој период или не ? Бидејќи до крај на јуни има гаранција телевизорот, а можеби екранот нов ќе откаже после 1 месец
2.Доколку ми кажат да земам нов телевизор, дали ми ја рачунаат сумата која што сум ја платил за претходниот телевизор или има некоја амортизација,па нешто помалку ќе го проценат?
3.Доколку земам нов телевизор што со гаранцијата ? Дали добивам нова гаранција за новиот производ или ?

Ви благодарам :)
1, Гаранцијата не се продолжува. За екранот, каква среќа ќе имаш:)
2, Ќе ти ја земат во предвид сумата од фискланата сметка и на новиот производ имаш целосно нова гаранција.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.627
19.383
Чисто ме интересира за следнава ситуација...бев во Нептун и во Техно маркет да разгледувам клима уреди и кога им кажав дека не сакам климата да ми ја монитраат од сервисот со кој имаат склучено договор ми одговорија дека доколку сам си ја монтирам нема да ми важи гаранцијата. Дечкото ми објаснуваше како при инсталација можело да дојде до дефект и после ќе требало да се активира гаранцијата не по нивна вина. Нели е ова малку чудно?
Не е ич чудно и во право се. Климата да ја монтира само овластен сервис и никој друг.
И покрај тоа што неовластен сервисер можеби ќе биде стручен, ти да бараш да ја мести овластен. Потпис, печат и све тоа.
И да бараш да ја вакумираат задолжително.
 
ivan88

hello world
22 февруари 2012
389
424
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
@cakii

@ivan88, ова е стандард кај нептун, техномаркет и ред други кои имаат свои монтери. Обично се поскапи за 10-15 евра од стандардните маалски мајстори, ама јас би ја прифатил нивната понуда. Во спротивно може да се најдеш во ситуација да нешто се заебе и се пимплаш помеѓу мајсторите и нептун кај кого е проблемот. И нептун пробуваат да го избегнат тој момент, а би требало и ти.
Претпоставувам дека е така но еве во мојов случај јас имам човек во фамилија кој меѓу другото го работи тоа и услугата би ја добил за 0 ден.
Глупаво а мислам дека и незаконски е ограничувањето поради некој договор кој го имаат компаниите меѓу себе...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.225
16.380
Чисто ме интересира за следнава ситуација...бев во Нептун и во Техно маркет да разгледувам клима уреди и кога им кажав дека не сакам климата да ми ја монитраат од сервисот со кој имаат склучено договор ми одговорија дека доколку сам си ја монтирам нема да ми важи гаранцијата. Дечкото ми објаснуваше како при инсталација можело да дојде до дефект и после ќе требало да се активира гаранцијата не по нивна вина. Нели е ова малку чудно?
Не е чудно и така треба да биде. Сосем логично и деловно исправно.

Здраво на сите,

пред помалце од 2 години земав LG телевизор од Нептун.. Е сега пред некое време се појавија некои флеки на екранот, ги викнав дечките од Видео Дата и дојдоа го констатираа проблемот и го земаа телевизорот.
Се слушнав со нив и ми кажаа дека нарачале нов екран за телевизорот и дека го чекаат, па потоа се јавив да видам до каде е работата ми кажаа дека имаат некој проблем со новиот екран односно појавувал линии од кога го смениле.. Не знаеа да ми одговорат дали ќе се нарачува повторно нов екран или ќе се иде со нов телевизор, рекоа дека најверојатно нема да се нарачува нов екран бидејќи нема време од 12.05.2016 е отворен налогот за телевизорот и како што знам највеќе 30 дена може да го држат на сервис истиот.

Е сега имам неколку прашања:
1.Доколку ми го сменат екранот дали ми се продолжува гаранцијата за некој период или не ? Бидејќи до крај на јуни има гаранција телевизорот, а можеби екранот нов ќе откаже после 1 месец
2.Доколку ми кажат да земам нов телевизор, дали ми ја рачунаат сумата која што сум ја платил за претходниот телевизор или има некоја амортизација,па нешто помалку ќе го проценат?
3.Доколку земам нов телевизор што со гаранцијата ? Дали добивам нова гаранција за новиот производ или ?

Ви благодарам :)
1. Не се продолжува гаранцијата. Секогаш тече од датумот на купувањето ане на сервисирањето.
2. Не разбирам како велиш доколку земеш нов телевизор. Ако правиш старо за ново тогаш ќе треба да доплатиш секако и ако е исправен телевизорот ќе ти одбијат амортизација како и со секоја друга стока.
3. Не. Ако ти дадат нов телевизор поради немање на можност за сервисирање ВО гарантен рок тогаш гаранцијата продолжува да тече од датумот кога си го купил оригиналниот телевизор.

Така работат Нептун а колку што знам така налага и прописот.

Претпоставувам дека е така но еве во мојов случај јас имам човек во фамилија кој меѓу другото го работи тоа и услугата би ја добил за 0 ден.
Глупаво а мислам дека и незаконски е ограничувањето поради некој договор кој го имаат компаниите меѓу себе...

Не е незаконски. Тебе условот ти се соопштува пред купувањето на климата. Take it or leave it.
За да им ја признае производителот гаранцијата, тие мораат да имаат извештај потпишан и заверен од ОВЛАСТЕН сервисен центар. За да можат да ти ја издадат гаранцијата исто така мора ОВЛАСТЕН сервисен центар или да ја изврши монтажата или да го изврши надзорот или да ја изврши инспекцијата.

I_Told_You_by_azlanmclennan.jpg
 
Последна промена:

cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731
1. Не се продолжува гаранцијата. Секогаш тече од датумот на купувањето ане на сервисирањето.
2. Не разбирам како велиш доколку земеш нов телевизор. Ако правиш старо за ново тогаш ќе треба да доплатиш секако и ако е исправен телевизорот ќе ти одбијат амортизација како и со секоја друга стока.
3. Не. Ако ти дадат нов телевизор поради немање на можност за сервисирање ВО гарантен рок тогаш гаранцијата продолжува да тече од датумот кога си го купил оригиналниот телевизор.

Така работат Нептун а колку што знам така налага и прописот.

Не да правам старо за ново туку ќе истечат законски 30 дена што ми го држат телевизорот на сервис без решение и како што знам ме следува законски нов производ.. Е сега доколку го немаат истиот модел на залиха бидејќи моделот е 2 години стар, како што знам треба да добијам друг модел по мој избор..
Телевизорот што е на сервис е купен 49.999 денари. Дали новиот телевизор (доколку испадне да се земе нов) ќе го земам во вредност од 49.999 денари или како ? Или пример поради тоа што телевизорот е 2 години стар ќе ми го проценат незнам на 40.000 денари и до таа вредност ќе можам да земам телевизор бесплатно, а другото со доплата.. И нормално дали тој телевизор ќе има нова гаранција.. Некои викаат да,некои не..

Дали има некој со слично искуство ?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.225
16.380
Новиот телевизор НЕМА да има нова гаранција. Тоа е сигурно. Тие што велат да, немаат поима.
А ствар на избор е на продавачот, ти си платил 49.999 за артиклот. Има две опции, или да доплатиш за поскап нов или да ти ги врати парите 49.999. Нема пресметка на амортизација. Пресметка на амортизација има само ако артиклот е исправен и по сите правилници смее да се препродава. По закон, дефектен производ не смее да се продава.
На времето кога варираа цените на ЛЦД мониторите и хард дисковите, кога под гаранција ќе цркнеше артикл, враќаа пари и тоа онолку колку што си платил. На пример 17-ка лцд си ја купил за 6000 и ти рикнала во момент кога истиот монитор скокна на 8500. Тогаш враќаа 6000 денари, повеќе им се исплатеше отколку да ти дадат нов што кошта 40% повеќе.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.627
19.383
Не да правам старо за ново туку ќе истечат законски 30 дена што ми го држат телевизорот на сервис без решение и како што знам ме следува законски нов производ.. Е сега доколку го немаат истиот модел на залиха бидејќи моделот е 2 години стар, како што знам треба да добијам друг модел по мој избор..
Телевизорот што е на сервис е купен 49.999 денари. Дали новиот телевизор (доколку испадне да се земе нов) ќе го земам во вредност од 49.999 денари или како ? Или пример поради тоа што телевизорот е 2 години стар ќе ми го проценат незнам на 40.000 денари и до таа вредност ќе можам да земам телевизор бесплатно, а другото со доплата.. И нормално дали тој телевизор ќе има нова гаранција.. Некои викаат да,некои не..

Дали има некој со слично искуство ?
Најпаметен потег е парите назад и купување на ист или друг за да имаш гаранција. Новиот, кој е даден во замена, нема да има гаранција освен ако направат гест на добра воља па да ти потполнат нов гарантен лист ама за ова ќе си прашаш и ќе преговараш.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.969
6.068
Skopje
...3. Не. Ако ти дадат нов телевизор поради немање на можност за сервисирање ВО гарантен рок тогаш гаранцијата продолжува да тече од датумот кога си го купил оригиналниот телевизор.
Законот вели дека на новиот производ имаш целосно нова гаранција,но тоа очигледно зависи и од фирмата каде што е купен призводот,
Конкретно:
Case No.1: Во Анхоч рекламирав 2,5'' HDD - ми дадоа ист, нов неотпакуван, гаранција од денот на замената.
Case No.2: Во Сет рекалмирав GTX970 - ми дадоа иста, нова неотпакувана, гаранцијата продолжува со напомена дека е извршена замена.
 
Атачменти

  • Brosura za garancija.pdf
    265,9 KB · Прегледи: 11

cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731
Најпаметен потег е парите назад и купување на ист или друг за да имаш гаранција. Новиот, кој е даден во замена, нема да има гаранција освен ако направат гест на добра воља па да ти потполнат нов гарантен лист ама за ова ќе си прашаш и ќе преговараш.

Во случај да не сакаат да ми дадат нова гаранција имам право да си ги побарам парите назад ? Истата сума што сум ја платил ?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.225
16.380
Законот вели дека на новиот производ имаш целосно нова гаранција,но тоа очигледно зависи и од фирмата каде што е купен призводот,
Конкретно:
Case No.1: Во Анхоч рекламирав 2,5'' HDD - ми дадоа ист, нов неотпакуван, гаранција од денот на замената.
Case No.2: Во Сет рекалмирав GTX970 - ми дадоа иста, нова неотпакувана, гаранцијата продолжува со напомена дека е извршена замена.

Со таа проблематика се занимавав пред година дена, малку избледело ама сум прилично сигурен дека погрешно го толкуваш законот. На НОВ производ секако имаш целосно нова гаранција. Само што во случајов не се работи за НОВ производ туку за замена на стар производ. Дополнително во гаранцијата стои: толку и толку време ОД ДАТУМОТ НА КУПУВАЊЕ. Ако ти сменат стар производ со нов тоа не е купување туку е замена. Тоа се две различни работи. Гаранцијата тече од датумот на иницијалната гаранција.
Ако трговецот сака може да изглуми враќање на парите и продажба на нов производ со нова фискална сметка и ново течење на гаранцијата но него тоа нема да му се исплати. Затоа е ствар на добра воља ако одлучи таа трансакција да ја направи.
 
Море чо'ек, ме натера да се јавам и во ДПИ:D Значи дефинитиво си во право. Mea culpa. Гаранцијата продолжува од денот на завршената поправка за онолку дена колку што бил на сервис, без разлика дали е поправен или заменет за нов.

Едит: Ако е ова случај, како да немаш екстремен респект кон фирма како Анхоч која во својата политика на работење има повеќе слух за купувачот од 95% другите во браншата.
 
Последна промена:

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.969
6.068
Skopje
"10. Кога гарантниот рок се продолжува или
започнува да тече?
• Во случај на мали поправки, гарантниот рок се продолжува за
она време за кое купувачот бил лишен од предметот;
• Кога е извршена замена на предметот или негова битна поправ-
ка, гарантниот рок почнува повторно да тече од замената, одно-
сно враќањето на предметот;
• Ако е заменет или битно поправен некој дел од предметот, га-
рантниот рок почнува да тече повторно само за тој дел."

Не можам да ги добијам оние во Организација за заштита на потрошувачите да ми дадат автентично толкување на нивната брошура.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.627
19.383
Во случај да не сакаат да ми дадат нова гаранција имам право да си ги побарам парите назад ? Истата сума што сум ја платил ?
Најсигурно IMHO е да си ги земеш парињата и лаганим корацима да се упатиш и да купиш вистински телевизор како Sony или Panasonic
За 50.000 денари имаш избор, глава боли. Јас не би се секирал воопшто ако ми враќаат пари.

btw
Новиот производ кој го даваат како замена е своевидна поправка и гаранцијата продолжува да тече онаму каде што запрела и, згора на се, зголемена за онолку колку што уредот бил на поправка.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.441
5.606
Ако не може да се поправи, законот предвидува две опции. Едната е да се замени со ист или подобар, втората е да се вратат парите. Изборот е на купувачот, не на продавачот.
Варијантата доплати и земи подобар не постои, тоа е всушност враќање на пари и купување нов производ. Во тој случај гаранцијата си започнува од почеток со оглед дека се работи за ново купување, но итрите трговци сакаат да ја подметнат старата гаранција за новиот производ.
Заклучок: секогаш барајте си ги парите назад. Така може да си го купите истиот производ поевтино или за сите пари нешто подобро од било каде.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.225
16.380
Така е. Но тоа се многу ретки случаи или пак им се случува на несериозни трговци.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.144
7.825
1, Гаранцијата не се продолжува. За екранот, каква среќа ќе имаш:)
2, Ќе ти ја земат во предвид сумата од фискланата сметка и на новиот производ имаш целосно нова гаранција.
1. По закон, се продолжува најмалце за времето поминато во сервис
 
Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.040
2.078
Скопје, Македонија
Најпаметен потег е парите назад и купување на ист или друг за да имаш гаранција.

+1

Јас направив така со СЕТ за напојување, ми понудија замена, зошто немаше исто, ама гаранцијата да продолжи како од старото, им реков парите назад, и си купив ново, со нова гаранција, немаше апсолутно никаква логика да земам замена со нецелосна гаранција, кога истото тоа напојување што ми го нудеа како замена со нецелосна гаранција, си го купив со целосна гаранција со парите што ми ги вратија.
 
cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731
Само сакам да ве информирам дека завршив работа со телевизорот. Видео Дата ми дадоа формулар за подигнување на нов телевизор или ми рекоа ако сакам поврат на пари.Прашав доколку земам нов дали ќе имам гаранција и добив потврден одговор.Со формуларот си отидов фино лепо во Нептун, земав нов ЛГ телевизор со доплата од 7.000 денари и моментално Нептун има акција за 4К телевизори на ЛГ и наместо 2 добив 5 години гаранција без никакво прашање за стариот тв и старата гаранција.
Поубаво амин :)
Фала ви на сите што ми помогнавте во темата
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.886
3.819

Одлично, ти кажав дека без проблем ќе поминеш. :)

Исто ми се деси и мене пред 2 години и на истиот начин завршив работа плус нова гаранција за новиот ТВ.
 
Lollipop505

read-only
26 април 2016
18
1
Decki dali imam pravo da si baram nov proizvod oti od amc poveke od 30 dena nemam slusnato zbor.
Tabletot go prativ na servis poradi pricina sto voopsto ne se uklucvase.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.225
16.380
Па да. Ако ти не си ги побараш правата АМЦ сигурно нема да те молат. Оди тамѕ, потсети ги дека им поминал рокот и не си оди без ноц таблет.

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
 
Lollipop505

read-only
26 април 2016
18
1
Па да. Ако ти не си ги побараш правата АМЦ сигурно нема да те молат. Оди тамѕ, потсети ги дека им поминал рокот и не си оди без ноц таблет.

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
Pa i planiram toa da go napravam ke odam so tatko mi utre i bez nov tablet ne si odam xD
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Нели беше правило дека доколку во рок од 30 дена не ти е сервисирано, треба да ти дадат нов или да ти ги вратат парите? Се ми се чини така нешто беше...
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно