Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Универзитет за Информатички Технологии – Охрид

Petkovsky

hello world
7 декември 2009
323
31
Имам прашање. Каква е ситуацијата со постдипломски студии?

Видов дека на универзитетот сеуште нема постдипломски програми, па ме интересира дали се планира да се воведат.

Доколку да, кои, доколку не, зашто не :baknezh:
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје
Не туку со тоа знаење и со доучување без професори добиле такви оценки. Луѓе што не иделе на факултет положиле со високи оценки со минимално учење пред колоквиум. Значи тоа што го научиле на електро вредело, ама не било доволно за таму да положат.

Електро секоја година освојува некое место на натпревари така да не е можно сите да се исклучоци што студираат таму. Така да не е само до луѓето дека научиле колку што сакаат.

Дискусијава ја водам бидејќи без никаков факт се исклучија Електро и ПМФ како факултети со послабо знаење од на пример Апостол Павле. 90% од луѓето што се отпишале се отпишале пошто им било тешко, а на друг факултет проаѓале со високи оценки. Реално веројатноста да седнале и да учеле сами и со професорите на другите факултети е приближно еднаква на 0 за 90% од случаите.

И јас нигде не реков дека нечини Апостол Павле или незнам што така да нека не се чувствува некој доволно способен за да може да дели научни институции која е подобра а која не, со оглед на тоа дека од електро до сега излегле многу вешти и способни луѓе за да си ја градат кариерата понатаму како сакаат и во кој правец сакаат. За охридскиот неможам да го кажам истото. Електро факултет е синоним за тежина и наука во Македонија, а не како што претходно беше кажано дека полесни биле предметите од охридскиот.

Јас такво нешто не можам да кажам нити би ми паднало на памет да кажам ако не сум видел што и како се учи и на кој начин тоа се одвива.
 
Сега и мене ме вовлековте во дискусијата.

Она што имам слушано од многу луѓе е дека Електро не е тежок заради материјалот, туку дека професорите го прават да е тежок.

По мене студентите од Електро се најуспешни во Македонија во нивната област затоа што до пред 2-3 години немаше друг факултет за ИТ во македонија освен ПМФ, а не затоа што имаат не знам каква програма. Факт е дека мнозинството добри студенти (било каде, не само на Електро) не се добри поради факултетот, туку од сосема други причини.

Електро е диносаурус. Не знам кога ке сфатат дека не треба упорно да форсираат ИТ на поранешен ЕТФ факултет. Се разбира, една причина за тоа е или недостатокот на стручен кадар, или пак државата не сака да плаќа толку многу професори. Не може на ист факултет да предаваат професори кои својата кариера ја изградиле дизајнирајќи интелигентни системи, и професори кои својот врв во програмирањето го достигнале програмирајќи во С. Ама затоа...

...УИСТ по мене има феноменален потенцијал. Така треба да изгледа еден факултет чија цел е да произведе кадар кој, сељачки кажано, ке се занимава со компјутери.

Јас студирам во Загреб, и овде е слична ситуацијата како на Електро. Причина за тоа е стариот комунистички сиситем, и тромоста и неспособноста на управата да спроведе соодветни реформи.

Оваа година 5 студенти беа на 3-месечна пракса во Facebook, а еден дипломиран студент се вработи во Google. Во Facebook веќе има вработен дипломиран студент од нашиот факултет. Причина за нивниот успех не е факултетот, туку самите тие. Од практикантите еден беше прва година. Замислете каде би стигнале тие луѓе кога би имале поусмерена едукација.
 
fuUuUzZzZy

poweruser
14 декември 2007
4.843
924
Ohrid
Не туку со тоа знаење и со доучување без професори добиле такви оценки. Луѓе што не иделе на факултет положиле со високи оценки со минимално учење пред колоквиум. Значи тоа што го научиле на електро вредело, ама не било доволно за таму да положат.
Во тој случај:

- Навистина седнале да научат. ( дали со професори или без, не е битно, Доколку е без - нивно право. тие ти се на располагање ).
- студентите имале стварно знаење, но поради некоја причина неможеле да продолжат ( претежно намерна од страна на професорот - препишување, презборување и слично ). Неможеш да ми речеш дека тоа не постои, поради тоа што и овде имам колеги кои се запишале баш поради таа причина ).

- и на се важи и обратното. Истите колеги кој успеале неколку години на феит, овде “стажираат“.

Сума сумариум: рано е за докази. Лично мене огромен + ми се докажаните професори, и студирањето на англиски.
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје
Јас не коментирам здраво за готово, уште помалку па да ве убедувам дека ФЕИТ е перфектен. Све е хаос така да ништо не може да се тврди со сигурност што и ми беше провокација да започнам да коментирам. Инаку на ФЕИТ има топ професори, значи стварно образовани луѓе што имаат огромно знаење и успеваат да го пренесат на студентите. Сигурно има и таму, само што се странци а мене не ми се свиѓа тоа поради квалитетните луѓе што ги имаме да предаваат.
Не треба прво да ги омаловажуваме домашните професори поради неукост и незнаење а да ги величиме тие на англиски што ви предаваат. За англиски некој да предава не е воопшто тешко. Повеќе од квалификувани се сите на Феит на англиски да предаваат. Голем дел од матурантите не се спремни да учат настава на англиски, уште помалку па да полагаат на англиски. На крај краева ова е Македонија и официјален јазик е македонски, така да незнам што е толку голем плус учењето на англиски. Целата ИТ област е поврзана со англиски така да учел или неучел на факултет пак мора да знаеш.

Мислам дека ја отеравме темава во правец кој што не е добар :). Ова се бесконечни полемики уште одамна така да нема зашто ние да исправаме криви дрини :) Чисто омаложувањето на ФЕИТ ме натера да куцам, иначе баш фино и мирно си ја читав темава, пошто баш ме интересираше што се случува на тој Охридски универзитет од прва рака.
 
shakle

read-only
3 декември 2010
1
0
Финки

На 6ти декември е второто читање на Влада за ФИНКИ. Да се надеваме дека ќе успее, па да имаме факултет за информатика каков што ни прилега.
 
Petkovsky

hello world
7 декември 2009
323
31
Имам прашање. Каква е ситуацијата со постдипломски студии?

Видов дека на универзитетот сеуште нема постдипломски програми, па ме интересира дали се планира да се воведат.

Доколку да, кои, доколку не, зашто не :baknezh:

Bump.
 
fuUuUzZzZy

poweruser
14 декември 2007
4.843
924
Ohrid
@shakle

Каква е поврзаноста на темава со најавата?

@Petkovsky

Доколку сум во можност, до вечер ќе одговорам. Доколку не, ќе контактирам некој. Го имам прашањето во предвид.
 
worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
Petkovsky, mislam deka postdiplomski studii ke ima na ovoj univerzitet otkako ke diplomira prvata generacija, t.e posle dve i pol godini. Ne drzi me za zbor, no mislam deka ova go cuv na saemot za Obrazovanie i Kariera na standot od univerzitetov.
------------------------------------------------------------------------
Nekoj spomna deka nekoi studenti pagale na elektro a vamu polozvele so 9ki ili 10ki, mozno e, no sepak mislam deka glavna uloga igraat profesorite i nacinot na koj predavaat, pogotovo predmetot koj sami go spomavte - Fizika. Ne deka na elektro, pmf, i neznam kade profesorite neznaat, tuku sakam da kazam deka sigurno ima golema razlika vo nacinot na predavanje. Ke go citiram profesorot po fizika:
"Za da bides siguren deka si gi sfatil fizickite pojavi, zakoni, i problemi probaj da i gi objasnis na tvojata baba, pa ako taa te sfati i i stane jasno, togas bidi sreken, ja razbiras fizikata, no dokolku e obratno treba uste da ucis". Ova go spomnav zatoa sto za da i objasnis na tvojata baba i taa da te sfati treba problemot da go objasnuvas na najednostavno nivo, pa takov e i odnosot na profesorot so studentite, gi objasnuva rabotite na tolku ednostaven nacin sto e prosto nevozmozno da ne go razberis. A tie sto nema da svatat vo tekot na redovnite casovi, mozat koga sakaat da go kontaktiraat profesorot i da zakazat dopolnitelni casovi ili konsultacii.
 
fuUuUzZzZy

poweruser
14 декември 2007
4.843
924
Ohrid
@Petkovsky

Како што и worker_x кажа, еве и официјална поткрепа:

Постдипломски студии најрано би требало да започнат во учебната 2013-14.
Треба прво првата генерација студенти да завршат со дипломските студии.
Така е според закон за високо образование.
Потврдава е од Горан Шибаковски.

Доколку имате и други прашања, слободно прашајте.
 
Petkovsky

hello world
7 декември 2009
323
31
Petkovsky, mislam deka postdiplomski studii ke ima na ovoj univerzitet otkako ke diplomira prvata generacija, t.e posle dve i pol godini. Ne drzi me za zbor, no mislam deka ova go cuv na saemot za Obrazovanie i Kariera na standot od univerzitetov.
------------------------------------------------------------------------

@Petkovsky

Како што и worker_x кажа, еве и официјална поткрепа:

Потврдава е од Горан Шибаковски.

Доколку имате и други прашања, слободно прашајте.

Фала на двајцата.
 
SNACHG

hello world
23 февруари 2010
177
17
Стварно не сакам туку така да упагам во темата али искрено ме иритира тоа што уште постојат академски грагани кои се замараат со рангирање на факултетите.Тоа е стварно глупо, според мене не постои добар факултет или универзитет според мене постои добар студент, под добар студент не подразбирам само лице кое студира на некој факултет и сл, туку лице кое се образува во некоја насока, како што реков не е бидно каде.Е сега да кажам дека и стварно ме иритираат и студенти кои се на државните универзитет како во Скопје пример темата е за ИТ факултети значи како студенти од ФЕИТ, ПМФ и сл, кои како што изгледа не се заљубени во насоката која ја изучуваат него во самиот факутет, тука можам да кажам дека студенитет од ФЕИТ страдат од некој комплекс дека тие ти се најпаметни и најдобри и дека студираат на еден од најдобриот факултет по информатика во Македонија ако не и пошироком за ова ке се докажуваат на работа а не на форуми.Искрено кажано и јас имам завршено на ФЕИТ тогашен ЕТФ, али дали тогаш немавме конкуренција не се замаравме за такви ти глупи дискусии и сл, исто така можам да кажам дека студентите од ПМФ се многу по искрени и поконкретни за нивниот факултет одколку овие студенти од ФЕИТ што тоа е добра нивна карактеристика а и добро гледано ден денес ПМФ има многу подобра програма одколку ФЕИТ, кадарот на ПМФ е исто стручен како и на ФЕИТ али ова не го прави најдобар факултет по ИТ во Македонија.Како што е и најнормално и природно секаде и на секој факултет па марак и на најдобрите има многу глупи студенти кои и за време на студирањето и по студирањето појма немаат тоа најчесто се слушува на ФЕИТ и ПМФ на другите не знам али сигурно има.И сега што заклучивме дека факултет не се рангира по успехот на студентите него по самиот себе т.с (добар и стручен кадар, добра опрема лабаратиории, иновација во некоја насока и сл), а не како кај нас отишле од ФЕИТ на незнам кој си натпреавар вие не отидовте и ние сме најдобри а да се правви стручно тестирање на ФЕТИ сигурен сум дека 80% од студените ке паднат, истото се подразбриа и за другите факултети по ИТ во Македонија.И сега уште нешто да кажам, глупо е и себично да не му се даде шанса на добар универзитет како што е овој новиот во Охрид како беше Апостол Павле, каде што гледано од веб сајтот има добра академска програма со добри и стручни професори а сигурно и добра опрема.Значи колеги стварно е глупо да се замарат со тоа кој е подобар, според мене најдобрите ке се покажат на работната позиција а не овде на форумот, еден совет седете дома и учејте а не дискутирајте за глупи теми позз и се извинувам за долгиот пост.
 
ChemicalAngel

lurker
24 ноември 2008
822
230

Изгледа имаш набиено комплекси, оти си удрил многу учење на ФЕИТ, а ништо не си научил па сега го плукаш, ова не е само од овој пост туку и од сите други што ги имам читано од тебе.
 
SNACHG

hello world
23 февруари 2010
177
17
ChemicalAngel така е, затоа јас работам а ти бараш работа или.А ти си баш од тие студенти кои се заљубени во факултетот а не во насоката која ја изучуваат, и затоа никогаш нема да знаеш ништо освен истојата на ЕТФ/ПМФ.А инаку нема ова да го саватам лично тука овде докажуваш колку си прост и каква култура имаш позз и остани ми создравје, а јас лично мислам дека постот си е океј ти ако не си го прочитал тоа е друго
 
ChemicalAngel

lurker
24 ноември 2008
822
230
ChemicalAngel така е, затоа јас работам а ти бараш работа или.А ти си баш од тие студенти кои се заљубени во факултетот а не во насоката која ја изучуваат, и затоа никогаш нема да знаеш ништо освен истојата на ЕТФ.А инаку нема ова да го саватам лично тука овде докажуваш колку си прост и каква култура имаш позз и остани ми создравје, а јас лично мислам дека постот си е океј ти ако не си го прочитал тоа е друго

По ова што си го напишал, многу зборови си згрешил изгледа од возбуда од обратено внимание :D
И постот преку два реда го читав оти знам што ќе пишеш, како и во секој твој следен пост за високото образование колку тоа е застарено колку тоа не е добро и само теорија се учи никаде пракса и слични такви работи и колку вредат Cisco курсевите. Само треба да знаеш додека ги фалиш тие курсеви работниот век тие е 40 години, а не 5 или 10 години и дека без основата од факултет (ако си ја разбрал) тие курсеви многу потешко можеш да ги поминеш.
 
SNACHG

hello world
23 февруари 2010
177
17
ChemicalAngel па мислам дека 90% од студентие по информатика кои студираат на државните ке се согласат со мене дека програмата е застарена, а тоа за Cisco e друго за тоа во друга тема.
 
^Predator

hello world
12 март 2008
293
18
Споредбата на факултети е премногу дискутабилна тема, а на форумот најчесто се прави индивидуално и субјективно опфаќајќи произволни вредности и услови од сопствениот факултет како аргументи за да се оцрни угледот на друг факултет. За да се анализира инфрастуктурата на еден факултет, и неговото функциорнирање како систем што нуди програма и курсеви за едукација е горе-долу со индентични проблеми кај сите факултети под универзитетот Кирил и Методи во Македонија, па доволно е да се земе било кој факултет како еталон за споредба. Немора тоа да бидат ФЕИТ и ПМФ за да се долови тековната состојба која сите добро ја знаеме. Затоа компарацијата на "старомодниот" факултет и "модерниот", при неутрални влијанија на сите останати работи(пред стартот на трката), е секогаш на страна на модерното затоа што на прв поглед изгледа свежо, демократско, неискорумпизирано... едноставно претставува ентитет што на факултетот му дава статус дека е во тек со најновите технологии и најсовремени програми за учење. Но факултет без студенти е само стационарна појава што мирува се додека на сила не стапи студентскиот потенцијал што во комбинација со професорскиот модел на предавање ги диктира областите, границите и максималните вредности од знаењето шо би можел еден индивидуалец да ги поседува само со материјалот што е предаден на час. И овде повторно доаѓаме до логичкиот заплет на индивидуалните критериуми за споредба. Секој поединец негува различна филозофија кон материјалот предаден од факултетот, покорувајќе се на околината или сопствените морални размислувања за тоа: што треба да се учи а што не треба да се учи, малку се учи-повеќе слободно време, многу се учи-малку слободно време, недостиг на практична работа, премногу математики сакам да учам само програмирање, научи ме како се прави тоа и тоа и не ме замарај со други работи, професорите се меки, професорите се лоши, недоволни и некомплетни материјали, премногу странска литература...досадно?(мене ми се здосади)
Гледано од страна секогаш тој муабет е целосно некомплетен, а неговата поента е секогаш иста: Системот на факултетот е занемарлив, а рангот на еден факултет никогаш не е константен туку баш напротив, тој варира за секој поединец, а може да се определи од неговите знаења на излезот од факултетот.
Затоа се проѕирни и непоентални сите препукување помеѓу факултетите гледајќи ги како целина, а притоа затскривајќи се позади толпата студенти и името на факултетот.
Моја препорака: Нека ваше мерило за квалитетот на факултет биде вашето знаење од областа што ја проучувате, анализирате и во која се задлабочувате, а не рејтингот на факултетот на кој студирате.
 
Тоа е тоа што треба и да се свати од целата дебата браво и позз
 
worker_x

hello world
17 март 2010
404
416
Стварно не сакам туку така да упагам во темата али искрено ме иритира тоа што уште постојат академски грагани кои се замараат со рангирање на факултетите.Тоа е стварно глупо, според мене не постои добар факултет или универзитет според мене постои добар студент, под добар студент не подразбирам само .......

Споредбата на факултети е премногу дискутабилна тема, а на форумот најчесто се прави индивидуално и субјективно опфаќајќи произволни вредности и услови од сопствениот факултет како аргументи за да се оцрни угледот на друг факултет. За да се анализира инфрастуктурата на еден факултет, и неговото функциорнирање како систем што нуди програма и курсеви за едукација е горе-долу со индентични проблеми кај сите факултети под универзитетот Кирил и Методи во Македонија, па .......

Убаво кажано и од двајцата (мислам на целите постови, ама да не ги цитирам целосно):)!!!
 
Stephanie

read-only
23 јануари 2011
2
0
по прочитаните коментари сфатив дека се работи за навистина квалитетен универзитет. Најверојатно во октомври ќе бидам и јас меѓу студентите на УИСТ. Би сакала да прашам за машинска интелегенција и роботика. Не најдов никакви информации во врска со тоа. Па би сакала да добијам некакви мислења од студентите на машинска интелегенција и роботика.:D
 
Stephanie не ти е лошо што размислуваш за тоа, мада стварно не знам кај би работела со тоа - машинска интелегенција и роботика ти е тема која би се дискутирала во земја со развиена индустрија а не во Македонија а сумо сумаро на тоа, и не верувам дека универзитетот има толку добри лабаратории па не знам некако да можеш добро да ја изучиш таа тема позз али во секој случај респект за универзитетот само со таква едукација ке може и Македонија да напредне на информатички план.
 
Машинска интелигенција (вештачка интелигенција, машинско учење и сл.) де факто станува дел од индустријата и не е веќе тоа што мислат луѓето дека е. Можеби во твое време била научна фантастика, ама денес е дел од реалноста и тоа не само во поразвиените земји. Типичен пример ти е програм/алгоритам кој изработува некаков распоред (распоред на предавања или испити, пакување на некакви продукти, барање најкраток пат и слични такви проблеми чија цел е некаква оптимизација).
Друга примена е обработка на слики, обработка на природни јазици (потребен е таков програм за македонскиот јазик), препознавање на облици итд.

Лаборатории не ти требаат не знам какви. Се може да се направи на обичен компјутер. Доколку има таков смер, би им го препорачал на оние кои сакаат да истражуваат и се спремни да вложат труд и време да бидат во чекор со најновите откритија од таа област. Можеби по дипломирање нема веднаш да најдете таква работа, но знаењето и идеите ке би видат од голема корист.
 
Stephanie

read-only
23 јануари 2011
2
0
Знам дека во македонија би изгледала на чудак со таа струка бидејќи се уште тоа не е развиено кај нас, но искрено моите планови се за некаде многу подалеку од Македонија и поради тоа таа струка ми е и најинтересна. Ме интересираат такви работи, сметам дека можам да успеам и дека можам да вложам многу труд. Но, друго ми беше зборот :) Дали се добри условите за работа и дали навистина би можела да научам многу за машинската интелегенција и роботиката и покрај тоа што КАЈ НАС ТАА ТЕМА Е science fiction movie :):)? поздрав и благодарам за повратните коментари :)
 
SNACHG

hello world
23 февруари 2010
177
17
За машинска интелегенција и роботика и текако треба добра лабараторија наспроти само компјутер , не знам на што мислиш ама машинска интелегенција и роботика се базира на практично знаење и умеење видливо со очи машина која ке заменува човек а не тетратка со формули и некое си програмче во COBOL, Prolog и сл.
Искрено многу го ценам и почитувам новиот универзитет по информатика во Охрид ама некои смерови ги трескаат од кај да биде, ништо џудно да творат и факултет за астронаути :D , треба да се виде шти и треба на оваа држава и тоа да се учи а не вештачка интелегенција, не е лошо ама не знам за каде во МК а за во странство со МК диплома наспроти гигантите MIT, Oxford, Harvard и сл кои се иноавтивците во таа област тешко ама секој по својот пат јас.Позз
 
Petkovsky

hello world
7 декември 2009
323
31
Ти кажав јас што е машинска интелигенција и каде се применува. Она што ти го опиша е научна фантастика.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно