Не туку со тоа знаење и со доучување без професори добиле такви оценки. Луѓе што не иделе на факултет положиле со високи оценки со минимално учење пред колоквиум. Значи тоа што го научиле на електро вредело, ама не било доволно за таму да положат.
Електро секоја година освојува некое место на натпревари така да не е можно сите да се исклучоци што студираат таму. Така да не е само до луѓето дека научиле колку што сакаат.
Дискусијава ја водам бидејќи без никаков факт се исклучија Електро и ПМФ како факултети со послабо знаење од на пример Апостол Павле. 90% од луѓето што се отпишале се отпишале пошто им било тешко, а на друг факултет проаѓале со високи оценки. Реално веројатноста да седнале и да учеле сами и со професорите на другите факултети е приближно еднаква на 0 за 90% од случаите.
И јас нигде не реков дека нечини Апостол Павле или незнам што така да нека не се чувствува некој доволно способен за да може да дели научни институции која е подобра а која не, со оглед на тоа дека од електро до сега излегле многу вешти и способни луѓе за да си ја градат кариерата понатаму како сакаат и во кој правец сакаат. За охридскиот неможам да го кажам истото. Електро факултет е синоним за тежина и наука во Македонија, а не како што претходно беше кажано дека полесни биле предметите од охридскиот.
Јас такво нешто не можам да кажам нити би ми паднало на памет да кажам ако не сум видел што и како се учи и на кој начин тоа се одвива.
Во тој случај:Не туку со тоа знаење и со доучување без професори добиле такви оценки. Луѓе што не иделе на факултет положиле со високи оценки со минимално учење пред колоквиум. Значи тоа што го научиле на електро вредело, ама не било доволно за таму да положат.
Имам прашање. Каква е ситуацијата со постдипломски студии?
Видов дека на универзитетот сеуште нема постдипломски програми, па ме интересира дали се планира да се воведат.
Доколку да, кои, доколку не, зашто не :baknezh:
Потврдава е од Горан Шибаковски.Постдипломски студии најрано би требало да започнат во учебната 2013-14.
Треба прво првата генерација студенти да завршат со дипломските студии.
Така е според закон за високо образование.
Petkovsky, mislam deka postdiplomski studii ke ima na ovoj univerzitet otkako ke diplomira prvata generacija, t.e posle dve i pol godini. Ne drzi me za zbor, no mislam deka ova go cuv na saemot za Obrazovanie i Kariera na standot od univerzitetov.
------------------------------------------------------------------------
@Petkovsky
Како што и worker_x кажа, еве и официјална поткрепа:
Потврдава е од Горан Шибаковски.
Доколку имате и други прашања, слободно прашајте.
Изгледа имаш набиено комплекси, оти си удрил многу учење на ФЕИТ, а ништо не си научил па сега го плукаш, ова не е само од овој пост туку и од сите други што ги имам читано од тебе.Стварно не сакам туку така да упагам во темата али искрено ме иритира тоа што уште постојат академски грагани кои се замараат со рангирање на факултетите.Тоа е стварно глупо, според мене не постои добар факултет или универзитет според мене постои добар студент, под добар студент не подразбирам само лице кое студира на некој факултет и сл, туку лице кое се образува во некоја насока, како што реков не е бидно каде.Е сега да кажам дека и стварно ме иритираат и студенти кои се на државните универзитет како во Скопје пример темата е за ИТ факултети значи како студенти од ФЕИТ, ПМФ и сл, кои како што изгледа не се заљубени во насоката која ја изучуваат него во самиот факутет, тука можам да кажам дека студенитет од ФЕИТ страдат од некој комплекс дека тие ти се најпаметни и најдобри и дека студираат на еден од најдобриот факултет по информатика во Македонија ако не и пошироком за ова ке се докажуваат на работа а не на форуми.Искрено кажано и јас имам завршено на ФЕИТ тогашен ЕТФ, али дали тогаш немавме конкуренција не се замаравме за такви ти глупи дискусии и сл, исто така можам да кажам дека студентите од ПМФ се многу по искрени и поконкретни за нивниот факултет одколку овие студенти од ФЕИТ што тоа е добра нивна карактеристика а и добро гледано ден денес ПМФ има многу подобра програма одколку ФЕИТ, кадарот на ПМФ е исто стручен како и на ФЕИТ али ова не го прави најдобар факултет по ИТ во Македонија.Како што е и најнормално и природно секаде и на секој факултет па марак и на најдобрите има многу глупи студенти кои и за време на студирањето и по студирањето појма немаат тоа најчесто се слушува на ФЕИТ и ПМФ на другите не знам али сигурно има.И сега што заклучивме дека факултет не се рангира по успехот на студентите него по самиот себе т.с (добар и стручен кадар, добра опрема лабаратиории, иновација во некоја насока и сл), а не како кај нас отишле од ФЕИТ на незнам кој си натпреавар вие не отидовте и ние сме најдобри а да се правви стручно тестирање на ФЕТИ сигурен сум дека 80% од студените ке паднат, истото се подразбриа и за другите факултети по ИТ во Македонија.И сега уште нешто да кажам, глупо е и себично да не му се даде шанса на добар универзитет како што е овој новиот во Охрид како беше Апостол Павле, каде што гледано од веб сајтот има добра академска програма со добри и стручни професори а сигурно и добра опрема.Значи колеги стварно е глупо да се замарат со тоа кој е подобар, според мене најдобрите ке се покажат на работната позиција а не овде на форумот, еден совет седете дома и учејте а не дискутирајте за глупи теми позз и се извинувам за долгиот пост.
ChemicalAngel така е, затоа јас работам а ти бараш работа или.А ти си баш од тие студенти кои се заљубени во факултетот а не во насоката која ја изучуваат, и затоа никогаш нема да знаеш ништо освен истојата на ЕТФ.А инаку нема ова да го саватам лично тука овде докажуваш колку си прост и каква култура имаш позз и остани ми создравје, а јас лично мислам дека постот си е океј ти ако не си го прочитал тоа е друго
Споредбата на факултети е премногу дискутабилна тема, а на форумот најчесто се прави индивидуално и субјективно опфаќајќи произволни вредности и услови од сопствениот факултет како аргументи за да се оцрни угледот на друг факултет. За да се анализира инфрастуктурата на еден факултет, и неговото функциорнирање како систем што нуди програма и курсеви за едукација е горе-долу со индентични проблеми кај сите факултети под универзитетот Кирил и Методи во Македонија, па доволно е да се земе било кој факултет како еталон за споредба. Немора тоа да бидат ФЕИТ и ПМФ за да се долови тековната состојба која сите добро ја знаеме. Затоа компарацијата на "старомодниот" факултет и "модерниот", при неутрални влијанија на сите останати работи(пред стартот на трката), е секогаш на страна на модерното затоа што на прв поглед изгледа свежо, демократско, неискорумпизирано... едноставно претставува ентитет што на факултетот му дава статус дека е во тек со најновите технологии и најсовремени програми за учење. Но факултет без студенти е само стационарна појава што мирува се додека на сила не стапи студентскиот потенцијал што во комбинација со професорскиот модел на предавање ги диктира областите, границите и максималните вредности од знаењето шо би можел еден индивидуалец да ги поседува само со материјалот што е предаден на час. И овде повторно доаѓаме до логичкиот заплет на индивидуалните критериуми за споредба. Секој поединец негува различна филозофија кон материјалот предаден од факултетот, покорувајќе се на околината или сопствените морални размислувања за тоа: што треба да се учи а што не треба да се учи, малку се учи-повеќе слободно време, многу се учи-малку слободно време, недостиг на практична работа, премногу математики сакам да учам само програмирање, научи ме како се прави тоа и тоа и не ме замарај со други работи, професорите се меки, професорите се лоши, недоволни и некомплетни материјали, премногу странска литература...досадно?(мене ми се здосади)
Гледано од страна секогаш тој муабет е целосно некомплетен, а неговата поента е секогаш иста: Системот на факултетот е занемарлив, а рангот на еден факултет никогаш не е константен туку баш напротив, тој варира за секој поединец, а може да се определи од неговите знаења на излезот од факултетот.
Затоа се проѕирни и непоентални сите препукување помеѓу факултетите гледајќи ги како целина, а притоа затскривајќи се позади толпата студенти и името на факултетот.
Моја препорака: Нека ваше мерило за квалитетот на факултет биде вашето знаење од областа што ја проучувате, анализирате и во која се задлабочувате, а не рејтингот на факултетот на кој студирате.
Стварно не сакам туку така да упагам во темата али искрено ме иритира тоа што уште постојат академски грагани кои се замараат со рангирање на факултетите.Тоа е стварно глупо, според мене не постои добар факултет или универзитет според мене постои добар студент, под добар студент не подразбирам само .......
Споредбата на факултети е премногу дискутабилна тема, а на форумот најчесто се прави индивидуално и субјективно опфаќајќи произволни вредности и услови од сопствениот факултет како аргументи за да се оцрни угледот на друг факултет. За да се анализира инфрастуктурата на еден факултет, и неговото функциорнирање како систем што нуди програма и курсеви за едукација е горе-долу со индентични проблеми кај сите факултети под универзитетот Кирил и Методи во Македонија, па .......
по прочитаните коментари сфатив дека се работи за навистина квалитетен универзитет. Најверојатно во октомври ќе бидам и јас меѓу студентите на УИСТ. Би сакала да прашам за машинска интелегенција и роботика. Не најдов никакви информации во врска со тоа. Па би сакала да добијам некакви мислења од студентите на машинска интелегенција и роботика.![]()
Stephanie не ти е лошо што размислуваш за тоа, мада стварно не знам кај би работела со тоа - машинска интелегенција и роботика ти е тема која би се дискутирала во земја со развиена индустрија а не во Македонија а сумо сумаро на тоа, и не верувам дека универзитетот има толку добри лабаратории па не знам некако да можеш добро да ја изучиш таа тема позз али во секој случај респект за универзитетот само со таква едукација ке може и Македонија да напредне на информатички план.