Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
INDESIT IWC 81283 C ECO EU.M

Ем ефтина, ем 8кг, ем со инвертер мотор. Е сеа не е со фенси шменси дисплеј, ама тоа е :)
Точно, ама ја немаат нигде на залиха. Ја видов и претходно па зато не ја ставив во листава. :)
EDIT: Ми фати око предлогот на @Sephiroth. Кој е сервисер за LG машините и на што даваат гаранција во тие 24 месеци? Пошто нели моторот има засебна 10 годишна гаранција.
За Беко најмногу ми беше заради 5 годишната гаранција (не знам на што точно) и 10 години на моторот, инаку ме одвратуваше самиот маркетинг шо го прават и оттука дозата на резерва.
Ќе разгледам ко ќе имам појќе време и ви благодарам на сите шо ми помогнавте. Слободно пишете и други прелози и совети, сите се добредојдени.
 
Последна промена:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Oва ме интересираше и мене, пред се заради заштедата и брзината на загревање. Но после читање за штетност од електромагнетни зрачења се одлучив да го заобиколам ова и да останам на готвење на плин, каде исто така имам и заштеда и брзината на загревање.
Инаку самите произведувачи предупредуваат особи со пејсмејкери никако да не користат индукција за готвење (или било што).

На оваа тема (штетност од електромагнетни зрачења) надолго и нашироко зборуваме овде: Дали новите смартфони се радиоактивни?
Електромагнетното зрачење на телекомунакциската опрема работи на повисоки фрекфенции од готвењето со индукција, и не баш најјасно дали целосно важат истите сознанија... Но јас лично повеќе би да згрешам на страната на внимателност (отколку на другата страна).
не би требало да има врска многу многу си храната оти добар дел од зрачењето се претвара во топлина. Секако ако садот е соодветен, ако ставиш не соодветен сад поголем дел ќе оди во јадењето, ајде водата ќе се раздели на водорот и кислород, но другите работи кој знае, може и да не е штетно, ама треба да се провери. Исто и за пеј мејкер, ако има сад поставен на плочата, нема гајле, металот што ќе индуцира зрачење ќе биде многу мало и ќе има влијание од неколку мм, а самата жештина ќе те натера да се тргниш, додуша и да нема сад пак растојанието ќе биде крако, ама сепак поголемо, али ако се доближи доволно, да ќе направи фрка со пејс мејкерот. Инаку е побрзо и од плин и од било кој друг шпорет, ако немате некој со пејс мејкер слободно може да се користи, секако со соодветен сад, садот е како штит, мноогу мал дел од зрачењето ќе појде во храната не верувам дека би имало влијание, сигурно влијанието е помало него микробранова, а на пример микро бранова се користи со години и немало некои нус појави, е сега ако готвиш исклучиво на микробранова може, кој знае, ама пак е апсурдно само на микробранова да готвиш нели.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Микробрановата печка е всушност Фаредеев кафез, ЕМ зрачењето е внатре и останува внатре (воглавно). Не и со индукционите плотни.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
да, поентата ми беше ко ќе ја покриеш ринглата ако садот е таман си му застанал на патот на зрачењето и цела енергија се претвара во топлина (делумно во ir нели). После овде зрачењето е електро магнетно поле уствари и не е баш зрачење, е кај микрото е ем зрачење и интерфенира со многу повеќе работи, ем поле би реагирало само на феромагнети и тоа со широка хистереза, кај микрото храната е во тој фарадеев кафез и е директно озрачена, додека овде тенџерето е фарадеев кафез и храната е заштитена од зрачење, па од микрото кога немало некои видиливи последици после толку време(за храната зборам), од ова не би очекувал да има. На пример да ставиш парче месо на рингла без сад како во микробранова, никогаш нема да се стопли.
 

Stela Artois

read-only
11 октомври 2015
2
0
Ајде ве молам совет за рерна, плотна и машина за садови 45 см за вградување. Исто и аспиратор, целосно вградлив во елемент, без извлекување. Сѐ вкупно околу 1000 евра. Во игра се Gorenje, Electrolux и Bosch. Се изначитав спецификации и сѐ ми е исто, освен цените. Кујната е околу 20 метри кубни, така да мислам дека аспиратор од 300 метри кубни на час е доволен. Поправете ме ако грешам. И фала!
 
300m3 аспиратор ти е доволен за варење кафе, да си земеш 5-600 за манџи и запршки, имаш во Neptun или Skoleks. Јас од Сколекс земав Eurolux Integra HIP A52 целосно вградлив, има 600м3, на попуст е за 7000ки.

Рерна Беко, плотна било каква - индукциска, машина за садови исто Беко, со инвертер мотор и со додатни шприцеви за прибор за јадење и тенџериња. Види во Нептун што има
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
На тема индукциско приготвување на храна
Бидејќи ова е ит форум, какво е вашето мислење на штетноста на начинот на работа.
Колку е тоа здраво? НЕ ме интересира дали е економична и колку брзо сработува, туку самиот принцип на работа дали е ок од биолошка гледна страна.
пред 3 год земав индукциска плотна и ја користам до ден денес.
нешто фатив на блиц дека не биле добри за користење но ништо конкретно немам до сега читнато.
а баш сакам некој да ми објасни во што е штетноста во готвењето.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Далеку од ништо, ама секој своето нели.
Можеме да не се согласуваме за степенот на штетноста, но не е спорно дека постои штетност од такви ем полиња/зрачења. Кога ќе ги додадеш бенефитите од индукционото готвење (кои се големи „на хартија“ ама ништо спектакуларно во реалност), искача дека заменуваш потенцијални или извесни долгорочни проблеми (здравствени) за нешто побрзо загревање на садовите за готвење (битно само за побрзо варење кафе и чај) и одредена мала заштеда во енергија.

Таа споредба е во однос на готвење со плотни/шпорети со класични рингли.
Направи ја истата споредба во однос на готвење на плин, и индукционото готвење губи по сите важни основи: заштеда во пари, брзина на загревање на садовите за готвење, штетност по здравје. Се разбира, штетност по здравје е коментар кој не важи ако некој е толку глуп да заборава вклучен плин. ;)

На крај сите опции имаат добри и лоши страни и секој за себе одбира каков компромис ќе направи.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Штетноста е од самата термичка обработка, од маслото.... Многу мал дел од состојките би интерфенирале со полето. Исто и традиционалната рингла има електромагнетно поле, секако помало. Садот блокира значаен дел полето, оти нели е метален и го претвара во поле, а и да ја ставиш храната директно на плоча, доколку би интерфенирала со храновите би се загреала, но овде не е случај, што наведува дека многу мал дел од состојките интерфенираат со електро магнетното поле, оти нели енергијата мора да оди некаде.
За разлиак од ними, микрото работи на сосема друг начин, мада ко по млади јадегме секој ден "озрачени" хамбурегери, па еве уште никој не скинал конци од зрачењето,мада кај инукцискиве плотни не ни има зрачење.
View: https://m.youtube.com/watch?v=qlIzG5kqhQc

View: https://m.youtube.com/watch?v=T3AI1eQ50iE

Исто така плинот е далеку по не ефикасен од овие
View: https://m.youtube.com/watch?v=2SDWkGx0ako
 

marick14

hello world
2 март 2011
185
75
Кривогаштани
Ми треба совет за добра машина за перење.
Старава ми е Горење и веќе се расипува, па сакам нова да си купам.
Буџетот ми е некаде до 400-450 евра.
Марка немам конкретно размислувано, а не знам дали би идел и на машина што има и за перење и сушење (2 во 1) или само за перење.
Битно ми е да нема многу бучава.

Ваши препораки?
 

Deksa

user
9 февруари 2012
1.001
905
Ми треба совет за добра машина за перење.
Старава ми е Горење и веќе се расипува, па сакам нова да си купам.
Буџетот ми е некаде до 400-450 евра.
Марка немам конкретно размислувано, а не знам дали би идел и на машина што има и за перење и сушење (2 во 1) или само за перење.
Битно ми е да нема многу бучава.

Ваши препораки?

Не перам ама жена ми ја фали машинава, голема е, суви алишта вади на max RPM, задоволни сме.
Од што е тивка, незнаеш дали работи :)
Direct Drive земи си, немој со каш ако сакаш тивко.

Земи некоја со најмногу гаранција, сите машини во поново време се тиња, неможеш да го отвориш бубањот за да смениш лагери (најчесто се расипуваат) ги лијат исцело, за разлика од порано кога беа со стеги споени од 2 дела.
Не се нафаќа мајстор да ти ја прави, сам ке треба да го сечеш па да го лепиш со водонепропустлив лепак/силикон, мора да дихтува.

INDESIT BWE 71253 X WSSS
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.229
Машина за перење Bosch ако ви е страва од Gorenje

Би рекол Miele ама се премногу скапи
 

Melisandre

hello world
6 мај 2019
143
285
Што и да земате, никако не купувајте комбинирана. Ако имате мал простор подобро машините за перење и сушење ставете ги една врз друга и зацврстете измеѓу со парче бутил. Комбинираните се рецепт за брзо расипување. И, да се внимава да не се оставаат алишта да стојат внатре подолго време, и да не се пренатрупува. Без разлика дали станува збор за скапи или ефтини, ако не се одржуваат добро, нема да траат многу. И онака секоја година се прават нови серии, со ОЕМ нарачки, така да по некое време ако затреба дел, може да се погоди да нема баш за таа серија. Намерно се така правени за да бидат потрошливи.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.229
Јас (ние) во кризна ситуација зедовме Gorenje (W7723) машина за перење на алишта која не е ништо особено (7кг, 1200 о/мин) и спрема написите овдека (и на други места) требаше да очекувам катастрофа во најмала рака.

Еве 1,5 година покасно машината работи како првиот ден и женава е многу задоволна.
На пример се зборуваше дека имаат проблеми со тоа Sensocare-то и центрифугата но ние немаме.

Она на кое што внимава(ме) е да не се пренатрупува со алишта и да не стојат внатре. Онака како што кажува @Melisandre
Вратата е постојано отворена за да не засмрдува. Машинава не е застаната (со мали деца и така тоа..)
 

nikola_bb

hello world
14 август 2009
402
123
Земи си lg direct drive немаш утка. Прекрасна машина за тие пари. Да на горење и остали срања не се мења лагер, на лг се менува и лагер на бубањот ;)
 

skopje_mkd

hello world
5 февруари 2016
392
134
Ајде домаќинки давајте памет треба да земам машина за сушење алишта и шпорет. Буџет имам одредено и се двоумам од овие опции:

Шпорет

1. Шпорет BEKO FSE67300GW, 60cm, керамичка плотна, 66l рерна, бел 17.600 денари
2. Шпорет BEKO FSS67000GW, 60cm, керамичка плотна, 71l рерна, бел 15.000 денари


Шпоретите се БЕКО најефтините со стаклокерамичка плоча. Разлика на поскапиот модел е што има дувалка рерната и дигитален дисплај другото како што гледам е исто.
Ако има некој искуство со шпорет БЕКО би било убаво да сподели искуство или со некој од овие модели што би било супер. Исто така доколку има нешто интересно од некој друг бренд во овој ценовен ранк.


Машина за сушење

1. Сушара BEKO DS7433PAO, А++, 7KG, 15прог. 21.100 денари
2. Сушара CANDY CSH8A2DE-S, кондензациска, 8kg, 15прог., А++ 22.000 денари
3. Сушара BOSCH WTR 85V00 BY, A++, 7kg, 14прог. 33.400 денари

Исто и за машина за сушење искуства или некој предлог да даде. Трите модели се со Heat Pump како демек било пресудно за суви алишта, прв пат купувам и некако немам појма што да барам бренд, модел функции ... ајде помош дечки !!
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Земај го тој со најголема рерна.

Кај машините за сушење, топлотната пумпа нема врска со сувоста на алиштата, туку со принципот на греење. Далеку поекономични се од тие со обичен греач. Клима наспроти греалка е разликата. Само имај предвид дека имаат многу повисока минимална работна температура, односно нема да може да работи зимно време на тераса, визба или друго место каде е ладно.
 

TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.147
3.019
Момци најекономично и најефикасно грејно тело за просторија од 14 м2? Просторијата ќе се загрева неколку часа во денот.

Се мислам за панелка од 2,5 или 3Kw.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Момци најекономично и најефикасно грејно тело за просторија од 14 м2? Просторијата ќе се загрева неколку часа во денот.

Се мислам за панелка од 2,5 или 3Kw.
За толкава просторија и неколку часа, панелка ти е најдобар избор. Може и со помала моќност.
 

FiC DoGG

user
17 април 2007
1.042
1.098
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
2. Сушара CANDY CSH8A2DE-S, кондензациска, 8kg, 15прог., А++ 22.000 денари

Исто и за машина за сушење искуства или некој предлог да даде. Трите модели се со Heat Pump како демек било пресудно за суви алишта, прв пат купувам и некако немам појма што да барам бренд, модел функции ... ајде помош дечки !!

Јас ја меркам оваа сушара за зимово, само чекам да ја дадат на рати без камата :D
Оваа има добри ривјуа на нет колку што гледав, добар капацитет има, А++ топлинска пумпа, и цената е таман во средина некаде. Беко од досегашно искуство со различни апарати веќе не ги гледам.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно