Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
Ме мрзи да читам, стигнав до „нема текст под иконите, не се знае за шо се“.

На андроид си бираш дали сакаш текст под икони или не. Опција е.

Читнав и „повеќето корисници нема да менуваат од тоа шо е stock“ - и добро де, ќе се научат/навикнат. Не ќе да трескаат телефони од земја затоа шо „леле иконите не ми се свиѓаат“.

Баталете тоа. Ако некој толку му е до иконите може и да не го купи на прво место. Голема работа. Ко шо кажав ме заболе мене за иконите.

Мене најглупо ми е фингерпринтот кај е ставен и мислам дека е едини фактор кај телефонов шо може да ме натера да не го купам ако веќе решам да барам телефон годинава.

Но ако ајрис и останати опции надоместуваат за лошата позиција на фингерпринт, дефинитивно ќе биде одличен телефон. И тоа е се шо е битно.

А иначе од хардверски аспект тоа е сеа иднината - мали безели, големи екрани. За да можеш да добиеш повеќе екран у помало паковање. И шо сакате кажете тоа е она шо и епл ќе го прави во иднина, можда уше сеа со новиот ајфон.

Искрено, ако те мрзи да читаш, не мора ни да пишуваш. Форумот е размена на мислења, па ако свесно признаваш дека не читаш мои мислења, нема поента ни јас да читам твои и да се мачам воопшто да дискутирам со тебе на било која тема.

Штета, донекаде имаш издржани работи, ама никогаш нема да може да збориме за нив.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
Универзално е прифатено дека најдобар телефон на ИЗГЛЕД - ЕСТЕТСКИ дизјан е S7 Edge/Note 7.

XD

Ама што ако некој сака fingerprint-от да биде назад на телефонот или место 5,5 инчен сака 5,4 инчен екран. Не можеш да збориш за дизајн, субјективно е тоа.
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Како можеш да кажеш дека нема да им е гајле за изгледот на иконите? СЕ НАДЕВАМ НЕ СИ СЕРИОЗЕН (ова некоја нова финта ти е?)

Инаку, дизајнот е субјективен, ама има дизајн што секогаш ќе им се допаѓа на мнозинството. Пример за тоа е изгледот на Мерцедес, дизајнот на Dell UH серија на монитори, Mi Mix како телефон...не дека им се допаѓа на сите, ама на мнозинството.

Добар дизајн има неколку карактеристики и важни аспекти, инаку ќе немаше поента да се мачат компанииве и да дизајнират. Ако тој концепт ти е тежок да го сфатиш, нема што да правиме понатаму муабет, нека вадат bland телефони без софтверски дизајн и сами прајте како мислите.
И ако им е гајле, не мора да бидат напредни корисници за да ги сменат со 2 клика, замисли.
Мислам дека се согласивме дека икониве се грди за мнозинството, не знам зашо уште шлајфаш у место.
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Ама што ако некој сака fingerprint-от да биде назад на телефонот или место 5,5 инчен сака 5,4 инчен екран. Не можеш да збориш за дизајн, субјективно е тоа.

Тоа не спаѓа во дизјан, него функционалност.
 

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Некои работи @TylerMkD не ти се јасни.

Прво треба да научиш што е објективно, а што субјективно.

Дизајн на икони - субјективно
Дизајн на куќиште - објективно
Волумен - субјективно
Ергономија - објективно
Обичен корисник - субјективно
Напреден корисник - објективно


Секоја дискусија за она што НИЕ ќе ти кажеме дека е објективно така, е илузорна. Исто така и секоја дискусија за она што НИЕ ќе ти кажеме дека е субјективно е илузорна, пошто е тоа субјективно.

Се на се, дискусијата со НАС е субјективно објективно илузорна.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
И ако им е гајле, не мора да бидат напредни корисници за да ги сменат со 2 клика, замисли.
Мислам дека се согласивме дека икониве се грди за мнозинството, не знам зашо уште шлајфаш у место.

Не можеш тоа да кажеш, вкусот е индивидуален.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
А како можеш да кажеш дека се грди и ги правеле мајмуни?

Aaaaand it flies just by you. :)
Ова е еден начин на изразување, и на македонски и на англиски почнува на буквата С...ќе ти текне веројатно ако помислиш поубаво. :)
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Искрено, ако те мрзи да читаш, не мора ни да пишуваш. Форумот е размена на мислења, па ако свесно признаваш дека не читаш мои мислења, нема поента ни јас да читам твои и да се мачам воопшто да дискутирам со тебе на било која тема.

Штета, донекаде имаш издржани работи, ама никогаш нема да може да збориме за нив.

Имаше 20 мислења од последното мое. Стигнав до тие две работи кои се очигледно неосновани замерки (ко шо кажав текст под икони се вклучува и исклучува) и така да си реков дека само ќе ги објаснам и не планирам да навлегувам во другите дискусии кои ги водите на темава.

Иначе токму така. За дискусија потребни се двајца и да истите двајца се ислушаат, ама тука веќе 30 луѓе на сите страни се расфрлавме за глупи икони. Не вреди.
 

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Прво и основно некоја теза тука се врти годинка-две за некакви си обични-сељаци, овој обични корисници де, и оние со плава крв, ројално наследство, тн. напредни корисници.




Овие првите, обичните-сељаци, купуваат обично-сељачка технологија, која што е за нив, обично тоа се производи обележани со земјоделски продукти - овошја, како обележја на нивниот обично-сељачко-земјоделско-сточарски статус.

Другите пак, аристократската раса на авангардни корисници, си користи уреди кои соодветствуваат на нивниот ројален статус како напредни корисници. Тие се напредни, не затоа што се вработени во Fortune500 компанија, тоа е за обично-сељачки корисници, ниту затоа што имаат реална професионална употреба на технолошките уреди - пошто РАБОТА на уред е за пролетеријатот, за пук и раја, а не за буржоазија. Срамота е да те видат да работиш, а па уште да работиш на уред (фуј!).

Технолошката аристократија, или so called, напредни корисници, најдобро се препознава по тоа што никогаш не користи (бљак одвратно ми е и да помислам) стандардно дизајнирани икони, или некакви стандардно дизајнирани лончери (ова е како да те видат да возиш точак или југо да неај госпот сполај му). Напредниот статус го добиваат исто така и со членски картички во екслузивни тн. Бенчмарк клубови, каде секој може да ги демонстрира сметките кои ги поседува, и до кај стигнал во својот ројално-напреден статус.





Се на се, вака би изгледала една анализа, ако почнеме да зборуваме колку е дегутантна, необјективна, и прилично умислена тезата за некакви си напредни, vs. обични корисници, и како нејзин след, тезата КОЈ е тој што ќе одреди кој е во првата, а кој во втората група.

До даска се субјективни мислењата кој е напреден, а кој обичен (на сите нас), но нејсе, ние сме тука цело време да споделиме субјективни мислења (бидејќи сме луѓе, а луѓето имаат субјективни мислења), но лошото е кога ќе ги претставуваме како објективни, а тие тоа не се, ниту можат да бидат, а некој за тоа не е свесен.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
Имаше 20 мислења од последното мое. Стигнав до тие две работи кои се очигледно неосновани замерки (ко шо кажав текст под икони се вклучува и исклучува) и така да си реков дека само ќе ги објаснам и не планирам да навлегувам во другите дискусии кои ги водите на темава.

Иначе токму така. За дискусија потребни се двајца и да истите двајца се ислушаат, ама тука веќе 30 луѓе на сите страни се расфрлавме за глупи икони. Не вреди.

Дали вреди или не вреди е субјективно...кхм.

Се расфрлавме на темата бидејќи на одредени индивидуи, вклучувајќи ме и мене, ни е преку глава од брендирањето на Apple корисниците на форумот, а овие Самсунгашиве се полоши во одредени аспекти. Кај иконите, муабетот ќе беше готов ако се согласевме дека визуелно се лоши и дека не се како што треба. Наместо тоа, одредени членови почнаа да го шират муабетот за општ дизајн, слобода на избор и секакви филозофии, битно Samsung не е крив.

Така да, перфектно си се вклопија страните во првичната моја поента дека овде има, со тапија, Samsung фанбојс. И мене лично ми е интересно со нив да дискутирам. :)
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Потековте:

Обичен корисник - корисник кој може да ги промени СИТЕ опции кои му се дадени, што значи да си влезе во сетингс и се да си расчепка, да симне скинови, апликации и шо му се сака од продавница за апликации, без да мора да чита туторијали 3 дена за тоа.

Напреден корисник - корисник кој става кастум ромови, отклучува работи кои се во спротивно скриени и недостапни во опциите, хардверски модифицира или што ти знам што не.

Се шо можеш да направиш без да ти треба „хакирање“ спаѓа во обични корисници. И јас се ставам во истите, не ставам кастом ромови ниту кастом скинови.

Најмногу шо правам е менувам позадина на факин телефон, и си ставам апликации шо мене ми користат. Дури замисли користам Аутлук за мејл пошо дефолтната мејл апликација и календар ниту од гугл ниту од андроид ми се свиѓа.

Тука веќе идеме до субјективноста - а субјективност е се шо е лично мислење, ама не може да се земе како емпириски точно за мнозинството луѓе.

Шо значи субјективно е дали некој му се свиѓа изглед на икони или на телефон. Субјективно е некад дури и дали телефонот е ергономски, зависно од тоа колкави раце имаш (јас иам големи раце, за мене скоро секој телефон е ергономски/практичен). Но општо земено може објективно да се процени колкава рака има просечен корисник и да оваа информација биде објективна - телефонот е преголем, предолг, предебел итн за просечна големина на рака.

Да не должам, обична проста логика треба за да се увидат овие работи, и извртување на тоа шо е објективно а шо субјективно е само метода за водење дискусија во полза на докажување лична и пристрасна поента.

И ќе си речете зошто се замарам - седам неколку пати у ден на нет да прочитам нешто интересно или да најдам интересен продукт на IT форум, интересна информација у некоја дискусија - и налетувам на вакви тешки глупости...

Пробајте ја оваа финта: Почнувајте реченици со „мое мислење е дека иконите се ужасно грди, сметам дека на мнозинството корисници ќе им пречат, и дека голем дел нема да знаат или да се замараат да ги менуваат, и затоа ќе купуваат друг телефон“.

Не е воопшто тешко да искажеш свое мислење, и во таква форма не може да не се согласат сите со тебе - твое мислење си е, имаш право да мислиш така. И ќе видиш и кој се мисли ко тебе и ќе се развие поконструктивна дискусија.

ЕДИТ: иначе си задржувам правото да тролам за волумен пошо стварно е за тролање :)
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Ифон фанбојс се посебна сорта на фанбојс, дури и кога се согласуваш со нив они не се согласуваат со тебе.
Да, иконите се грди, мув он, дај сеа волуменот да го дискутираме.

Sent from my Nexus 5
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Дали вреди или не вреди е субјективно...кхм.

Се расфрлавме на темата бидејќи на одредени индивидуи, вклучувајќи ме и мене, ни е преку глава од брендирањето на Apple корисниците на форумот, а овие Самсунгашиве се полоши во одредени аспекти. Кај иконите, муабетот ќе беше готов ако се согласевме дека визуелно се лоши и дека не се како што треба. Наместо тоа, одредени членови почнаа да го шират муабетот за општ дизајн, слобода на избор и секакви филозофии, битно Samsung не е крив.

Така да, перфектно си се вклопија страните во првичната моја поента дека овде има, со тапија, Samsung фанбојс. И мене лично ми е интересно со нив да дискутирам. :)

Мене лично (субјективно) ми се визуелно неутрални. Преразделени се, пребели, ама финална верзија ќе видиме може да е поинаква.

Лично сакам поколоритни икони и се водам по боја многу често, до ниво каде отварам твитер место скајп често ради истата боја. Значи форма не ни детектирам.

За мене лично ова може ќе е подобро пошо ќе отскокнуваат у мои очи подобро од останатите икони на апликации кои ги користам.

Иначе грди, не грди, ко шо кажав мене ако ме прашуваш не ми е толку битно - и епл иконите не ми се којзнае шо, и моменталните самсунг, и моменталните сток андроид...

За мене нема совршени икони на ниеден уред - али Шаоми дефинитивно ми има најгрда фиока горе (влечење од горе) и ме иритира крајно хахахах.

ЕДИТ: Можда е интересно да спомнам од аспект на икони дека најтешко ми е да отворам галерија на телефон - толку ми е шарена тоа иконата на моменталниот самсунг, и на сток андроид, шо буквално сите екрани ги шетам иако знам каде ми стои, и пак ми треба минута да отворам галерија на телефон.

Ете тоа е субјективност. Иконата за галерија на мокапов или на leak-ов од самсунг искрено мене би ми била добредојдена - ама гледате колку е глупо и субјективно ова.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Една работите што научив на форумов е дека епл фановите се бог да чува. Ама не се ништо во споредба со епл хејтерите. Овие вториве може истовремено да се и самсунг фанови, но не е обавезно.
 

cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731
Ифон фанбојс се посебна сорта на фанбојс, дури и кога се согласуваш со нив они не се согласуваат со тебе.
Да, иконите се грди, мув он, дај сеа волуменот да го дискутираме.

Sent from my Nexus 5

За првово тотално си во право, на одреден член и со големи букви и болд пробав да му пишам дека се согласувам со некои работи, ама џабе :)
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Една работите што научив на форумов е дека епл фановите се бог да чува. Ама не се ништо во споредба со епл хејтерите. Овие вториве може истовремено да се и самсунг фанови, но не е обавезно.

Јас би се класифицирал ко епл фанбој хејтер. Неподносливо ми е приврзаност до ниво на „совршено е“ кон нешта.

Сакам да дискутирам за маани на работите, и секој шо ми се качува на глава со „не смееш да кажуваш така, уредот е совршен, посебно ако споредиш колку се полоши конкурентите“ ме иритира, и си зиам за право да ги хејтам ко шо они ме хејтаат дека не се согласувам со нив околу „совршеноста“ на работите.

Иначе навивам за хаос и за повеќе избор, а не за доминација на еден уред/платформа/работа/бренд. Неќам монополи, освен ако се пример крајно достапни и универзално добри.

Пример интел ко шо имаат моментално најдобри процесори, да беа и ужасно евтини ќе бев ко тотално нека си имаат монопол.

Ама не се така да навивам амд да ги искине со рајзенот сеа :)
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
Ифон фанбојс се посебна сорта на фанбојс, дури и кога се согласуваш со нив они не се согласуваат со тебе.
Да, иконите се грди, мув он, дај сеа волуменот да го дискутираме.

Sent from my Nexus 5

Бидејќи гледам дека сакаш да се правиш паметен, а те лајкува одреден модератор, односно се согласува со тебе...па да ви разјаснам.

Ако погледнеме историски, дискусијата започна со Крале и хејтањето на иконите, каде што има постови од тебе, псај и други во кои не признавате дека се грди туку филозофирате за дизајн, субјективност итн. Откако се појаснија некои работи, одреден дел од вас излезе од дискусијата, а другиот дел (ти) почна да се согласуваш. Е сега, очигледно не го разбра мојот сарказам (на буква на буква С), па продолжи во сосема друга насока.

Затоа ми е многу смешно кога некој ќе почне со Apple fanboys навреди, кога овие самсунгашиве се однесуваат многу, многу полошо. За икониве почнавме од дискусии дека не е битно, па се е релативно, па дизајн е субјективно, па се менува лесно...а постои еден објективен вкус според кој на изглед не се убави и се чудни, а според функционалност (и тоа е дел од добар дизајн) се тотална утка како што си кажа и @toshex .

И две страни се натегаме за нешто што слепец од авион може да го увиди, само заради инат на некој фанбојЗ (кои не со префикс APPLE).
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Кога ќе почнетe да зборите за нешта за кои на некого му е гајле, ќе се уфрам у дискусија, пишување на реферати за обични икони ми е смешно. Дури и да се најгрдите ever.

И цело време идете накај натегање и обвинување на андроид/самсунг, за банални работи - а ги прескокнувате суштинските како циглата 6s+7+
 

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Кога ќе почнетe да зборите за нешта за кои на некого му е гајле, ќе се уфрам у дискусија, пишување на реферати за обични икони ми е смешно. Дури и да се најгрдите ever.

И цело време идете накај натегање и обвинување на андроид/самсунг, за банални работи - а ги прескокнувате суштинските како циглата 6s+7+

Сега стана:

Икони - субјективно
Волумен - објективно.

Одиме со истата плоча ок.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
Кога ќе почнетe да зборите за нешта за кои на некого му е гајле, ќе се уфрам у дискусија, пишување на реферати за обични икони ми е смешно. Дури и да се најгрдите ever.

И цело време идете накај натегање и обвинување на андроид/самсунг, за банални работи - а ги прескокнувате суштинските како циглата 6s+7+

Ова е тема за Samsung, нормално е да се дискутира за работи поврзани со нив. Не знам зашто би пишувал за iPhone 7+ и која е поврзаноста тука?

Второ, ако идеме по ваша аналогија, релативно и субјективно е колку се банални или важни одредени работи. Ако гледаме кај мнозинството, премиум уред треба да понуди премиум дизајн (хардвер и софтвер), а иконите се нешто што го гледаме 100% од времето кога го користиме телефонот. Така што, од овој аспект се многу важни.

Вие го отфрлате тоа со слободата, односно можноста да се променат иконите кај телефонот. Јас лично не сум баш запознаен, па ме интересира - се добиваат неколку теми и бирате или рачно менувате икони од нет?
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Графички (па и хардверски) дизајн е крајно субјективна работа.

На форумов има луѓе шо сакаат РГБ у куќишта, шо сакаат ЦРНО ЦРВЕНИ (блјак - за мене) комбинации, шо сакаат џиџано, шо сакаат минимализам, шо сакаат гломазно, шо сакаат минијатурно...

Нема универзално „добар“ дизајн. Има таргетиран дизајн, кој цели кон одредена корисничка група која респондира на тој дизајн.
GG
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Бидејќи гледам дека сакаш да се правиш паметен, а те лајкува одреден модератор, односно се согласува со тебе...па да ви разјаснам.

Ако погледнеме историски, дискусијата започна со Крале и хејтањето на иконите, каде што има постови од тебе, псај и други во кои не признавате дека се грди туку филозофирате за дизајн, субјективност итн. Откако се појаснија некои работи, одреден дел од вас излезе од дискусијата, а другиот дел (ти) почна да се согласуваш. Е сега, очигледно не го разбра мојот сарказам (на буква на буква С), па продолжи во сосема друга насока.

Затоа ми е многу смешно кога некој ќе почне со Apple fanboys навреди, кога овие самсунгашиве се однесуваат многу, многу полошо. За икониве почнавме од дискусии дека не е битно, па се е релативно, па дизајн е субјективно, па се менува лесно...а постои еден објективен вкус според кој на изглед не се убави и се чудни, а според функционалност (и тоа е дел од добар дизајн) се тотална утка како што си кажа и @toshex .

И две страни се натегаме за нешто што слепец од авион може да го увиди, само заради инат на некој фанбојЗ (кои не со префикс APPLE).
Зборувавме за дизајнот на куќиштето, и кога излезе сликата со желбите на ифон фанатиците за следниот ајфон којшто на сликата дизајнот на куќиштето му е плунката копија на г6/с8 крале спинерот почна да паламуди дека не било само тоа на куќиштето дизајн, и тоа на иконите било дизајн се со цел да се избегне дискусијата за копијата на куќиштето.
Да, грди се иконите (за мнозинството), иако се менуваат со 2 клика и не мора да си напреден корисник за да ги смениш (за разлика од некоја друга платформа), грди се, ок е.

Sent from my Nexus 5
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно