Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

18 август 2019
1.227
1.201
Камери во коли, пријавување на прекршоци и дел од казната да оди на сметка на пријавувачот.
Како историски кодош народ, има да се средиме во 2 дена, Safe City ќе е мало дете.
Тогаш некои ќе почнат професионално да се бават со тоа. Ќе шетаат по град и ќе снимаат прекршоци.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Камери во коли, пријавување на прекршоци и дел од казната да оди на сметка на пријавувачот.
Како историски кодош народ, има да се средиме во 2 дена, Safe City ќе е мало дете.
На запад е бетер... Пријател (во Цирих) искача од гаража со аутото, му текнува дека заборавил нешто, застанува на улица со 4 жмигавци и влага дома. Излага за 1-2 минути, надвор го чека полиција. Не само што некој одма пријавил туку и џандари одма дошле (ок ваљда се погодиле во близина, никој не е толку брз).

Што и да е, треба да направат промени во законските регулативи за ова. Па дури и додатни инцентиви да дадат (нешто ситно награда). Колективно може само во ќар да бидеме, ако гледаме чисто од аспект на спречување на онакви девијации како опишаното и други... Од аспект на приватност секако сме сјeбaни одамна.
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Вчера после којзнае колку време се возев у пикот.

3.25 тргнав од Американ Колеџ/Среќа бар до после Влада тоа трафиката во уличката па назад до Лисиче. 5.48 бев дома.

Им се дивам на луѓето што работат и возат од еден до друг крај на Скопје во овој период. Едноставно е не возможно да возиш. Сегде е блокирано, Мавровка, Ујп/Тутунски, Центар, Партизанска... сегде.

Камериве ако казнуваат за поминато жолто/црвено, тоа ќе биде каша попара.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.557
3.193
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Кај нас е проблем што полицијата не реагира, па затоа и луѓето не пријавуваат релативно ситни прекршоци.
Ја имам раскажано приказната (?) за тоа кога татко ми пријави еден шофер на камион кој почна да си паркира кај нас пред зграда и секое сабајле накај 5 и пол го турираше камиончето убаво да исфрли тоа чадот да се прочисти пред да оди на работа. Кога се јавивме во полиција после неколку саати дојде полицаец кај нас дома да го испрашува татко ми дали бил скаран со сопственикот на камионот!? Е сега после една недела веќе го немаше камионот ама остана мистерија дали беше ради пријавата или самоиницијативно.
Во секој случај после не пријавуваме ништо. Замисли пак пријавуваш пак те гледаат комшии како ти доаѓа полиција дома...
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.557
3.193
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Вчера после којзнае колку време се возев у пикот.

3.25 тргнав од Американ Колеџ/Среќа бар до после Влада тоа трафиката во уличката па назад до Лисиче. 5.48 бев дома.

Им се дивам на луѓето што работат и возат од еден до друг крај на Скопје во овој период. Едноставно е не возможно да возиш. Сегде е блокирано, Мавровка, Ујп/Тутунски, Центар, Партизанска... сегде.

Камериве ако казнуваат за поминато жолто/црвено, тоа ќе биде каша попара.
Вчера имаше блокади на пластичарска. Толку треба за да настане сообраќаен хаос.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.765
12.728
Skopje
www.wemaxa.com
Тие што кукате како е заглавено, имате од Влае до Хиподром патека покрај Вардар, со тротинет се поминува за 15 минути, така да не цвилете. Ај точак е непрактично заради тоа што на работа нема место каде да се остави и се краде, ама тротинет го собира насекаде, башка филинг е, без стрес и без нервози посебно сега кога е поладно времето патеката покрај Вардар е празна. Скопје е така добро поставено да прилично брзо се излегува на кеј скоро од секаде.

Сакале Европа, во Германија голи се бањаат на 1ви јануар по паркови и реки на -10, тука падне капка дожд апокалипса е - сите коли или такси им треба, падне температура на 7 степени сите смрзнати им требало греење ќе изгинеле, дувнал ветер промаја ги убивала, типично медитеранско цмиздрење, лежи лебу народи мекици.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.067
7.749
Вчера после којзнае колку време се возев у пикот.

3.25 тргнав од Американ Колеџ/Среќа бар до после Влада тоа трафиката во уличката па назад до Лисиче. 5.48 бев дома.

Им се дивам на луѓето што работат и возат од еден до друг крај на Скопје во овој период. Едноставно е не возможно да возиш. Сегде е блокирано, Мавровка, Ујп/Тутунски, Центар, Партизанска... сегде.

Камериве ако казнуваат за поминато жолто/црвено, тоа ќе биде каша попара.
Секое минување од другата страна на Центар е катастрофа сигурно веќе дваесет и кусур години. А ти си го прошол два пати... Додека си од истата страна се трпи некако :)
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Има начин и со точак. Скопје е град измислен за велосипед, скоро сегде е рамно и нема успони.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.557
3.193
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Попушти под притисокот. Мислев 53-55 ќе биде. Ајде да се надеваме дека воопшто ќе се применува.
 

TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.339
Попушти под притисокот. Мислев 53-55 ќе биде. Ајде да се надеваме дека воопшто ќе се применува.
После ова сметам сите треба да се задоволни.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Попушти под притисокот. Мислев 53-55 ќе биде. Ајде да се надеваме дека воопшто ќе се применува.

кое црно попуштање кој црн притисок. Од почеток вака е испланирано.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Попушти под притисокот. Мислев 53-55 ќе биде. Ајде да се надеваме дека воопшто ќе се применува.
Oва е нормално вака да биде.

Знаеш што значи ова?
Еве за мене (ама верувам дека и многумина вака размислуваат)? Дека ќе возам лабаво ~50 км/ч без да се деконцентрам од сообраќај да пазам на шал табла, или во спротивно да возам поспоро.

За тие глупите што ќе бркаат 57 км/ч? Ќе нaeбaт порано или подоцна па после таквото нaeбување секако пак ќе се научат да возат ~50 км/ч. :)
Мислењето е автоматски споено:

кое црно попуштање кој црн притисок. Од почеток вака е испланирано.
Прилично извесно. Ама сега се има моментот „еве ви попуштивме“. :D
 

aleksandarmio

hello world
1 ноември 2023
68
66
Во стариот закон различни беа толеранциите во град и надвор од град...
И сега ќе има различни отстапувања не се за град и отворено ама за брзина на возење, до 100км 6км, од 100км до 200 км 8км, над 200км 12км

 
15 септември 2012
1.164
1.300
Попушти под притисокот. Мислев 53-55 ќе биде. Ајде да се надеваме дека воопшто ќе се применува.
Не е дека попуштил, туку дека некој му кажал (а најверојатно и знаел и самиот, оти е адвокат) дека има Правилник за отстапувањата при мерењата на брзина од 2011 година објавен со Службен весник... Еве го цел Службен весник, интересниот детал е меѓу четвртата и осмата страна:
 

Атачменти

  • EC294E9E53399845ADF5931DDA8D8093_Pravilnik_za_otstapuvanja_na_brzini.pdf
    11,5 MB · Прегледи: 20
25 ноември 2014
1.538
1.969
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Попушти под притисокот. Мислев 53-55 ќе биде. Ајде да се надеваме дека воопшто ќе се применува.
ова више се јаде
не мора 49 да буљаме дали возиме
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Му стигна ли на некој опомена за до 10км на час на автопат? Колку што знам до 10км на час нема никаква казна според законот на отворен пат. Пред некој ден на еден познаник мој му стигнала ваква опомена дека возел 124 км на час каде било дозволено 120.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
има да се изнадишеш смог и прашина од улиците
Да беше само тоа проблем, повеќе ќе се возеа точаци.
Мислењето е автоматски споено:

Не е дека попуштил, туку дека некој му кажал (а најверојатно и знаел и самиот, оти е адвокат) дека има Правилник за отстапувањата при мерењата на брзина од 2011 година објавен со Службен весник... Еве го цел Службен весник, интересниот детал е меѓу четвртата и осмата страна:

Дап, еве извадоци (за референца за во иднина) од многу релевантните членови 11 и 12. Важни работи се растојанието и времето кое треба да се мери за мерењето да биде валидно. На пример до 80 км/ч мора барем 200 метри да има континуирано мерење. Над 80 км/ч мора барем 500 метри континуирано да се мери. Интересно е како ова ќе го регулираат и приложат како аргумент, пошто ете - дефинитивно дејуре е побарувано во регулациите... Се сомневам дека џандарите на терен ќе го игнорираат освен ако тоа минимум време/растојание за мерење, не е вградено во инструментите.

1766651053040.png ... 1766651164925.png
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.781
3.954
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.557
3.193
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Да не ги снема уште не ставени камерите:
Пред 15 години сигурно, сега мислам веќе нема критична идиотска маса за таква работа.
 

Kiro619

hello world
5 август 2015
142
106
Многу интересна случка другар до сега немаше добиено порака / мејл за казна, а сигурен беше дека требало да му стигне. Вчера отишол да ја регистрира колата бројот и мејлот биле скроз некој рандом ставени, а на регистрацијата претходната година ги дал неговиот број и мејл.
Моментот е што мвр праќа казна/опомена на погрешни броеви / мејлови каде што во самиот записник се наведени Име/Презиме, матичен, адреса, број на лична карта итн.
Исто така на друг другар му стигнаа преку 50 опомени за некој лик што го ставил неговиот број.
Да беше ова мвр приватна фирма по законот за заштита лични податоци ке добиеа честитка од дедо мраз со огромни износи :D
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Нови мислења

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно