mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.088
- 6.021
Ова не е тргнување, ова е погреб, колонија од лимени ковчези што тргнуваат од семафор со истата енергија со која баба станува од кревет, со благослов, но без надеж, луѓе што возат како да носат урна со пепел наместо патници, нежно, со почит, да не се вознемири духот на светиот спојлер, нема чкрипки затоа што нема живот, нема вртежи затоа што нема пулс, ова не е сообраќај туку погребна поворка што случајно има трепкачи, и секој мрзливец напред е свештеник што држи беседа.
„Ајде полека, браќа, имаме цела вечност“, а зад него 20 живи луѓе што само сакаат да стигнат дома пред пензија, и кога некој ќе притисне гас нормално, човечки, 3/4 педала, 3000 вртежи, како нај нормален возач, тие викаат „АХА ТРКАЧ“, не брат, ова е CPR за сообраќајот, затоа што ако уште малку се влечкаме на секое тргнување, ќе ни поделат свеќи наместо паркинг карти, ќе излезе полицаец со црна кошула и ќе каже: „Ве молиме сите да замолкнете, семафорот почина“, и најјако е што тие што возат како погребни каравани секогаш мислат дека се морално супериорни, како да небрзањето е религија, а гасот е смртен грев, не брат, грев е кога 30 луѓе чекаат уште три круга на семафор затоа што ти се возиш како да ја тераш колата директно на преса. Што може и е правото место за неа, не дека не.
Целата цел на камерите беше да не се проаѓа на црвено, и да не се вози 60-110кмч туку до 50кмч. Никаде не е спомнато дека треба да се трга како поворка во Бутел на секој семафор.