ChemicalAngel
lurker
- 24 ноември 2008
- 822
- 230
Според мене платите се такви какви што се заради тоа што ,како што кажа Andrijeski, има луѓе кои се спремни да работат за 2 пати пониска плата колку само да земат нешто. Со тоа се деградираат самите себеси и ги загрозуваат оние околу нив. Мислам дека работа има доволно за сите, бар во овој период, и нема потреба програмерите да се самоексплоатираат.
Епа за тоа треба еден добар синдикат кој ќе делува како оние во Франција и Германија, и кој кога ќе каже дека минимална плата треба да биде 500Е сите компании ќе го прифатат, ако не ниту еден програмер нема да оди на работа како солидарност. Ама знаејќи ги нашите состојби и искуства со синдикати тоа е многу тешко и ситуацијата е таа каква што е.