1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Плата на програмер во Македонија

Дискусија во форумот 'Вработување' започната од koret, 6 Мај 2010.

  1. koret

    koret
    Intern

    1
    2
    6 Мај 2010
    Колкави се платите на програмер во Македонија?
    Од она што јас го знам се движат некаде помеѓу 300 и 500 евра.
    Програмер почентик со дипломиран или апсолвент на ПМФ или ЕТФ (ASP .NET и PHP) некаде се движат околу 18 000 денари, додека Јава некоја илјадарка повеќе најмногу поради недостигот на Јава програмери на пазарот.
    Програмер со неколку годишно искуство помеѓу 25 000 и 30 000.
    Ова се информации од неколкуте луѓе што ги познавам што работат по приватните компании низ Скопје.

    Доколку имате вие некакви податоци би било добро да ги споделиме со сите, со цел запознавање другите лицата кои бараат работа да знаат околу која сума да се движат кога преговараат за работно место.
     
    На igorimor и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  2. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    204
    24 ноември 2008
    Тоа што го кажа е така, е сега може ќе најдеш не толку позната фирма, некоја која е сега почната и таа може да нуди околу 1000 денари плус. Во глобала тие се цените.
     
    На igorimor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vordan

    vordan
    Intern

    87
    13
    7 Јуни 2008
    Бројките се отприлика тие, но се однесуваат на програмери од „сериско производство“. Тоа ти се млади луѓе кои вообичаено се слабо мотивирани да работат, уште помалку да научат или да креираат нешто. Сонуваат да се сместат во Телеком и таму доживотно да клатат врата, наводно „одржувајќи“ некаков сервер. А ако некој им понуди 50 евра повеќе, без размислување ќе преминат таму, не покажувајќи ниту трошка лојалност или чувство за одговорност.
    Јас не би им дал ниту половина од тие плати.

    Од друга страна, а зборувам од мое искуство (иако сум сигурен дека со мене ќе согласат и 99% од работодавците), платата на навистина добар програмер практично нема граница, до таму што може да добие и процент од проектите на кои работи.
    Но, треба да се биде способен, трудољубив, фокусиран, посветен и потполн професионалец. Ова е ретко, но затоа, како и сите ретки работи, добро се плаќа.
     
    Syncmaster, DekoRoker и на WhiteDeath им се допаѓа ова.
  4. VerifiedUsers Overlay
    Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @vordan многу убаво кажано али не за во македонија....Кај нас работите стојат многу поинаку,никој нема да ти понуди огромна плата и плус проценти за некој проект од кој нема да ги извади тие пари...И плус дека во проватна фирма како што кажа ти телеком дека некој ќе клати врати и ќе зима плата па и не се сложувам баш тука,једино кај што си уплаќаш спортска цело работно време и зимаш плата е во некое министерство каде има превработености и не се знае ни кој јаде ни кој плака....
     
  5. Арангел

    Арангел
    Intern

    43
    7
    9 Април 2007
    Со ова се сложувам, иако ретко се наоѓа фирма во Македонија која што ќе може да прифати човек со сите овие карактеристики и да го третира како човек (наместо како стока). Вордан да не ме сфатиш погрешно, секоја чест на оние фирми кои што се грижат стварно за своите вработени, знам дека се многу ретки кај нас.

    Мое мислење е дека за некои работи проблемот е во работодавците а не во штотоку печените инжинери кои само што излегле од факултет. Работодавеците се оние кои што ги поставуваат правилата на игра, кои што горе-долу се исти во секоја македонска ИТ фирма. Зборувам за ниски плати (во однос на она што го заработува фирмата и во однос на она што му е минимум потребно на еден млад човек да живее нормално во државава), неплатен овертајм, работа во викенди (исто така неплатена), нечовечки однос (закани, генерално лош третман на вработените). Ова се само некои од многуте проблеми кои што сите си ги имаат прифатено здраво за готово и ретко кој ќе се побуни и ќе рече добро ја ова не го трпам бркајте работа и најдете си друг будала за 300-500 евра што ќе сака да си го остаи здравјето во фирма која што ги мотивира своите вработени само преку заплашување. Она што го имам чуено и видено (бар во Скопје) е многу поблиску до робовладетелство него ли капитализам.

    Не викам дека во сите фирми е вака, ама познавам премногу луѓе кои што работеле во разни ИТ фирми низ државава и сите прошле низ слични работи.

    Моја препорака за сите што привршуваат факултет е да пробаат да избегаат надвор од земјава што е можно побрзо бидејќи некоја блескава иднина нема. Секако има различни луѓе кои што се задоволуваат со различен третман, висина на плата и сл. јас зборувам од мое искуство и од искуство на блиски пријатели и општо познаници.

    Друг проблем, поради кој што на крај поминуваат со сето ова оверлордовите е и тоа што младите луѓе воопшто немаат идеја како треба да изгледа односот помеѓу вработениот и работодавецот, кои им се работничките права, и како би требало да ги третираат. Тажно е што поголемиот дел од нив не ги ни интересира. Додајте го на ова фактот дека исто така поголемиот дел од нив не искочиле од државава и никогаш не виделе како треба да функционира нормална држава, град, фирма или вотевр и добивате brainless zombies спремни за експлоатација.

    Има стварно многу да се пишува на темава... па еве ги моите 2 дени. Премногу песимистички или не, останете доволно долго и ќе си осетите и сами. :)
     
    На Syncmaster и Andrijeski им се допаѓа ова.
  6. vordan

    vordan
    Intern

    87
    13
    7 Јуни 2008
    Се согласувам дека има „стока“ од работодавци. И тие заслужуваат вработените да им избегаат. Но, преживари има насекаде, дури и во странство, само таму можеби повеќе се плашат од законите.

    И, извини Арангел, не се согласувам дека странство е подобро. Ако сакате да видите експлоатација, „стаклени плафони“ од кои не можете да напредувате и вистинско искористување - појдете таму.
    Познавам неколку кои успеале и напредуваат (меѓу кои и Арангел), но тие се „top gun“ IT професионалци, и не се репрезент на мнозинството просечни македонски програмери.
    БТЊ, мислам дека и на Арангел наскоро ќе му дојде време да се врати во Македонија, да отвори фирма овде и да ги „поклопи сите“ :D
     
  7. vordan

    vordan
    Intern

    87
    13
    7 Јуни 2008
    Добар програмер?

    Би сакал повторно да ја „киднапирам“ дискусијава и да искажам уште едно размислување, кое се однесува на младите, надежни или идни ИТ професионалци, а особено идни програмери:

    Ако не сте дознале досега, програмирањето е исклучително напорна работа, без оглед на тоа што цело време седите. :)
    Бара потполна концентрација, способност за апстрахирање, визуализација и ... седење.
    Програмирањето е креативна работа -- не сум видел успешен програмер кој работи во смена и го напушта работното место во 16:01. Таквите се осудени да скокаат од една во друга фирма, вечно незадоволни од работните услови, од работното време, од работодавците -- несвесни дека тие самите си ја промашиле професијата, или додека не најдат „клатовратачко“ работно место на кое ќе си го упропастат животот, дембелеејќи се секој ден.
    Кој не сака да работи прекувремено, во сабота и недела и во ноќите помеѓу тоа, нека оди во некоја градежна фирма да меша бетон -- слушам дека новиот закон бил многу строг по тие прашања. Или нека стане шофер на камион, таму полицијата го контролира тахографот колку време сте возеле.

    На факултет (иако не е задолжителен) ќе ве научат само на теорија и нешто малку практични примери. Останатото морате да го надополните сами. Програмер на кој хоби не му е програмирање, не успева. Морате да имате сопствени проекти, постојано да испробувате нови техники, нови самостојни обиди.

    Ставете се во улога на работодавачот -- тој има проект кој го продал, сега мора да испорача за да наплати. Од успешноста на проектот зависи и тоа дали ќе добивате плата. Нормално е да се очекува притисок за исполнување на роковите и квалитетот.
    Ако покажете желба за работа, знаење, исполнителност -- ќе ве сакаат. Дури, во почеток, не мора да имате големо искуство, ако ве видат дека „ќе ве бидне“.
    И платата ќе ви расне соодветно.

    Не се согласувам дека добрите програмери во Македонија не заработуваат добро, имам и примери да набројувам, но прво мора да се стане добар програмер.
     
  8. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    204
    24 ноември 2008
    @vordan
    Пред некое време имаше една статија за програмер кој толку му одмилил животот што преминал во маринци од каде се мотивирал и после тоа многу повеќе му се работело. И имаше еден дел каде кажува пример, за компании кои на своите вработени им давале 2 месеци во годината одмор. И да програмирањето е креативен процес, ама човек се задушува во тоа ограничување од 9 до 5, и секој ден deja-vu. Kuco poso poso kuco. Значи ако е креативен процес треба и неговите потреби да се задоволат а не само барања. Работодавците го третираат како административна работа програмирањето и за тоа луѓето така и се однесуваат како администрација, а не како уметници. Ако денеска не му се работи може да земе слободна ден, едноставно не му се седи на компјутер, може и ќе седи ама ќе гледа како теле во шарена врата. После рокот на проектот, може да му се даде слободна недела, ова се само дел примери.
    Колку за илустрација пред одреден период била направена анализа на македонското работно време и било заклучено ако ова работно време се почитува значи ако секој работник работи по 8 саати, ќе се добијат 100.000 нови вработувања. Ова е доволен показател каков е поголемиот дел од газдите.
     
  9. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    What Arangel said, $me agrees
     
  10. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    287
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    абе платите у мк не се доволни, ама сепак ИТ платите се дупло подобри него ли другите професии, а македонче како живи, коа ке слушне дека комшијата живеел со 150 евра, и вие се задоволувате со 300та lol


    ...пред некој ден искочи листата од Forbs за најдобри места за работа, конкретно Cisco беше нјдобро платена IT компанија со просечна годишна плата по човек 170 000$ ( во ова се прерачунати и акциите кои ги добиваат вработените како и бонуси, али ова е без данок, значи едно 40% од парите ќе ви отидат за данок на државата ),

    сите остали познати ит компании се движеа од 120 до 150 000$ годишно просечно.
     
    На igorimor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. deXterche

    deXterche
    Intern

    27
    0
    19 Септември 2007
    Во Македонија се катастрофални платите и условите. Плата на програмер е рамна со онаа на конобар и шанкер, наставник од 1-4одд зема повисока плата. Се додека не почне да се наплатува сатница како што работи цел свет не гледам подобрување во оваа поле. Но додека има овци ќе има и волна. Фирмите преполни се со програмери со 1-2 испити пред дипломирање или тазе дипломирани кои се задоволуваат со мизерна плата.

    Незнам дали сте запознаени колку се движат платите односно сатниците во USA. Ако не сте, тркнете до кај чичко гугл :)
     
  12. VerifiedUsers Overlay
    Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    ВО македонија платите на програмерите се совпаќаат со стандардот на државата....Неможете да очекувате 1000е плата кога просечна плата е 150е
     
  13. maci

    maci
    On your way to fame

    2,900
    640
    2 Април 2008
    просечна плата во мк. е околу 20 000 денари.
    ова е податок што го имам слушнато на радио пред некој ден.
     
  14. VerifiedUsers Overlay
    Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    МОжно е..... јас можда имам некоја стара информација....али во секој случај платите спред тоа што го нуди државата се прилично реални за жал....

    btw честито 1к :D
     
  15. Bobby

    Bobby
    Intern

    31
    2
    14 Септември 2008
    Машко
    Тој просек е заради платите на пратениците и сл.
     
    1 person likes this.
  16. goodboy

    goodboy
    Intern

    849
    21
    12 Јануари 2008
    Ќе дојде време таксистите повеќе ќе земаат плата од програмерите.
     
    На tetoeco му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Blagojce

    Blagojce
    Gaining Experience

    873
    58
    26 Декември 2007
    Машко
    Програмер
    Како што кажа и самиот дека поради тоа што работата на програмерите не е само 8 часа работно време, треба да бидат повеќе платени бидејќи кај нас администрацијата зема иста или во одредени случаеви поголема плата(со завршени факултети од различни области) и со работно време од 8 часа.
    Затоа е потребно работата на програмер да биде повисока.


    Го подржувам Арангел во мислењето.
     
  18. vordan

    vordan
    Intern

    87
    13
    7 Јуни 2008
    Што влијае на платата на програмерите во Македонија

    Ајде да се подигнеме 50 метри над темава и -- од птичја перспектива -- да се обидеме да разбереме зошто се платите на програмерите во Македонија мали, споредено со оние во, на пример, Западна Европа.

    Бидејќи се работи за подолг текст, еве го линкот до мојот блог, па кого го интересира, нека прочита таму: Кои се факторите кои влијаат на височината на платата на програмерите во Македонија.

    Можеби ќе ви се допадне и некој друг текст од блогот... :)
     
  19. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    163
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    a koj rece deka ne zimaat ?
    Jas licno poznavam nekolku taksisti koj mi se dobri prijateli i kazuvaat(realno) deka so site davacki plateni i clanarina na 8 saati vozenje 30 dena vo mesecot se vadat okolu 25-30 iljadi cisti ,a so 10 saati vadat i nad 30K

    Programerite vo Makedonija se slabo plateni ,toa site go znaeme
    @DaciSS
    da 40% idat za vladata ,no 100-40=60% a od tie 40% -30% ti se vrakaat na krajot od godinata sto znaci 90% od $170K toa e nekade okolu $153K godisno neto
     
  20. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    За почетници сите плати се минимални, што е нормално.
    Одете во фирма која бара senior програмери и прашајте таму колку изнесува платата на програмер.
     
    На mihajlo му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Прашано, над 500 евра месечно :)
     
  22. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Зависи каде.
    Прашај во Еколог.
     
  23. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    414
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Fiasco, ако знаеш колку земаат senior програмери во некоја фирма пиши? А која е таа Еколог? Колку што гледав на интернет со тоа име ми ја даде само фирмата што вработува работници за во Авганистан и Ирак.
     
  24. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Ок, ќе прашам во сите па ќе ти кажам ;)
     
  25. NetworX

    NetworX
    Intern

    959
    45
    3 Мај 2009
    Јас лично познавам доста добар програмер и воедно мрежен администратор кој работи исклучиво со поголеми компании на поголеми проекти исто и оддржување на истите.
    Кога се работи за оддржување на тие софвери и мрежи минимум наплатуваше 25 евра од час.
    Е сега колку наплаќа за еден изработен софтвер не знам точно но сигурно е околу 500 евра па нагоре во зависност од тоа каков е софтверот.
     

Сподели

Вчитување...