Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Плата на програмер во Македонија

  • Ја почнал/а темата koret
  • Време на почнување

boban984

hello world
boban984's setup  
Processor & Cooler
Најјаките
Storage
Најбрзиот
RAM
Че
Case
Мејс
Mouse
Џери
Keyboard
Q2 Keychron, Durrock браун
Прво би го прашал Вордан , како му се вика компанијата , ако може да постира линк до сајтот , колку вработени има?

Друго платите на програмерите не се така ниски во однос на количеството на работа.
После 2 години работно искуство плата се движи 500-700 евра.
За 3-4 години незнам лично, ама имам колеги што зимаат 800 евра + процент (за проект кој бил нивна идеа) + бонуси.
Јас сум сосема задоволен со мојата плата и бонусите , се надевам дека ќе научам уште повеќе па ќе зимам повеќе.
Исто така си подработувам и проекти настрана од време на време (најчесто за работодавци надвор од македонија).

Така да по мое мислење , Дипломиран Информатички инжинер е добро платен земајќи ја впредвид ситуацијата во МК.

На крај краева ако те бива ќе те бараат и ќе те плаќаат , ако не направи сам некоја интересна веб апликација или програмче па заработувај сам.
 

varelg

hello world
13 декември 2007
67
0
Интересно како тука здраво за готово се земаат некои цифри кои програмери (и воопшто информатичари) на запад ги земаат како плата. Уште полоша илузија е дека со едно одење натаму, парите се гарантирани. Има една добра поговорка “у Солуна грош сомуна ама до Солуна сто сомуна“. Многу често ќе се фатите себеси како она што ќе го земете со едната рака ќе го дадете со другата. Колкумина од вас сеуште живеат со своите родители или во наследен стан/куќа па не мора да плаќаат кирија/хипотекарен кредит? Еве само тоа прашање што нема врска со програмирањето како струка ама има се` со илузијата за праведни плати.
Во првиот бран жртви на outsourcing-от беа токму програмерите, админите беа поштедени сега веќе ни ним не им е сигурно со cloud computing едноставно се` се сели надвор од просторот за кој се плаќа многу во простор каде се плаќа многу помалку. Работата на далечина е повеќе норма сега... спомна некој саатнина, е дури тогаш паѓа вашата плата.
Едноставно никој веќе не може да им конкурира на Индија, Кина и другите од далечниот Исток. И тоа како има и на запад бескрупулозни работодавачи кои само чекаат шанса да ќарат на некого фатен во тесно, особено ако е имигрант.
Глобалната финансиска каша која ја забркаа сумњиви политички и бизнис фаци само го забрза падот на платите (и во ИТ секторот, меѓу другите).
Туку ме интересира, колкава е шансата во Македонија да се добие програмерска (и воопшто ИТ) работа без факултет но со сертификат (или два) и портфолио од хонорарни проекти добиени на сајтови од типот на Rent A Coder? Дали има некој на овој форум што одработил нешто преку Rent A Coder за да сподели искуства?
 

vordan

hello world
7 јуни 2008
87
14
Прво би го прашал Вордан , како му се вика компанијата , ако може да постира линк до сајтот , колку вработени има?

http://infoproject.biz - Првата приватна ИТ компанија во Македонија

Но, нашиот модел на работа и вработување се разликува од повеќето останати МК ИТ компании - ние работиме со outsourcing на работната сила, највеќе со македонски програмери, освен ако не работиме нешто за странство, па наоѓаме и тамошни локалци.
И не се само програмери, честопати ангажираме и други експерти (аналитичари, дизајнери, сервисери). Понекогаш, правиме субконтракторски договори и со компании.

Ваквиот модел на работа нѝ овозможува лесно буџетирање на трошоците за работна сила, бидејќи „вработуваме“ само кога имаме цврст договор за купопродажба. Со тоа, нашите соработници однапред знаат колку ќе заработат.

Оваа стратегија е плод на долгогодишно вработување на многу луѓе од кои 3/4 не си ја заслужуваа платата. Ако понекој и беше добар -- после година-две вложување во неговата/нејзината обука -- голема беше шансата да си оди од фирмата.
Своевремено, Инфопроект имаше и по 60 - 70 вработени, во време кога останатите беа по двајца-тројца.
Сега е обратно -- увидовме дека ова не води никаде и го усвоивме сегашниов модел.

Се разбира, сега Бобан984 да каже каде работи! :)

Друго платите на програмерите не се така ниски во однос на количеството на работа.
После 2 години работно искуство плата се движи 500-700 евра.
За 3-4 години незнам лично, ама имам колеги што зимаат 800 евра + процент (за проект кој бил нивна идеа) + бонуси.
Јас сум сосема задоволен со мојата плата и бонусите , се надевам дека ќе научам уште повеќе па ќе зимам повеќе.
Исто така си подработувам и проекти настрана од време на време (најчесто за работодавци надвор од македонија).

Така да по мое мислење , Дипломиран Информатички инжинер е добро платен земајќи ја впредвид ситуацијата во МК.

Апсолутно се согласувам со тебе, Бобан984. Младите луѓе кои коментираат овде и се незадоволни со малите плати, честопати го забораваат своето неискуство.
А повеќе пати во дискусијава напишав дека искуството во „склепување на програмчиња“ на факултет не е истото што е потребно при работењето на сериозен проект.

На крај краева ако те бива ќе те бараат и ќе те плаќаат , ако не направи сам некоја интересна веб апликација или програмче па заработувај сам.

Ова ти е најдобрата поента - секој кој мисли дека е недоволно платен, а е многу стручен, нека проба сам.
Впрочем, јас така направив пред скоро 25 години - еден ден лупнав по маса (фигуративно) и си реков дека вака веќе не може, па започнав да работам „прифатно“ :)
 

boban984

hello world
boban984's setup  
Processor & Cooler
Најјаките
Storage
Најбрзиот
RAM
Че
Case
Мејс
Mouse
Џери
Keyboard
Q2 Keychron, Durrock браун
http://vertigo-nme.com.mk/
Тука сум Тазе.

Стојам зад моето мислење дека квалитетот се плаќа.
Доколку си способен и не ти треба класично вработување.
Трета работа за да бараш плата од 500евра пример , треба да му заработиш на газдата барем 1000евра месечно , па сега запрашајте се дали со вашата работа во еден месец вие му носите на газдата 1000евра.
--
Ако во еден месец вие сработите нешто што ќе се продаде за 2000-3000 евра , сигуро ќе добиете покачување.
 

Andrijeski

poweruser
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Абе ајде, лугето издржуват семејство со 100 евра плата, па 500 биле малку.

why_we_cant_have_nice_things.jpg
 

Andrijeski

poweruser
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Реално гледано така е.
И јас сакам плата од 2000 евра, ама нема.

Во тој случај, друже, јас ти посакувам одлична 10 часовна работа, со максимум 1 слободен ден неделно и плата не од 100, туку од цели 200 евра, и само со неа да си ја гледаш фамилијата, а господ да ти даде и 3то дете.

funny-pictures-angry-cat-curses-you.jpg
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
ne, realno e deka imas detsko razmisluvanje..... bez navreda

Kazi mi koja e celta sto ucis fakultet?
Целта ми е да завршам и да си ја летнам од Македонија.
Ти свесен ли си колку луге има со факултет кои рмбаат по конфекциите од 6 до 6 за мочани 6 000?
И ако не е реално тоа, ајде кажини на сите каде се тие фирми што даваат многу плата? И ке те замолам да го потенцираш детското во моето мислење, бидејки јас пак мислам дека твоето е детско, без разлика на годините.

Во тој случај, друже, јас ти посакувам одлична 10 часовна работа, со максимум 1 слободен ден неделно и плата не од 100, туку од цели 200 евра, и само со неа да си ја гледаш фамилијата, а господ да ти даде и 3то дете.

]

Не кажав јас дека 100 се доволно туку дека многумина со толкава плата издржуваат семејство и кажав дека 500 евра се доволни за пристојна живеачка овде, а на мрце му биле малку.
А 3 дете мало морген, всушност и 2 исто.
БТВ, фала, и јас ти го посакувам истото :)

Да се разбереме, не дека не сакам јас голема плата, всушност како можете и да го помислите тоа, туку велам дека овде во Македонија плата еднаква или поголема од 500 евра е сон за 95%.
 

Andrijeski

poweruser
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Целта ми е да завршам и да си ја летнам од Македонија.

Не кажав јас дека 100 се доволно туку дека многумина со толкава плата издржуваат семејство и кажав дека 500 евра се доволни за пристојна живеачка овде, а на мрце му биле малку.
А 3 дете мало морген, всушност и 2 исто.
БТВ, фала, и јас ти го посакувам истото :)

Да се разбереме, не дека не сакам јас голема плата, всушност како можете и да го помислите тоа, туку велам дека овде во Македонија плата еднаква или поголема од 500 евра е сон за 95%.

Кога ти ќе работиш за 200 евра и *барем* сам ќе се издржуваш, тогаш врати се и коментирај тука, а сега:

gtfo.jpg
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Кога ти ќе работиш за 200 евра и *барем* сам ќе се издржуваш, тогаш врати се и коментирај тука, а сега:

Не мора да го осетам на своја кожа тоа, секојдневно го гледам.
Знаеш како велат, не мора да го пробаш гомн*то за да знаеш дека е лошо.
Ајде поздрав и продолжете да си живеете во илузиите за гигантски плати во Македонија во блиска иднина. (а како што стојат работите и подалечна)
 

discodancer

hello world
12 јануари 2009
66
14
Вордан има многу валидни поенти. Мое мислење е дека 500 евра и не се толку малку за програмери во Македонија. Еве ви проста калкулација:

500 евра + давачки е околу 750 евра. Пута 12 = 9000 евра годишно бруто плата. Тоа се околу 11000 долари.

Плата на програмер на еднаква позиција во Америка, да речеме, е околу 80000 долари или 7.2 пати повеќе. Ако ги искомпензираме трошоците за живот кои во америка се околу 3 пати поголеми (под услов да сте здрави, инаку можат многу повеќе да бидат), програмерот во Америка е реално платен 2.4 пати повеќе. Тоа значи дека ужива 2.4 пати поголем стандард. На што се должи оваа разлика? Просто - на продуктивноста и вештината.

Просечната македонска фирма е катастрофа од аспект на организација. Сум работел во 3 фирми пред сегашнава и од искуство ви зборувам дека некои ствари се толку очајни што се прашувам како фирмите воопшто постојат.

Се користат застарени алатки; се штеди на основни ствари како удобни столици; стари/ефтини компјутери; не се користи source control или ако се користи - се сведува на стари (и дебилни) алатки како source safe; не се искористува она што е тука од open source библиотеки; програмерите никако не се мотивираат да научат нешто освен апсолутниот минимум потребен да се заврши работата; катастрофален код; .NET WebForms; никакво планирање на проекти; каубојско кодирање; никаква делегација на тикети; непостоење на баг тракинг; Во 2010 година фронт-енд девелопери поистоветуваат JavaScript со jQuery и појма немаат што е тоа HTML5. ... Не дека сите фирми ги имаат овие проблеми, ама ниедна фирма ги нема сите решено.

Вината не е толку во програмерите колку во менаџерите. Архетипот на македонската ИТ фирма е следниов:
Двајца-тројца програмери кои знаат нешто за програмирање убодуваат проект и го завршуваат успешно и потоа формираат фирма во која вработуваат тазе и неискусни деца за ниска плата. Во меѓувреме газдите, кои се единствените кои знаат да програмираат, менаџираат наместо да кодираат. Значи имаме неискусни програмери И неискусни менаџери. the rest is history... Втора варијанта е дека фирмата ја почнува некој кој има пари ама нема благе везе што е тоа софтвер ... и константно се меша во нејзината работа.

Програмерите исто така си имаат дел од вината. Ретко кој го интересира нешто да фати по дома. Дури и активно се спротивставуваат на тоа. Имав ситуации кадешто на различни собири од фирма колеги ми викаат "Прекини за компјутери да збориш, цел ден на тоа работам".

Сево ова води до низок квалитет и ниска продуктивност. Земете тим од 3ца просечни амерички програмери и тим од 3ца просечни македонски програмери и дајте им проект (акцент на просечни). Се кладам у лева рака дека американците ќе го завршат 2 пати подобро и 2 пати поквалитетно.
 

Andrijeski

poweruser
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Земете тим од 3ца просечни амерички програмери и тим од 3ца просечни македонски програмери и дајте им проект (акцент на просечни). Се кладам у лева рака дека американците ќе го завршат 2 пати подобро и 2 пати поквалитетно.

Земи тим од 3ца, кхм, просечни амерички програмери и тим од 3ца просечни македонски програмери, и дај им проект со катастрофално лоши услови
Американците сигурно ќе се бунат и нема да го работат, а Македонците ќе молчат и ќе трпат, при тоа правејќи го проектот тапа.

Наравоучение, Трпе = Македонско име. Додека трпат тие дечки што програмираат за 200 евра, и додека има такви како Влатченце, такви и ќе ни бидат условите, а и стандардот, итн.
Тоа што се случува кај нас не е ништо друго освен целосна рефлексија на тоа какви се луѓето тука.

Am I right or what?
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Andrijeski, ти или мене ме заебаваш или самиот себе се заебаваш.
Јас не кажав дека 200 евра е добра плата за ПРОГРАМЕР, туку дека 500 евра е добра плата за програмер во Македонија.
boban984 кажа дека е задоволен со својата плата од 500-700 евра, а мрце се бунеше дека со таа плата не ке можел да гледа семејство. Затоа му ја покажав сликата дека луге со 100 евра плата гледаат семејство, т.ест преживуваат бидејки тоа не е никакво гледање.
 

mrce

hello world
2 ноември 2009
194
34
seoblogmk.wordpress.com
@vlatce
detskoto razmisluvanje bese za "i jas sakam 2000 evra pa nema"......nemase potreba od frustracii i nervozi.
Da bev zadovolen so 200 evra plata nemase voopsto da razmisluvam za sredno a ne pa za fakultet.....
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
@vlatce
detskoto razmisluvanje bese za "i jas sakam 2000 evra pa nema"......nemase potreba od frustracii i nervozi.
Da bev zadovolen so 200 evra plata nemase voopsto da razmisluvam za sredno a ne pa za fakultet.....
Да, но сликата во Македонија сите ја знаеме (или би требало да ја знаеме). Тоа што имаш факултет воопшто не ти гарантира добро платена работа. Така да 500 евра плата се супер.
поздрав.
 

varelg

hello world
13 декември 2007
67
0
... Земете тим од 3ца просечни амерички програмери и тим од 3ца просечни македонски програмери и дајте им проект (акцент на просечни). Се кладам у лева рака дека американците ќе го завршат 2 пати подобро и 2 пати поквалитетно.
Ехм, нели дел од муабетот беше дека програмерството не е чиновничка туку креативна работа така да нема “просечни“. Доколку сепак се работи за просечен проект по просечни услови можеш да се кладиш и у лева и у десна рака дека тој проект нема да биде даден ниту на американскиот ниту на македонскиот тим туку на индискиот. Понатаму ќе биде ангажиран постар консултант (најверојатно американец) да го “испегла“ кодот скрпен во Мумбаи и сето тоа на крај повторно ќе биде многу поефтино отколку да се ангажира американски тим да го работи просечниот проект од почеток до крај.
:LOL: Ајде пак: не земајте се` здраво за готово.
Туку discodancer, како до убодување на првиот проект откако ќе се основа фирмата? Тоа задолжително е владин проект? Не викам дека не си во право за архетипот на македонската ИТ фирма, меѓутоа ме интригира деновиве токму една таква идеја...
 

vordan

hello world
7 јуни 2008
87
14
Плати? Еве ...

Ајде јаки програмери, пронајдете се овде и видете колкава би ви била платата:

Ниво 1 - Програмер - јуниор
Потребни вештини:
  • Знае да одговори на телефон и да го каже тоа што треба („Го добивте Инфопроект, зборувате со Јован Јовановски, како можам да ви помогнам?“) (сериозен сум).
  • Знае да одговори на телефон кога ќе се јави корисник и да запише што сакал корисникот, но на начин да звучи кохерентно и разбирливо (кој, од која фирма, што му требало, ако има грешка: која програма/модул, кои услови, дали грешката се повторува, колку е грешката критична за корисникот).
  • Се труди (со запишување и прашување) да го разбере фрејмворкот на кој работиме.
  • Постојано му е отворена страницата со документација за Mootools (основната JS библиотека која ја употребуваме во front-end-от).
  • Ја анализира централната база од клучната апликација и се труди да ги разбере врските (околу 190 - 200 табели, просечно).
  • Покажува иницијатива - идеално, бара да му отвориме тест-апликација на серверот за да може да вежба.
  • После извесно време, способен е -- со релативно малку прашување -- да напише базичен CRUD програм за работа со некоја едноставна табела, да го вклучи во фрејмворкот (да се појави во менијата) и да не заборави да стави во meta дека енкодингот е utf-8.
Плата: на ваквите, 200 евра им е доволно, и тоа ако покажуваат иницијатива, а инаку им се заблагодаруваме на соработката (don't call us, we'll call you).

Ниво 2 - Програмер - аналитичар
Потребни вештини:
  • Кога ќе се јави корисник со проблем, воглавно може да разбере за што се работи, ако треба, да го потпраша за објаснување и да пренесе што се случило, а ако е напреден и грешката е помала, дури и да преземе нешто (со претходно одобрување).
  • Знае доволно за клучната апликација за да изработи преглед со *зададена* програмска спецификација (кои се влезни параметри, кои се колони, групирање/подсуми/суми/салда) (обрнете внимание на „зададена спецификација“).
  • Прави помали интервенции во базата (update, види дали се впишува ...), може да ги синхронизира базите (развојна/тест/продукциска).
  • Може да направи „странични“ модули од типот: пријава на комитенти со сите додатни табели (но со зададени изгледи на форми), прекнижување на податоци, конфигурација на тип на документ, одржување на изборниците (менијата), итн.
  • Може да предложи поситни подобрувања, оптимизации, да забележи недостатоци па дури и да ги отстрани.
  • Оди на терен кај корисници и прави обука за користење на апликациите, запишува feedback, можеби и дискутира со корисникот за одредени прашања
Плата: 350 евра, тука некаде

Ниво 3 - Програмер - сениор
Потребни вештини:
  • Изработува сериозни модули (нпр. внос на документ, врзување на ставки, внос на налог ...), со многу малку консултации. Програмската спецификација си ја изработува самиот.
  • Со корисниците самостојно договара и изработува прегледи, ги рафинира и ги инсталира.
  • Може рамноправно да разговара со, што знам -- шефот на сметководство кај корисникот, и потоа да ги имплементира измените кои тој ги побарал.
  • Полноправно учествува во дизајнот и развојот на секоја нова и стара апликација.
  • Можеш да ѝ кажеш: „Светле, оди те молам кај тој-и-тој корисник и види што треба да се направи“, без да се грижиш.
Плата: 500 евра, по заслуга и повеќе (бонус, награда, итн.)

Ниво 4 - Rock star
Потребни вештини:
  • „Горан, склучив зделка со компанијата XYZ за опфат на нивното целокупно работење. Договорив 80.000 евра за 12 месеци. 10.000 се за тебе. Ај, те молам, направи што треба.“ (Јасно? Имав еден Горан кај мене своевремено. Вистински rock-star! Сега е битен на битно место.)
Плата: над 1000 евра плус процент/износ од зделките.
 

discodancer

hello world
12 јануари 2009
66
14
@varelg

Има и тоа како просечни и под просечни програмери. Како и во секоја друга област, луѓето се разликуваат по вештината. Според мене, нема толкава разлика во интелигенцијата на луѓето колку што разликата е во интересот, љубопитноста и генералниот став кон животот.
Не се сложувам само дека постои "просечен проект". Сите проекти се и тешки и лесни на свој начин. За пример да земеме еден обичен вебсајт. Тргни само од веб-сајтовите на македонските фирми и спореди ги со вебот на еден обичен фриленсер што работи во америчко окружување. FFS, гледам овде фирми кои се промовираат како експерти за веб а сајтовите им се жив хорор (па уште ко ќе налетам на некои цели во флеш... со loading индикатор)
Трагедијата е што и индијците имаат поквалитни фирми од нас.

Тоа со убодувањето на проект така ми дојде ко пример. Нема ништо лошо во тоа да си почнеш фирма одкога ќе заработиш пари на проект. Лошо е ако одма се замислиш дека си големиот директор и дека кодирањето веќе не е за тебе. Тоа кажува 2 ствари:
1. Дека немаш посветеност.
2. Дека повеќе те интересира да си директор отколку да имаш добра фирма.
 

mrce

hello world
2 ноември 2009
194
34
seoblogmk.wordpress.com
Да, но сликата во Македонија сите ја знаеме (или би требало да ја знаеме).

Ocigledno ne si rabotel do sega.... eve dojdi kaj mene vo firma jas ke ti dadam plata od 500 evra i ke vidime dali ke bides zadovolen vo odnos na ona sto ke ti dadam da rabotis. Deal?

Тоа што имаш факултет воопшто не ти гарантира добро платена работа. Така да 500 евра плата се супер.
поздрав.

Od tvoive odgovori nemozam da dojdam do nikakov zaklucok.... vikas 500 evra plata se super za tebe, a predhodno rece deka koga ke zavrsis fakultet "ke mu ja letnes" nadvor od drzavava.....
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Ocigledno ne si rabotel do sega.... eve dojdi kaj mene vo firma jas ke ti dadam plata od 500 evra i ke vidime dali ke bides zadovolen vo odnos na ona sto ke ti dadam da rabotis. Deal?
Ке го имам ова на ум ;)


Od tvoive odgovori nemozam da dojdam do nikakov zaklucok.... vikas 500 evra plata se super za tebe, a predhodno rece deka koga ke zavrsis fakultet "ke mu ja letnes" nadvor od drzavava.....
Да, точно. Би работел овде за 500 евра плата, но не се наога таква. Доколку одиш во друг град ке испаднат и други трошоци така да ништо од 500те евра.
 

discodancer

hello world
12 јануари 2009
66
14
@vordan

Мислам дека програмерите од 1 до 3 се истиот тип на програмери само со различно ниво на искуство. Ме интересира, како менаџер на фирма, како би постапувал со следниов хипотетичен Перо:

Перо почува како јуниор, брзо напредува до сениор. Перо не само што ја има отворено страната на MooTools туку и развива свој модул за истиот. Тука некако губи интерес пошто генерално работи CRUD на веќе поставен фрејмворк и работата му станува монотона. Со тек на време почнува да дава забелешки за фрејмворкот ама ништо од тоа не се остварува бидејќи а) Нема време заради тековни проекти, б) промените се малку радикални (на пример бара премин од WebForms на .NET MVC или уште пострашно, на Django/Python. Исто, од MooTools на jQuery). Како поминува време, Перо губи од својата продуктивност главно затоа што му станува досадно. Веројатно после некое време Перо ќе си замине доброволно за иста плата (дури и малку помала). Отказ веројатно нема да добие бидејќи има стекнато широки познавања за различни области и е незаменлив. И покрај тоа што повеќето програмери се попродуктивни од него - кога ќе запнат некаде сите го викаат Перо.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно