1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ПЛАЌАМ за ИТНО лоцирање на мобилен преку IMEI

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од goranzoran, 4 Јули 2018.

  1. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,003
    1,245
    9 Јуни 2015
    Машко
    ееее сега ептен од крај до крај отиде.. ќе те цитирам повторно каде што мислам дека многу грешиш.


    телефонот правно е негов, но физички не е.
    тој што го „нашол“ е должен да не го допира, бидејќи не е негов, или да го врати.
     
    На Draynor, goranzoran, Zippo и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,105
    3,259
    2 Септември 2012
    Машко
    Инаку да, секој што пронашол нешто изгубено (не е негово) би требало да го врати, ама такви ситни души постојат на овој свет, страшна работа.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,791
    1,929
    8 Мај 2007
    Машко
    Сум вратил едно чудо телефони. На сопругата завчера и го вратија телефонот (го заборавила на клупа).
    Сум поборник за тоа, фер е и човечки, но не е законска обврска и не е кражба. Различно е. Верувам има правници на форумов и подобро ќе ти одговорат.

    Штом ја има целата документација, а сака правда, праведно е да си оди по ред и по процедури. Се друго е полоша опција од самата опција дека бил украден.
     
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,769
    9,415
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Finders-keepers
     
    Draynor, toplel, goranzoran и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,768
    11,356
    23 oктомври 2012
    Машко
    Мегават!

    Spitters - quitters!

    Он топик, ја разбирам маката, ама воедно е неморално и неетички некој да крши закон со тоа што на своја рака ке го прекрши законот за заштита на лични податоци и ке лоцира телефон. Реално, неможе да се знае правата причина зошто го бараш телефонот и како ке заврши целата случка одкако ке ја имаш локацијата.

    @fiatf, братче скроз ја утињаш поентата на муабетот. Како што кажа замиот член, не му се битни ни податоци ни ништо во телефонот, така да не му се битни твоите 3 поста за како Жаомије се супериорни и можеш да си го избришеш телефонот (а патем ако телефонот нема интернет, неможеш ни заднкиот да си го избришеш со нивниот сервис за бришење), тоа го можеш и со гугал и со самсунг и со било кој друг акаунт. Ако имаш боинг телефон може да иницираш и селфдистракт и буквално да експлодира телефонот!
    Членот само сака да го најде злонамерникот и штетникот и сам да си го реши расчисти проблемот со него.
     
    На Draynor, igor_xxxx, Gaston и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,508
    14 Мај 2008
    Машко
    Ако го пријавиш во полиција како изгубен, не мрдаат со мал прст. Твоја вина е тоа. Ама ако го пријавиш како украден (иако на пример не е украден туку ти паднал од џеб), тогаш ќе се позамараат и ќе испратат налог до оператор да го лоцира (во теорија ова, знаеме кај нас како функционираат работите).

    Така да, што и да се случи, секогаш пријавувај како украден.
     
    На goceiva, Draynor, goranzoran и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,304
    4,832
    4 ноември 2013
    Машко
    Некој го наоѓа телефонот и истиот е исклучен, го полни и пробува да го уклучи ама картицата си бара PIN, неможе да е активира картицата, иако е поштен и сака да го врати телефонот, пронаоѓачот на телефонот е вади картицата од членот и си е става неговата, од полиција го лоцираат, ке го приведат и ке му акнат кривична за кражба, ни крив ни должен.
    Советов ти е...
     
    Последна промена: 5 Јули 2018
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    812
    714
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Кражба е во моментот откога другиот ќе го земе бидејќи има материјална вредност и има сопственост. Против правно присвојува предмет без никаков правен акт за сопственост. Уставот ти го гарантира правото на сопственост. Никој не смее да му ја одземе некому насилно приватната сопственост, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Во тој случај треба да ја надомести вредност на приватната сопственост.

    Не е точно!

    Ќе го повикаат на разговор да ги утврдат фактите.
     
    Изменето од модератор: 8 Јули 2018
    На Roncic, Вајкинг, goranzoran и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,842
    3,951
    5 Јули 2013
    Ако го купил како половен без купопродажен договор, сопственик е сеуште претходниот сопственик. Ако го купил нов, правно е сопственик на телефонот и има право над него се додека не му биде ПРАВНО одземен - конфискуван, запленет од извршител и сл.

    Секој кој нема да го пријави "пленот", освен во оправдани случаи (нема начин како да утврди чиј е телефонот), се смета за учесник во кражба. Не постои такво нешто како - си го најдов, моја среќа. Тоа важи за монети, пари ако пронајдеш, испаднати од новчаник или слични предмети за кои неможе да се утврди сопственоста.

    Заради вакви случаи, операторите треба да нудат во договорите со корисниците опција со доплата или без да го лоцираат уредот во вакви и слични случаи. Без налог од полиција. Таман работа ако за вакви - за операторот тривијални работи се чека на администрацијата.
     
    На Krkac, Potop, Astro и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,264
    2,757
    21 Јануари 2011
    Машко
    Денес дознав колку пријавени изгубени телефони се најдени од полицијата кога се оди праведно се по ред и процедури.
    Ај погодете?
    НУЛА!!!
     
    Последна промена: 5 Јули 2018
    На goceiva, Krkac, [email protected]@[email protected]@N и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    406
    296
    9 Февруари 2018
    Машко
    Ништо чудно, многу закони кај нас не важат и за многу работи се прегледува преку прсти од полицијата дали било телефон/точак или што те знам што и било 100-1000 евра.
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,741
    13 Јуни 2009
    Баш ме интересира дали уште ѕвони а никој не се јавува. Да не е само изгубен а не е најден од никого.
     
  13. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    662
    657
    15 Септември 2012
    Машко
    Во полиција нема да ти прифатат пријава за украден, оти така треба да го бараат крадецот.
    Секогаш ќе ти бараат да пријавиш како изгубен, иако си го видел крадецот со свои очи.
     
  14. deni.mitev

    deni.mitev
    Gaining Experience

    681
    349
    7 oктомври 2014
    не ти е точна информацијата, само јас што знам преку 10 вратени.
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  15. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,264
    2,757
    21 Јануари 2011
    Машко
    Информацијата се однесува за голем временски период од - до и за одредено место. Меѓудругото да не си ги помешал изгубените со крадените? Затоа што има огромна разлика.
     
  16. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Не е точно, речиси сите телефони се пронаоѓаат. Телефон не се краде.

    Точно е само ако не сакаат да го најдат, нема да го најдат. Што значи процедурата е таа, нема брзање. НИКОЈ не смее да помисли да ти дава локација од „изгубен“ или „краден“ телефон тек така. Тоа е тешко кривично дело, што се граничи со процесов што се води за прислушкувањето. Бааги се построги процедурите за тоа сега.

    И не сум сигурен дека има разлика меѓу краден и изгубен телефон. Од каде би знаел некој дали му е украден или му е изгубен?

    Е сега тоа што ќе чекаш, ќе чекаш. Еднаш чекав 10 месеци. Ама па кај се брзаш, потоа натенане ќе си ги пикаш у чорка, на еден му имам сместено 2ипол години, така да лабавко.
     
    Jovan2389, damil и на ski им се допаѓа ова.
  17. angeld

    angeld
    Gaining Experience

    130
    120
    2 Декември 2013
    Машко
    Имав вакво слично искуство пред неколку години, од ташничка ми го здрпаа дур играв баскет у маало. И полиции и к*рци и палци џабе, освен ако имаш човек некој у твојот оператор па директно преку него или некој друг од форумов што има добро познавање на такво нешто па да ти помогне. Ова е мое мислење, можеби од тогаш до сега нешто е "сменето" во државава па побрзо оди тоа, ама не верувам. Мене ми го украдоа во петок вечерта, одма бев да пријавам со кутија со се, ми викаат дечко дојди во понеделник началникот мора да потпише не е на работа сега..... Good luck anyway :)
     
    На nelkadzverka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    983
    1,718
    20 Јануари 2015
    Машко
    Да споделам и јас едно искуство од другарка. Девојчево си купила телефон од мобиларница, релативно скап телефон 400 евра. После 6 месеци на врата и доаѓаат џандари, наводна она го имала (украла) телефонот кој бил пријавен како украден.
    По објаснување дека го купила од конкретна мобиларница и бараа доказ (фискална)дека го купила телефонот. Девојчево нема доказ пошто не и дале фискална а телефонот платен во кеш... се малтретираше, со изјави со заебанции неколку месеци.
    Среќна околност што работи во обвинителство па имаше веродостојни луѓе кој ја потврдија нејзината изјава и гарантираа за неа....па немаше против неа кривична постапка. Незнам точно како заврши целиот случај, претпоставувам дека од мобиларницата го јадеа стапот зошто продавале украден телфон.
    Наравоучение, ако купуваш од мобиларница обавезно барај фискална, независно од тоа дали имало или немало гаранција, или барем да се инсистира да се плати со картица, за да може да се види и докаже плаќањето со банкарски извод.
     
    DelphiUser, goceiva, Speedster и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    802
    699
    27 Јуни 2012
    Мобилариве се хаос, има мобилари што продаваат крадени телефони, а некои други пак сервисирани и ти ги претставуваат како нови или некои други шверцувани по сиви канали. Треба многу да се внимава. Јас не би купил од мобилара телефон па и последно нека е.
     
    На olikomerc и angeld им се допаѓа ова.
  20. deni.mitev

    deni.mitev
    Gaining Experience

    681
    349
    7 oктомври 2014
    Прво НЕМА мобилари што продаваат крадени телефони, барем не крадени во мкд.
    И мобиларите се само посредници во случајот на крадениот телефон, доаѓа некој му го продава, му зимаат лична карта прават договор дека е откупен од тој и тој, и да дојде до ваков случај се приложува договорот кој што е потпишан од крадецот'' и полицијата си има работа со него, е крајниот муштерија што дал 400 евра во случајот има само главоболки на платен телефон да се расправа со полиција.
     
  21. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    983
    1,718
    20 Јануари 2015
    Машко
    Па не би рекол дека НЕМА мобилари што продаваат крадени телефони, можеби неможат со сигурност да знаат дека телефонот е украден или не...
    А со самото тоа купување од мобиларница е ризично, уште повеќе што не секогаш даваат фискални сметки.
    За тоа што не даваат фискални, (верувам дека го прават да скријат даноци а не да скријат дека телефонот е украден), сепак на тој начин го ставаат крајниот купувач во много лоша позиција, ем може да ти одземат телефонот што си го платил, ем ќе се расправаш со џандари, ем немаш доказ дека си го купил најпоштено од мобиларнцата.
    Уште од мобиларницата да се прават на тошо и да негираат дека ти продале телефон, си го јадел стапот, што не е исклучено бидејќи, мобиларницата може и треба да скучи договор од лицето од кое го откупила ама ете тоа нема да го направи бидејќи ќе треба легално да го купи и легално да го продаде што повлекува плаќање на даноци, кои со самото неиздавање на фискална сметка се избегнати.
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  22. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Секој телефон купен треба да има гаранција (со имеи број) од мобиларата, и во тој случај купецот е заштитен дека телефонот има легално потекло. Мобиларите вообичаено имаат договори со сите од кои телефоните се набавени, заменети или штогод, со нивни лични податоци. Така да купувањето од мобилара во овој случај е доста побезбедно за купувачот, отколку од оглас. Од оглас не добиваш никаков доказ од кого ти е телефонот.

    За нови телефони, не сум слушнал досега да постои случај на украден телефон купен од мобилара, се разбира ова се однесува на половни телефони.

    Слично е и кај автомобили, само што кај автомобили безбедноста е поголема бидејќи за набавката се склучува и нотарски договор.

    Последниот случај на телефон украден од мене, беше пронајден кај личност која била во нашата продавница, а била и во друга мобилара, ама и се видело скапо, и телефонот го купила сама, без доказ на потекло од „улица“. Сега, не само што и беше одземен телефонот, не само што нема поврат на парите, туку се соочува и со кривична пријава за затајување.
     
  23. smole

    smole
    Unstoppable

    3,268
    3,788
    18 Април 2007
    Од оглас ако купиш мобилен можеш да си направиш купопродажен договор заверен на нотар со продавачот, тоа ќе ти е документ на кој ќе се повикаш.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  24. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,548
    4,898
    18 Септември 2013
    Машко
    После одредено должење не можев да ги дочитам мислењата така што извинете ако веќе е спомнато, ама ете само шо ги пробав методиве:

    Ако телефонот ти е вклучен и закачен на интернет, а ти бил логиран гугл акаунтот - гугл може да го најде и ете ми го лоцираше директно кај шо сум, дома. Само пишав во хром на google search (каде сум логиран со истиот гугл акаунт, на кој шо ми се мејлот и се остало, како и телефоните поврзани) - "google locate my phone" и дури не ни морав да отварам линкови, одма ти дава мапа со локацијата над сите резултати:

    Screenshot_4.jpg

    Истава опција ја имам и на Samsung акаунтот со тоа шо има и многу повеќе контрола над телефонот и малце е попрецизна локацијата на мапа, но самата мапа е понеобележана:

    Screenshot_5.jpg

    Ако овие два пристапи (гугл и производителските еквиваленти) за локација на телефонот не ти успеале, значи или некој ги исклучил опцииве (намерно) или не се вклучиле ради ресет и кој и да го „нашол“ телефонот не може да ги вклучи ради тоа шо е заклучен. Можда има и други сценарија, ама како и да е ако не можеш вака да си го најдеш преку твој акаунт, и не ти крева никој ако ѕвониш тогаш мора преку легален пат да идеш и ко шо си кажа и сам веќе ги знаеш таму процедурите.

    Макар не знам преку IMEI на телефон ако стават друга картичка дали може да се најде.

    ЕДИТ:
    П.С си играв со опцииве сеа, и гугл од втор и трет обид е исто прецизен до 10 метри, а е многу побрз во лоцирање отколку самсунг. Вториот телефон дури не ми го лоцира на мапа Самсунг акаунтот иако пишува дека е лоциран на нотификацијата. Интересно ете ова шо го пробав сеа заради темава, не знаев како иде.
     
    dimsa, Potop и на bxxxn им се допаѓа ова.
  25. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    И те како дека може!
     
    На Speedster и toshex им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...