Голема разлика.
Еве пример. Оди удри едно дрво. После оди удри човек што ќе помине под дрвото. Исто е ама не е исто.
Изгубено и украдено е различна работа. Различно се третира и од законот.
ееее сега ептен од крај до крај отиде.. ќе те цитирам повторно каде што мислам дека многу грешиш.
Мислам дека правно гледано, тоа веќе не е твој телефон.
Тоа што ти си го изгубил, а некој го нашол, не е должен да ти го врати. човечки, хумано, фер е да го врати, но нема обврска на тоа. Тоа што го бараш е кривично дело и некој да лета од работа во затвор.
Многу ми е жал за тоа што ти се случило, но тоа што ти го бараш е полошо од тоа што некој решил да го затаи "пленот"
Во зависност од тоа каде си го изгубил, може и да пишеш ливче некаде, па да ти го вратат (за соодветна награда)?
На твое место, пиши порака дека си сопственикот и да те контактираат на некој број. Пиши дека имаш кутија и се што следи со купување на телефон и дека ќе биде пронајден преку системот.
Со среќа во потрагата по телефонот.
телефонот правно е негов, но физички не е.
тој што го „нашол“ е должен да не го допира, бидејќи не е негов, или да го врати.