1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Nvidia - Генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од psyside, 18 oктомври 2013.

  1. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
    со волку неодговорни купци , веруј нема да да се смени ништо во блиска иднина и ке биде уште полошо
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    789
    1,595
    23 Мај 2012
    Уште не сум стигнал RTX да тестирам со Battlefield V, ама само што го пробав FFXV бенчот со DLSS и морам да споделам импресија. :)

    Со оглед на она што читав по нет очекував да ми ја пушти онаа верзија која прави апскејл од пониска резулуција на 1440p и потоа ја процесира со тензор јадрата со што ќе добијам повисоки перформанси. Епа не, реши да ме „зезне“ и да ми ja пушти втората верзија кај што прави апскејл од нејтив резолуција (1440p) на 4К и тек после тоа ја процесира.

    Буквално имав... :eek: <- таква реакција :D. Неспоредливо подобра јасност на сликата и скоро ич алајзинг за сметка на некојси ~17% дроп во перформанси.

    Штета што го прекинаа понатамошниот развој на играта па најверојатно само во бенчот ќе остане имплементиран DLSS :cry:
     
    На MasteR_#0 и gOJDO им се допаѓа ова.
  3. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    381
    342
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Тој 17% дроп беше во однос на FXAA или некој друг антиалиасинг алгоритам или наспроти никаков/исклучен антиалиасинг?
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    789
    1,595
    23 Мај 2012
    Во однос на ТАА
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    381
    342
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Па тоа и не е многу лошо. Значи во наредната генерација со уште малце повеќе тензор јадра и подобрени алгоритми, би требало тој дроп да се сведе на минимум. Кога ќе видиш, реалниот бенефит од RTX картициве, барем во овој момент, е DLSS а не RT.
     
    На The_Witch_Hunter и MasteR_#0 им се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,068
    2,727
    18 Септември 2013
    Машко
    DLSSX тогаш требало да ги викаат.
    или:

    GEFORCE DLDOSEXSSXXX
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
    сеа ја составувам , ако ми ја даде човеков да си поиграм викендов ке ставам бенчови во споредба со 980ti матрикзс
     

    Прикачени датотеки:

    borcep, omegaRED и на FreakyDroid им се допаѓа ова.
  8. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    381
    342
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    20-30% треба да е подобра од 980Ti. За разлика од другите RTX оваа барем е добра на цена, но 20-30 фрејма со RTX On е преслабо. Ако не ти е тешко да пробаш DLSS во FF15 демото, да видиме колку разлика ќе има во споредба со тестот што го направи @The_Witch_Hunter ? Pretty please! :)
     
    На gamer-eddie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
    те разбирам , сакам маста да и ја извадам
    што е до мене све сакам да испробам од 2004 па навака , ама да видам дали ке ми даде човеков да си пограм со гафичкава :)
    сакам да тестирам и стари игри зошо искрено од новиве мнооооогу ретко која ми се свиѓа, све ми се sjw femi nazi mangina politically correct срања
    башка што сакам да ги гејмам на висоока резолуција и со високи фрејмови, за таа ствар топ се картициве
     
    Costigan_Jr, Tomashevski.Aleksandar, incontempt и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
  11. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
  12. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    789
    1,595
    23 Мај 2012
    Изиграв дел (Under no Flag) од single player кампањата на Battlefield V со "RTX On" и можам да кажам дека со Low сетингот е апсолутно игриво на 1440p. Во просек би рекол некаде 60-80 беше фрејмрејтот најголем дел од времето, идеше и повисоко на некои места но под 60 не го приметив да падне. Освен за визуелна споредба не пробав да играм со повисоките RTX сетинзи затоа што за нив има листа на known issues DICE и не ги препорачува моментално. Има во најава неколку оптимизации од аспект на перформанси што би требало наскоро да се имплементираат па ќе тестирам поубаво тогаш. Како за прва имплементација на RTX мислам дека е Ок, иако само рефлексии не може да ја сменат доволно атмосферата на играта за да се добие WOW ефект. Игри како Metro Exodus, Atomic Heart, Control и други што ќе комбинираат неколку различни RTX ефекти истовремено би требало да направат поголема разлика во тој аспект.
     
    На Krk198 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,713
    3,513
    5 Јули 2013
    Цела разлика ќе се виде кога ќе излезат целосно ray-traced игри. Дотогаш се ќе биде недооптимизирано, премин од една во друга генерација. BTW ray-tracing-от треба да биде нов АPI, ака Dx13 ако се оди со ред. Да има јасна дистинкција.

    Што се однесува до првата генерација што нуди приказ од иднината, тоа е само прва генерација и многу добро се сеќавам како постапувала nvidia со нејзините први чипови со подршка за нова генерација на API, во сите можни случаи освен во првиот кога први имплементираа T&L и ги затекнаа останатите со спуштени панталони. :) Се после тоа беше со мамење или фијаско. Со nv20 во Dx8 лажеа со филтрирањето на текстурите за да им парираат на ATi, со nv30 имаа ужасни перформанси во Dx9, со G80 потфрлија со Dx10(за среќа и AMD не беа нешто подобри во тоа време).
    Сега се пионери со комплетно нов пристап при рендерирање(во гејмингот) што теоретски би требало да овозможи креирање на графички прекрасни игри во многу пократок временски интервал споредено со претходн. Но, за жал оваа генерација на nvidia е само демо чип. Најсилниот чип во линијата едвај се справува со дел од рефлексиите, а тек ако постои игра која целосно ќе се потпри на тој дел од чипот...тоа би било слајдшоу. И се ова е само за да чипот кој покрај ray-tracing делот содржи и backwards compatible дел кој мора да биде подобар од 1080Ti. Тоа значи дека, ако следниот чип биде целосно ray-tracing-friendly ќе има далеку подобри перформанси, во соодветен ray-tracing енџин се разбира.

    Лично сметам дека решение беше SLI hybrid кој ќе комбинира non-ray-tracing со ray-tracing карта , барем се додека не се префрлат сите наслови во ray-tracing режим. Тоа а е еден начин да се убрзаат работите. Целосно ray-tracing чип во моментов беше луда идеја. Иако не направија целосно ray-tracing чип, мислам дека подобро ќе поминеа ако извадеа на пазарот ray-tracing карта, нешто како addon карта која би му асистирала на постоечкaтa, нешто како ray-tracing accelerator. И така додека не заживее пазарот со игри кои се базираат на ray-tracing во целост.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
    ван тема али смешно интересно
    имало и поретардирани од нашиве фирми lmao rofl
    чоеци пази дешавка на другарчево
    иде ...ај не е битно во која продавница кај нас и гледа јакна на попуст за bљацк фрајday. Ја гледа цената и вика 125 еурики, jа одлепува лепенката со цената и под нејзе пишува 100 еврики.. тоа е ти е балкански "Црнечки" петок

    View: https://www.youtube.com/watch?v=PTni-Vfrf9c
     
    Последна промена: 23 ноември 2018
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    381
    342
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Ништо ново на западот :D
     
    На gamer-eddie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gamer-eddie

    gamer-eddie
    Practice makes perfect

    777
    1,247
    22 Април 2007
    Машко
    profesionalen ebi-veter
  17. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    381
    342
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Да додадам друг случај со 2080Ti тули

    [H]ardOCP: RTX 2080 Ti FE Escapes Testing by Dying After 8 Hours

    И да не умираат картициве, кога гледам бенчови од асални картици, температура од 85 степени при 100% искористеност е алармантно. Зависно од тоа кај се наоѓа сензорот, можеби други компоненти да креваат 10-15 степени над тоа ...
     
    На gamer-eddie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FreakyDroid

    FreakyDroid
    Gaining Experience

    381
    342
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
  19. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,777
    4,948
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    До каде е приказната со nvidia и дефектната RTX серија? Мислам дека прочитав статија дека nvidia го признаа проблемот, нешто до дизајнот било проблем or something, а што е со оние со custom дизајн? Или сите во принцип методот copy paste print го користеле до сеа?
    Повеќе детали околу случајов да пуштиме, да подискутираме ќе може? Со линкови или без, секако дека може да најдам, ама ми се праи муабет овде поопширно.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...