1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Nvidia - Генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од psyside, 18 oктомври 2013.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,512
    24,444
    4 Септември 2008
    [​IMG]

    Во оваа тема ќе дискутираме за све што е поврзано со Nvidia.

    Избор на графичка, драјвери, CUDA, Physyx, нови модели, технологии, правилен избор при купување, оверклок, на кратко све што е поврзано со овој бренд.
     
    На JensenInterceptor, freeman, gokica и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,512
    24,444
    4 Септември 2008
    Додека не искочат ривјуата, официјални не би се одлучил за ништо, поготво не со цените кои Nvidia ги пласира генерално.
     
  4. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,073
    1,379
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    G-Sync револуционерно или не ?
     
  5. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,683
    3,492
    18 Септември 2013
    Машко
    Сакам да знам кога ќе излезе 750ti, таа би можела да биде стварно одлична исплатлива опција за графичка на рангот на 270X.
     
  6. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Нормално,онака го кажав тоа"Taa e za mene" во тој смисол.
    Инаку има две шпекулации за сега,или ке биде titan+ Еден СМИД(не научив и не научив како се викаја) со фрекфенција од 876Мхз на јадро 6000Мхз меморија.Другата варијанта е идентична на титан но со 926мхз на јадро и 6500Мхз на меморија.Но рано е да се шпекулира.Но во секој случај ке има пад на цените,посебно на GTX770 моделот и 780 моделот а Титан највероватно ке се тргне од продажба.Највероватно ке има и GTX760Ti За да се пополни цена-перформанси во средната класа,нешто измеѓу 760 и 770.И ке биде конкурентна на AMD r9 280-280X
     
  7. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,816
    4,989
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Nvidia ми ги читаат мислите, си реков пред некој ден, аман кога ќе извадат асално програмче за кепчање (снимање) игри. И оп, ShadowPlay најавија nvidia.
     
    На FLEGMA и dejan_str им се допаѓа ова.
  8. windows8

    windows8
    On your way to fame

    715
    939
    12 Февруари 2012
    Машко
    На gokica и dejan_str им се допаѓа ова.
  9. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,816
    4,989
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    G-Sync , убаво скокотливо име. Го погодиле местото.
     
    На gokica и dejan_str им се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,512
    24,444
    4 Септември 2008

    Доста добро...
     
    На gokica и dejan_str им се допаѓа ова.
  11. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,683
    3,492
    18 Септември 2013
    Машко
    G-spot

    Онтопик: Не е револуционерно - бара да хардверот на мониторите да има посебен чип кој ќе го контролира тој хардвер. Тоа е ко оверајд некој, и едноставно е само вишок пари пошто не е стандард. Место да се направи ко стандард за да работи со сите графички и да не кошта дополнително, они направиле чип, го наметнуваат како додатен трошок во мониторот и што е најлошо ќе го нема во ништо што е до сега излезено.

    И рачунај ти си купил скап монитор пред 2-3 месеци и сега треба нов затоа што сакаш и тоа г-спот да го користиш? Јас мислам дека нема врска. Како играа луѓето до сега? Сигурно проблемов не е толку изразен колку што го наметнуваат. Се е само маркетинг. Точно добро е да се реши секој проблем, ама ова мислам дека не е толку изразен, а и за да се реши треба мониторите си го решат проблемов и со другите производители на графички - значи интел и амд (да стане стандард).
     
    тотето, uwemi и на dejan_str им се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,152
    12,125
    2 Август 2012
    Машко
    Со местење на vsync на пола рифреш рејт или Force On и(или) користење на fps лимитери.
    Невидена гњаважа
     
  13. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,683
    3,492
    18 Септември 2013
    Машко
    Абе ајде, никојпат не сум правел такво нешто, или замаранции. Верувај дека го преувеличуваат ова како маркетингшки стант. Убаво е што нашле некој вид на решение, ама го прават ко откритие на топла вода.

    И сега со добар хардвер на било кој телевизор супер одат игрите (и ако се појавуваат некои такви проблеми се незабележливи за просечен корисник или треба да се мачиш да ги уловиш) и не сум видел никаде да има ударни вести како корисници се жалат „уф, ова не се трае, не можам да играм“ и слично.

    Ама сега нвидиа испаѓа на сцена, 40 минути презентација колку е ужасно тоа без нивната нова технологија, ама они се супермен и го средиле проблемот.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,152
    12,125
    2 Август 2012
    Машко
    Затоа што си немал потреба
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,656
    2,461
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Дали си ти професионален гејмер или играш компетитивно онлајн по 12 саати на ден? Овој проблем им е познат на сите што играат компетитивно или што пратат е-спорт и е од времето на дедо Ное. Nvidia сега понудија решение. Нигде не кажаа дека просечните корисници кои играат, те цитирам, на телевизор (LOL) ќе имаат корист од ова, или дека секој мора да купи G-SYNC чип за да ужива во игрите. Што се напна толку, ко да те фатија за гуша да купиш G-SYNC..

    Друго, за маркетингот, па што ако рекламираат, пази, нивна презентација, нивен производ, што да напраат, "Еј успат само да спомнеме, измисливме нешто наречено G-SYNC, aли не е многу битно за тие што играат на телевизор, чао!"
    Нема логика..
     
    gokica, prichina и на psyside им се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,512
    24,444
    4 Септември 2008
    View: http://youtu.be/Tl2UgFgMcyg?t=33m52s :cool:


    Многу грешиш, разлика од 60 до 40 фрема, на пример е огромна за мене, така да преувеличување нема, истото важи само за тие кои се неспособни да ги осетат тие разлики.

    Најголемата глупост и апсурдност е што сите пробуваат да ја видат визуелно таа разлика, и тука доаѓа целата забуна, не е проблемот во тоа дали визуелно можеш да приметиш разлика од 40 до 80 фрема, проблемот е начинот на кој единиците во игрите, физиката, мазноста на таа игра се менува со промената на фремовите.

    Значи заебете ги очите и тоа "гледање на разлика" разликата е во чуството на глатко движење на целата опркуженост, и физиката и наједноставните како и комплексните команди во играта, колку брзо се одзиваат командите, акциите, времето на одзив - колку глатко се одвиваат промените на сцени/фремови, во битките и интензивните сцени, колку инпут лаг има и слично, тоа е битно. Очите се НЕБИТНИ.
     
    На freeman и NecrotoX им се допаѓа ова.
  17. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Точно,баш така,но треба да сватите дека фремовите фо игрите немаат врска со тоа колку окото гледа,не може да се крепиме на тоа.Цело време упорно повторував дека постои ЛАГ меѓу фрејмовите и поради нехармонизираноста со херците(како што кажа видеото од Psy) се ствара статер,колку и да е мал лагот тој постои.Затоа игра со 40 фрејма не е флуидна како игра со 60 фрејма.60 фрејма е најфлуидно затоа што работи во хармонија со 60те херзи на мониторот.
    Г синк тоа ке го поправи,сепак не во целост но ке ја форсира хармонијата со намалување на херците на мониторот во зависност со фрејмажата и слично.Прашање е колку тоа ке биде прецизно и колку ке се покаже во играње игри.Пошто сите знаеме друго е совтвер кој го пуштаме(како на видеото)друго е кога играме игра.Сепак е добар чекор од нвидиа,ова треба да се третира и добро што го земале во обзир
     
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,512
    24,444
    4 Септември 2008
  19. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,683
    3,492
    18 Септември 2013
    Машко
    Не викам дека за некои луѓе, или како идеја ова е лошо. Прочитајте погоре пак и ќе видите дека само критикувам колку фо исфорсираа а реално многу малку луѓе имаат потреба од тоа.

    За фрејмови, како што кажа дејан ова нема да ги појача фрејмовите туку само ќе контролира кога да се прикажат. Реално се е исто.

    Ова може да се сумаризира како: менаџмент на време на приказ на фрејмот на екран

    Реално, на екрани со поголема херцажа од 200 херци нема да има никаква разлика сигурно, затоа што рамките во кои може да се прикаже фрејм кај такви екрани се многу помали (еден фрејм трае пократко кај нив) така да кога ќе е спремен следниот сигурно побрзо ќе се прикаже така што ќе изгледа скоро инстантно како што доаѓаат фрејмовите се прикажуваат.

    Како што кажав, може ќе има бенефиции ама само 3-4 проценти од сите гејмери би се замарале за ова и би им било од корист. Никој се уште не даде пример за некој кој „професионално“ се занимава со нешто во кое што овој проблем му го отежнува животот до неподносливост.

    И пред се, инсистирав дека ако стварно има многу ќар од оваа рабоа, макар се сомневам дека толку ќар има колку што нвидиа промовира - дека тогаш ќе се запнеа сите производители на монитори и графички да се елиминира овој проблем, да се постави некој стандард и сличног.

    Зошто не го прават тоа? Затоа што мислам дека со самото зголемување на херцажата го елиминираат - а тоа го прават со секоја нова генерација монитори.

    Никогаш не сум сакал маркетингшки трикови, а ова е еден огромен. Пред да биде презентацијава, отишол некој од менаџментот на нвидиа доле во канцелариите, и им кажал на сите:

    Луѓе, ќе имаме презентација и на неа ќе ја претставиме новата 780 ti... ама презентацијата треба да трае 6 саати. Што имаме да покажеме за тоа време, ајде, некој од проективе во развој, било шо? Нешто што има бар малце смисла?

    И така Перо и Томе што ја немаат честа да работат на најјаките проекти виделе момент да сјаат и ја покажале оваа г-спот работка и нвидиа направи чудо од неа. Ди енд.

    И за крај - целата дискусија е дали г-спот е револуционерно нешто а не дали е добро. Се што е измислено што подобрува било што макар и малце е добро. Не викам не е добро да се има и вакво нешто. Само нема да имам јас, а ни повеќето луѓе на светот од него. Нема да биде нешто за кое што сите ќе зборуваат, и нема да биде нешто за кое што ќе се чека на ред да се купи - баш затоа што не е неопходно и кошта повеќе.

    Значи не го менува светот, ерго - не е револуционерно. Напротив - далеку од тоа :)
     
  20. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,656
    2,461
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Братче, ова елиминира еден проблем за кој до сега немаше решение, не постоеше. Ти можеш и есеј од 1000 збора да напишеш, тој факт нема да се смени.

    И стварно не знам што толку те засегна ова? Па ако ништо друго Nvidia отсекогаш биле познати по својот маркетинг и величање на нивните производи.. Според постовиве што ти ги читам ми се чини дека си спремен со молотовки да им влезеш тамо:
    -"Kако се осудиле уопште да измислат G-SYNC, па уште и реклама да му праат, мамицата нивна зелена!!!"
     
    На poljakot му/ѝ се допаѓа ова.
  21. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,683
    3,492
    18 Септември 2013
    Машко


    Значи уопште не читаш што имам напишано а коментираш. Прочитај го извадоков доле - немам против нови технологии ништо, ама кога се форсираат ми пречи.

    И не ја пратиш дискусијата. Прашањето беше дали е нешто револуционерно... кога кажав дека не е и дека е далеку од тоа почна дискусијава :)
     
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,275
    9,896
    13 Јуни 2009
    G-Sync е револуција и го решава вечниот проблем кој досега немаше решение. И повторно најблиску беше nVidia со адаптивниот v-sync.

    Многу ми е драго што конечно се најде чаре. Па плус и модул кој може да се вгради од самиот корисник е невидено решение.

    BTW ова е голема заебанција за AMD сега!
     
    На freeman му/ѝ се допаѓа ова.
  23. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,656
    2,461
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор

    LOL?

    Превод: револуционерно е.

    Превод: Необјасниво бурно реагираш против овој производ за кој мислиш дека е срање (рече дека го направиле Перо и Томе) и против рекламата на Nvidia која не е воопшто зачудувачка.

    Мислам дека читам добро?
     
  24. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,683
    3,492
    18 Септември 2013
    Машко
    Значи не реагирам бурно, само дискутирам.

    И се уште никој нема излезено од вас со линкови каде ќе покаже дека до вчера на многу сајтови се жалеле корисници за овој проблем. Искрено, се дури не објавија нвидиа дека постои овој проблем и дека е многу сериозен немав ни чуено за ваков проблем.

    Си купуваш добар монитор и добра графичка и играш - така работат работите.

    И сега нвидиа средила нешто да биде подобро, што е супер за кој му треба, и излегоа со презентација како тој проблем е посериозен од што реално е.

    Значи подобрување е, кој ќе има ќар од него ќе има - јас сигурно а и повеќето луѓе на светот ќе нема да се замараат со тоа - ама не е револуција.

    Револуција е ако сите имаат ќар од тоа, и ако сите сакаат да го имаат.

    За понатака гајле ми е, и тоа е целата дискусија. Дури и презентацијата (видеото) ако го видите кај што ставиле два компјутери со тоа нишалото - публиката не беше ич возбудена.

    Да беше револуција ќе скокаа, ќе викаа WOW итн. Едноставно не е толку big deal и затоа е и целата дискусија.

    Ако за вас е big deal, супер, вие сте во таа група луѓе кои ќе имаат ќар од тоа и со здравје да си го користите. Ама 99 посто од луѓето на планетава ич нема да се замараат со ова г-синк чудово и токму тоа е потврда дека не е револуција.

    Значи јас си стојам на мислење дека не е, вие стојте си на мислење дека е револуционерно и да завршиме со дебатата тука може? :D
     
  25. gokica

    gokica
    Модератор

    8,275
    9,896
    13 Јуни 2009
    Ова е револуција во гејмерскиот свет. И SSD не е револуција за некој кој само проверува е-маил на компјутерот и работи на Win95.

    Не случајно nVidia се фокусирани на соработка со ASUS кој го има најдобриот монитор за гејмери на светот.

    Јас мислам дека Тоше се дедека не види во живо монитор со таков модул како гејма нема да му биде значајно.

    За мене сега за сега за гејмање постои само nVidia. 290Х може да се слика.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...