Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Мобилен телефон кој сам се полни

Dark_angelMKD

lurker
4 декември 2008
558
53
Струга,Скопје
www.facebook.com
Еден од најголемите сонови на модерниот човек е да има технологија која ќе се полни без сите оние здодевни кабли и полначи во кои понекогаш можеме да се загубиме. Нокиа вели оти е на пат да го оствари тој сон. Во нивната лабораторија се доразвива новиот мобилен телефон кој ќе влече електрична енергија од воздухот.
nokia4.jpg

Воздухот е преполн со радиобранови од секаков вид, на различни фрекфенции и со различна јачина. Најголемиот дел од нив и онака остануваат неискористени. Затоа, развојниот тим на Нокиа создал прототип на мобилен телефон кој ќе ги собира радиобрановите во специјален приемник и нивната енергија ќе ја престорува во електрична.

Имајте на ум оти ваквиот начин на „жнеење“ електрична енергија никогаш нема да биде доволен за да ги напојува сите апарати во вашата куќа или пак електричниот автомобил, но прибирањето на слободната електромагнетна сила може да го одржува во живот мобилниот телефон. Веројатно не доколку активно разговарате, но ќе може постепено да го полни додека е во мирување.

Во мигов, тимот стручњаци успеал да искористи до 5 милиампери од слободната енергија. Целта им е во кусо време да стигнат до 20, а за неколку години до 50 милиампери.

Новиот телефон од Нокиа би требало да е комерцијален не порано од 3 и не подоцна од 5 години.

Извор
 

lifehacker

Баниран/a
24 јануари 2009
391
16
Abe ova e NOKIA MORPH mislam !


[ame]http://www.youtube.com/watch?v=IX-gTobCJHs&feature=fvst[/ame] :D
 

Fico

hello world
9 март 2008
252
14
Имав слушнато за технологијата пред некое време, мислам на дискавери дека беше, не сум сигурен, но беше за некоја друга употреба.
Арно што им текнало да ја искористат за полнење мобилен.
Ајде, па здравје да видиме што ќе биде следен чекор :)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно