Праќаат и од официјалната страна и од Ali, Јас нарачував на Black Fiday (2020) од официјалната страна тогаш имаа 20% попуст, шипингот им е DHL Express (достава за 2-3 дена) и само тоа го платив 51$ со достава до дома на рака, без царинење и сите перипетии околу тоа, можно е во таа сума да беше вклучена и таа услуга ама не сум баш сигурен дека вредноста беше 99$ на пратката Тастатура + Wrist rest. Знам дека некој друг нарачуваше од нивната страна на Ali Express и некаде за 15-20 дена стигна тастатурата (Инаку и мојата од Кина беше испратена иако официјалниот сајт им е UK за Европа).Паметно. Валјда исто ќе постапам.
Јас мојата ја измодував до даска, веќе не ни изгледа како Keychron а богами не ни звучи како Kaychron веќе. Деновиве кога ќе имам повеќе време ќе постирам слики од целокупниот процес на модување, од аплицирањето на Винил на алуминиумските шини, на куќиштето и на plate-от до додавање на термопореста гума во куќиштето, под plate-от (KBDFans module foam) и уште триста други тракатанци (клипнување на стабилизатори, перничиња за истите).
И две-три недели после модувањето на Keychron-от ми стасаа деловите за Custom 60% Tofu билдот па го склопив ова:
Ова е тек прича за себе.