Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    722

kristijan_m75

lurker
22 март 2016
772
573
Ќе ти стигне во сандаче картон од пошта да однесеш извод од кредитна картица и принт скрин од нарачката,можеш и директ во царина да им однесеш ако си од скопје.После пак чекаш картон со напишана колку сума треба да платиш и потоа си го подигаш телефонот.
Се промени на недостасува фактура. Со оглед на тоа што прв пат ми е вака со царина, ме интересира дали треба да чекам некое известување за да им испратам извод и screenshot од Aliexpress, или можам директ да праќам на некој mail а да се повикам на бројот на пратка.

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 
ekonomist

user
17 јуни 2008
1.239
665
Зависи дали ќе те крстат по цената која што е наведена на пратката или ќе земат реална цена која што е моментално на пазарот пошто многу-многу не веруват они на цените кои што се наведени од чајнезите, така да спреми си парички и рапортирај oвде како си поминал. :)
Ајде да рапортирам :)
Поминав со ДДВ од 1.350 мкд плус уште некои давачки 150 мкд (ДДВ-то го имаа рачунато на цената по која го купив).
Се на се телефонот ме фати 9.300 мкд (Xiaomi Mi A1 32gb), тука најевтино е 13.000 мкд, дали вреди разликата или не, времето ќе покаже. Ако минев без ДДВ ќе беше топ :D
Околу фазите...
- 04.06 го купив телефонот,
- 22.06 беше во пошта, истиот ден го пратија за царинење,
- 23.06 (сабота) информација дека немаат фактура,
- 25.06 во 9 часот поштарот ми носи писмо од царина за да испратам фактури, испратено до кај 9:30, информација дека пратката е испратена во пошта околу 14:30.
- 26.06 ми стига картонче да одам да ја подигнам пратката, пишува 1.500 мкд. Отидов околу 17:00, теткиците немале прием за таа пратка, бирократии, глупости. Денес конечно го земав.
Генерално читајќи во темава наназад, брзо се заврши целокупната постапка.
 
lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.573
Јас се мислев да го нарачувам онлајн и на крај го најдов од тука преку еден член што ми го понуди, земен од ВИП неотпакуван со 2 години гаранција за 10.200.
Ќе заборавев, 64GB верзијата.
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Јас земав тач од кај конезите, не е лош, напротив визуелно и на допир е "оригинал", кој за разлика од оригиналот има дааалеку помека заштитна фолија, (првиот слој) што е многу лошо при чување со клучови во ист џеб на пример, али е упола цена. Е сега кој си сака поефтино да помине, кој си сака конфорд итн итн...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.231
Нит ми ја испорачале нит бутур. Кај да реагирам, каде да се јавам? Она испорачано на нивни јазик значи дека е кај нив или ми ја има некој здиплено?
11.png
 
Gucci

lurker
5 јули 2011
873
779
Нит ми ја испорачале нит бутур. Кај да реагирам, каде да се јавам? Она испорачано на нивни јазик значи дека е кај нив или ми ја има некој здиплено?
Погледнете го атачментот 65327
Оди кај поштарите, од страната на Неоком зградата е влезот. Контролорите им се ептен услужливи.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.770
4.489
Неготино
Нит ми ја испорачале нит бутур. Кај да реагирам, каде да се јавам? Она испорачано на нивни јазик значи дека е кај нив или ми ја има некој здиплено?
Погледнете го атачментот 65327
Јас у ваков случај одев директ у пошта. Поштарот демек не нашол никој дома и ја вратил у пошта. Па кажете мајка му стара.
 
stefano

hello world
8 декември 2016
180
260
Јас у ваков случај одев директ у пошта. Поштарот демек не нашол никој дома и ја вратил у пошта. Па кажете мајка му стара.
Кај мене ако не е испорачана тој ден, од Х причини, обично на тракингот се појавува "остаток".
Во случајов поштарот во систем пријавил дека пратката е испорачана, така да паметно би било да се оди до пошта и провери.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.231
Поштарот значи ја зема пратката со него, оди до најблиската кладилница, се шљае и на крај од смена се враќа и вели „нема никој дома“ , така?
 
filipkir

user
17 јуни 2009
1.190
1.907
Скопје
Има некој застој со поштава годинава, не е како лани. Моите пратки каснат исто, страшно...
Скоро година и пол е вака. Порано брзо стигнуваа телефончињата што ги нарачував од ebay (10-18 дена), а сега од 3 порачани телефони eдниот воопшто не ни стигна, а за другите два чекав по 40-50 дена. Заради македонскиве пошти скроз ми се одмиле хобито - собирање стари мобилни телефони :(
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Да не се лажиме, ни ти нема да чекаш нелого пред врата,него испорачана значи дека некој е зел. Е сега кој, прашај во пошта, ако не ти кажат во локалната, кај железнича ваљда знаат. Патните трошци за жал никој не ти ги покрива :S
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Поштарот значи ја зема пратката со него, оди до најблиската кладилница, се шљае и на крај од смена се враќа и вели „нема никој дома“ , така?
Јок. Ако планира да не ја испорача, воопшто не ја ни зема. Ќе си ја остави на бирото или како и да го викаат тоа каде што ги чуваат пратките во сошки и ќе си напише ливче и ќе ти го остави дома, а ќе каже немаше никој дома, оставено известување.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Поштарот значи ја зема пратката со него, оди до најблиската кладилница, се шљае и на крај од смена се враќа и вели „нема никој дома“ , така?

Поштарот ја задолжува пратката и (бидејќи е гломазно и тешко пакувањето) ја става во фиока. Мислиш за безпари ќе ти ја шета низ градов?
Ти става картонче во сандаче со информација каде и кога да си ја подигнеш пратката. Кога ќе се врати во поштата, во неговата канцеларија, сите неиспорачани пратки ги раздолжува и ќе ги предаде на шалтер и така се заработува плата.
Што е нејасно?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Многу можна варијанта е бројчето што го имаш да не е од твојата пратка. Затоа и стои испорачано.
Друга помалку веројатна опција е да ти ја пишале испорачана, а да не е. Ама затоа во книгата за достава има име и презиме, потпис и број од лична карта на тој што ја зел. Ако се сомневаш на такво нешто, барај ја книгата на увид, ќе видиш кој е потпишан. Ако не си ти, а пратката е за тебе, кревај џева кај контролорот.
 
Пратката физички е во пошта, поштарот до денес бил на одмор а зошто така постапил креваат раменици. Никад нема држава од ова да биде. Никад.
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Да не ја правиме дрина, следи си го ти тракингот, пој си в пошта земиси ја пратката, ако сакаш да ја добиеш, така е, а како треба да биде друг муабет, него тоа е процедурата за да си ја добиеш пратката, што да ти речам друго.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Нејасно е тоа што не добив картонче. Ете тоа е нејасно.

Извини, јас одговорив на пораката која ја цитирав... Кратковидо и некоректно. Не ја следев детално дискусијата во однос на прашањето што си го поставил.

Секако дека е проблем во овој период - крај на јуни, кога мора да се потрошат преостанатите денови од ланскиот годишен одмор. Ама не е само во пошта, тоа е насекаде каде што вработените не добиваат плата од директна реализација.

Одговор на недоследноста со известувањето за препорачаната пратка да ја бараш и од службата за Поплаки за достава: Контакти
и да не известиш за одговорот...
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Јас у ваков случај одев директ у пошта. Поштарот демек не нашол никој дома и ја вратил у пошта. Па кажете мајка му стара.
од лично искуство, си имаат статус за ваква ситуација, кај мене искачало "neuspeal da isporaca", "sleden obid" ili "izvesten".
А зависи од пратка габарит, ако е помало ја зима скоро стално да ја остави, ако е поголемо од старт знам дека нема да ја донесе и најчесто статус се мења, уште прв ден у Капрош кога ќе дојде, во "isporaka na salter" и ако отидам истиот ден ми ја даваат. Додека ако ја задужи и не ја испорача, неможе да ја земам истиот ден и мора нареден за да раздужи назад.
 
agjurcin

hello world
18 април 2018
62
37
Во врска со испораката, мене пред некој ден ми се случи картончето за пакет којшто го чекав од Англија поштарот да го стави во друго сандаче на друга улица (двете се во населба Аеродром), дечкото од станот на другата улица беше совесен и ми го донесе картончето пред истекот на рокот за подигнување. Кога бев да го подигнам пакетот им кажав за грешката, сите креваа рамења. Колку што гледам од форумот и од другите сајтови, прават премногу пропусти во доставата на Македонски Пошти. Не знам како да се смени ситуацијата.
 
kainn

read-only
29 септември 2017
27
9
Ми стигна писмо вчера [Сабота] дека имам пратка на царина и треба да им пратам тамо на меил ScreenShot од нарачката, сега знам дека недела нема шанси да стигне пратката, али дали понеделник има шанси да ми ја донесат? или ке треба да чекам вторник,среда ?
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.659
13.706
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Ако си пратил скриншот во сабота, во понеделник го обработуваат, па АКО нема застој (ако се ажурни и обработуваат ден за ден), во понеделник ќе го обработат и предадат на пошта, па пошта (ако имаш среќа) во понеделник ќе го обработува и ќе ти прати картонче во вторник, со тоа што рокот никогаш не е за истиот ден, туку за следниот (неколку пати се имам зезнато така не гледајќи во датумот), значи среда.

Тоа е ако се ажурни, не важи ако се пренатрпани или почнале да одат по одмори (помалку луѓе).

Исто така, тоа важи за картонче (да одиш да го подигнеш и да платиш давачки); ако си поминал без давачки може да биде и во вторник, но најчесто ако отишло на царина ќе треба барем 104 денари да платиш за прегледот, па пак добиваш картонче.

Ако не си од Скопје, уште најмалку ден да патува до твоето место...

Исто и за скопските населби подалеку од Центар (каде што стигаат пратките во нивните пошти), не знам како оди тоа (колку патува од царина до нивната пошта)...
 
Последна промена:

https://vgy.me/whZo3Q.png

би требало утре да го донеси поштарот па ке видиме [мислам вадин хаха веке сме 02:13]
 
Cyb3rAng3l

hello world
16 октомври 2016
60
101
Берово
Screenshot_1.jpg
Сеуште ми нема стигнато никакво писмо за да испратам screenshot од трансакција. Е сега прашањето ми е дали кога треба да платам царинарење и да ја подигнам пратката треба да идам до Скопје или ја носат до поштата во Берово па овде си плаќам?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно