Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Купување од Amazon и Ebay

NIKE

hello world
18 јули 2010
202
8
Здраво.
Немам никакво искуство со Amazon и Ebay. Ве молам детално да ми објасните за тоа како се порачува, како се гледа shipping до Македонија, преку кој картички се праќа?
значи баш се...
ве молам побрзо итно ми е! :(

И дали треба да имам PayPal account?
 
Најпрво треба да се регистрираш , да си направиш твоја сметка. Потоа одбираш што сакаш ставаш во кошничка , потоа одиш во Check out, ќе ти напише што имаш колку пари и ќе ти напише адреса да внесиш каде што треба да биде доставено заедно со код од пошта и такви работи , следниот чекор ќе ти каже дали адресата е валидна т.е дали доставуваат до таму. На крај внесуваш сметка и такви доверливи работи. Некои се жалеа дека каснеле доставите , ако пишело од 7-10 работни дена ќе требало да почекаш дури до 20дена. Не треба да имаш pay pal акоунт , работи со VISTA картички на Тутунска Банка.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
Amazon работи и со други продавачи, а тоа значи дека се можни варијации во квалитетот и брзината. А другиот е само виртуелна продавница ЗА ДРУГИ продавачи и не продаваат никаква роба.
 
NIKE

hello world
18 јули 2010
202
8
хмм
ама уште не ми е јасно, само со VISA картичка од Тутунска Банка може да се купи, или може со Master Card..... ?
 
Simionov

read-only
3 март 2011
3
0
Ако купеш нешто до Ebay освен цената на чинење на производот се наплака ли нешто друго?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
Цена, транспорт, плус автоматска конверзија се прави во денари па и тоа е нешто ситно. Генерално е што гледаш дека треба да платиш, тоа и плаќаш.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
Fearless, yeah right... Затоа банките во Македонија скоро испоцркаа затоа што не наплаќаат. Чек, чек, уствари наплаќаат ама никаде не пишува колку, туку треба самиот да пресметаш колкава е разликата меѓу продажниот и куповниот курс за да сфатиш дека сѐ наплаќаат ама не се гледа...
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје

Прво не нешај баби и жаби. Провизија за конверзијата од твојата трансакциона денарска сметка за валутата што ти треба НЕ СЕ НАПЛАЌА.

Купопродажбата на валутата е утврдена според дневни курсни листи во кои провизија нормално постои и таа не е дискутабилна затоа што ќе си постои секогаш.

Јас купувам со Тутунска банка и што се однесува до моите финансии сум прилично организиран. На секоја сума платена на ebay или amazon ми се одзема од денарската сметка според дневниот курс на доларот или еврото. Во тој курс имаш провизија за продавање и купување. Дополнителна провизија од Тутунска банка за конверзија од твојата денарска сметка во онаа што плаќаш (евра или долари) НЕМА

Види колку е курсната листа тој ден, помножи 5-10 $ колку што си потрошил и се ќе си биде во ред. Со вашите коментари испаѓа како дупла провизија да наплаќаат. Извади извод и во изводот фино ти пишува за што колку пари си потрошил.
 
stevcooo

read-only
9 октомври 2008
15
7
Јас имам доста искуство со купување на работи преку e-bay. До сега се што имам платено се ми има стигнато на домашна адреса. Се има случувано да задоцни испораката по цел месец или да се загуби нештото што си го платил/порачал, но сите регистирани продавачи на e-bay се должни да ти ги вратат парите или да ти испратат нов предмет. Така да, ептен е безбедно и нема простор за да се плашита да порачате било што, а тоа со провизиите и со дуплите наплаќања нема бидеќи конкретно на Тутунска Банка имаш целосен увид на сметката и можеш да видиш колку уствари ти е наплатено.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
Прво не нешај баби и жаби. Провизија за конверзијата од твојата трансакциона денарска сметка за валутата што ти треба НЕ СЕ НАПЛАЌА.

Купопродажбата на валутата е утврдена според дневни курсни листи во кои провизија нормално постои и таа не е дискутабилна затоа што ќе си постои секогаш.

Јас купувам со Тутунска банка и што се однесува до моите финансии сум прилично организиран. На секоја сума платена на ebay или amazon ми се одзема од денарската сметка според дневниот курс на доларот или еврото. Во тој курс имаш провизија за продавање и купување. Дополнителна провизија од Тутунска банка за конверзија од твојата денарска сметка во онаа што плаќаш (евра или долари) НЕМА

Види колку е курсната листа тој ден, помножи 5-10 $ колку што си потрошил и се ќе си биде во ред. Со вашите коментари испаѓа како дупла провизија да наплаќаат. Извади извод и во изводот фино ти пишува за што колку пари си потрошил.

Штом е ПРИСИЛНА конверзијата од странската валута а не е според средниот курс (туку според продажен и куповен) во и од денарите тогаш е ПРОВИЗИЈА. Уште ако ти стигале парите од странство (пејпал ова она) тогаш прво плаќаш ПРОВИЗИЈА (РАЗЛИКА ВО ПРОДАЖЕН И КУПОВЕН КУРС) кога ПРИСИЛНО ти ги менуваат од долари во денари. После тоа кога ќе купиш нешто во странство, ПРИСИЛНО ти ги менуваат од денари во долари. Сосе разликата во продажен и куповен курс, стигнатите 10 долари стануваа 9,80 т.е. провизија од 2% (у најдобар случај).

Ако сакаш да работиш само во девизи и на ги ги плаќај автоматските конверзии, или одбери Динерс картица (посебна денарска, посебна девизна сметка на истата картица) или буричкај по банките да видиш која сѐ уште има такви платежни картици. Или откачи картици па само со трансфери работи си.
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје
И во менувачница да идеш да смениш пари и во банка да си уплатиш денари на девизна сметка истото ќе ти се случи. Whatever... џабе дискусија
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје

kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
И во менувачница да идеш да смениш пари и во банка да си уплатиш денари на девизна сметка истото ќе ти се случи. Whatever... џабе дискусија

Не е џабе бидејќи напишав погоре дека постојат картици и сметки каде што не се прави автоматска конверзија т.е. нема исто да ти се случи и затоа мораш да водиш сметка за тој трошок во целата трансакција.
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје
0.3 ако е разликата помеѓу куповен и продажен курс, на 100$ ќе биде 99,7. Ако нејќеш конверзии чувај си девизна сметка и решен проблем. Ама 0.3 е уште помал проблем
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
0.3 ако е разликата помеѓу куповен и продажен курс, на 100$ ќе биде 99,7. Ако нејќеш конверзии чувај си девизна сметка и решен проблем. Ама 0.3 е уште помал проблем

Хахаха, ок, значи, конечно, и тоа е трошок, а кога ќе најдеш толку мала провизија (уствари е 10 пати поголема), дај да ти дадам едно миљон евра да ми смениш (така Џорџ Сорос прави пари :).
 
Fearless

lurker
22 јули 2009
793
262
Скопје
3% провизија за конверзија? :isplashen:
Ај баш ме интересира кај е 3% провизијата?
Од 0.5 до 1 % ај пак некако тешко да поверувам, а за 3 % живо ме интересира кај наплаќаат толку.

Имам купувано 300 чуда купувано од ebay и amazon и никогаш не сум имал некои вакви трошоци како што ти ги кажуваш.
 
krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Разликата во курсевите од 61.3-61.7 за еврото. Што би рекло „провизијата“ за конверзија е околу 4 денари на секои 10 евра. На 100 евра е 40 денари, на 1000е е 6.5 евра.

Занемарлива сума во целата трансакција.
 
skorpion

read-only
8 март 2011
4
1
А се ли што сакаш ти испраќаат до тука или не. оти мислам дека сите производи неможат да се достават до МКД?:ermm:
 
goce ilievi

lurker
2 март 2010
633
45
И колку е испорака до Мак.А и царина ли ќе треба или не.Ако не треба :p:p
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно