FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.562
- 19.245
Климата не се дополнува така едноставно ниту пак тој може да знае колку фали освен да става манометри, да седи, да чека и да анализира.Другари, ми треба препорака за сервисер на клими. Ми треба за проверка, чистење(дополнување на фреон) и евентуално преместување надворешна единца. Иначе климата е LG и е надвор од гаранција ако игра некоја улога.
Може фирма а може и мајстор.
Затоа (кај нас) дополнувањето се сведува на вадење на стариот фреон и потоа (со помош на вага) ставање на точна количина која е наведена на налепницата на надворешната единица.
Тој може да установи дали фали но колку не може да знае.
Ако климата има изгубено фреон таа на топлење најпрво ќе почне да трупа мраз ( и тоа многу) на долната половина од испарителот.
Други видливи знаци се мрсни дамки на надворешната единица каде што влегуваат цевките (на холендарите) и изгледаат како мрснотија, како писа/асфалт.
Преместувањето е посебна приказна. Ако треба да се преместува тој си има специјален методи (ја пушта на ладење и постепено го затвора фреонот)
Демонтажата е одлична прилика да ги исчистиш двете единици темелно. Ти или некој друг
Друга, груба и ненаучна метода, која не е далеку од вистината, е да измериш разлика од влез до излез на максимум вентилатор при што температурата во собата не смее да биде под 20 степени (мерено кај климата)
Треба да се добие минимум 20 степени разлика од тоа што го усисала до тоа што го издувала.
Или кратко кажано. Максималната температура кај R410 фреон е 60 степени така што на издув ќе добиеш околу 55-58 степени под погоре наведените околности.
Значи, пушти ја на максимум температура остави ја да работи околу 30 минути до час и измери издув со термометар.
Ако усисува 20 степени и дава издув од 40 тоа веќе е граничен случај и треба да се анализира понатаму