1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Резултати од мерење на потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи (читај правила)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Lokvan, 3 Февруари 2018.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Темава служи исклучиво за постирање на резултати од мерења потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи. За се друго на тема на клима уреди дискутирајте во темата „Избор на клима уред?“!


    Со оглед на мноштвото непожелни конфликтни ситуации кои редовно се случуваат во дискусијата „Избор на клима уред?“ заради мноштвото од субјективни и необјективни лични мислења, сметам дека постои потреба од една паралелна тема која ќе се занимава исклучиво со документирани резултати од мерења на потрошувачката од мноштвото клима уреди но и сите други топлотни пумпи кои се достапни на нашиот пазар (или се алтернативно достапни преку увоз).

    Едноставно кажано, ќе ги споредуваме потрошувачките според тоа колку струја трошиме по кубен метар од нашите станови. Вие презентирајте резултати од мерењето, а овде ќе ви се помогне да се направат пресметките.

    Се молат сите потенцијални учесници во темава, да избегнуваат дискусија и реплики овде. Таквите постови ќе бидат пријавувани. При постирање на резлутатите од мерењето треба да се запазат следните правила наведени подолу. Форматот на мислењата треба да биде во следниот облик:
    - Податоци за просторот кој се грее, минимално барем површина и висина, а по можност и податоци за изолацијата.
    - Просечна температура на која се грее просторијата/станот, евентуално и разликите помеѓу ноќна и денска зададена темература (ако постојат разлики)

    - Потрошувачка за недели или месеци. По можност изразено по временски интервали за недели или месеци во spreedshit, идеално би било со вредности од почеток до крај на грејна сезона.
    - Фотографии од мерачите за потрошувачка.
    - Податоци за клима уредот (топлотната пумпа) во вид на име на брендот, моделот, кратки спецификации за моќноста изразени во киловати електрична и топлинска енергија и/или BTU (British thermal unit).


    На крај од постот се дозволени кратки субјективни мислења за уредите кои се презентираат, со додатни информации кои сметате дека се релевантни. На пример дали сте задоволни или незадоволни од уредот кој го користите, и што конкретно ви се допаѓа или не ви се допаѓа. Дискутирање и дебати за презентираните информации не е дозволено овде, но можете постовите од овде да ги цитирате во темата „Избор на клима уред?“ и таму да ги дискутирате. Но не овде.


    Поентата на оваа тема е во неа да се постираат исклучиво факти. Факти документирани со мерење на потрошувачка. Потоа врз основа на тие податоци кој сака да прави споредби (на другата тема) ќе може да се прават споредби според потрошувачката по кубен метар.

    Повторно, на сите дискусии за презентираниот уред, сеедно дали се релевантни или нерелевантни, сите реплики кон мислењата и презентираните искуства - ним не им е местото овде. Таквите муабети можат да се практикуваат во дежурната тема за јадење бурек: „Избор на клима уред?“.

    Оваа тема овде ќе биде наменета само за презентација на факти, и за тие кои немаат нерви и вишок време да се препираат со ботови на другата тема.
     
    Изменето од модератор: 6 Февруари 2018
    На shifty, Delta111, Daniel86 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    @psyside молба до тебе, ако е можно да се смени насловот на темата „Избор на клима уред?“ во „Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)“, и во првиот пост на самиот почеток од таа тема да се постави линкот кон оваа тема:
    Резултати од мерење на потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи (читај правила)


    Инаку еве го мојот допринес на темава.
    Koристам две клими за греење стан со површина од ~70м2 и висина 2.5м, односно волумен од ~175 кубни метри воздух.. Станот е сместен во приватна куќа, на втор спрат. Сендвич ѕидови со минерална волна помеѓу, термо фасада со 10см стиропор надовор. Под половина од мојот стан е просторот на моите родители исто кој се грее. Половина од посторот под мене не се грее, и целиот простор над мене не се грее. Повеќе од 20м2 над салонот е голема тераса, најголеми топлотни загуби има во тој дел (иако на плафонот ставив 4см стирпор под терасата, на термален имиџинг се гледаат ладни места на ивиците и столбовите/гредите). Другата површина од горниот спрат е засега неизградено поткровје и кров без никаква изолација. Поткровјето има неколку отвори кои не можат целосно да се затворат, до завршувањето на работите и заедно со неизолираниот кров ќе предизвикуваат топлотни загуби.


    Потрошувачка за целиот стан, од почеток на грејната сезона до сега, со резултатите од мерачи за потрошувачка внесувани еднаш неделно.
    Merachi na struja na klimite v1.2.png



    Првата клима е Toshiba Suzumi Plus RAS-B13N3KV2-E1 / RAS-13N3AV2-E
    Климата е пуштена да грее некаде на почеток од Октомври, некаде прв пат кога залади времето и до сега воопшто не е исклучена. Климата при работа гледа да задржи висок COP, особено кога е во ECO модот на работа. Постои и турбо мод кој иде на максимум моќност наспроти помал СОР, и нормален мод на работа кој е некоја средина меѓу двата мода на работа. За моите потреби таа „филозифија“ на работа е добра, јас имам ок изолација и немам потреба од снагаш клима. Освен кога сакам да ја исфорсирам за време на евтината тарифа, другото време работи во ECO модот на работа.

    Спецификации
    ToshibaSuzumi.png
    • Cooling capacity (Min./Nom./Max): 0
    • Cooling capacity (Min./Nom./Max): 0.8 / 3.5 / 4.1 kW
    • Heating capacity (Min./Nom./Max): 0.9 / 4.2 / 5.6 kW
    • Consumption power - cooling (Min./Nom./Max): 0.15 / 1.0 / 1.25 kW
    • Consumption power - heating (Min./Nom./Max): 0.15 / 1.08 / 1.58 kW
    • Nominal efficiency EER cooling: 3.5
    • Seasonal efficiency SEER cooling: 6.2
    • COP: 3.89
    • SCOP: 3.9
    • Annual energy consumption (Cooling/Heating): 198 / 1077 kWh
    • Energy label (Cooling / Heating): A++ / A
    • Refrigerant: R-410A


    Фотографии со мерења од мерачите за потрошувачка:
    T-01.jpg T-02.jpg
    ^
    767 килват часови за 119 дена, 19 часови, и 28 минути вкупна работа на климата.

    Ова долу е потрошувачка вкупно на евтина и скапа тарифа (и зададени вредности за тарифите):
    T-04.jpg T-05.jpg T-06.jpg T-07.jpg T-08.jpg
    Според мерачот, вкупно на евтина и скапа тарифа климата потрошила 3438 денари. Од почеток на Октомври, па до денес.

    Како пример за моментална потрошувачка, денес окулу два часот на релативно топло време надвор (над 10с) климата работеше со некои 0.23кв (230вати) за зададени 26с собна температура. Внатрешна измерена температура 24с на неколку метри од климата, метар и ситно висина (требаше да фотографирам).
    T-03.jpg
     
    На shifty, Dave1, ilkata и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Втората клима која ја користам е Gree Change GWH12KF/K3DNA6G

    Gree-Change.png

    Kлимата е пуштена е да грее некаде на почеток од Октомври но само на евтина струја. Од Ноември па наваму работи отприлика две третини од времето (освен кога се спие во просторијата тогаш е исклучена). Климава има проблем со реално гледање на температурата, поштo монтерот ми оставил незатворена дупка во ѕидот за цевките позади внатрешната единица (позади каде не ми е пристапно за интервенции). Значи внатрешната единица од климата ја ставија врз дупката од цевките кон надвор, за воопшто да не се гледаат цевките. Естетски супер изгледа ама иако потоа убаво затворив од надворешна страна на ѕидот, сепак од внатрешна страна влегува поладен воздух кој го лаже сезорот дека е поладно отколку што е - проблемот е во тоа што се работи за сендвич ѕидови (два ѕидови меѓу кои има минерална волна и воздух). И така климава без потреба запнува и повеќе грее отколку што реално треба, и сето тоа влијае на поголема потрошувачка.
    Пролетва здравје секако следи едно чистење на внатрешната единица со отварање пластики и ако можам обавезно ќе го извадам сензорот надвор од климата (под неа), и ќе гледам да ја затворам дупката од цевките (трудно ќе биде тоа).

    Фотографии со мерења од мерачите за потрошувачка:
    G-01.jpg
    G-02.jpg G-03.jpg

    Глуп кинески мерач е ова, нема евтина/скапа тарифа туку само една тарифа. Затоа му ставив средна вредност од 6.4 денари по киловат час, според што излегува дека потрошувачката од почеток на сезона до сега е 5330 денари. Реално би требало да е помала сумата (навечер до касно климата работи на евтина тарифа пошто касно легнувам), но ете тие 5330 денари се worst case scenario.


    Како и да е, до сега за 120 денови за целиот стан со површина од 70м2, висина 2.5м, и волумен од 175 кубни метри воздух, јас сум потрошил 1600 киловат часови. Тоа во просек е 13.33 киловат часови по кубен метар воздух, досега - за 120 денови.
     
    На shifty, Dave1, Dinamit и уште 11 други им се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,623
    24,607
    4 Септември 2008
    Средено, одлична тема воедно.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,139
    2,832
    24 Септември 2012
    FH35VE во 80м2 спрат 665w/h за јануари. Одоздола плоча изолирана. Одозгора кров изолиран. Тавани високи 3-4метри. Нема друго грејно тело. Не се готви многу. Не се пуши. Се луфтира еднаш на ден кога не смрди надвор. ПВЦ прозорци. Ѕидови без изолација, ама нема многу ѕидови, многу се големи прозорите. 665х24х30=494kwh Околу 2200 денари рецимо би дошло ако добро сметам за овој стан.

    FH35VE во 80м2 спрат ~600w/h за јануари. Горе изолирана плоча кон друг спрат. Доле неизолирана плоча кон друг спрат. Тавани 255цм. Се готви многу. Се пуши. Се луфтира и се отвара. Обични прозори. Ѕидови без изолација. Не е прецизна оваа пресметка, горната е многу попрецизна. Тука се бања многу, се пегла, се користи фен така да тие греат дополнително. Во секој случај климата потрошила под 2000 денари ама грееле и други ствари во спратот.

    Споредбено со други зими вака поблаг месец би бил околу 4 пати поскапо од ова кога се греевме на електричен котел. Со тоа што е блага зимава очекувам SCOP да ги надмине официјалните 5.1 average зошто оваа зима би влегла во warmer climate сезона.

    Еве слики од таа што е околу 605w просек во последните 1100 часа. И другата со околу 645 во некои 900 и кусур саати. Имам два мерача по еден на секоја клима и ги ресетирам чат пат кога ќе ми текне ама гледам некои поголеми периоди да опфаќам.

    Во спратовите има народ 24ч, никогаш не се празни и се грее постојано.[​IMG][​IMG]

    Првата бројка е саати.
    Втората е kwh.
    Третата е безвезе.
     
    Изменето од модератор: 4 Февруари 2018
    На Dave1 и Lokvan им се допаѓа ова.
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    ОК, фала за инпутот.
    Ќе ги замолам и сите следни учесници да приложуваат фотографии со резултатите покажани на мерачите.

    Причината за инсистирање на фотографии, е затоа што последното што го сакаме е овде да се појават ботовите од Кајгана со нивните „платив 3000денари струја, супер еоваа клима брад“ глупости (ова се однесува на ботовите, чесните членови на Кајгана се добредојдени овде).
    Мерачи за потрошувачка врз ботовите влијаат како лук врз вампири. Токму тоа е причината зошто инсистирам на фотографии од мерачи. :)


    Се извинувам на сите за офтопик постов, ама процедурално беше.
    Мора да ги воспоставиме правилата. И да ги почитуваме.
     
    Последна промена: 4 Февруари 2018
    turbiny, Dean1, ante1 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Спецификации од производителот за VIVAX ACP-12CH35AERI
    Vivax R design serija.png


    Искуства од корисникот @caki, пренесени од овде:

    Веќе околу 3 месеци користам VIVAX ACP-12CH35AERI за греење на една соба од 17 квадрати и висина на плафон не повисока од 2.2м. Станува збор за простор кој што е дел од куќа со два надворешни ѕида без никаква изолација. Да напоменам дека прозорите се обична дрвена столарија со двојни крила. ...пред нова година купив мерач за потрошувачка на електрична енергија и тој е вклучен во употреба од 30.12.2017.

    Климата се користи речиси постојана во текот на денот, освен оние денови кога надвор беше многу топло, па климата мораше да се гаси бидејќи во собата беше претопло. Навечер пред легнување климата се гаси и се вклучува за 3 часа, бидејќи додека да заспијам не сакам да има никакви шумови.

    Потрошувачката за овие 33-34 дена е прикажана во продолжение. Да напоменам дека климата е купена и се користи во Велес.


    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    П.С. Во првите неколку дена, цената за струјата беше внесена без пресметан ддв, во вкупната сума може да има мала грешка од 50ина денари.
     
    На mdeni и ilkata им се допаѓа ова.
  8. ante1

    ante1
    Gaining Experience

    49
    93
    11 Јануари 2017
    Машко
    Загревам 31м2 дневна кујна троезарија споени во отворен простор, на 2спрат од семејна куќа во Битола.Изолација стиропор 5цм на западна и источна страна, овие две страни пред стиропорот имаат малтер,северна и јужна страна стиропор 8цм...без малтер на овие страни стиропорот директно на блокот ставен,пвц дограма Рехау Генео..Под мојот простор дел од долниот спрат се загрева,но меѓутоа не чуствувам бенефит од тоа загревање,измеѓу има плоча и стиропор над неа(најверојатно поради ова топлинста од долниот спрат не стига до мојот, и обратно долу си останува топлината)па кошулица и паркет..На таванот имам само плоча и горе е отворен тавански простор без изолација кој негогаш треба да биде спремен како посебен тавански простор за живеење...Значи некаде висината достига и до 3.5м...Најголемите топлински загуби ми бегаат овде...Потрошувачка за овој простор кој сега се загрева со Грее Хансол -20,за месец јануари 17 до 17февруари изнесува 510кв или 16.4кв/ч дневно или за 1ч 0.68кв..
    Од климата сум задоволен истата работи 24/7 на 22ц на ајфил преку ден во собата е во најодалечениот простор од 6.5м тука е поставено далечинското е 22-22.5ц и тој простор е спротивен на од издувот на климата...Каде што дува климата е 23-24ц..Истиот простор претходно беше загреван со термо печка 6ка и истата беше акумулирана ноќе...но меѓутоа трмпература поголема од 19ц сабајлето не можев да добија на -10 температурата одеше до 17ц зборувам само со акумулирање...Со издувување секако се добиваше повисока темпертура но ако цел ден би дувала таа ќе беше празна до попладнето...Дуваше кога бевме дома...Ова е за илустрација на оние кои греат сличен простор или поголем(пред се мислам во стан) и успеваат да го загреат истиот без издувување на ваква термо печка..Уште нешто лани во најладниот(-15-20 кога слегуваа температурите) период климата климата успеа да го загрее истиот простор, но потроши некаде 40%повеќе..
    Сликите се за 17.01. до 17.02..На таа последната се гледа дека колку потрошила климата од кога е вклучена и за колку дена..Претходниот период 17.12. -17.01...Потрошувачката беша иста...
    Поздрав
     

    Прикачени датотеки:

    • IMG_4035.JPG
      IMG_4035.JPG
      Големина:
      1.9 MB
      Прегледи:
      99
    • IMG_3932.JPG
      IMG_3932.JPG
      Големина:
      2.1 MB
      Прегледи:
      101
    На mdeni и Lokvan им се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,139
    2,832
    24 Септември 2012
    Резултати од Февруари мерено од 2-3ти Февруари до 04ти Март (денес).

    Комплетно опфатен целиот ладен бран што беше значи.

    Потрошувачка во станот каде не се готви, не се грее со ништо друго со PVC.
    709часа со 431kwh. Во просек 610w на час. Односно 431kwh по 4.5денари некаде околу 1939 денари по средна тарифа за цел стан.

    Потрошувачка во станот каде се готви, пуши, отвара, суши, и слично. И е со дрвени прозори стари, но задихтувани колку што можело.
    709часа, 430kwh.

    [​IMG][​IMG]
     
    На Lokvan и Oktar им се допаѓа ова.
  10. CobeT

    CobeT
    Intern

    11
    7
    16 oктомври 2017
    Машко
    Стан од 66м2 во поткровје го греам со 2 клими Gree Amber и Vivax GECI.
    Во просек Gree Amber преку ден е на 24-25 степени а преку нок 22 степени, а Vivax GECI е 22 степени преку ден а 20 степени преку нок

    Mерена потрошувачка за период от од 20.01 до 20.02 е седната:
    Gree Amber 335 kwh
    IMG_20180220_131752.jpg

    IMG_20180220_131800.jpg
    Vivax GECI 160 kwh

    IMG_20180220_131344.jpg
     
    Последна промена: 6 Март 2018
    На mdeni и Lokvan им се допаѓа ова.
  11. caki

    caki
    Gaining Experience

    459
    140
    1 Август 2010
    Потрошувачката за месец Јануар можете да ја видите тука.

    За 28дена во Фебруар, климата работела нешто помалку од 20 дена и притоа има потрошено вкупно 187kW или 987 ден.

    Во овој период спаѓа и неделата кога температурите во Велес беа од -5 до -15 степени, каде климата трошеше нешто повеќе од вообичаено, околу 700w на саат, но што е побитно температурата во собата беше на константи 23 степени.

    IMG_20180301_171632.jpg

    IMG_20180301_171559.jpg IMG_20180301_171650.jpg
     
    На mdeni и Lokvan им се допаѓа ова.
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    едит: @caki @CobeT немате наведено висина на плафонот (потребно за калкулација на волуменот). @ante1 ти пријателе не можеш да наведеш просечна висина? Инаку видов дека на места имаш и до 3.5 метри.


    Понатаму, би било добро да се вклучуваат и фотографии на мерачот каде се гледа времето на мерење. На пример @caki го има EMOS, истиот мерач како и јас (и еден од подобрите на пазаров), една од информациите кои ги покажува нашиот мерач е total time на мерењето:
    [​IMG]
     
    Последна промена: 7 Март 2018
  13. caki

    caki
    Gaining Experience

    459
    140
    1 Август 2010
    Висина на плафон имам наведено во првиот пост, мислам дека нема потреба постојано да се повторува квадратурата и висината на плафонот.
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    OK, 2.2 метри висина на плафон.
     
  15. CobeT

    CobeT
    Intern

    11
    7
    16 oктомври 2017
    Машко
    Бидејки се работи за поткровје околу 10 м2 има косина каде висината започнува од 2,5м а завршува на 1,6м. Остатокот од 56м2 има плафон на висина од 2,5м2
     
  16. ante1

    ante1
    Gaining Experience

    49
    93
    11 Јануари 2017
    Машко
    Ok, @Lokvan вистина сум заборавил да наведам висина, таа е стандардна 2.65-2.7, во просторот каде се греам со инвертерот...Тоа 3.5м е на таванскиот простор над мене кој не е изолиран и тоа не секаде туку највисокиот дел..Сега ќе постирам податоци(слики од мерачот) за време за најладниот период оваа зима од 24.02. до 01.03. Тие податоци да ги образложам за оние кој нема да ги разберата сликите...Вика вака на првата слика 1795кв додека на втората 1906кв и тоа е за 5дена и 7ч вкупнно 111кв:127часа=0.897кв/ч... Ова го постирам за да бидам реален колкав е просекот на климата во минусните температура, кои одеа до -10 повеќе или помалку во утринските часови...Просекот за тековниот месец сигурно ќе биде помал...Условите на подесување на климата како и просторот кој се грее остснуваат исти..
    Поздрав и секоја чест на оваа тема и оние кои постираат тука реални податоци од своите мерачи, а не сметки за струја кои се постираат на друго место..
     

    Прикачени датотеки:

    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,139
    2,832
    24 Септември 2012
    Последниот месец од зимата помина.

    Мерења од последните 792часа, грубо 33 дена.
    Во едниот стан потрошени 253kwh или просечно по 319W на час за греење. Секако тоа е со неделен тајмер кој малку ја крева потрошњата но ја распределува во поголема мера да е во ефтина тарифа. Тоа е се на се за греење за март. Ако земам грубо 4.5 денари kwh греење би дошло 1140 денари за 33 дена.

    Истото и во другиот стан изминати 792 часа. Потрошени 273kwh или просечно по 344w на час. Ако земам 4.5 денари по kwh би дошло 1230 денари за 33 дена.

    Замарање 0, си се мести сама, си се пали сама, снемало струја не ме занима. Топло 24/7 секаде. Отвараат прозор она си крева потрошња за да постигне. Баш како што си треба да функционира едно добро греење.

    Слики од мерачите приложени.
    [​IMG][​IMG]
     
    Alekso1981, Lokvan и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Eве ги крајните сметки за целата грејна сезона. Maлку покасно го постирам ова пошто зафатен бев со обвски, ама подобро покасно отколку никогаш. :)

    Во скриншотот подолу од ексел фајлот за ги има вредностите од мерачите за потрошувачка, како што биле читани мерачите еднаш неделно. Крајната вкупна потрошувачка од 7-ми Октомври до 7-ми Април е 2340 kWh.

    За едниот мерач имам податоци колку е потрошено на евтина а колку на скапа тарифа за електрична енергија, но да не комлицирам ќе земам средна од 4.45 ден/kWh како што е наведено според еднотарифната цена од Регулаторна комисија за енергетика на РМ

    Според тоа 2340 киловат часови, секој по 4.45 ден, резултира со вкупна сезонска сметка за греење од 10413 денари. И само едно подсетување дека се работи за стан од 70м2 со релативно ОК изолација (поназад има подетално за ова).



    Finalni merenja za potrosuvacka na struja za greenje so klimi sezona 2017-18.png

    Gree_kraj_na_sezona.jpg Suzumi_kraj_na_sezona.jpg


    И за крај само уште еден релативно интересен момент. За еден месец колку што климава не се користи ама седи вклучена во струја, потрошила 7 киловат часови електрична енергија. 30-тина денари можеби не се ништо, ама за џабе се амортизира електрониката во климата и затоа кога не се користи уредот најдобро е кабелот да биде исклучен од струја. Така исто и мерачот за потрошувачка се амортизира без потреба.
    Suzumi_kraj_na_sezona02.jpg Suzumi_kraj_na_sezona04.jpg
     
    Costigan_Jr, draganamon, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. caki

    caki
    Gaining Experience

    459
    140
    1 Август 2010
    Потрошувачката за месец Фебруари можете да ја видите тука.

    Во текот на месец Март и првата недела во Април климата работела околу 17 дена и потрошено е вкупно 148kW или 770 ден.

    На крајот од грејната сезона можам да заклучам дека во периодот од кога го земав мерачот, од 1ви Јануари до 7ми Април, климата активно работела 66 дена и потрошила 599kW, што доаѓа од околу 378kW/h потрошувачка на електирчна енергија.

    IMG_20180513_205126.jpg


    IMG_20180513_205008.jpg IMG_20180513_205239.jpg
     
    На draganamon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    100
    79
    4 Март 2018
    Машко
    Ziveam na vtor sprat od kukja 140m2, nemam termo izolacija, normalni zidovi so cigla, malterisarni. Pod mene ziveat moite, mnogu slabo great, samo dnevnata ja great, a dnevnata se protega pod mojata spalna gore, i ushte dve drugi detski sobi koi ne gi gream i vo koi nikoj ne zivee sega. Vo dnevnata, koja e so mnogu prozori, od tri strani e izlozena na istok-zapad-jug, cel den e pod sonce, 56m2 golema, imam Mitsu FH35 i Mitsu WN35 i sega raboti samo FH-to, a vo spalna imam ushte edna WN35, spalnata mi e 21m2 + 3,5m2 WC zavrtena severo-zapad, na severnata strana celosno izlozena, a na zapadnata gleda vo kukata od sosedot. Vo dnevna FHto e konstantno namestena na 24 stepeni i retko namaluvam navecher na dalinsko, a vo spalna WN-ot e konstantno namesteno na 22 stepeni, edino ja pojacuvame so soprugata na 23/24 10tina minuti pred da se kapime i sekoj od nas shtom zavrshime so kapenje, vednas ja namaluvame na 22. Navecher, ili ja ostavam ili na 21 ja namaluvam.

    Za period od 03.08-03.09.2018 smetkata za struja mi beshe 1485 denari, a za period od 03.09-02.10.2018 smetkata za struja mi iznesuva 2495 denari. Klimite normalno rabotat 24/7. Jas imam samo eden merach za struja, od na AliExpress i ne znam da go mestam da mi meri nedelna ili mesecna potroshuvacka na klimata, ama ke vi dadam eve edna presmetka shto snoshti ja pravev na FHto na nadvoreshna temperatura 7C.
    Na ovoj setting, povekje od 430W, a pomalku od 390w ne povleche klimava.
    IMG_20181105_234306.jpg
    Na 11 metri od klimava, bidejki 12,5 metri mi e dolga dnevnata, temperaturata beshe 22 stepeni shto znaci deka ramnomerno mi beshe raspredelena niz cela soba.
    IMG_20181105_233813.jpg

    Za WN-ot nemam podatoci bidejki nemam kaj nea merach.

    Prva sezona mi e na inverteri, bidejki klimive gi kupiv Fevruari/Mart godinava shto znaci zimata ja promashiv lani ama sega zasega sum prezadovolen i jas i soprugata, i glrdam deka vrska nemaat muabetite od tipot "so klima ne e ubo da se grejs, duva, smeta, ke se isporazbolis". Vo dnevnata, posebno kako shto e svrtena FH-to dolz cela soba da duva, nastrana od mestata kade shto se sedi, bukvalno nishto ne osekas koga duva, na vtor izduv mi e stavena. Vo spalna, isto taka ne ni smeta voopshto izduvot zoshto tamu na poniska temperatura ja cuvame i plus na AutoFan navecher, a AutoFanot od Mitsu klimite opshto na pobavno si duva, taka da ne se ni osekja.

    Tolku od mene, beka podzaladi ushte malku, pa ke postiram novi merenja.

    Pozdrav
     
    На mdeni и moongose им се допаѓа ова.
  21. ante1

    ante1
    Gaining Experience

    49
    93
    11 Јануари 2017
    Машко
    IMG_6787.JPG IMG_6872.JPG Ај вака лани 17ноември 52 дена греено 305кв,оваа година 17ноември 49дена греено 194.7кв...Климата иста Грее Хансол...Само оваа година диплнително ставено камема волна 120кг таа за под специјана од Кнауф, и кошулица на неа..
     
    DelphiUser, caki и на Lokvan им се допаѓа ова.
  22. bons

    bons
    Gaining Experience

    234
    64
    9 Април 2007
    Машко
    Мерење за месец Ноември, потрошено 95,27 kW или ~410 ден електрична енергија (апликацијата има можност да се подеси скапа/евтина тарифа за калкулација).
    upload_2018-11-30_13-13-24.png
    Модел на Клима: Panasonic 5.5ka CS-KE50TKE
    Модел на мерач: Broadlink SP3S
    Квадратура: 30m2, стандардна висина
    Изолација: 10cm + солидни прозори, градба 2014
    Дневна температура (06-00): 23-24
    Ноќна температура (00-06): 21

    Да видиме сега во Декември како ќе се покаже :)
     
    caki, cyberbaze и на mdeni им се допаѓа ова.
  23. roliver

    roliver
    Intern

    5
    5
    7 Јануари 2018
    Машко
    Noemvri od 1 do 30, Vivax acp-12ch35aeqi

    I od vivax acp-12ch35GEK 34 kWh (ne e slikano a veke e resetirano)

    Se gree dnevna + saloni + detska (na pocetokot i kujna + trpezarija)
    Preku den 22 preko nok 19 stepeni
     

    Прикачени датотеки:

    • noem1.jpg
      noem1.jpg
      Големина:
      321.1 KB
      Прегледи:
      62
  24. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,139
    2,832
    24 Септември 2012
    Резултати од 2018та година.
    80м2 ладење 4172часа или 6 месеца сезона на ладење до 27.09.2018. Вклучена 24/7 климата, и кога бевме на одмор и дома и навечер и преку ден. ПВЦ прозорци, кров изолиран, под изолиран. Mitsubishi FH35VE. Потрошени 437kWh односно вкупно 2200 денари за цело лето ладење 24/7.
    [​IMG]

    Потоа есенска сезона на греење цел Октомври и Ноември 1512часа или 63 дена. На греење 24/7, потрошени 447kWh односно вкупно 2250 денари за двата месеци.
    [​IMG]
     
    shifty, Dave1, Necromancer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,149
    3,430
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Бидејќи климата (Mitsubishi LN35VG) е инсталирана при крај на октомври, ќе прикажам резултати само за ноември, од самата апликација (Melcloud). Климата воопшто не е изгасена, само наместено е за викенд (петок во 18:00 часот) да оди на 15 степени, а канцеларијата не спаѓа под 16 па се гледа и по графикот дека сабота и недела практично не ни вклучува.

    er11.JPG
    167,2 kW вкупна потрошувачка, во цена не знам како е, бидејќи до кај 20ти беше програмирана повеќе да вклучува во евтина, сега откако залади повеќе тајмерот е наместен на потопли температури и преку ден бидејќи станува збор за канцеларија.

    tmr03122018.JPG
    Моментално тајмерот е подесен како за „зимурлив“ човек, наводно е одлично во канцеларија од отприлика 45 квадрати.

    Ако земам просек 5 денари по киловат, тогаш излегува потрошувачка од 836 денари за ноември. Сеуште не е стигната сметката, па ќе видиме колку ќе фактурираат со оглед што нема други потрошувачи (PC, MFP, NAS). Не можам многу да следам и пофино да подесувам бидејќи сопругата е во таа канцеларија и многу ретко одам натака, а мислам дека може да се подеси уште нешто попрецизно.
     
    shifty, stefan_off и на mdeni им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...