Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Тошиба 16 сузуми плус р32 во стан затоплува просторијам од 33м2 изолирани 8см стиропор со три надворешни ѕида исток југ запад во последните 169сати потрошено 35.8кв наместена на 25степени и аутофан . Станот под неа не се грее.
Митсу HR25 во 12м2 во истиот стан северна страна пуштена пробно на 21 степен 2ра фан потроши 1.4кв за 5.5 часа на 0степени надворешна температура ( во собата не грееено до тогаш). Забележан минимум од187вати на 0степени надворешна.
Тошиба сузуми потрошено 471kw за точно 60дена
 
Charlie00

read-only
11 август 2020
23
15

Атачменти

  • 327CEF87-0EC7-4C74-81D5-BD9D7FFC43AD.jpeg
    327CEF87-0EC7-4C74-81D5-BD9D7FFC43AD.jpeg
    100,4 KB · Прегледи: 40

antibiotic1

hello world
29 јуни 2013
59
18
Што клима да земам за 25м2 простор. буџетот ми е макс 37000 со монтажа. дали аери или аери+ или нешто друго
 
draganb

read-only
2 септември 2012
14
19
Ееееве едно видевце баш такво снимено вчера (со посвета) со COP 8+ :)

Вчера попладнето, надвор некои +15С и влажност испод 30%.
Поставена на 24С и фиксен 4ка фан (510m3/h)... со отворена соба кон спална за вкупни 44м2.
Работеше со синусоидна потрошна од 200 до 400w.
Еве го моментот кога е снимано видевцето обележан на Grafana графикот.

Погледнете го атачментот 110206

На кој начин се добива графикот во Графана?
Мислењето е автоматски споено:

Надворешна температура: 4.5С

темп на усис: 25.4C
темп на издув: 38.9C
проток на воздух во м3 на час: 324m3/h (2/4 fan speed)
ПОТРОШУВАЧКА во kW: 0.280kWh

(38.9 - 25.4) * 1.202 * 1.006 * (324/3600) = 1.47kW ПРЕДАДЕНА ТОПЛИНА во kW во даден момент
1.47 / 0.280 = 5.25 COP во тој даден момент

Како се доаѓа до тие бројки 1.202 и 1.006?
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
На кој начин се добива графикот во Графана?
Треба малку ентузијазам за да поставиш сетап и мериш...
Еве ти едно youtube видевце каде е објаснето
View: https://youtu.be/eJ-XE2tsD4U

Како се доаѓа до тие бројки 1.202 и 1.006?
Земени се како општоприфатени константи.... ваљда може и да се измерат реално колку се ако имаш соодветна опрема.
density of air (1.202 kg/m3)
specific heat of air (1.006 kJ/kg oC)
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Што клима да земам за 25м2 простор. буџетот ми е макс 37000 со монтажа. дали аери или аери+ или нешто друго
За тие пари една од овие што имат барем Еуровен

Gree Fairy................ 37000
Midea Extreme........33000
Haier Tundra........... 27000

Плус монтажа околу 4000...
 
Последна промена:

draganb

read-only
2 септември 2012
14
19
Имам Панасоник од тие старите инвертери made in Malaysia. Внатрешниот вентилатор прилично многу бучи кога врти со високо фреквентен звук. Дали некој знае дали и како се поправа ова? Или треба ново сепак?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235

Треба да смениш лагери како на видеово
View: https://www.youtube.com/watch?v=LkRCTBxr3Jw

или вака
View: https://www.youtube.com/watch?v=z16GdyeJNYE

View: https://www.youtube.com/watch?v=dthIZdf4ROs
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Bi li ja izgubila ona kondenzaciona vlaga koja mi se pojavuva na kosinjata na nadvoresniot dzid vo spalnata so postavuvanje na stiropor izolacija e prasanje na koe nemozam da dobijam odgovor nikade. Trwba da frlam 3000 evra a istata moze dase pojavi i posle hm?
Случајно налетав на оваа тема, па со мало задоцнување нешто корисно да кажам. Изведба на изолација е сериозна работа, која малку кој во државава ја знае, а уште помалку квалитетно се изведува. Типична грешка е: „стави 10 cm стиропор плочи на фасада, и уживај“. Проблемот е што во скоро сите случаи се лепат рамно исечени стиропор плочи една до друга. А што правиме со процепот (фугата) меѓу нив? Не, не е доволно да се замачка фугата однадвор! Едно време постоеше патентираниот DEMIT фасаден систем (од фабриката TIM од Лашко, Словенија), каде стиропор плочите беа специјално профилирани и се преклопуваа една преку друга, итн. Сега секоја градежно-занаетчиска фирма се рекламира дека употребува „Демит систем“, ама сето тоа е шарена лага - плеснуваат рамно исечени стиропор плочи на фасада, па после 10 години станарите се чудат зошто фасадата се распаѓа и дома имаат мувла по ѕидовите.
Во списанието ЕМИТЕР имаше цела серија статии за топлинска изолација на фасади, од авторот Петар Николовски, кој докторирал на оваа тема и е признат европски експерт. Подолу е мал избор на неколку интересни статии (даден е само воведот, за да го прочитате целиот текст ќе треба да го купите тој број на ЕМИТЕР:
Emiter
Прочитајте, многу е поучно:
Топлинска изолација на надворешни фасадни ѕидови (1)
Топлинска изолација на надворешни фасадни ѕидови (2)
Топлинска изолација на надворешни фасадни ѕидови (3)
Топлински мостови во градежните конструкции (1)
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ми треба помош.
Имам мултисплит Mitsubishi electric парапетни со 2 внатрешни единици.
Температурата е сетирана на 21 степен а внатре во собата е 24 степени.( сабајле кога ќе станам и 25 степени некогаш)
Едната од внатрешните единици речиси цело време работи со двете сијалички на неа уклучени( од она што читам по упаството тоа е дека уредот работи за да ја достигне сетиранта температура)

274536285_674098860592673_2456491792337114806_n.jpg
Барав да не е сензорот на внатрешната температура нешто расипан, меѓутоа не можам да најдам каде се наоѓа..
Другата единица 3.5kw си работи како треба. Ја оставив синоќа само неа уклучена и цело време работеше со една сијаличка уклучена што значи дека температурата во собата е во ред со сетираната на климата. Кога се разбудив сабајлево беше 22.3 степени во собата( сетирана 21) и климата си работеше со една сијаличка уклучена.
Имам во спалната и HR35 и она си работи супер, ќе светат двете сијалички додека не се доближи температурата до сетираната и после цело време работи со 1 сијаличка и ја одржава сетираната температура( или пола степен до степен до степен максимум од сетираната)
Некој од поискусните со Mitsu да каже што може да биде проблемот? @FLEGMA @zlatko_ti412 @Necromancer Знам дека вие имате Mitsu, нека пише и некој друг ако знае.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
А ако ја оставиш само оваа "проблематичнава" како се понаша?

Двете се во иста просторија?
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
А ако ја оставиш само оваа "проблематичнава" како се понаша?

Двете се во иста просторија?
Не сум пробал само со неа, ама речиси 100% сум сигурен дека постојано ќе светат двете сијалички, иначе да, и двете се во иста просторија.
Мислењето е автоматски споено:

Иначе на оваа проблематичнава се гаси едната сијаличка кога е ептен топло надвор, значи кога ке запече сонце попладне. Само штом ќе подзалади, се уклучуваат двете сијалички и иако е сетирана 21 степен температура, температурава во собата надминува 24 степени навечер, а термометарот за мерење на температура на собата е одалечен 4-5 метри сигурно.
Мислењето е автоматски споено:

Иначе двете внатрешни единици стигнаа со 2 посебни даљински.. Јас го користам само едното за двете внатрешни, да не има тоа некаква врска?
 
Последна промена:

alfred

read-only
2 декември 2019
18
7

Дупката од цревата дали е убаво затната кај таа проблематична што ти е?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Иначе двете внатрешни единици стигнаа со 2 посебни даљински.. Јас го користам само едното за двете внатрешни, да не има тоа некаква врска?
Прочитај во упатството како се подесува двете да работат со едно даљинско.

Некаде тоа е изведено со џампер на електрониката, некаде треба да и кажеш на климата односно даљинското.
Некаде пак, како кај Митсубиши, се изведува со ставање на специјален интерфејс (жичан)

Ги имаш збунето
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Дупката од цревата дали е убаво затната кај таа проблематична што ти е?
Не е затворена воопшто од надвор(има отвор нели) меѓутоа ни на една клима досеа што ја имам не е.
Мислењето е автоматски споено:

Прочитај во упатството како се подесува двете да работат со едно даљинско.

Некаде тоа е изведено со џампер на електрониката, некаде треба да и кажеш на климата односно даљинското.
Некаде пак, како кај Митсубиши, се изведува со ставање на специјален интерфејс (жичан)

Ги имаш збунето
Да пробам ко така со двете даљинска? Ваљда ова што не го користам, е од таа што "заебава".
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Некој од поискусните со Mitsu да каже што може да биде проблемот? @FLEGMA @zlatko_ti412 @Necromancer Знам дека вие имате Mitsu, нека пише и некој друг ако знае.
Не сум имал таков проблем @Скоти и не би можел да ти кажам искрено. Приметувам кај мене на АР дека најчесто свети една сијаличка, понекогаш се вклучува и втората, веројатно да постигне температура.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
После дефрост се вклучуваат двете сијалички кај двете клими. Ама на едната се гаси после неколку минути а на оваа другата ќе свети цело време. Некако сум сигурен дека е до сензорот на внатрешната, се сеќавам кога дојдоа монтерите, едниот при заминување баш на проблематичната единица рече дека одоздола се гледало некој кабел као и го сокри некаде.. Можно ли е да е тоа сензорот на внатрешната? Каде воопшто се наоѓа тој сензор?
Иначе пробав со даљинската еве денес ама се е по старо, не е до нив.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Ако отворот не е затнат тогаш тоа е доволно да има наплив на ладно и да го буни сензорот.

Иначе термисторот не е на толкава жица
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ако отворот не е затнат тогаш тоа е доволно да има наплив на ладно и да го буни сензорот.

Иначе термисторот не е на толкава жица
Во ред, ама па зошто не ја буни другата клима? Или HR35 во спалната( додуша ова е доста помал отвор), ајде ќе видам деновиве малце е на незгодна локација отворот ако успеам да го затворам па ќе пишам, смее ли од внатре да се затвори?
 
alfred

read-only
2 декември 2019
18
7
Во ред, ама па зошто не ја буни другата клима? Или HR35 во спалната( додуша ова е доста помал отвор), ајде ќе видам деновиве малце е на незгодна локација отворот ако успеам да го затворам па ќе пишам, смее ли од внатре да се затвори?
Ако немаш пристап од надвор, земи си пурпена неекспандирачка и од внатре затни ги дупките на сите клими, може ќе мора и маските (пластиките) да ги демонтираш на климите ако дупките (од цревата) се позади внатрешните единици. Може и некој стручен да викнеш, ако не ти фаќа око на тебе, и да ти ја заврши работата.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ако немаш пристап од надвор, земи си пурпена неекспандирачка и од внатре затни ги дупките на сите клими, може ќе мора и маските (пластиките) да ги демонтираш на климите ако дупките (од цревата) се позади внатрешните единици. Може и некој стручен да викнеш, ако не ти фаќа око на тебе, и да ти ја заврши работата.
Да, позади внатрешните единици се. Мада со скала мислам дека би имал пристап од надвор до оваа проблематичнава, па ќе пробам само на неа.
Можно е да е само до неа бидејќи е надворешен ѕид изложен на надворешни влијанија и директен ветар, затоа другата не зафркава иако и таа е на надворешен ѕид меѓутоа блиску до таа единица каде е отворот има друга зграда на метро и пол од неа. Фала во секој случај.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв