Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Какви се тие монтери? Од при овци ли дојдоа да монтираат климатизери?
Не затвораат отвор скоро ни едни монтери во Охрид досеа што сум гледал, ни кај мене ни кај моите ни кај сестра ми.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548

Така и звукот од надворешната ќе го слушаш повеќе внатре....
Кај мене затворија и од надвор и од внатре со парчиња стиропор и бел силикон.... и пак го сушам олукот кога капе (повеќе неголи пред да се направи дупката за инсталацијата).
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Така и звукот од надворешната ќе го слушаш повеќе внатре....
Кај мене затворија и од надвор и од внатре со парчиња стиропор и бел силикон.... и пак го сушам олукот кога капе (повеќе неголи пред да се направи дупката за инсталацијата).
Одалечена е надвотешната доста од внатрешната( парапетните). Го затворив отворот( прилично голем) од внатрешна страна на проблематичната клима со пур пена со ниска експанзија, па ќе видам видам вечерва како ќе се однесува.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.994
Не се замарај за 5 месеци кои веќе поминале. Можеше да се и десетици години, како што (ете гледаме) било кај други луѓе кои не знаеле. Ти рано си завршил работа, сега само добри сметки да се множат.

Башка не се идиоти, туку се мрзи и не знаат да тераат бизнис. Само знаат за удри бегај. Искрено јас во Скопје не сум чул да има оставено дупки, се затвораат или од надвор или од внатре. Еве 20-30 клими околу мене се местеле, не сум сретнал, скоро сите од различен местач.

Да ги повториме инвертерските заповеди, со проширување:
1. Бакарните цевки изолирани секоја посебно.
2. Два рала бела трака на изолацијата заради птици.
3. Вакуумирање на системот пред почнување.
4. Буфери на ногарките на надворешната единица.
5. Затворање на дупката од цевката.
 
Мрзи што мене ме удираат по џеб. Па мајко му стара 170 денари ја купив пур пената, со месеци ќе ја користат кај луѓе кај што местат.. ама не, остави огромна дупка, пошо кога бушеа беше хилта со круна глава, па можеш да замислиш колкав отвор имаше.. Среќа HR-ов е многу помала ама и на неа ќе и ставам малце. Страшно.
 
Последна промена:

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Мрзи што мене ме удираат по џеб. Па мајко му стара 170 денари ја купив пур пената, со месеци ќе ја користат кај луѓе кај што местат.. ама не, остави огромна дупка, пошо кога бушеа беше хилта со круна глава, па можеш да замислиш колкав отвор имаше.. Среќа HR-ов е многу помала ама и на неа ќе и ставам малце. Страшно.
Ако можеш да пристапиш и од надвор затвори ги со гипсче/лепаче или силикон.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ако можеш да пристапиш и од надвор затвори ги со гипсче/лепаче или силикон.
Не можам, трет спрат на зграда е во прашање.. Мада на еднава можам, од кај комшииве ако прифатат да подстопли и ќе им речам, со скала.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Не можам, трет спрат на зграда е во прашање.. Мада на еднава можам, од кај комшииве ако прифатат да подстопли и ќе им речам, со скала.
Врзи се убаво за секој случај, не си играј.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Мораш да се снајдеш некако да ја затвориш дупката. И инсекти ќе се котат тука. Особено оси
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Не можам, трет спрат на зграда е во прашање.. Мада на еднава можам, од кај комшииве ако прифатат да подстопли и ќе им речам, со скала.
Јаијкс :oops:
Мораш да се снајдеш некако да ја затвориш дупката. И инсекти ќе се котат тука. Особено оси
На трет спрат од зграда не се качувам на скала па ако сака стршни нека се котат xD
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Постари се зградите, меѓутоа надворешниот ѕид кај што ми е едната внатрешна единица има како настрешница од комшиите од втор спрат направено и можам да се спуштам со скала, се гази таму, кога го реновираја станот комшиите, мајсторите си газеа слободно. А на другава треба скала да пуштам од земја до трет, не се качувам што сака нека биде:LOL:
Иначе вчера ја затворив на едната од внатре, денес и на другата, нема везе нели што се внатре, битно затворени се, и климите си работат како треба.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Крај краева ќе го извадиш оклопот и од внатрешна страна ќе ги затвориш дупките.

Само внимавај да биде пур пена со ниска експанзија.

Или пак напикај најлонски кеси, добро настегани, и врз тоа акрилен силикон. Ова во случај да треба демонтажа.

Бенефит од вадењето на оклопот ќе ти биде можноста да ги исчистеш како што треба.
 
Апсолутно. Затворени се двете дупки со пур пена со ниска експанзија од внатре. Подзачистив од околу, ама да заврши грејната сезона и ќе ги исчистам како треба.
Мислењето е автоматски споено:

Аууу @Скоти за ова и јавна "пофалба" на монтерите треба!
Реков јас со круна хилта бушеа.. Како и да не се буни сензорот.. Иначе колку што разбрав монтерите што ми ги монтирале овие клими веќе не се баваат со тоа.( се чудам и зошто).
Мислењето е автоматски споено:

@Скоти
Арно промаја не те скинало. :D
Итоа од 2 клими во иста просторија.. Затоа грбот ме боли веќе некое време..:D
 
Dejan92

read-only
4 март 2022
3
1
Здраво на сите! Нов сум тука и ми треба помош околу избор на клима. Се работи за дуплекс од 40м2 долен дел. отворена дневна со кујна и горен дел(отворени скали од дневна) со три спални од кои две нема за сега да користиме. Вкупно 80м2(околу 60 би ги користеле). Парно има, би ми требало само ладење на долниот дел и една спална горе. Дали да се одлучам за 5.5 kw и дополнам со нешто послабо во спалната ако има потреба или две 3.5 ... Дајте и друга опција ако постои имајќи предвид дека плафоните се ниски 2.40м.
Благодарам, поздрав.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Ke ja demontiram klimata poradi stavanje na izolacija i posle istata pak ke ja montiram edno sto me zanima dali da gi nadavam postoeckite drzaci zosto mi rekoa deka ima drzaci koi se podolgi od normalnite? Dali nekoj e montiral klima na izolacija i koja tehnika se koristi za drzacite?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Здраво на сите! Нов сум тука и ми треба помош околу избор на клима. Се работи за дуплекс од 40м2 долен дел. отворена дневна со кујна и горен дел(отворени скали од дневна) со три спални од кои две нема за сега да користиме. Вкупно 80м2(околу 60 би ги користеле). Парно има, би ми требало само ладење на долниот дел и една спална горе. Дали да се одлучам за 5.5 kw и дополнам со нешто послабо во спалната ако има потреба или две 3.5 ... Дајте и друга опција ако постои имајќи предвид дека плафоните се ниски 2.40м.
Благодарам, поздрав.
Во секој случај две 3,5-ки затоа што топлиот воздух дефинитивно ќе бега нагоре. Или една 5,5-ка и една 3,5-ка

Ако се работи за добро изолиран стан со ПВЦ и надворешна термо фасада тогаш моја препорака е две 3,5-ки.

Би рекол и мултисплит но пошто се работи за дуплекс не знам како би излегла инсталацијата на толку цевки.
Идеално е мулти сплит со обична внатрешна единица за долу и една парапетна горе.
За во спалната, во суштина, ти треба 2,5-ка ама вака без скица и план зборувам на памет.
 
Благодарам. Постои ли случајно некој стручен што би видел на лице место според просторот и можностите и би дал предлог... Разговарав со монтер ама кога виде можеш вака, можеш така не беше конкретен... Страв ми е ако ставам 2 по 3.5 дека спалната ќе биде ладилник затоа што плафонот е 2.10 и ќе дува директ у нас. Во самиот ходник и нема баш место...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Појди во Енергосистеми и во најмала рака носи слики од просторот и димензии.

затоа што плафонот е 2.10
Овде ако се стави обична клима ситуацијата во најмала рака би била комична.
Климата би била на 1,9~1,8m и како и да ја подесите ќе дува во вас. Тука само парапетна единица.

Пак ти велам, појди во Енергосистеми и прашај за мулти сплит.
Еве на пример @Скоти користи таков начин.

Значи, не мора мулти сплит ама две клими секако и тоа во спалната парапетна дефинитивно.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно