Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Јас до сега не сум видел пониска потрошувачка од 900W на мојата LOMO LCLH, ги прашував и монтерите што идат да ја одржуваат и сите ми креваа раменици дека таа е потрошувачката. А и по други странски форуми што читав сите имаа исто искуство со општо со GREE.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk
Од кај ќе знаат па монтери, жити се... Освен ако немаат дома таква, а и да имаат - дали прателе. Да не се лажеме дека знаат или дека ги интересира воопшто.

Тоа може да го знаат само ентузијасти што се потрудиле да видат и да мерат.

А и башка Ломо и Амбер се различни клими, можеби имаат и различна контрола.
 
stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327

Па тие се овластени за монтажа и сервис за GREE, битребало да знаат повеќе од мене.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk
 
milepp

read-only
24 октомври 2016
20
5
Јас до сега не сум видел пониска потрошувачка од 900W на мојата LOMO LCLH, ги прашував и монтерите што идат да ја одржуваат и сите ми креваа раменици дека таа е потрошувачката. А и по други странски форуми што читав сите имаа исто искуство со општо со GREE.

Sent from my SM-N975F using Tapatalk
Да ти кажам право од Ломото оломнани кога живеев на горниот кат бев презадоволен од потрошувачката, но тоа што не ми се допаѓаше е тоа што правеше по 3-4 дефрости во ден.

Амберов просечно малку повеќе троши, но оваа сезона само два дефрости имам видено и многу побрзо и посилно грее во просторот.

Сигурен сум дека Грее не се шампиони во економичност ниту комодитет во одржувањето на температурата, но за парите сум задоволен.
 
milepp

read-only
24 октомври 2016
20
5
Од кај ќе знаат па монтери, жити се... Освен ако немаат дома таква, а и да имаат - дали прателе. Да не се лажеме дека знаат или дека ги интересира воопшто.

Тоа може да го знаат само ентузијасти што се потрудиле да видат и да мерат.

А и башка Ломо и Амбер се различни клими, можеби имаат и различна контрола.
Да различни се, Амбер повеќе грее и повеќе троши
 
tigar

hello world
28 јули 2011
165
139
Среќна нова, многу здравје на сите.
Пошто декември заврши еве и колку имам потрошено за претходниот месец.
1641075950194.png

Тошиба Даисеикаи 9 3.5ка, греам ~28м2 + отворена врата кон ходник и други соби.

Се работи за стан 65м2 со 1 надворешен ѕид (запад) со 8см стиропор,
1 ѕид кон внатрешни скали во зграда,
1 кон ходник во зграда, останатиот е кон внатрешните простории.
Над и до мене нема соседи кои греат, под мене има сосед и се греат исто на клима/и.

Сетирана 24 степени ауто фан - цело време освен од 14-16h и од 05-07h наутро, тогаш дува на 26 степени 4 ниво.

Другата клима во спална се пушта по потреба, самсунг 2.5ка - SmartThings вели 85kwh потрошени, нека се и 100 пошто сеуште чекам мерач за неа неможам да потврдам точно.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Па така се прави секогаш, првин муабет да те подготват психички, па после 5 месеци и со закон.
А овие милионерите што копаат по колку киловати трошат?
Немам појма не копам. Но, тоа се решава на друг начин. Со контрола на ангажирана моќност. Ако тераш некаде со моќност над ХХХ што е надвор од некој просек за стан од УУУ м2 онда да идеш у друга група. Исто со контрола на константно 24/7 влечење на иста голема моќност која кај нормално домаќинство е неможно.
1МВч е грубо 33КВч дневно. Никад не сум стигнал до толку ни од блиску. Или сум енергетски ефикасен ептен, или не знам што е.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Да споделам метрики од потрошната на Mitsubishi LN35 во изминатиов месец Декември 2021.
Да си се надоврзам на својот пост од пред некој саат.... еве и една ретроспектива од минатава година со старите и со новите цени на електрична енергија ефективни од денес па натака.
Ги упдатирав новите цени на електрична енергија во Broadlink SP3S апликацијата и самата апликација ми ги упдатира калкулациите од изминатава година година со ново внесените цени.

Ceni2022.png

Со старите цени, вкупно измерено греење и ладење во 2021 за Mitsu LN35.
Овие цени се ставени летоска Јули мислам беше кога ја кренаа цената, што значи од Јануари до Јуни беше по 12% поефтините цени (5,95ден скапа со 2,99ден евтина тарифа)
Башка тоа Broadlink апликацијава не ги брои Недела и дневните ефтини тарифи, па би рекол дека цела 2021 ја поминав со помалку од 200еур за греењето и ладењето со климата.
photo 2.PNG photo 3.PNG

Е сеа штом ги внесов новите цени во апликацијата, еве ја рекалкулацијата. (уште една напомена дека Broadlink апликацијава не ги брои дневните ефтини тарифи)
photo 4.PNG photo 3 (new).PNG
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Да си се надоврзам на својот пост од пред некој саат.... еве и една ретроспектива од минатава година со старите и со новите цени на електрична енергија ефективни од денес па натака.
Ги упдатирав новите цени на електрична енергија во Broadlink SP3S апликацијата и самата апликација ми ги упдатира калкулациите од изминатава година година со ново внесените цени.

Погледнете го атачментот 108057

Со старите цени, вкупно измерено греење и ладење во 2021 за Mitsu LN35.
Овие цени се ставени летоска Јули мислам беше кога ја кренаа цената, што значи од Јануари до Јуни беше по 12% поефтините цени (5,95ден скапа со 2,99ден евтина тарифа)
Башка тоа Broadlink апликацијава не ги брои Недела и дневните ефтини тарифи, па би рекол дека цела 2021 ја поминав со помалку од 200еур за греењето и ладењето со климата.
Погледнете го атачментот 108055 Погледнете го атачментот 108056

Е сеа штом ги внесов новите цени во апликацијата, еве ја рекалкулацијата. (уште една напомена дека Broadlink апликацијава не ги брои дневните ефтини тарифи)
Погледнете го атачментот 108053 Погледнете го атачментот 108054
Скоро никаква реална разлика. Под услов да се тие цени. Кај греењето со хиперинвертери нема ни потрошувачка за да има ефект зголемување.

Повеќе ќе има разлика кај базната потрошувачка од елементи како шпорет, бојлер, фрижидер и слично.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Тошиба 16 сузуми плус р32 во стан затоплува просторијам од 33м2 изолирани 8см стиропор со три надворешни ѕида исток југ запад во последните 169сати потрошено 35.8кв наместена на 25степени и аутофан . Станот под неа не се грее.
Митсу HR25 во 12м2 во истиот стан северна страна пуштена пробно на 21 степен 2ра фан потроши 1.4кв за 5.5 часа на 0степени надворешна температура ( во собата не грееено до тогаш). Забележан минимум од187вати на 0степени надворешна.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Немам појма не копам. Но, тоа се решава на друг начин. Со контрола на ангажирана моќност. Ако тераш некаде со моќност над ХХХ што е надвор од некој просек за стан од УУУ м2 онда да идеш у друга група. Исто со контрола на константно 24/7 влечење на иста голема моќност која кај нормално домаќинство е неможно.
1МВч е грубо 33КВч дневно. Никад не сум стигнал до толку ни од блиску. Или сум енергетски ефикасен ептен, или не знам што е.

Sent from Телефон using Tapatalk

Што се 33KWh на ден за куќа во Јануар, пичкин дим. 2 клими во 2 простории без проблем ги трошат.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Што се 33KWh на ден за куќа во Јануар, пичкин дим. 2 клими во 2 простории без проблем ги трошат.
Е арно де, да. Заборавив на греење со повеќе клими. Јас дека на парно па не осеќам тоа. Но еве и со климите не е тоа 24/7/365. Се се гледа, се пресметува, се мери. Сезони, услови, итн... Мислам дека може да се најде решение, и да дојде мислам нема да биде 1МВч за тие со клими, и да биде баш така анблок. Уште бетер ќе биде за некои кои цела куќа на 3 спрата им е на 1 саат, а живеат веќе 3 семејства. Кујзнае како ја делат струјата.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
На пример

Или јави се во Енерго Системи да видиш што имаат од Mitsubishi Electric или од Midea (исто така се и застапници)
Поевтино ќе си поминеш отколку со клими.мк
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Има огромна разлика помеѓу едниот и другиот инвертер, и тоа по основ на моќност.
Тошибата ти е 16.000 британски термички единици, а другата 24.000.
Ова значи дека вторава е со многу поголема моќност, односно за голем простор, а ако ти имаш помал простор за загревање, инвертеро ќе работи како он/оф клима, односно често ќе гасни и уклучва (ќе нема да модулира, а тоа е она шо се бара од добар инвертер, кој пред се ги задоволува условите за просторијата, т.е. не е наддимензиониран).
Исто така, има огромна разлика дали зборуваме за изолиран или неизолиран простор (дали имаш стиропор на фасадата од најмалку 5cm, дали џамојте ти се дрвени или убај пластични профили, дали диктуваат и сл.)

Во кратки црти, ако сакаш да ти помогнат луѓево овдеки, дај поќе карактеристики кај ќе грејш, стан, куќа, колкава површина е, висина на таван, дали греат околу/под тебе итн.

Оти од споредбата на инвертерите, само тоа ќе добијаш: рангирање кој е подобар по карактеристики, или кој дава поќе за парите, ама нема да дознајш кој за тебе е најдобар.

А и да не ти одговори никој, читни неколку страни наназад, можда ќе видиш некој да прашал и пишал нешто кај што би се пронашол ти, па можно е да има одговор шо ќе важи и за твојо случај.

Испратено од телефоно.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
@bristlebac

Наведи димензии нс собата и висина(!) и каква дограма и изолација имаш.

Можеби нема потреба од толку моќна (или скапа) клима
 
bristlebac

hello world
21 декември 2020
319
839
Skopje
www.youtube.com
Има околу 55 квадрати дневна,стандардна висина, во куќа на втори спрат, имам изолација не е којзнае што, ама ставив пвц врати и прозори, сега и кошулица од горе ке ставам и мислам дека ке биде таман.Од доле има греење од првиот спрат, само од горе е проблем додека не ставам кошулица.Мислам дека мидеата 7ца ке врши работа
 
ЗоканК

read-only
31 јули 2018
5
0
На MELCloud за LN серија во Operation Mode извештај нема податок за потрошувачка за избран период. На форумов имаше извадено извештај за потрошувачка за LN серија. Можеби од апликација за топлотни пумпи. Некое инфо?
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
На MELCloud за LN серија во Operation Mode извештај нема податок за потрошувачка за избран период. На форумов имаше извадено извештај за потрошувачка за LN серија. Можеби од апликација за топлотни пумпи. Некое инфо?

На ова мислиш?
Прво од MELCloud... вкупно 446 kWh за 31ден во месец Декември.
MELCloud_MitsuLN35_December2021.png

Од стандардната MELCloud апликација е ама од репортот за Energy Usage, не од Operation Mode репортот.
Види дали имаш соодветен модел внесено дека е LN климата, пошо може да не ти го дава Energy Usage репортот ако немаш точен модел внесено.
melclout reports.png
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Марко Бислимоски вчера на шител кажал дека САМО БОГАТИТЕ СЕ ГРЕАТ НА СТРУЈА. И дека ќе има скалесто поскапување за богатите што се греат на струја, затоа што нормалниот народ не се греел на струја (веројатно на дрва треба да се грее). 5 години даваа народни пари за субвенции за ефтини кинески клими за сега викаат ако се грееш на клима богат си треба да те дериме.

Ајде сега кампања 'фрли ја климата и земи си ќумбе, доби народни пари во вид на субвенции'
 
Последна промена:

bakigvg

hello world
28 јуни 2016
233
132
Даваа субвенции за печки на пелети, цената на пелетите скокна од 170 на 300 денари, исто и со субвенциите за клима уредите. Тоа е, кога сме пички и си седиме дома, а не на улица така ни треба.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Метанот рипна од 35 на 110 денари, среќа има само 14 коли на метан во МК. Очекувам да го поскапат и плинот/дизелот и да кажат 'само богатите возат на плин', прав патриот вози бензин.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно