Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Cika

poweruser
8 декември 2009
2.770
1.640
Fixed
Погледнете го атачментот 91007

@Cika
Ти должам извинување затоа што не ти го препорачав Broadlink-от. Јас имам Sonoff Pow R2 и со последните 2-3 апдејти сум тотално незадоволен (ова благо кажано)
Кога го зедов пред 2 години функционираше беспрекорно во поглед на следење на потрожувачката. Нема(ше) софистицирано следење како Broadlink но имаше моментална и целодневна потрошувачка која функционираше беспрекорно.

Со тек на време cloud услугата почна да им успорува па мерењето на моменталната потрошувачка или ќе те дочека „замрзнато“ па потоа ќе киниса или ќе почне после неколку рестарти на програмата.
Мерењето на дневната потрошувачка е океј.
Од друга страна UI-то на програмата го масакрираа, полно бесплатни функции како интеграција со IFTT, Google и сл. ги направија со пари и капак на се воведоа web пристап кон делот за мерење на потрошувачката кој се плаќа месечно (ако сакаш да гледаш од PC)

Иначе како прекинувач со тајмер и такви фори функционира беспрекорно.

Додуша има заобиколни workaround-и со флешување ама нит имам желба нит имам време ниту пак сакам да се мафтам со ова. Згора на се после тоа не можеш да се вратиш на фабричкиот firmware.
И јас сето ова го разгледав и не ме бендиса. Си земав xiaomi smart plug eu, од нашава продавница за 20 евра, ќе стигне за некој ден во Штип, ќе споделам искуства, а ќе си играм и со home assistant.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
И јас сето ова го разгледав и не ме бендиса. Си земав xiaomi smart plug eu, од нашава продавница за 20 евра, ќе стигне за некој ден во Штип, ќе споделам искуства, а ќе си играм и со home assistant.
Само припази на греење/ладење кога ќе влече многу струја да не се загрее. Мислам дека тие се 10А. Јас користам таков за бојлер но не го пуштам да работи повеќе од еден саат неколку пати во денот, порачав за 18 $ што работи на 16А.
Edit
Пиши дали има мерач за потрошувачка, мислам дека само zigbee моделите го имаат тоа.

Sent from my Mi using Tapatalk
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
првата,тошибата на греење е 5,5 кв и е декларирана за макс 60м2
Може да грее 60м2 ама на +7 степени.( 60м2 само ова може кај нас по сајтовите да го напишат некои неписмени - чест на исклучоци)
Има само 2.9кв на -15 степени
Кај овие браката што се далеку понапред
во оваа проблематика убаво стои која клима за одприлика колку простор е
КЛИМАТИЦИ TOSHIBA БУРГАС | КЛИМАТИЦИ БУРГАС
 
mnikolce

lurker
27 октомври 2016
803
620
Почнаа лудориите со аплицирање за субвенции - инвертери во Општина Битола, тие граѓани кои и досега се грееја на струја, аплицираат за нов инвертер, бараат шпоренца кои ќе ги довлечкаат до становите и куќите за да пријават дека имаат грејно тело, тие што се грејат на дрва до овој момент се СНАБДЕНИ со дрва и пак ќе чадат оваа зима, има и такви кои не се, ќе видиме...
Субвенциите важат за претходно дефинирани ЗОНИ од градот, не за целиот град - според мене 0 логика. 2500 фамилии би требало да се офајдат со ново климиче, од денес да почнат со монтажи само на битолските монтери ќе им треба цела зима да работат до напролет за да ги монтираат, а дали и колку има на залиха клими исто така ќе видиме времето ќе кажи. Почетна
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972

Имаат грешка,
Ако Бугариве пишале мора да им се верува?

Нема логика
10ка да е за 18м2,
а 13ка за 30м2.
Како 10/13 +12 м2 ?

После 16ка за 35м2
18 ка за 37м2
А овде 16/18 само +2м2?

Или 22ка за 42м2
22ка е еквивалент на 7ца-тебе ова ти има логика???

Не би трошел време да те убедувам
Ако,верувај им на бугарскиот сајт

Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
Кога цела држава е луда.

Нема логика за многу работи во Македонија па се случуваат.
Почнаа лудориите со аплицирање за субвенции - инвертери во Општина Битола, тие граѓани кои и досега се грееја на струја, аплицираат за нов инвертер, бараат шпоренца кои ќе ги довлечкаат до становите и куќите за да пријават дека имаат грејно тело, тие што се грејат на дрва до овој момент се СНАБДЕНИ со дрва и пак ќе чадат оваа зима, има и такви кои не се, ќе видиме...
Субвенциите важат за претходно дефинирани ЗОНИ од градот, не за целиот град - според мене 0 логика. 2500 фамилии би требало да се офајдат со ново климиче, од денес да почнат со монтажи само на битолските монтери ќе им треба цела зима да работат до напролет за да ги монтираат, а дали и колку има на залиха клими исто така ќе видиме времето ќе кажи. Почетна

Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
првата,тошибата на греење е 5,5 кв и е декларирана за макс 60м2
Грешка си
Климата има 10.8см3 компресор и тоа значи неможе да биде 5.5кв( 4.5кв да)
Обично 5.5кв климите имаат 13см3 компресор
На лг то од грчка ти е 10.2см3 компресорот:)
Убави клими имавте во фонко:)
 
Последна промена:

Faktorium

hello world
19 јули 2013
82
69
Пред година дена земав vivax aeri "5 и пол-ка". Зимата се греев со неа, и го чистам редовно филтерот за прашина или за што и да е. Прашањето ми е дали сега пред да почне зимата треба некое подетално чистење или слично?

За да се напињате 20 страни кој лошо кажал за х клима или кој ја фале друга х клима по 20 страни ќе се изнапишат. Кога ќе праша некој нешто практично и секојдневно, никој жив нема да му одговоре.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
За да се напињате 20 страни кој лошо кажал за х клима или кој ја фале друга х клима по 20 страни ќе се изнапишат. Кога ќе праша некој нешто практично и секојдневно, никој жив нема да му одговоре.
А да почниш да го користиш пребарувањето на пример? Да пишеше дезинфекција ќе ти излезеа еден куп резултати. Јас лично имам барем 3-4 пати напишано кратки туторијали за ова (и не смао јас)

Иначе, на кратко, пумпицата со средство за дезинфекција в раце и ожежи по испарителот. Исплакни со вода (исто со пумпица) и готово.
Генерално, климата по-темелно се чисти пред сезона на ладење за да не затести сета онаа прашина која се насобрала за време на грејна сезона.
 
Фала, инаку кај ќе најдам по темава, има 300 страни , од кои 3/4 се за грее дали грее дали не грее :)
Не знаев дека search-от проработел, полесно е сега.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Фала, инаку кај ќе најдам по темава, има 300 страни , од кои 3/4 се за грее дали грее дали не грее :)
Не знаев дека search-от проработел, полесно е сега.
Да
Како што имав пишано и порано, усисај низ испарителот максимално колку што ти дозволува просторот и внимавај да не ги извиткаш лимчињата.
Потоа со дизентал (ако се раствора, раствори го задолжително) почекај едно 20 мин., исплакни добро (со жешка вода) и спремен си.
Ако се пуши во просторијата пред Дизенталот употреби шпиритус за да го турни катранот и останатите глупости.
 
vonuzu

read-only
18 октомври 2009
6
7
Дечки барам совет.
До сега греењето ми беше на дрва со парно/радијатори. Планирам да сменам на струја со клими.
Се работи за кука, еден спрат, ПВЦ столарија, 5см изолација на зидови, 8см изолација на подот и 3см изолација на таванот.
Планирам инвертори во дневна од 30м2, кујна од 16м2, детска од 15м2. Сегашните клими кои се обични, планирам да ги поставам во спална од 20м2 и спална од 12м2.
Дали планот има енергетска исплатливост? Предлог за инвертери (секако поефтини а со добри перформанси би било подобро). Ако некој знае да каже колку одприлика грубо би била потрошувачката на струја?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Дали планот има енергетска исплатливост? Предлог за инвертери (секако поефтини а со добри перформанси би било подобро). Ако некој знае да каже колку одприлика грубо би била потрошувачката на струја?
Зависи како си навикнат односно колку сакаш да ти биде топло.
Сите клими на куп (во најстудено, под - 5) ќе ти трошат колку кубик дрва (ако не и повеќе) во најладните месеци.

Нема да добиеш таква топлина како со дрва. Земи грубо 1200 денари по клима (ова е минимум). Ако е 5,5-ка тогаш слободно пресметај 2000 денари.
Ова е за 24 часовна работа. А мора така да работат.

Убавото во климите е што ќе заштедиш енормна количина на дрва до средината на декември и од крајот на февруари натаму (до мај)
И ќе ти биде решено ладењето паралелно.

На математикиве додади и топла вода од мин. 2 kW дневно пошто нема да ти работи парното.

На големи минуси сепак ќе мораш да го запалиш заради мрзнење.

Имаш 5 клими кои ако би трошеле по (апсолутен) минимум од 1200 тоа е 6000 денари + како што кажав топла вода + готвење.
Со евтини клими нема добро да поминеш.

Иако сум контрадикторен добро е да имаш клими. Во најлош случај со дрва ќе грееш 2 месеци и тоа значително намалено ако паралелно на тоа ги уклучиш и климите.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
16 ка има Иста надворешна со 18 ка и исти компресори имаат.

16 ка има внатрешна иста со 13 ама надворешна како што пишав од 18 ка.
Грешка си
Климата има 10.8см3 компресор и тоа значи неможе да биде 5.5кв( 4.5кв да)
Обично 5.5кв климите имаат 13см3 компресор
На лг то од грчка ти е 10.2см3 компресорот:)
Убави клими имавте во фонко:)

Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Сезоната на греење го прогласувам за почнато!
Untitled.png

Потрошувачка при 14 степени надворешна, наместена на 24 степени, фан 2 = 550~580W континуирано.
Постигнува и гасни.
Рано е, сеуште ѕидовите се топли ама ете..
Баш ми е фора да видам како изгледа COP "100" :)
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
16 ка има Иста надворешна со 18 ка и исти компресори имаат.

16 ка има внатрешна иста со 13 ама надворешна како што пишав од 18 ка.

Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
Грешка си 16 и 18 немаат ист компресор
Во старата серија на р410 имаа
Во новата на р32 немаат
Провери сервисно
Максимум до 35м2
Бугарите убо си имаат пишано
КЛИМАТИЦИ TOSHIBA БУРГАС | КЛИМАТИЦИ БУРГАС

Screenshot_20200919-173920_Messenger.jpg Screenshot_20200919-151934_Drive.jpg Screenshot_20200920-102419_Chrome.jpg
 
Последна промена:

maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
Грешка си 16 и 18 немаат ист компресор
Во старата серија на р410 имаа
Во новата на р32 немаат
Провери сервисно
Максимум до 35м2
Бугарите убо си имаат пишано
КЛИМАТИЦИ TOSHIBA БУРГАС | КЛИМАТИЦИ БУРГАС

Погледнете го атачментот 91426 Погледнете го атачментот 91423 Погледнете го атачментот 91424
не ми е јасно што си се фатил за тоа што пишале бугарите а не за тоа што пишале нашиве?
види на пдф што ти го праќам,тежина и димензии на надворешна на 16 и 18 дека се исти 34кг
еве и од Англиски сајт на Тошиба пдф
види тежина и димензи на надворешна 13 и16 ка,исти.
види капацитет на греење 5,5kw,сузуми плус не е основен модел.
затоа и во овој дел се разликува од основниот.
бугариве можеби мислат 35 м2 ама не изолиран простор.незнам...

и ако неможеш да поверуваш на тоа што го гледаш,
јави се во Енергија,ќе ти објаснат за која квадратура е наменета климата.
можеби и имат пишано повеќе во овој дел,па свесно манипулираат,незнам.
ама пак има Еуровент сертификат, тука нема лажење за бројките во ПДФ фајлот

и на крај,зависи дали и колку ти е изолиран просторот.
немора да значи ако земеш 5,5 а не изолиран простор од 35м2...ме разбираш што сакам да ти кажам
може и со 3,5 ќе се грееш во 45-55 м2 ако имаш изолиран простор

затоа треба да се земат со резерва информациите за препорачаниот простор

п.с извини моја грешка 16ка нема ист мотор со 18 ка.
16 има сингл а 18 твин ротари
п.с.с. си ме читал на друг форум,имам дневна од 44-45м2,ходник 10м2,детска 13м2 лани терав со LG 3.5kw.Ама имам добро изолиран простор.минимална потрошувачка на одржување 270 вати.кога ќе постигнеше LG трошете само 270вати.
ако во дневната имав 23 степени во детска имав 21. ептен задоволен од LG.
 
Последна промена:

Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Сезоната на греење го прогласувам за почнато!
Погледнете го атачментот 91422

Потрошувачка при 14 степени надворешна, наместена на 24 степени, фан 2 = 550~580W континуирано.
Постигнува и гасни.
Рано е, сеуште ѕидовите се топли ама ете..
Баш ми е фора да видам како изгледа COP "100" :)
Newbie сум у оваа проблематика па молам за совет /одговор .Нели правилото кај инвертери е пушташ кога ќе залади, гасиш таму на пролет кога ќе стопли. Зошто е тоа така , заради температурите , односно ладење на просторот или заради самиот инвертер. Пример, можам да си наместам аутоматика со две мерни точки кои би ја палеле или гаселе климата на одредени температури.

Sent from my Mi using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995

Затоа што колку подолго работи климата толку повеќе може да крене цоп.

Пример.
12ч да испорача по 3кв на час, тоа ќе е со 2 цоп. Значи 12х3/2=18кв*6=108 денари

За 24ч да испорача по 1.5кв на час, тоа ќе е со 3.5цоп. Значи 24х1.5/3.5=10кв*6 = 61 денар.

Ако на тоа додадеме и ефтина и скапа испаѓа уште поголема разликата! Башка удобноста е поголема зошто просторот е топол цело време. Целосно искористена ефтина тарифа, помалку мувли, целосно раздвижен воздух низ просторот, не се таложи ладниот воздух доле како со друго греење итн.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица

А ако сакам да ги проветрувам просториите секое утро со свеж воздух? Како да играм со климата во такво сценарио?

Sent from my ONEPLUS A6010 using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
А ако сакам да ги проветрувам просториите секое утро со свеж воздух? Како да играм со климата во такво сценарио?

Sent from my ONEPLUS A6010 using Tapatalk
Ја оставаш да дува и уште побрзо ќе се проветри. Во зима побрзо се проветрува. Има страшни разлики во температура на воздух помеѓу внатре и надвор.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно