Cika
poweruser
- 8 декември 2009
- 2.770
- 1.640
И јас сето ова го разгледав и не ме бендиса. Си земав xiaomi smart plug eu, од нашава продавница за 20 евра, ќе стигне за некој ден во Штип, ќе споделам искуства, а ќе си играм и со home assistant.Fixed
Погледнете го атачментот 91007
@Cika
Ти должам извинување затоа што не ти го препорачав Broadlink-от. Јас имам Sonoff Pow R2 и со последните 2-3 апдејти сум тотално незадоволен (ова благо кажано)
Кога го зедов пред 2 години функционираше беспрекорно во поглед на следење на потрожувачката. Нема(ше) софистицирано следење како Broadlink но имаше моментална и целодневна потрошувачка која функционираше беспрекорно.
Со тек на време cloud услугата почна да им успорува па мерењето на моменталната потрошувачка или ќе те дочека „замрзнато“ па потоа ќе киниса или ќе почне после неколку рестарти на програмата.
Мерењето на дневната потрошувачка е океј.
Од друга страна UI-то на програмата го масакрираа, полно бесплатни функции како интеграција со IFTT, Google и сл. ги направија со пари и капак на се воведоа web пристап кон делот за мерење на потрошувачката кој се плаќа месечно (ако сакаш да гледаш од PC)
Иначе како прекинувач со тајмер и такви фори функционира беспрекорно.
Додуша има заобиколни workaround-и со флешување ама нит имам желба нит имам време ниту пак сакам да се мафтам со ова. Згора на се после тоа не можеш да се вратиш на фабричкиот firmware.