Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
@marv aбе друже, ти секако ќе си затвориш врата кога го користиш тоалетот. Никој не вели дека мора со отворена врата да седиш на шоља. :D

Сериозно, не знам каков е просторот кај тебе дома. Сигурно е незгодно во модерните домови кои имаат галерии и слично, со големи воздушни (и топлотни) џебови. Ама тоа незгодно е незгодно за било кое греење, за секој дом треба одредена количина киловати топлина и таа е истата количина топлина сеедно со што се грее власникот. Понатаму уште една причина за подотворена врата од бањата е тоа што се обезбедува минимум вентилација, преку вентилацијата на бањата. И едноставно не е ладно во бања/тоалет, ако во дневна е 23-25с во бања/тоалет е 2-3 степени пониско. Ако на некој му е ладно за капење, си пушта греалка или калорифер - и за неколку минути не се седи внатре.

Едноставано нема проблеми. Не дека со парно не би било покомфорно топло во бања/тоалет. Но за таа голема разлика во цена, мислам дека не вреди. Плус од тоа пелетите изгледа од премногу топло се станува плачко, види го само Флегма. :p
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507

Toa е тоа значи. Неможе клима како парно систем. Остај ти тоа подотворена врата од купатило, подзатворена од ова. У купатило си има аспиратор кој со гооодини си брка работа ни мувла нит бутур. Да се подостава врата отворена нормално понекад, ама генерално е подзатворена (т.е. подбутната, штедиме на абење на квака). И кажувам дека иако да речам у меѓусезона со климата супер праам во дневна и тарпезарија да речам, у купатилото што е до нив со „подбутната врата“ или слично е ладничко. Ова се од гледна точка на корисник цел живот на парно, каде секаде ама баш секаде (соби, ходници, купатила, кујна) температурата е иста (како за тоа нема џебови и слично). Или работава оној што е навикнат на централно парно и радијатори насекаде, нема шанси да се навикне на клима. Може и тоа да е, личен утисак.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Плус од тоа пелетите изгледа од премногу топло се станува плачко, види го само Флегма
Да! Со вашите магични клими успевате да добиете 20 степени и во WC. Браво!
Ваљда сте од Солун или Атина. Поинаку не можам да тумачам.

По една клима per room со незатоплени ходници и санитарни јазли е еднакво како со парно.
И со интегрирана графичка можам да играм. Ќе имам 20 fps ама колку пати во месецот добиваш желба да играш?

Дури вам Скопјаните, Битолчаните и еве сега Прилепчаните не ви изградат топлани има да плачете до плачење
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.882
3.809
А како во поголеми објекти (маркети, салони) што има од оние касетни и каналски системи на централна климатизација, неможе по дома да се инсталира такво нешто?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
А како во поголеми објекти (маркети, салони) што има од оние касетни и каналски системи на централна климатизација, неможе по дома да се инсталира такво нешто?
Американцинте користат централни климатизации. Во подрум е „горилникот“ односно изменувачот и нагоре имаат отвори во подовите.
Згора на се изменувачите, најчесто, се комбинирани со плин па добиваат и топла вода и додатна топлина.
Климите ги мерат во „тони на саат“ и се мисли на колку тони мраз може да произведе за еден час.

Најчесто во облакодерите климатизерите (оние што го гледаме по филмови) произведуваат мраз (цели блокови) за време на евтина струја па потоа во текот на денот истиот се користи за разладување.
Сте виделе вие некаде да се користат сплит клими? Во нив се колнеме само ние, срби, бугари...
Сиротињата!
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
А како во поголеми објекти (маркети, салони) што има од оние касетни и каналски системи на централна климатизација, неможе по дома да се инсталира такво нешто?
Може, зошто да не. Имам видено, супер е. Ама проектирано и вградено уште во време на градба. Иначе би изгледало заникаде мислам одпосле да се прави таква изведба, башка и скапо би било, башка за тоа треба и саглам вентилатор да го дува тоа бре. У зграда на ѕид мислам тоа нема шанси некој да го монтира. Мислам, може грешам.
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.882
3.809
Да, во америка сум гледал изведби инсталации како отприлика ги прават затоа ми текна кај нас овде ретко се наоѓа таква фирма.
А по зградите некаде имаат и фенкојлери (као радијатор со вграден вентилатор и може и да лади ако во цевките тече ладна вода преку лето)

Уствари, еве побарав има некоја фирма Централна климатизација

Кај нас знам во некои понови згради (верина, флетајрон) имаат фенкојлери поврзани во систем со геотермални топлински пумпи + чилери за ладење. Ама имаше муабети дека во Flatiron се жалеле на најгорните катови неможеле да се стоплат, барале дополнителни решенија.
Еве линк и од уште една фирма со некоја корисна информација Products Archive - Термо Систем
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Toa е тоа значи. Неможе клима како парно систем. Остај ти тоа подотворена врата од купатило, подзатворена од ова. У купатило си има аспиратор кој со гооодини си брка работа ни мувла нит бутур. Да се подостава врата отворена нормално понекад, ама генерално е подзатворена (т.е. подбутната, штедиме на абење на квака). И кажувам дека иако да речам у меѓусезона со климата супер праам во дневна и тарпезарија да речам, у купатилото што е до нив со „подбутната врата“ или слично е ладничко. Ова се од гледна точка на корисник цел живот на парно, каде секаде ама баш секаде (соби, ходници, купатила, кујна) температурата е иста (како за тоа нема џебови и слично). Или работава оној што е навикнат на централно парно и радијатори насекаде, нема шанси да се навикне на клима. Може и тоа да е, личен утисак.
Не ме разбра, мислев на вентилација на целиот дом преку пасивната вентилација (има и активно) од бањата. Инаку да, ако сакаш 25с во тоалетот, ако ти се малку 22с... Тогаш мора да имаш греење во тоалетот. Има опции како парно со пелети (или дрва) како тоа на Флегма. Само ќе треба (како Флегма) и да влечеш вреќи со пелети и да ги ложиш во печката, да ја чистиш печката, оџаците, да фрлаш пепели и да чистиш прашини од пелетите... Супер - ако ти вреди тоа замарање за да плаќаш поскапи сметки отколку да ставиш греалки или електричен радијатор во тоалетот. :)

Со дрва е поевтино отколку со пелети, ама па имаш работа пута 10.
Затоа повеќето нас овде се грееме со клима уреди, најниски сметки плус не сме плачковци како Флегма. ;)

И со интегрирана графичка можам да играм. Ќе имам 20 fps ама колку пати во месецот добиваш желба да играш?
Добро што ме потсети, треба да земам да ја огласам 1060-кава пошто цел месец дали 2-3 пати пуштив да играм нешто. Да не ти треба графичка карта можеби? :D
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Не ме разбра, мислев на вентилација на целиот дом преку пасивната вентилација (има и активно) од бањата. Инаку да, ако сакаш 25с во тоалетот, ако ти се малку 22с... Тогаш мора да имаш греење во тоалетот. Има опции како парно со пелети (или дрва) како тоа на Флегма. Само ќе треба (како Флегма) и да влечеш вреќи со пелети и да ги ложиш во печката, да ја чистиш печката, оџаците, да фрлаш пепели и да чистиш прашини од пелетите... Супер - ако ти вреди тоа замарање за да плаќаш поскапи сметки отколку да ставиш греалки или електричен радијатор во тоалетот. :)
Е така сакам. Секаде да е исто топло. Ако се исклучам од градско парно, онда на истата инсталација би одел со електричен котел или топлотна пумпа (уствари инвертор нели). Пелети и Дрва не долазе у обзир :)
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Зошто некој би се исклучувал од градско парно!?
Од кај да знам. Опција. Плус да не греам пола станови околу мене што се исклучија, што седат у една соба, што клими, ова она. Не дека размишљам, ама онака кажав. 60е месечно, 12 месеци, само за греење, незнам. Еве тие што греете дали трошите за греење 700еур у сезона.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Тоа со отворени или затворени врати, не го гледам како дел од дискусијава. Разни луѓе разни потреби. Познаник на мој пријател направи куќа без врати (освен за бањите и влезната која е лизгачка и може да не се гледа кога е отворена). Па идете вие сега објаснете му на човекот зошто треба да стави врати, па уште и да ги држи затворени.

Така да @dino не разбирам зошто воопшто зборуваме за тоа. Економичната варијанта е таа, а кој не сака - не мора така.

Тоа дека цената на коштање на греењето со пелети била еднаква па дури и помала од цената на греење со инвертери... Тоа е нешто што е толку далеку од реалноста, што не знам дали да се смеам или да се нервирам зошто пишуваш вакви безвезни тврдења.

Само ќе ти кажам - чувај ги сметките за вреќите пелети (ваљда не ги гориш и нив заедно со пелетите). На крај на грејната сезона јас и ти ќе се пресметаме да видиме кој е во право. Со давачките за греење мислев да се пресметаме (кој повеќе потрошил по метар квадратен), не да се тепаме. :hay:
Поентата ми беше дека нема економичност ако се затвораат вратите на собите и секоја соба да треба посебно да се грее.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Зошто би немало? Освен што ќе треба 3-4 клими наспрема 1-2?

Потрошубачката на струја ќе е иста ИЛИ ПОМАЛА со повеќе клими (кои немаат греач на тацна) отколку со помалку.

Ќе се покачи ЦОП и ќе работат на помало оптоварување.
 
cyberbaze

hello world
20 јуни 2009
291
250
Во Битола на најладното 26 степени поставена, на околу 7 метри од климата во соба која е 9 и нешто долга беше 25 степени. SF50VE.

Топли и тоа како :)

BTW како се плаќа во Скопје за парно? По квадрат и фиксна цена цела година?
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Од кај да знам. Опција. Плус да не греам пола станови околу мене што се исклучија, што седат у една соба, што клими, ова она. Не дека размишљам, ама онака кажав. 60е месечно, 12 месеци, само за греење, незнам. Еве тие што греете дали трошите за греење 700еур у сезона.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
Кога се вселуваш во колективен систем на домување и го добиваш бенефитот на ''градско парно'' односно централен систем за греење, и ги користиш и останатите бенефити од тоа взаемно битисување со остантите персони - состанари, незамисливо е застранување од некои пропишани правила на тој систем.
Некој ќе рече мое право дали ќе се греам или не, несакам исклучете ме од централниот систем, по автоматизам таквите во поразвиените технолошки (па и со памет покадарни) земји ги исклучуваат од комплетното домување, па дотичниот станува само сопственик на станот но нема станарско право на користење на истиот и за релативно брзо време станот добива нов сопственик.

Споредено со тоа каква топлина имаш во домот, далеку се фенчињата кои ти ги понудиле од Енергија.
Инаку, гласно размислувам, јас би одел на варијанта фенкојлери во замена на постоечките гусени, плехани или алу радијатори, со топлинска пумпа надвор, која би служела како разладно и меѓусезонско парно, истата може а и треба да ја грее водат во бојлерот
Никако и никогаш немој да се откажуваш од централното градско парно, незнаеш што имаш додека не го изгубиш. Сметката ти е таман, 90 % од соговорнициве тука сонуваат за тоа греење.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Сметката ти е таман, 90 % од соговорнициве тука сонуваат за тоа греење.
Топловодно греење со топлинска пумпа кога се разгледува, паметниот аспект е подно топловодно греење (постои и ѕидно). Фен којлерите се опција за заебување на наивни муштерии кои не ги разбираат работите. Топлинска пумпа воздух-вода во комбинација со фен којлерите добиваш нешто што е пандан на обични парапетни клима уреди, ама за едно 20 пати повисока цена... Само што првиве не можат да ладат летно време, па додади и клима уреди во пресметката.

Инаку 21:57 е во моментов... Уште 3 минути до исклучување на парното се до утре? :)
 
Alekso1981

hello world
4 декември 2017
61
56
Ako e t nad 22 stepeni so gradsko parno vredi sekoj denar i navecer go gasnat no vodata ne se ladi taka brzo nutu radijatorot si zraci toplina.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Кој како ги гледа работите. Јас лично сметам дека треба не само да иде без профит за Топлификација, туку и дека цената треба да биде делумно субвенционирана. И да се спроведе инсталација до секој дом.

Цената треба да е половина од сегашната. Или пониска.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Од кај да знам. Опција. Плус да не греам пола станови околу мене што се исклучија, што седат у една соба, што клими, ова она. Не дека размишљам, ама онака кажав. 60е месечно, 12 месеци, само за греење, незнам. Еве тие што греете дали трошите за греење 700еур у сезона.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
За парно трошам 3200х12 = 38400 ден.

Плус околу 700-1000 денари 3 или 4 месеци за догревање со клими еве нека биде 3000 ден.

Се на се 41.400 иљади или околу 670 евра за стан од 72 м². Ова од прилика, може да биде +/- 10-15 %

Во иста ситуација сум ко тебе само комшиите над мене и од една страна се со парно. Под мене не живее никој, до мене се грее на клима после 5 и тоа на минимум.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

crash

hello world
6 декември 2013
111
160
Ako e t nad 22 stepeni so gradsko parno vredi sekoj denar i navecer go gasnat no vodata ne se ladi taka brzo nutu radijatorot si zraci toplina.
Апсолутно неточно. Зависи од изолација во домот, ама радијаторите во 15 до 11 се веќе ладни. Парното е добро за фамилија со деца. Си има ред, децата во кревет до 10. И не дека се исплати за парите, ама е ок. Јас се исклучив од парно, бидејќи не бев згреан, ниту доволно ниту во право време. Залудни беа оклу 4-5 пријави, па мерење во домот, па наводно потстаницата била проблем, па и тоа го средија и пак не бев згреан. Второ бев на факултет, од сабајле излезен, кога стануваш во 8, кочан е парното, додека да загрее, ти не си дома. По цел ден излезен, парно грее, се враќам дома после 23 часот, МРАЗ. Фала му на едно калориферче и компјутеров посебно, па нешто да грееше во собава. И чукај што тастатурата, што забите до 3 саат... Така да дека е најдобро, не е, сѐ зависи од индивидуалните можности и потреби.
 
Преку ден 23-25 зависи од луфтирање. Сабајле у 6 пред да ги уклучат еве зимово не е паднато под 17. Топлана Запад.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Топловодно греење со топлинска пумпа кога се разгледува, паметниот аспект е подно топловодно греење (постои и ѕидно). Фен којлерите се опција за заебување на наивни муштерии кои не ги разбираат работите. Топлинска пумпа воздух-вода во комбинација со фен којлерите добиваш нешто што е пандан на обични парапетни клима уреди, ама за едно 20 пати повисока цена... Само што првиве не можат да ладат летно време, па додади и клима уреди во пресметката.

Инаку 21:57 е во моментов... Уште 3 минути до исклучување на парното се до утре? :)

Не биди ''дрвен'' адвокат на секој пост, која топлинска пумпа неможе да лади, ти имаш таква па дури имаш и две или три во станот (куќата). Како е 20пати повисока сумата купуваш една топлинска пумпа која работи и на -25 степени добиваш греење и ладење плус топла вода во бојлер. Што ќе се ''заебат'' луѓето ако постават таков систем?? Па подно постави и на централното градско парно ќе имаш топол под, ако ти студи на нозете и сега дома постави подно електрично парно ака ''Данфос'' или сл. Фенкојлерот нуди и природна циркулација а на прва брзина е речиси безшумен, подобра дистрибуција на топлината од било кој медиум и да доаѓа. Може да се искористи истата инсталација, компактни се, електронски и софтверски може да се контролираат, лични се и тн.
 
crash

hello world
6 декември 2013
111
160
Преку ден 23-25 зависи од луфтирање. Сабајле у 6 пред да ги уклучат еве зимово не е паднато под 17. Топлана Запад.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
Јас сум исклучен веќе пет години, кај градски парк живеам, и не ми текнува дека пуштале во 6 парно. А дека имаше огромна разлика на пример од парк, со карпош 3, имаше. Сега како е, не знам точно.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно